Скопје
2ᴼ /
2ᴼ
Во Србија, од денеска ќе се применува национален данок на емисии на јаглерод диоксид (CO2) од четири евра по тон чија цел е да се намали загадувањето, да се подобри енергетската ефикасност и да се обезбеди порамноправна позиција на српската индустрија на меѓународниот пазар. Законот за данокот на емисии на штетни гасови е одговор на Србија на почетокот на наплата на такси за јаглерод диоксид во ЕУ, на кој од денеска подлежи и Србија, според ...
Италијанското Министерство за надворешни работи соопшти дека проверува дали има италијански државјани меѓу загинатите или повредените во пожар во Швајцарија. Повикувајќи се на локалните власти, соопшти дека најмалку 40 лица загинале, додека околу 100 лица се повредени. Швајцарските власти сè уште не го потврдија точниот број на смртни случаи. На прес-конференција, шефот на полицијата зборуваше за неколку десетици мртви. Италијанското ...
Во Србија од денеска се менуваат условите за остварување право на старосна пензија за жени - тие ќе можат да се пензионираат на 64 години, со најмалку 15 години стаж. Тоа е два месеца повеќе од лани кога на жените им беа потребни 63 години и 10 месеци живот за да се пензионираат, со ист стаж, објави Републичкиот фонд за пензиско и инвалидско осигурување на Србија. За мажите се уште важат истите услови - 65 години возраст и најмалку 15 години ...
Освојувачот на „Златната топка“ за 2024 година, Родри, ќе му биде на располагање на тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, за вечерашниот дуел на гостински терен против Сандерленд во рамки на 19. коло во Премиер лигата. „Родри се врати. Можеби ќе му дадам неколку минути на теренот, бидејќи ние како тим имаме потреба од тоа“, изјави Гвардиола на прес-конференцијата пред натпреварот. Родри ги пропушти последните осум првенствени натпревар ...
Унгарија го изгуби правото на значителна помош од ЕУ поради прекршување на владеењето на правото, бидејќи реформите требаше да се спроведат до крајот на 2025 година, јави ДПА. Според Европската комисија, изгубените средства изнесуваат повеќе од една милијарда евра (1,17 милијарди долари). За да ги ослободи средствата, Унгарија ќе мораше да спроведе доволно реформи до крајот на 2025 година, вклучително и промена на законите за спречување на ...
Францускиот премиер Себастијан Лекорну вети дека денеска ќе ги укине доживотните привилегии за поранешните премиери и други поранешни високи функционери во Франција, објави БФМ ТВ. Поранешните премиери и министри за внатрешни работи ќе бидат лишени од вкупно 24 автомобили со шофер и 24 обезбедувачи што ги имале доживотно. Секој поранешен премиер и министер за внатрешни работи беше писмено известен од Лекорну непосредно пред почетокот на ...
Проширувањето со Украина, Молдавија, нашите партнери од Западниот Балкан и Турција, врз основа на воспоставената строга и фер условеност, претставува заокружување на визијата за обединување на Европа и ќе го прошири просторот на мир, демократија, безбедност и стабилност, се наведува во приоритетите на претседавањето на Кипар со Советот на ЕУ, што ќе трае од 1 јануари, до 30 јуни 2026 година. - Проширувањето се покажа како една од ...
Претставници на Агенцијата за национална безбедност на САД утврдија дека Украина не ја нападнала резиденцијата на рускиот претседател Владимир Путин со дронови, објави „Волстрит џурнал“. Русија минатата недела објави дека Украина ја нападнала резиденцијата на рускиот претседател во Валдај, Новгородска област, со 91 дрон со долг дострел. Украинскиот претседател Володимир Зеленски го нарече тврдењето „лага“. Претставници на Агенцијата за ...
Поранешниот светски шампион во бокс во тешка категорија, Ентони Џошуа, кој беше повреден во сообраќајна несреќа, ја напушти болницата во Лагос, на последниот ден од 2025 година. Поранешниот двократен светски шампион и олимписки првак од 2012 година беше примен во болница со полесни повреди по несреќата во која во понеделникот загинаа неговите пријатели Сина Гами и Латиф Ајоделе. „Ентони и неговата мајка беа присутни на погребот во Лагос“, ...
Од денеска стартува пилот фазата за проектот е-фактура со којшто треба да се минимизира ризикот од злоупотреби и фиктивни фактури. Како што информира неодамна директорката на Управата за јавни приходи (УЈП) Елена Петрова, избран е модел со модерно решение усогласено со меѓународни стандарди и барања, кое за компаниите ќе биде лесно за примена и интеграција со нивните системи, како и дека се спроведуваат мерки кои ќе овозможат максимално да се ...
