Интернационалниот фестивал на монодрама во Битола годинава ќе биде заокружен со изведбата на претставата „Гидионовиот јазол“, која ќе се одигра на 29 април во 20:00ч. на сцената на НУ Народен театар Битола. Оваа современа драмска приказна носи интензивна сценска атмосфера и се занимава со теми што длабоко ја допираат современата реалност -одговорноста, вината и сложените односи меѓу луѓето. Во центарот на дејството се наоѓа средба меѓу мајка ...

Драмски театар Скопје вечерва и утре гостува на 27. Интернационален фестивал на монодрама во Битола (2026). Под мотото „Огледало на вистината“ од 23 до 29 април, фестивалската Битола повторно е на мапата на светска театарска сцена каде што „Еден актер. Една сцена. Една вистина.“ се доволни да се создаде цел универзум од емоции, приказни и трансформации. Вечерва во официјалната фестивалска програма се игра „Драми на принцезите – Џеки“ на ...