Вечерва во рамките на јунската програма во Кинотека, ќе биде прикажан францускиот игран филм „Света крава“. Проекцијата почнува во 20:00 часот. Безгрижниот тинејџерски живот на Тотоне во пиење и танцување добива пресврт кога тој мора да се грижи за својата 7-годишна сестра. Барајќи приход, тој ја насочува својата енергија во производство на наградуваното сирење „Комте“ за да добие награда на натпреварување. Возрасна категорија: 16 години ...
„Патување“ е темата на 25. издание на „Неделата на италијанскиот филм“ ќе се одржи од 9 до 14 јуни во Кинотела на Македонија. „На овогодишното издание ќе бидат прикажани шест од најуспешните филмски остварувања на современата италијанска кинематографија. Филмовите, сите дистрибуирани помеѓу 2024 година и првите месеци на 2025 година, се учесници на престижни меѓународни фестивали и добитници на значајни награди и признанија од критичарите и ...
Во Кинотека на Македонија, денес, со почеток во 20:00 часот, ќе биде прикажан играниот филм „Арманд“. Едно кобно попладне во основно училиште, шестгодишниот Арманд е обвинет дека бил арогантен кон својот најдобар пријател Џон. Набргу потоа, мајките на двете момчиња влегуваат во судир, очајнички обидувајќи се да откријат чие дете е навистина виновно. Иако никој не знае што всушност се случило, овој инцидент брзо ескалира во хаотична мрежа од ...
Од 9 до 14 јуни 2025 година ќе се одржи XXV издание на „Неделата на италијанскиот филм – ITALIAN SCREENS“. Организиран од италијанската амбасада во Скопје, во соработка со Италијанскиот културен институт во Белград и Кинотеката на Република Северна Македонија, фестивалот е под покровителство на проектот ITALIAN SCREENS, проект за поддршка на интернационализацијата на италијанскиот аудиовизуелен сектор, чија цел е промовирањето на најдоброто од ...
5 ЈУНИ (ЧЕТВРТОК) 20:00 ч. „СВЕТА КРАВА“ (Vingt dieux) Игран филм, Франција 2024, 92 мин., колор, ДЦП Режисер: Луиз Курвоазие (Louise Courvoisier) Сценарио: : Луиз Курвоазие, Тео Абади (Louise Courvoisier, Théo Abadie) Улоги: Клемент Фаво, Мајвен Бартелеми (Clément Faveau, Maïwene Barthelemy) Безгрижниот тинејџерски живот на Тотоне во пиење и танцување добива пресврт кога тој мора да се грижи за својата 7-годишна сестра. Барајќи приход, тој ја ...