Фудбалерите и стручниот штаб на Работнички пристигнаа во унгарскиот град Сомбател, каде што в четврток ќе го одиграат првиот натпревар од првото квалификациско коло во Конференциската лига против белорускиот тим Торпедо-Белаз. Поради санкциите од УЕФА, белоруските клубови не смеат да играат на домашен терен, па Торпедо реши улогата на домаќин да ја има во Унгарија, на стадионот на Халадаш. Романтичарите ќе имаат на располагање три дена за ...

Македонскиот прволигаш Работнички пристигна во Унгарија, каде се подготвува за претстојниот прв натпревар од квалификациите на Конференциската лига против белорускиот Торпедо Белаз Жодино. Дебармаалци пред себе имаат сериозен предизвик, но во тимот владее голем оптимизам и надеж за позитивен резултат од првиот натпревар. Скопскиот клуб летово има нов тренер, откако Бокан Марковски го замени Станиќ. Екипата се засили со: Амир Велиќ, Кадриу, ...