Како одговор на тековната меѓународна ценовна нестабилност, ОКТА го продолжува попустот што се нуди при продажба на дизел и бензини кон големопродажните и малопродажните трговци, до 30 април 2026 година. Попустот за дизел изнесува 3 денари по литар, додека попустот за бензин од 95 и 98 октани, останува 2 денари по литар. Иницијативата е доброволна, овозможувајќи им на трговците да ја пренесат придобивката кон крајните потрошувачи. Сепак, ...

Регулаторната комисија за енергетика денеска ја донесе одлуката за највисоките малопродажни цени на горивата. Истите ќе почнат да важат од вечерва од полноќ Највисоките малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт, изнесуваат: Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 83,50 (денари/литар) Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 85,50 (денари/литар) Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 98,00 (денари/литар) Масло за горење – ...

Денеска, со почеток во 12:30 часот од страна на група граѓани ќе се организира протестен марш како израз на незадоволство поради неспроведување на Законот за употреба на јазиците во првосудниот испит. Протестот ќе започне од пред плоштадот „Карпошово востание“, улицата „11-ти Март“ преку Камени мост, продолжува по улицата „Никола Вапцаров“ и завршува на улицата „Димитрие Чуповски“ пред Министерство за правда. Сообраќајот од овие улици ќе ...

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека од 10.04.2026 започнува со целосната имплементација на системот за влез во ЕУ (EES – Entry/Exit System), со што на надворешните граници на Европската унија се воведува нов, дигитализиран начин на евиденција и контрола на државјани кои патуваат за краткорочен престој а се од држави кои не се членки на ЕУ. Со воведувањето на ЕЕС, влезовите и излезите ќе се евидентираат ...

Поранешниот претседател на државата и универзитетски професор Стево Пендаровски ги демантираше шпекулациите дека подготвува нов политички субјект. „Се работи за шпекулација излезена од лабораторијата на власта во која моето име е сосема свесно злоупотребено во контекст на нивната пропаганда против најголемата опозициска партија СДСМ. Познавајќи ги добро, сигурен сум дека ова нема да им биде последен таков обид – изјави Пендаровски за ...

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос тоа дека денес се отвораат нови хируршки сали во склоп на здравствениот систем и за тоа каков е планот за најавените вложувања во образовна инфраструктура, изјави: „Па би сакал да кажам дека, исто така кога станува збор за здравството, имаме синергија и со образованието. Во тек е процесот, односно нашето барање ...

Во судницата во затворот „Идризово“ денеска продолжи судењето за трагичниот пожар во кочанската дискотека „Пулс“, при што пред судот се појави Наско Карадаковски, татко на починатиот Александар Карадаковски. Сведокот изнесе шокантни детали за работниот ангажман на неговиот син, укажувајќи дека Александар бил назначен за управител на фирмата „МММ кафе“ без негово знаење и без да има здравствено осигурување. „Ме изненади и го прашав дали ...

По острите закани што ги упати вчера и денеска до Техеран, американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека постојат „добри шанси“ за постигнување договор со Иран утре – денот кога истекува неговиот ултиматум за отворање на Ормуската Теснина. – Мислам дека има добри шанси утре за постигнување договор, рече Трамп во телефонско интервју за американската телевизиска мрежа „Фокс њуз“. Тој рече дека им дал амнестија на иранските преговарачи ...

Овен Денот ви носи силна динамика и потреба да преземете контрола врз ситуациите кои подолго време ви создаваат притисок. Ќе бидете полни со енергија, но важно е да не реагирате импулсивно, особено во комуникација со блиските. Љубов: Можни се искрени разговори кои ќе расчистат недоразбирања. Слободните Овни може да запознаат интересна личност преку работа или пријатели. Работа: Добар момент за иницијатива и нови идеи, но избегнувајте ...

На 8 април во Скопје ќе се одржи 17. Државно првенство на бармени, во организација на Здружението на бармени на Македонија. Настанот ќе се реализира во хотелот „Континентал“, каде што најдобрите бармени од земјава ќе ги покажат своите вештини, креативност и професионализам. Натпреварот ќе започне во 11:00 часот со квалификацискиот дел, по што ќе следува полуфиналето од 14:00 часот. Големото финале, во кое ќе се избере најдобриот бармен во ...

Американскиот претседател Доналд Трамп побара намалување од 10% на трошоците кои не се одбранбени за фискалната 2027 година и масовно зголемување од 500 милијарди долари на воениот буџет, додека САД ја продолжуваат војната против Иран, објави денес Ројтерс. Предлогот за буџетот за 2027 година поднесен во петок доаѓа во време кога претседателот се соочува со ризични избори во странство, со администрација која испраќа американски трупи на ...

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денес на социјалните мрежи објави дека е на унгарско-српската граница за лично да провери дали сè е во ред со гасоводот од унгарска страна, откако Србија еден ден претходно објави дека пронашла експлозиви на својот дел од гасоводот. „Вчера се обидоа да го дигнат во воздух гасоводот од српска страна. Проверуваме дали сè е во ред од унгарска страна“, напиша Орбан во објава на Фејсбук. Српскиот претседател ...