Демократот Зохран Мамдани, првиот муслимански избран градоначалник на Њујорк, денеска ја презема функцијата со четиригодишен мандат. Мандатот на противникот на американскиот претседател Доналд Трамп има значајна политичка и симболична вредност. Мамдани ќе положи заклетва кратко по полноќ по локално време во тесен круг луѓе, вклучувајќи ја и главната обвинителка на Њујорк Летиција Џејмс, заколната противничка на Трамп, коо го тужеше. За ...
Искусни македонски планинарки и планинари и нивни гости планинари од Црна Гора и Германија, први на 1-ви јануари го освоија врвот Пелистер, висок 2.601 метар. Во изјава за МИА, планинарот Иванчо Тошевски, воедно директор на ЈУ Национален парк „Пелистер“, истакна дека освојувањето на Пелистер го почнаа во рамки на манифестацијата „Први на 1-ви“, на една минута по полноќ. -Годинава на нашата петта по ред манифестација „Први на 1-ви“ учествуваа ...
Од денес, цената на струјата ќе се зголеми за 2,28 отсто за 85 отсто од домаќинствата во Македонија, што значи повисоки сметки од 57 до 900 денари. Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) информираше дека наместо предложеното зголемување од 7,66% од ЕВН Хоме, по спроведени анализи и пресметки, одлучила за значително помали корекции. Па така, наместо предложеното зголемување, РКЕ по спроведените анализи и повторни пресметки, одлучи во ...
Јавниот превоз во Скопје и работата на жичарницата ќе се одвиваат по изменет режим во првите денови од новата година, информираат од ЈСП Скопје. Денес, автобусите на ЈСП Скопје и на приватните превозници ќе сообраќаат според неделен возен ред. Првите вклучувања на возилата ќе бидат подоцна од вообичаеното, додека остатокот од сообраќајот ќе се одвива согласно неделниот распоред. Од 2 јануари, јавниот превоз ќе функционира по редуциран ...
Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Автомотосојузот на Македонија соопшти дека сообраќајот кон ГП Ќафасан е сè уште во прекин во двата правца. Изменет е режимот на сообраќајот на Коридор 10, на делницата ...
Најстудено утрово е на Попова Шапка, -15 степени. Како што информира УХМР, -14 степени се измерени во Берово, -12 во Mаврови Анови, Kрушево, Крива Паланка и Битола, -11 во Претор и Охрид, -10 во Скопје – Петровец, Прилеп, Тетово, Демир Капија, Велес, Штип и Пожаране, -9 во Струмица и Ѓуриште, -8 во Скопје – Зајчев Рид, Виница и Кавадарци и -4 степени во Гевгелија. Според прогнозата на УХМР, утрото ќе биде ведро и студено, а во текот на денот ...
Од денеска Бугарија официјално го воведува еврото, со што станува 21-ва членка на еврозоната и прави еден од најзначајните економски и политички чекори од влезот во Европската Унија. По повеќегодишни подготовки и исполнување на т.н. Мастрихтски критериуми – контрола на инфлацијата, стабилен јавен долг, буџетска дисциплина и стабилен девизен курс – Европската комисија и Европската централна банка дадоа позитивна оценка за подготвеноста на ...
Неколку лица го загубија животот, а повеќе се повредени во пожар што избувна за време на новогодишна забава во луксузен алпски ски-центар во јужна Швајцарија, соопшти локалната полиција. Пожарот избувнал околу 1:30 часот по полноќ, на 1 јануари 2026 година, во лаунџ-барот „Le Constellation“ во туристичкото место Кранс-Монтана, во кантонот Вале, изјави портпаролот на кантоналната полиција, Гаетан Латион. „Има повеќе повредени и неколку ...
Претседателката и врховен командант на Вооружените сили, Гордана Сиљановска-Давкова, придружувана од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, традиционално на првиот ден од Новата година ќе ги посети припадниците на Армијата. Сиљановска-Давкова и Лафчиски ќе ја посетата касарната „Алексо Демниевски Бауман“ во Велес. Во рамките на посетата, како што е најавено, претседателката Сиљановска ќе обиколи дел од ...
Денеска се навршуваат 14 години од смртта на првиот претседател на независна Република Македонија, Киро Глигоров. Делегација на Собранието, во состав Емилија Ангелова и Славјанка Петровска, денеска ќе положи цвеќе на вечното почивалиште на Глигоров на Градските гробишта Бутел во Скопје. Киро Глигоров почина на 1 јануари 2012 година во Скопје во својот дом на 94-годишна возраст. Роден е на 3 мај 1917 година во Штип и има активна улога во ...
