ЕУ започнува процес на проверка на можните прекршувања на човековите права извршени од Израел во Појасот Газа, што – доколку се докаже дека е точно – на крајот може да доведе до трговски санкции против земјата и суспензија на соработката и финансирањето во различни области, како што се економијата, науката и образованието. Голема група европски земји – дури 17 од нив, што покажува значителна промена во единството и третманот на Израел и создава ...

И покрај меѓународните критики, Израел не запира со офанзивата во Газа и ја ограничува хуманитарната помош Израел продолжува со масовните воздушни напади и со проширената копнена офанзива во Појасот Газа обидувајќи да се го уништи исламистичкото движење Хамас и да ги спаси преостанатите заложници, киднапирани пред 20 месеци. Според министерството за здравство на Газа, контролирано од Хамас во израелските воздушни удари извршени утрово загинале ...

-За германската Влада отсекогаш било многу важно да ги држи отворени своите канали за комуникација со израелската Влада, рече Корнелиус на прес-конференцијата. Покрај тоа, Германија денеска го бранеше зачувувањето на договорот за соработка меѓу ЕУ и Израел, еден ден откако Унијата нареди негово преиспитување со цел да изврши притисок врз Израел, објавија француските медиуми. Без да ги потврди медиумските извештаи дека Берлин не се согласува со ...

БРИСЕЛ (АА) - Група активисти, меѓу кои и пратеници, протестираа поради загубата на палестински животи во геноцидот што Израел го спроведува во Газа, легнувајќи на земја пред Европскиот парламент (ЕП), јавува Анадолу. Активистите се собраа пред зградата на ЕП во Брисел и легнаа неподвижни на земја за да ги симболизираат лицата што ги загубија животите во израелските напади врз Газа. Поддржувајќи ги активистите, пратениците држеа транспаренти на ...

Европската Унија ќе го преиспита договорот за политичка и економска соработка со Израел поради влошената хуманитарна состојба во Газа, изјави високата претставничка за надворешна политика на ЕУ, Каја Калас, по состанокот на министрите за надворешни работи во Брисел, објави Ројтерс. Притисокот врз израелската влада се засили откако се појавија поплаки за недостиг од хуманитарна помош во Газа, додека владата на премиерот Нетанјаху започна нова ...

Европската Унија ќе го преиспита договорот што ги регулира нејзините политички и економски врски со Израел поради „катастрофалната“ ситуација во Газа, изјави вчера високата дипломатка на ЕУ, Каја Калас, по состанокот на министрите за надворешни работи на блокот, јавува Ројтерс. Меѓународниот притисок врз Израел се зголеми во последните денови поради поплаките за недостатокот на хуманитарна помош што стигнува до Газа и откако владата на премиерот ...

Со оглед на ситуацијата во Појасот Газа, ЕУ го доведува во прашање договорот за партнерство со Израел. Според шефицата на дипломатијата на ЕУ, Каја Калас, „силно мнозинство“ на состанокот на министрите за надворешни работи во Брисел се изјаснило за проверка дали Израел продолжува да се придржува до основните принципи на Договорот за асоцијација меѓу ЕУ и Израел, кој стапи на сила во 2000 година. Меѓу основните принципи е оној дека односите меѓу ...