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган се сретна со делегација од палестинската група Хамас во палатата Долмабахче во Истанбул, објави Анадолија. Средбата се фокусираше на моменталната ситуација во Газа, изјави шефот на директоратот за комуникации на турското претседателство, Бурханетин Дуран, во изјава на платформата за социјални медиуми Ен Соушл. Не беа дадени дополнителни детали за разговорите. Турскиот претседател Реџеп Тајип ...

Унгарскиот премиер Виктор Орбан свика вонредна седница на Советот за одбрана за денеска попладне откако српските власти пронајдоа експлозиви и средства за нивно активирање на критичната гасна инфраструктура што ги поврзува Србија и Унгарија. Орбан објави на својата страница на социјалните мрежи дека токму имал телефонски разговор со српскиот претседател Александар Вучиќ. „Тукушто го завршив телефонскиот разговор со српскиот претседател ...

Во истражувачка сторија на британски „Сан“ (The Sun) се наведува дека во Обединетото Кралство просечно по пет албански државјани дневно се осудени од судовите. – Според податоците на Министерството за правда, до септември минатата година, 1.865 Албанци биле испратени во затвор. Албанците ја сочинуваат најголемата група странци во британските затвори, околу девет отсто од вкупниот број затвореници, стои во написот, пренесува „Ора њуз“. ...

Повеќе од 40 килограми хашиш со проценета улична вредност од околу 320.000 евра беа пронајдени на плажа на југоисточниот грчки остров Родос, информираат локалните власти, повикувајќи се на податоци објавени од весникот „Катимерини“. Дрогата била откриена во петокот во областа Плимири, во близина на Линдос, каде што брановите исфрлиле затворена корпа од слама во која биле сместени пакетите со хашиш. Вкупната тежина на запленетата дрога ...

Силно полициско присуство утрово е забележано во светиниколското село Орел јавуваат локални медиуми. Според информациите се пребаруваат стари бунари и околината на тамошните викендички. Граѓаните веруваат дека е најден некаков траг од Злата Јанкова 45годишна жена која исчезна во јуни 2024 година. „Врие од полиција, се пребарува бунарот, летаат дронови, но никој ништо не ми кажува. Мислам дека ја бараат Злата“, изјави Јанков. Тој посочува ...

Најдобриот македонски таеквондист, Дејан Георгиевски освои златен медал на меѓународниот турнир „Скопје опен Г1“. Георгиевски до златото дојде со четири фуриозни победи. Прво го совлада Абдула Ал Магди од Австрија, потоа беше подобар од европскиот шампион Иван Шапина од Хрватска, во полуфиналето го елиминира бронзениот светски медалист Пашко Вожиќ од Хрватска, додека во финалето со доминација го совлада Илиа Рудерман од Израел. По ...

Православните христијани денеска го слават празникот Цветници познат уште и како Цветоносна недела и Врбица. Овој празник ја одбележува последната недела пред почетокот на Исусовите страдања, смртта и Воскресението. Цветници се празнува ден по Лазарева сабота – чудесното воскресение на четиридневно упокоениот Лазар извршено од Исус Христос, шестата недела од Великиот пост, една недела пред Велигден. Се празнува во спомен на влегувањето на ...

Православните христијани и римокатолиците минатата година го прославија Воскресението Христово на ист ден, за разлика од годинава кога Велигден го одбележуваат со разлика од една недела, католиците денеска, а православните на 12 април. Причината за тоа се различните календари и правилата за пресметка. Католичката црква користи Грегоријански календар, а Православната црква се води според Јулијански календар. Разликата меѓу овие календари ...

Оваа пита е традиционално јадење на Балканот, особено ценето поради едноставните состојки и богат вкус. Крцкавите кори во комбинација со сочниот фил од компири и кромид ја прават оваа пита совршен избор за семеен ручек или вечера. Состојки за тесто: 600–700 грама брашно 1 лажица сол 1 лажица масло Млака вода (по потреба) За фил: 500 грама компири 1 лажица масло 1 мала лажичка сол 1 мала лажичка црн пипер 1 главица кромид За премачкување: ...

Доколку некогаш се најдете во стресна ситуација, една од овие техники сигурно ќе ви помогне. Во време кога светот се соочува со неизвесност, кризи и брзи промени – без разлика дали станува збор за големи настани, лични пресвртници или професионални притисоци – чувството на преоптовареност и стрес станува речиси вообичаено. Стресот е, во суштина, начин на телото и умот да одговорат на барањата што ги надминуваат нашите моментални ...

Малите промени во вашата дневна рутина можат да имаат големо влијание врз вашата тежина и целокупното здравје. Наместо ненадејни и рестриктивни диети, експертите советуваат постепено усвојување здрави навики. Во време кога брзите диети и ригорозните тренинзи често се претставуваат како единствен начин за губење на тежина, експертите сè повеќе ја нагласуваат важноста на малите, но конзистентни промени во вашите дневни навики. Таквиот ...

