Русија објави дека е подготвена да води разговори со Украина „без никакви предуслови“, но речиси во исто време рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров постави низа јасни барања што откриваат дека Москва сè уште ги има условите за преговори. Руските државни медиуми објавија дека Кремљ е подготвен за дијалог со Киев без однапред утврдени услови, неколку дена откако американскиот претседател Доналд Трамп изрази сомнежи во волјата на ...

Пред да се обиде да ја продаде својата петнаесетгодишна ќерка на семејство од Германија за 9.000 евра, Беранац М. И. (41) го испишал девојчето од училиште и ја известил образовната институција дека повеќе не сака да посетува настава. Речиси во исто време, тој ја потврдил согласноста малолетничката да може да патува надвор од границите на Црна Гора и да престојува во странство со Е. З. – таткото на младиот човек за кого планирале да ја ...

Изминатиов викенд полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи, постапувајќи во делот на контролите на сообраќајот на патиштата низ земјава вкупно издадоа 1570 платни налози за сторени сообраќајни прекршоци повеќето по основ на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, извести МВР. Притоа, заради непрописно паркирање издадени биле 216 платни налози, за возење со брзина поголема од дозволената 758 санкции, а пак по ...

Преносниот систем во моментов е во стабилна состојба, а АД МЕПСО е гарант за тоа, оцени денеска генералниот директор на компанијата Бурим Љатифи. Во текот на велигденскиот викенд, додаде, имаше предизвици и затоа се преземени мерки на исклучување на производители на електрична енергија од системот, но може да кажеме дека правиме максимални напори да го стабилизираме системот и да немаме никакви проблеми во целата мрежа. -Ние сме соочени со ...

„Визер“ со субвенции од Владата од 3 мај ќе лета до Барселона и Лион. До Барселона летови ќе има двапати неделно – вторник и сабота, а до Лион трипати – вторник, четврток и сабота. Првиот лет од Скопје за Барселона, по тригодишна пауза, ќе се реализира в сабота во 18.50 часот. Двајца патници ќе добијат бесплатни авиобилети преку избор на социјалните мрежи на „ТАВ Македонија“ и „Визер“ Меѓународниот аеродром „Скопје“ првпат се поврзува со ...

Според новиот Правилник сите службени возила на институциите треба да имаат посбени регистарски таблички во боја. Тие треба да бидат во црвена боја додека бројките и буквите во жолта боја со цел да станаат штп повоочливи. Ова беше најавено кон крајот на минатата година па 24инфо.мк се обрати до Службата за општи и заеднички работи до каде е реализација на овој проект. Оттаму со одговор дека се комплетира неопходната документација, а ...

СДСМ денеска објави снимка на која како што тврдат оттаму, лицето Далибор Стефковски, брат на градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски бил фатен од страна на полицијата како среде Скопје вози со брзина од 88 километри на час. Но по ургенција од страна на началник братот Стефковски бил пуштен, а казната била евидентирана на друго лице, велат од СДСМ. Во продолжение интегрален текст од прес-конференцијата на Богандка Кузеска: ...

Двајца пациенти кои беа на лекување во Пловдив по трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, ќе бидат пуштени дома. Бугарскиот министер за здравство Силви Кирилов вчера ја посети болницата во Пловдив и се сретна со двајцата пациенти. „Сакам да им се заблагодарам на сите мои колеги за високиот професионализам и за добро завршената работа. Докажавте дека помошта што беше дадена навреме е највредна. Сепак, како лекари, знаеме дека моќта на ...

Кошаркарите на Минесота, Бостон и Индијана поведоа со 3:1 во четвртфиналните конференциски серии против ЛА Лејкерс, Орландо и Милвоки. Лејкерси, во Минеаполис паднаа во финишот, откако во речеиси целиот тек од натпреварот имаа предност, најчесто до 10 поени. Минесота, предводена од Ентони Едвардс победи со 116:113. Неверојатно, но вистинито, тренерот на Лејкерси, Џеј Џеј Редик, второто полувреме го одигра со само пет кошаркари. Најефикасен ...

Во одличен натпревар во финалето на Кралскиот Куп, Барселона го победи Реал Мадрид со 3:2 по продолженијата. Сепак, главната тема и два дена по натпреварот е судијата Рикардо де Бургос Бенгоечеа. Пред натпреварот, клупската телевизија „Реал Мадрид ТВ“, објави видео со одлуките на судијата, за кои тврди дека биле против Реал. После тоа, Бенгоечеа се огласи и рече дека поради тоа видео, неговото дете е злоставувано во училиште. На крајот од ...

Овен (21.03 – 20.04) РАБОТА: Ќе бидете полни со енергија. На работа ќе немате премногу обврски, па слободното време искористете го за нови креативни идеи. ЉУБОВ: На полето за љубов ве очекува многу убава атмосфера со лицето кое ќе го запознаете преку пријател. ЗДРАВЈЕ: Одлично. Бик (21.04 – 21.05) РАБОТА: Пред вас е период од големо значење за вашата кариера, можно е да добиете унапредување. ЉУБОВ: Кога станува збор за љубовта може да се ...

