Шпанската полиција во вторник објави дека првичните резултати од истрагата за сообраќајната несреќа во која загинаа напаѓачот на Ливерпул, Диого Жота, и неговиот брат во Шпанија минатата недела укажуваат на „прекумерна брзина“. Извештајот на експертот е сè уште „во тек“ и ќе се фокусира на „трагите“ што ги оставило едното тркало на возилото, но „сè укажува на прекумерна брзина што ја надминува дозволената брзина“, објави Шпанската цивилна гарда. ...

Шпанските истражни органи ги споделија со јавноста првичните причини за тешката сообраќајна несреќа во која животите ги загубија Диого Жота и неговиот брат Андре. Според полицијата, токму фудбалерот на Ливерпул го управувал автомобилот марка Ламборџини во моментот на несреќата, а како причина се наведува брзото возење. 28-годишниот Диого Жота и неговиот три години помлад брат, Андре Силва, ги загубија животите во близина на Замора, во северна ...