Ментално здравите луѓе не трошат енергија на жалење, не бркаат моментално задоволство и не живеат според стандардите на другите луѓе. Она што не го правите е исто толку важно за вашето ментално здравје како и она што го правите. Има многу совети на интернет за тоа како да постигнете и одржите добро ментално здравје. Многу терапевти, тренери и експерти за велнес препорачуваат здраво јадење, редовно вежбање, позитивно размислување и грижа ...

Трката која е посветена на припадничките на понежниот пол – Авицена Женска трка, денеска го одржа своето 14. издание со вкупно над 3.400 учеснички. Оваа трка уште еднаш покажа дека жените без разлика на нивната возраст, имаат спортски дух и здравите навики ги користат секојдневно. „Со денешната 14. Авицена Женска трка, со 3400 учеснички, припадничките на понежниот пол покажаа дека се грижат за себе, своето тело и здравје. Исклучително сум ...

Утре во Скопје ќе се воведе посебен режим на сообраќај поради протестен марш, кој ќе започне во 12:30 часот, а се организира од група граѓани како израз на незадоволство поради поради неспроведување на Законот за употреба на јазиците во првосудниот испит. Како што соопшти денеска МВР, трасата на маршот ќе започне пред плоштад „Карпошово востание“, продолжува по ул. „11-ти Март“ преку Камени мост, по ул. „Никола Вапцаров“ и завршува на ул. ...

Се поставуваат последните слоеви асфалт на потегот од Стара Рампа до семафорите кај Црвениот Крст, на еден од најзначајните, но и за мене особено важни инфраструктурни зафати во градот, булеварот „Македонија“, објави денеска градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски на својот фејсбук профил. Ова, како што вели е симбол на новото време со кое Скопје се гради и се развива. Работите се реализираа со засилена динамика, често и во ноќните ...

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска упати нова закана до Иран, најавувајќи дека САД ќе ги уништат иранските електрани и мостови во вторник, ден откако ќе истече ултиматумот што му го даде на Техеран за отворање на Ормуската Теснина. – Вторник ќе биде Ден на електраните и Ден на мостовите, сè заедно, во Иран. Нема да има ништо слично!!! Отворете ја прокелетата теснина, луди гадови, или ќе доживеете пекол – САМО ГЛЕДАЈТЕ! Слава ...

Ирански беспилотни летала денеска погодиле објекти на државната Кувајтска нафтена корпорација (КПЦ) по што избувнале пожари и е причинета голема материјална штета во некои од производствените погони. КПЦ соопшти дека нивни тимовите работат на локализирање на пожарите. Претходно, ирански дронови предизвикале пожар и во нафтениот комплекс Шуваик, каде што се наоѓа Министерството за нафта на Кувајт и седиштето на компанијата. Две електрани и ...

Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, изјави дека Украинците би можеле да стојат зад обидот за дигање во воздух на гасоводот „Турски тек“ на територијата на Србија. Сијарто ги изнесе овие тврдења по седницата на Унгарскиот совет за одбрана. Сијарто рече дека „оневозможениот терористички напад во Војводина се вклопува во шемата на украинските дејствија“. Според него, Украинците претходно го дигнале во воздух гасоводот ...

weather icon

Скопје

20ᴼ / 20ᴼ
3.6
46%
1013
weather icon

Белград

22ᴼ / 21ᴼ
3.09
38%
1009
weather icon

Загреб

17ᴼ / 17ᴼ
3.6
72%
1010
weather icon

Софија

18ᴼ / 18ᴼ
3.6
42%
1016
weather icon

Сараево

21ᴼ / 21ᴼ
2.71
55%
1013
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 14ᴼ
1.03
86%
1010
weather icon

Атина

22ᴼ / 19ᴼ
0.89
43%
1015
weather icon

Тирана

16ᴼ / 16ᴼ
2.06
82%
1016
weather icon

Подгорица

17ᴼ / 17ᴼ
1.54
68%
1016
weather icon

Букурешт

19ᴼ / 18ᴼ
4.63
54%
1013
weather icon

Будимпешта

23ᴼ / 19ᴼ
2.06
57%
1009
weather icon

Истанбул

15ᴼ / 14ᴼ
4.12
58%
1016
Currency

61.635

Currency

52.6748

Currency

71.3764

Currency

37.8674

Currency

38.7062

Currency

67.4505

Currency

7.71675

Currency

0.69812

Currency

0.3343

Currency

0.52622

Currency

1.16515

Currency

0.55412

Родиум

319899.93

Кобалт

45.39

Калај

50.03

Рутениум

51376.89

Цинк

3.35

Алуминиум

3.57

Иридиум

253540.09

Паладиум

48883.97

Злато

166450.52

Сребро

2840.84

Бакар

12.06

Платина

64172.89