Капитенот на македонската ракометна репрезентација, Филип Кузмановски со голем оптимизам ги чека дуелите против Естонија на гости и Литванија на домашен терен, последни во квалификациите за ЕП 2026 година. Македонија мора да одигра два добри меча за да ја продолжи традицијата на редовни учества на големите натпреварувања. Иако поради повреди настапот на овие две средби ќе го пропуштат стандардни имиња, сепак Кузмановски верува дека заедно со ...

Управниот Одбор на Ракометната Федерација на Македонија, согласно Член 35, 59 и 60 од Статутот поради итност на донесување на одлука согласно Член 3 точка 11 “Одлука без присуство” од Законот за здружение и фондации (Сл. весник на РМ бр. 52 од 16.04.2010 год.) на ден 06.05.2025 година донесе одлука за доделување на парична награда. Управниот Одбор на РФМ одреди парична награда за македонската сениорска машка ракометна репрезентација, за успешен ...

Лука Дончиќ важи за еден од најдобрите кошаркари во светот во овој момент. За него заврши сезоната во НБА со елиминацијата на Лејкерс, па ќе има доволно време за одмор пред Европското првенство. Неговиот настап е потврден, Дончиќ ќе биде една од најголемите ѕвезди на Евробаскетот кој ќе се одржи од 27 август до 14 септември. Словенија ќе настапува во групата Д, заедно со Франција, Белгија, Исланд, Израел и Полска, која е домаќин на групата. ...

Лука Дончиќ ќе игра за Словенија на Евробаскетот, објавуваат американските медиуми. Сепак, се чини дека играчот на Лос Анџелес Лејкерс сè уште не информирал никого во клубот за своите планови, но го информирал селекторот. Европското првенство во кошарка започнува на 27 август и трае до 14 септември, а Словенија во првата фаза ќе игра во полскиот град Катовице,, во група со Исланд, Франција, Белгија, Израел и домаќинот. За да се пласира понатаму, ...

На Државното првенство за деца за 10-11 години и 12-13 години во кати и борби кое се одржа на 27.04.2025 година во Спортската сала „Архиепископ Доситеј„ во Кисела Вода во Скопје, настапи КК. „ЗАНШИН ДО „-Битола во 6 категории и се закити со бронзен медал и пласман за Балканско првенство кое ќе се одржи од 28 мај до 1 јуни 2025 година во Бар – Црна Гора. Од клубот информираат дека со бронзен медал се закитија во ката тим машки 2015-2014 година ...

Македонската ракометна репрезентација нема друг избор освен да брка две победи во дуелите со Естонија на гости и Литванија на мечот во Скопје, ако сака да обезбеди место на завршницата на Европското првенство кое ќе се игра во јануари 2026 година. Филип Кузмановски ја има капитенската лента во нашиот состав, а тоа е и играчот кој треба да биде и вистински лидер на теренот. Популарниот Фитиљ верува во успех и пласман на Македонија на ...

Македонската репрезентација се доведе во ситуација да брка две победи на двата последни натпревари во квалификациите за Европското првенство кое се игра наредната година, а тоа ќе бидат дуелите против Естонија на гостински и Литванија на домашен терен. Кирил Лазаров имаше доста проблеми при составување на идеалниот тим поради голем број отсуства поради повреди, но оние кои денеска се појавија на собират во Скопје, најавуваат дека ќе дадат се од ...