Фудбалерите на Тотенхем се радуваат на трофејот од Лига Европа, откако во финалето на „Сан Мамеш“ во Билбао го совладаа Манчестер Јунајтед со минимални 1-0 (1-0). Херој на тимот на Анге Постекоглу е Бренан Џонсон, кој се најде на вистинско место во одлучувачкиот момент на мечот. Натпреварот започна со малку подобар ритам на „црвените ѓаволи“, тимот на Рубен Аморим продираше по десната страна, од каде постојана опасност беше Амад Диало, но ...
Навивачите на Тотенхем многу брзо ќе ја заборават ужасната сезона во Премиер лигата, бидејќи тоа што навивачите од Северен Лондон го чекаа речиси две децении, оваа вечер го дочекаа во Билбао. Тотенхем ја освои првата титула по пауза од цели 17 години и тоа го направи во големото финале во Лига Европа, добивајќи го англискиот дуел со Манчестер Јунајтед, тим над кој славеше и четврти пат оваа сезона. Избраниците на Анге Постекоглу беа поостроумни ...