САД му кажаа на Иран во среда дека нема да се согласи со барањата на Техеран за промена на локацијата и форматот на разговорите планирани за петок, изјавија двајца американски функционери за Axios. Застојот би можел да го блокира дипломатскиот пат и да го наведе Доналд Трамп да се одлучи за воена агресија. САД и Иран претходно се согласија да се сретнат во Истанбул во петок, со учество на други земји од Блискиот Исток во улога на набљудувачи, ...

Двајца американски претставници изјавија во средата дека САД му порачале на Иран дека нема да се согласат со неговите барања за промена на локацијата и форматот на разговорите планирани за петок во Истанбул, објави порталот Axios, додека иранските медиуми објавија дека разговорите ќе се одржат во Оман. САД и Иран претходно се согласија да одржат разговори во Истанбул во петок, а другите земји од Блискиот исток ќе учествуваат како набљудувачи. ...