Вработени во РТС (членови на групата „Наш пРоТеСт“) утрово до српскиот Парламент предадоа петиција за нов јавен повик за номинирање нови членови на Советот на Регулаторното тело за електронски медиуми. Петицијата е потпишана од повеќе од 23.000 луѓе, како онлајн така и во писмена форма. Марија Миладиновиќ Лисов, новинарка од Информативната програма, за Н1 изјави дека петицијата е придонес на вработени и новинари на РТС за што поскоро да им ...

15-годишно девојче паднало од зграда во Србица и со тешки повреди било пренесено во болница, каде им подлегнало на повредите. Откако паднала од балконот на зграда во Србица, девојчето било итно префрлено во локалната болница на лекување, а потоа и во Универзитетскиот клинички центар на Косово, каде починало. Во полициското соопштение се наведува дека девојчето паднало од зградата околу 17:30 часот. „Жртвата е испратена на лекување во ...

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, коментирајќи ги заканите дека не му е дозволено да оди во одредени градови, рече дека е слободен човек во секој град и дека 20 од нив не може да го исплашат. „20 од нив се собираат и мислат дека ќе ме исплашат. Ќе одам во секој град, ќе го промовираме движењето, а првиот ќе биде Ниш“, рече Вучиќ и додаде дека оние што блокираат, ќе се обидат и да ги малтретираат. Тој потсети дека блокадите го запреа ...

На 27.04.2025 во 16.10 часот на регионалниот пат Тетово-с.Јажинце полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишиле од слобода Н.Л.(49) од Тетово, затоа што управувал патничко моторно возило ,,хонда”, со тетовски регистерски таблици, со брзина од 111 км на час на место каде максимална дозволена брзина е 50 км на час. Н.Л. е задржан во полициска станица и по документирање на случајот, против него ...

По спроведена истражна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе Обвинителен акт против две лица кои како соизвршители се товарат дека сториле едно кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 1 и уште едно кривично дело – Убиство во обид предвиден со член 19 од Кривичниот законик. Во текот на истрагата се обезбедени докази кои потврдуваат дека на 01.11.2024 година во Арачиново двајцата браќа на ...

Директорот за статистика на ММФ, Алберт Крусе, искажа задоволство од натамошниот напредок на Народната банка во областа на статистиката, со позитивна оцена за квалитетот, обемот и навременоста на објавените податоци, коишто се во согласност со највисоките меѓународни стандарди. Притоа, беше нагласено дека Народната банка прибира, изготвува и објавува податоци според највисокиот статистички стандард СДДС плус на ММФ, транспарентно и ...

Канаѓаните денеска ќе го дадат својот глас на клучните избори кои се целосно трансформирани од страна на американскиот претседател Доналд Трамп. Конзервативците изгледаа сигурни дека ќе победат на какви било избори со убедлива предност на почетокот на годината, сè додека тарифите на Трамп и неговите навреди за правење на Канада „51-ва држава“ не ја превртеа политиката на земјата и вбризгаа нов живот во Либералната партија на Марк Карни. ...

Најмалку шест лица се повредени откако ученик вооружен со нож, избодел неколку луѓе во средно училиште во Јужна Кореја, објави „Индипендент“. Ученикот, кој бил запишан во програма за специјално образование поради интелектуална попреченост, наводно ги нападнал наставниците и училишниот персонал во училиште во Чеонгџу, околу 110 километри јужно од Сеул, објави државната новинска агенција Јонхап. Нема повредени ученици. Жртвите, вклучувајќи го ...

Светските воени трошоци се очекува да достигнат 2,72 трилиони долари во 2024 година, што е зголемување од 9,4 проценти во однос на 2023 година и најголемо годишно зголемување барем од крајот на Студената војна, според извештај објавен денес. Зголемените геополитички тензии резултираа со зголемување на воените трошоци во сите светски региони, со особено брз раст во Европа и Блискиот Исток, покажаа податоците од Стокхолмскиот меѓународен ...

Државниот секретар Марко Рубио изјави дека три мали деца, на возраст од 2, 4 и 7 години, сите американски државјани кои ја напуштиле земјата во последните недели, не биле депортирани, туку отишле со своите мајки во Хондурас. Децата, од две различни семејства, биле качени на лет до централноамериканската земја со нивните мајки на 25 април, објавија бројни американски медиуми. Според „Вашингтон пост“ и „Асошиејтед прес“, четиригодишното дете, ...

Денеска е Светскиот ден за безбедност при работа, кој е прогласен од Меѓународната организација на трудот (МОТ) во 1996 година. Овој ден се одбележува во 120 земји во светот како Меѓународен ден за сеќавање на паднатите работници под мотото „Да се сетиме на мртвите, да се бориме за живите“. Светскиот ден за безбедност и здравје при работа е кампања за подигнување на свеста „со цел да се привлече меѓународното внимание кон растечките трендови ...

