Комитетот за надворешни работи (АФЕТ) на Европскиот парламент денеска со 40 гласови „за“, 19 „против“ и 10 „воздржани“ го усвои Предлог-извештајот за земјава подготвен од австрискиот европратеник Томас Вајц. По гласањето бугарски европратеник најави дека како додаток на Извештајот ќе предложат дополнение со „мислење на малцинството“. Пратеничката група на Европската народна партија претходно поднесе амандман по скратена постапка за вметнување на ...

Бугарија се погрижи гласањето за извештајот за Македонија да излезе од „здодевната рутина“ на европарламентарците, со речиси 300 амандмани заради формулацијата на „вековниот македонски идентитет и јазик“, која сакаа да ја променат со придавката „модерен“. Имено, пред самото гласање во АФЕТ, координаторот на ЕПП, Михаил Галер, предложи устен амандман – пред терминот „македонски јазик и идентитет” да се додаде „модерен”. Амандманот не беше ставен ...

Првата препрека за нашиот јазичен и културен идентитет ја поминавме, изјави Мицковски откако претпладнево помина извештајот за Македонија во комисијата за надворешна политика на Европскиот парламент - без прифаќање на придавката „модерен“ пред македонски јазик. Борбата беше голема, но сите видоа дека дека суштината е многу подлабока, а не стотина Бугари во уставот. Дали извештајот ќе помине на пленарната седница не знам, дополни Мицковски. Лично ...