Првата група повредени од пожарот во Кочани го завршува закрепнувањето во рехабилитацискиот центар на „Пониква“. Дел од пациентите побарале да го продолжат престојот и со втората група. Со нив работи тим од 5 физиотерапевти, физијатар и општ хирург, кои се грижат за нив и го следат процесот на нивно закрепнување. Во добра и стабилна состојба се и повредените кои се вратија од лекување во странство. По обвинувањата на родителите на жртвите дека ...
Пониква за десетина степени пониска температура од урбаните средини, длабоки сенки, свеж воздух - идеални услови за рехабилитација на пациенти со изгореници и белодробни нарушувања. Повредените се сместени во одморалиштето на МВР. Тука веќе осми ден престојува првата група на пациенти каде стручен лекарски тим се грижи за повредените. Рехабилитација, ресоцијализација, но и психолошката поддршка е секојдневието на повредените. Како се одвива ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски заедно со директорот на јавната безбедност Александар Јанев потврдија дека агенцијата за обезбедување Рубикон е затворена по пожарот во кабарето Пулс кое истата агенција нелегално го обезбедувала. Сепак конечната одлука била испратена во Комората за обезбедување на средина на мај, а подоцна беше уапсен и вистинскиот сопственик на Рубикон. Зачестени се барањата за оставка од родители на настраданите ...
Успешно тече рехабилитацијата на повредените во дискотеката Пулс, во одмаралиштето на МВР, во Пониква. По направените контроли, физијатрите утврдиле дека кај добар дел од младите луѓе веќе се враќа моториката, односно движењата. Првата група останува до крајот на неделата, а се прават напори по нивно барање некој да продолжат и со втората група. Рехабилитацијата на Пониква, добро влијае и на нивната ресоцијализација, објаснува д-р Катерина ...
Во моментов, информациите околку пациентите кои се лекуваат во странство се дека се во стабилна здравствена состојба. Во нашата држава, беше посочено, во Клиничкиот центар на Пластична хирургија, има пациенти кои се таму заради длабочината на повредите, здравствено биле стабилни. Двајца пациенти се во приватната болница „Систина“. Редовно се следи состојбата на сите пациенти. „Во Пониква, во моментов е првата група, при крај. Таму со нив се и ...