Засега нема пријавено случај за дојава за бомба во охридските училишта информираат од СВР Охрид. За разлика од Охрид дојави за поставени бомби утринава се стигнати во неколку скопски основни училишта, како и во две училишта во Штип. Од Министерството за внатрешни работи (МВР) велат дека дојави за поставени експлозивни направи освен во Скопје има и во други градови во земјата, пренесува „360 степени“. Денеска на службените мејлови на повеќе ...

Скопје, 7 февруари 2025 (МИА) - На службените мејлови на повеќе образовни установи во Скопје и во други градови во државата, утрово добиени се дојави за поставени експлозивни направи, информираат од МВР за МИА. Дојава за бомба, според информации на МИА, утрово имало во неколку училишта во Аеродром, како и училишта во Штип. Според соопштението на Општина Центар, утринава во ООУ „Киро Глигоров“ , ООУ „Димитар Миладинов“ и ООУ „ Гоце Делчев“ во ...

Голем број училишта во повеќе хрватски градови низ земјата денеска добија пријави за закани со бомби, слични на оние што ги добиваат училиштата во земјите од Европска Унија, а медиумите неофицијално јавија дека заканите иле испратени од истиот сервер кој наводно се наоѓа во Африка. „Имаше 85 вакви пријави, а полициските службеници досега исклучија 60 училишта, така што наодите се негативни. Серверот е надвор од Хрватска и во тек е ...

Министерството за внатрешни работи соопшти дека неговите надлежни служби преземаат сеопфатни плански мерки и активности по пристигнатите пријави за наводно поставени бомби утрово во училишта низ државава. -Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека по мноштвото пристигнати пријави за наводно подметнати експлозивни направи во повеќе основни и средни училишта на речиси цела територија на државата, надлежните служби на ...

Охрид, 7. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – По големиот број пристигнати пријави за подметнати експлозивни направи во основни и средни училишта низ државата, Министерството за внатрешни работи презема сеопфатни мерки за утврдување на вистинитоста на дојавите и одржување на јавниот ред и мир. – Надлежните служби дејствуваат според внатрешните процедури за постапување во случај на терористичко загрозување. Се вршат детални проверки, а паралелно се ...

Утринава имало дојави за бомби во училишта во Скопје, Штип, Кочани… јавија повеќе медиуми, а засега нема официјални детали од Министерството за внатрешни работи (МВР). Учениците во училиштата се евакуирани, а по проверката од страна на тимови за антитероризам на МВР, учениците ќе се вратат на настава. Вакви најави за бомби во училишта, но и во трговски центри и други објекти во Македонија често имаше во 2022 година. Сите дојави беа лажни. ...