ТФТ на својата официјална страница ги извести своите фанови дека нема да можат да присуствуваат на третиот полуфинален меч против Работнички во ракмите на плеј-офот, а со тоа и можноста доколку победи заедно да слават пласман во финале. „Поради забрана за гостински навивачи од страна на домаќинот КК Работнички, утре, нашите поддржувачи нема да можат да присуствуваат на мечот“, се вели во соопштението на ТФТ. Ова е срамен чин, бидејќи Работнички ...
Кошаркарите на Работнички откако добија „метла“ од ТФТ во полуфиналната серија во плеј-офот, во битката за третото место во кошаркарската Прва лига, загубија од Куманово во првиот меч. Серијата се игра во три добиени натпревари, а Кумановци се стекнаа со предност, благодарение на одличната игра во последниот период, кога направија пресврт и славеа триумф од 79-74. Работнички ја доби првата четврина со 23-21, а на полувреме замина само со поен ...
Откако МЗТ Скопје веќе го обезбеди учеството во финалето, со убедливата победа од 3-0 против Куманово, вечерва шампионот може да го добие ривалот во серијата за трофејот во мак-кошарката. ТФТ Скопје има водство од 2-0 против Работнички, по двете домашни победи, па сега серијата се префрла на теренот на најтрофејниот. Работнички е пред најсериозниот предизвик во сезоната, посебно ако се знае дека во меѓувреме, помеѓу овие два натпревари, дојде и ...
Вечерва од 20:30 часот во салата “Независна Македонија“ во Скопје ќе се одигра третиот меч од полуфиналето од плеј – офот за титулата во нашата елитна кошаркарска лига. Дали вечерва ќе го дознаеме противникот на МЗТ Скопје во финалето или ќе почекаме уште малку ќе дознаеме некаде после 22:30 часот. ТФТ е на потег. Овој тим им 2:0 во победи во серијата, не дозволи Работнички да дојде до “брејк“ па така ако вечерва ТФТ успее да победи тогаш ќе ...
Раководството на Работнички ја објаснува одлука за неприсуство на навивачи по реакциите на ТФТ. Kако што велат од таборот на центарци одлуката за неприсуство и на двете навивачки групи е донесена по инструкции на Министерството за внатрешни работи. „Сакаме да дадеме до знаење за одлуката за неприсуство на две навивачки групи не е наша, туку е донесена по инструкција на МВР. Имено салата во која играме е со само една трибина и нема начин да се ...
Работнички и ТФТ Скопје вечерва од 20:30 часот ќе го играат третиот меч од полуфиналето во плејофот на кошаркарската лига. ТФТ има предност од 2:0 во победи, благодарение на триумфите пред своите навивачи во СРЦ „Кале“, а сега серијата се сели на теренот на Работнички. На денешниот меч нема да биде дозволен влез на гостински навивачи, што значи дека само Работнички ќе има поддршка од трибините. Работнички е под притисок дека мора да победи, ...
Пред третиот меч во полуфиналето на кошаркарскиот плеј-оф, Работнички одлучи да нема гостински навивачи. Тоа значи дека ТФТ ќе ја нема поддршката од своите фанови во можеби одлучувачкиот меч на сезоната, со оглед дека му треба уште една победа а да обезбеди финале и дуел со МЗТ Скопје во битка за трофејот. Оваа одлука ја соопштија од ТФТ. „Поради забрана за гостински навивачи од страна на домаќинот КК Работнички, утре 18.05.2025 година нашите ...