Му беше сопатник и помошник на апостолот Петар, којшто во своето Прво послание го нарекува син свој, не син по тело туку по дух. Кога Марко беше во Рим со Петар, верните го замолија да им ја запише спасоносната наука на Господ Исус, Неговите чуда и Неговиот живот. Така го напиша Светото Евангелие, коешто го виде и го посведочи за вистинито и самиот апостол Петар. Тој го постави Марко за епископ и го испрати на проповед во Мисир. Така тој беше ...
Утре православните верници го слават споменот на светиот апостол и евангелист Марко - еден од четворицата евангелисти, автори на Новиот завет од Светото писмо. Роден е во Ерусалим, според едни бил ученик на светиот апостол Петар, според други е еден од 70-те Христови ученици. Мајка му била побожна христијанка, сестра на апостолот Варнава. Во нејзиниот дом се собирале христијаните за молитви, а во нејзината куќа се одржала и светата Тајна вечера ...
Овој славен Сава живееше во Рим во времето на царот Аврелијан и имаше војводски чин. По потекло беше Гот. Често ги посетуваше христијаните по затворите и им помагаше со својот имот. Заради неговата голема чистота и подвигот на испосништво, Бог му даде власт над нечистите духови. Кога го обвинија како христијанин, тој смело застана пред царот, го фрли пред него својот војнички појас и јавно Го исповеда Господ Христос. Беше мачен со разновидни ...