Министерот за здравство, Азир Алиу денеска ќе го посети првороденото бебе годинава на Клиника за гинекологија и акушерство. Алиу, ќе го посети и првороденото бебе во Специјалната болница за гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“ - Чаир. Заедно со министерот Алиу, првороденчињата во двете болници, како што е најавено, ќе ги посетат и министeрот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани, градоначалникот на Град Скопје, Орце ...
Утрото ќе биде ведро и студено, а во текот на денот претежно сончево. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -13 до -5, а максималната ќе достигне од -1 до 6 степени. Во Скопје, сончево и студено со умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до -8, а максималната ќе достигне до 3 степени. Утрото ќе биде ведро и студено, а во текот на денот претежно сончево. ...
Првото новороденче во Македонија во Новата 2026 година е женско бебе. – На ГАК се роди принцеза, соопштија на својата Фејсбук страница од Клиниката за гинекологија и акушерство. Бебето е родено точно на полноќ на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство. Повеќе детали ќе бидат соопштени подоцна. Првото новороденче во Македонија во Новата 2026 година е женско бебе. – На ГАК се роди принцеза, соопштија на својата Фејсбук страница ...
Сиднеј ја дочека 2026 година со традиционален огномет, одржан со засилено присуство на полицијата, неколку недели откако вооружени лица убија 15 лица за време на еврејски настан на плажата Бондај. Околу 40.000 пиротехнички ефекти беа употребени на простор со должина од околу седум километри. Во Сиднеј се одржа помен за жртвите од нападот во 23 часот по локално време, а Сиднејскиот пристанишен мост беше осветлен во бела боја, додека на ...
Телекомуникацискиот кабел на компанијата „Elisa“ денеска е оштетен меѓу Хелсинки и Талин, а бродот „Fitburg“, за кој полицијата се сомнева дека е поврзан со инцидентот, денеска по 11:00 часот е ставен под контрола. Шефот на полицијата на Полисихалитуса, Илка Коскимаки, изјави дека во операцијата се приведени 14 членови на екипажот на бродот, пренесуваат локалните медиуми. Како што се наведува, меѓу приведените членови на екипажот има руски, ...
Рускиот претседател Владимир Путин изрази увереност во победа во Украина во својата новогодишна порака, по речиси четири години исцрпувачка војна. - Им ја честитам Новата година на нашите борци и команданти! Веруваме во нив и во нашата победа, рече Путин, според текстот на снименото видеообраќање објавено во средата од страна на државните медиуми. Пораката првпат беше емитувана на далечниот источен полуостров Камчатка, каде што 2026 година ...
Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека 2025 година била пресудна за иднината на земјата, бидејќи Унгарија морала да донесе стратешка одлука – дали да му се приклучи на европскиот воен курс или да остане надвор од конфликтот, јави Анадолија. Во интервју за државната телевизија М1, Орбан порача дека Европа избрала војна, додека Унгарија свесно одлучила да остане на патот на мирот и суверенитетот. - Да се остане надвор или не – тоа беше ...
Забави за пречек на Новата година ќе бидат организирани во Скопје и во другите градови низ земјава. Под отворено небо и со домашни ѕвезди под мотото Скопје знае да слави, градот подготвува музичка програма со учество на најпознатите имиња од домашната естрада. Во својата објава на социјалните мрежи, градоначалникот Ѓорѓиевски потенцира дека оваа година прославата е подарок за градот и дека е време повторно да се покаже дека Скопје знае да ...
Во 2025 година меѓународната сцена беше обележана со длабоки политички и безбедносни потреси што силно ја обликуваа глобалната геополитика. Продолжената руска инвазија врз Украина и понатамошните жестоки судири на источноевропското боиште го задржаа вниманието на НАТО, Европската Унија и САД, кои преку низа иницијативи — од Лондонскиот самит за Украина до зајакнатите трансатлантски консултации — настојуваа да одржат единство и да изнајдат ...
Скопје годинава сардисано од сите страни. Време кога граѓаните сакаат да здивнат и да се надишат воздух пред сезоната на аерозагадување - главниот град на удар на екоциди. Децениските еколошки бомби експлодираа. Депониите Вардариште и Дрисла го обвиткаа градот во густ чад, а гореа и отпади и работилници во Трубарево, Визбегово и Пинтија. Првиот пожар изби на 9 јули август на отпад во Визбегово. Скопје како во сцени од хорор филм. Визбегово ...