Алкалоид в недела го игра првиот финален меч против АЕК во Европскиот куп на ЕХФ, додека реваншот е закажан за 25. мај во Скопје. Билетите за реваншот од финалето во Европскиот куп во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје, ќе се продаваат по цена од 200 и 300 денари. Продажбата на билетите ќе се реализира преку продажната мрежа на „МКТикетс“, а истата ќе почне в понеделник, 19. мај, во 13 часот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. ...

Управата на Алкалоид денеска ги пушти во продажба билетите за реваншот со АЕК од финалето на Европскиот куп во ракомет. – Билетите за финалето на ЕХФ Европскиот куп меѓу екипите на РК Алкалоид и АЕК што ќе се игра на 25 мај во салата „Борис Трајковски“ во Скопје од 20:30 часот се пуштени во продажба. Продажбата на билетите се реализира преку продажната мрежа на „МКТикетс“, а цената на билетите е 200 и 300 денари – соопшти ракометниот клуб ...

Не одигравме добар натпревар и ова е цената што се плаќа за да научиме, истакна тренерот на АЕК Фредерик Бужан во изјава за грчката државна телевизија ЕРТ веднаш по завршувањето на натпреварот со Алкалоид и поразот од 25-29 за домашниот тим, јави дописничката на МИА од Атина. Бужан објасни дека оваа сезона имаат многу нови играчи, а нагласи дека сега вниманието е насочено кон реваншот во Скопје, бидејќи како што истакна „во ракометот сè е ...

Екипата на Алкалоид со квалитетна игра се избори за голема победа над АЕК во Атина во првиот натпревар од финалето на Европскиот Куп на ЕХФ. Македонскиот ракометен прволигаш славеше во Грција со 29:25 и со тоа направи голем исчекор кон обезбедување на трофејот во ова европско натпреварување. Сепак ова издание мора да биде потврдено во Скопје, остануваат уште најмалку 60 минути за да работата биде комплетирана, завршена до крај. Алкалоид досега ...

Алкалоид продолжи да пишува историја во ЕХФ Европскиот Куп. Актуелниот освојувач на Купот на Македонија победи на првото финале против АЕК, на гостински терен славеше со 25-29. Тренерот Кирил Лазаров и неговите момци ги делат 60. минути до историја и прв европски пехар. За да го сторат тоа ќе им биде потребна максимална поддршка од трибините. Билетите за реваншот, кој е закажан за 25. мај во СЦ „Борис Трајковски“ од денеска (13 часот) ќе бидат ...

Билетите за финалето на ЕХФ Европскиот Куп меѓу екипите на РК Алкалоид и АЕК ќе бидат пуштени во продажба в понеделник во 13:00 часот. Првиот од двата натпревари за трофејот во третото по ранг европско ракометно клупско натпреварување ќе се игра во Атина в недела, додека реваншот во Скопје е на програмата на 25 мај. Алкалоид ќе го пречека грчкиот тим во салата „Борис Трајковски“, а дуелот е со почеток во 20:30 часот. Цената на билетите ќе ...

Македонскиот суперлигаш Алкалоид направи голем подвиг и забележа џиновска победа на гостувањето кај АЕК Атина (25-29) во рамки на првиот дуел во финалето на Европскиот Куп на ЕХФ, па така во Скопје на реваншот ќе игра за трофеј во треторангираното натпреварување во европскиот ракомет. Екипата на Лазаров не се исплаши од 9.000 Грци затоа што салата беше полна и се играше под голем притисок, ниту од прекините кои се случија во неколку наврати од ...

Првиот финален меч од ЕХФ Европскиот Куп кој Алкалоид вечерва го доби против АЕК во Атина беше најгледаниот ракометен дуел во историјата на Грција. Во Олимписката сала во Атина денеска се собраа 7300 навивачи на АЕК кои френетично го бодреа домаќинот, на моменти и надвор од дозволеното. Создадоа „жешка“ атмосфера која на момците на Лазаров ама не само што не им пречеше туку ги мотивираше на максимум. Токму поради тоа дома си доаѓаат со четири ...