Американскиот Стејт департмент изјави дека е загрижен за директното вклучување на Северна Кореја во војната на Русија против Украина и нагласи дека распоредувањето на воено присуство на Пјонгјанг мора да биде запрено, објави „Гардијан“. „Остануваме загрижени за директното вклучување на Северна Кореја во војната. Военото распоредување на Северна Кореја во Русија и каква и да е поддршка што Руската Федерација ѝ ја дава на Северна Кореја за ...

Националната конвенција за Европската Унија во Северна Македонија денеска ќе биде домаќин на петтата сесија на Работната група 6 – Антикорупција (Поглавја 5 – јавни набавки, 18 – статистика, 32 – финансиска контрола) во организација на Европско движење во Република Македонија (ЕДРМ). Тема на настанот е „Борба против корупцијата преку транспарентност и отчетност: Препораки и можности во Република Северна Македонија низ перспективата на ...

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, ќе учествува на 9. Балкански Енергетски Самит во Атина, Грција, кој се одржува под покровителство на Министерството за животна средина и енергија на Грција, Министерството за енергетика на Унгарија и Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) на Северна Македонија. Божиновска ќе биде дел од министерскиот панел со кој официјално се отвора самитот, и заедно со ...

Во Прилеп наврнало најмногу дожд во измиантите 24 часа – 16 литри на квадратен метар. Според мерењата на УХМР за наврнат воден талог до 8 часот по изминато деноноќие, 15 литри на квадратен метар се измерени во Пожаране, 14 во Тополчани и Пожар, 12 во Виница, 11 во Штип, 10 литри во Гевгелија, 8 во Скопје-Петровец, 7 во Велес и Берово, 6 во Крушево и Тетово, 4 литри на квадратен метар во Кавадарци и на Попова Шапка, 3 во Струмица, Демир ...

Интегрален текст од соопштение за јавност на ВЛЕН: Најголемите гревови кон сопствениот народ ги прави ДУИ. Ако некој работи против интересите на Албанците во Македонија тоа несомнено се Али Ахмети и Бујар Османи. Само политички аматери не може да предвидат дека на локални заедно со предвремени парламентарни избори, ова ВМРО-ДПМНЕ, во ваква кондиција, со ваква слаба опозиција, ќе биде апсолутен победник. Со мнозинство од повеќе од 60 ...

Интегрален текст од соопштение за јавност на Левица: Иако измина повеќе од месец дена од ужасната трагедија во Кочани, на повидок не се никакви системски реформи од страна на владата на Мицкоски, иако тоа беше помпезно најавувано! Освен измени на законските одредби за употреба на пиротехника во затворен простор, безидејната влада нема иницирано никакви законски измени за отстранување на сите системски аномалии, поради кои дојде до трагичниот ...

Тешка сообраќајна несреќа се случи утрово на крстосницата меѓу булеварот Видое Смилевски Бато и булевар Србија во општина Аеродром. Во несреќата учествувале две возила, од кои едното завршило превртено на коловозот. Според првичните информации, за среќа, нема тешко повредени лица. Сообраќајот на овој потег се одвива отежнато, а екипи на полицијата се на терен и работат на расчистување на местото на несреќата и утврдување на причините за ...

Утре во Скопје ќе се одржи протестен „Марш за ангелите“ што го организираат семејствата на загинатите во трагичниот пожар во клубот „Пулс“ во Кочани. Маршот ќе почне пред Oбвинителство во Скопје во 12 часот и 5 минути, како симболика за задоцнетата реакција на институциите, ќе продолжи кон плоштадот „Македонија“ и ќе заврши пред Собранието. – Ние заслужуваме одговори, ние не сме познавачи на правото и на законските процедури и затоа не ...

weather icon

Скопје

29ᴼ / 29ᴼ
1.54
26%
1018
weather icon

Белград

28ᴼ / 27ᴼ
3.09
36%
1017
weather icon

Загреб

31ᴼ / 29ᴼ
3.09
42%
1015
weather icon

Софија

25ᴼ / 25ᴼ
2.06
25%
1019
weather icon

Сараево

31ᴼ / 31ᴼ
1.36
22%
1016
weather icon

Љубљана

29ᴼ / 28ᴼ
1.34
50%
1016
weather icon

Атина

31ᴼ / 29ᴼ
4.47
29%
1016
weather icon

Тирана

28ᴼ / 28ᴼ
2.57
39%
1017
weather icon

Подгорица

29ᴼ / 29ᴼ
1.03
28%
1018
weather icon

Букурешт

31ᴼ / 28ᴼ
3.6
28%
1015
weather icon

Будимпешта

31ᴼ / 29ᴼ
4.12
32%
1014
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 23ᴼ
3.6
60%
1017
Currency

61.535

Currency

53.4215

Currency

71.8858

Currency

34.3015

Currency

38.9054

Currency

65.4658

Currency

7.44954

Currency

0.68164

Currency

0.36489

Currency

0.52488

Currency

1.34838

Currency

0.61752

Алуминиум

2.55

Иридиум

142524.59

Кобалт

42.99

Никел

14770.00

Рутениум

21637.45

Калај

32.55

Сребро

1157.66

Злато

108292.15

Бакар

9.71

Паладиум

33661.83

Платина

40334.14

Родиум

176025.34

Цинк

2.62