• вторник, 24 јуни 2025

Баерн ќе донесе одлука за евентуалното привлекување на Вирц до крајот на месецот

Баерн ќе донесе одлука за евентуалното привлекување на Вирц до крајот на месецот

Минхен, 21 мај 2025 (МИА) - Баерн Минхен ќе донесе конечна одлука за евентуалното потпишување на играчот на Баер Леверкузен, Флоријан Вирц, до крајот на месецот, објави денеска списанието „Кикер“.

Шампионите на Бундеслигата се главен кандидат за потписот на германскиот интернационалец, за кого е заинтересиран и англискиот шампион Ливерпул. Вирц е исто така во плановите на Реал Мадрид.

Играчот од средниот ред има договор со Леверкузен до летото 2027 година. Раководството на Баер веќе даде зелено светло за продажба на Флоријан Вирц за 150 милиони евра.

Високата цена на играчот од средниот ред го принуди Манчестер Сити да се повлече од трката за потпис на 22-годишниот репрезентативец на Германија. дс

Фото: Архива

Тагови

Остани поврзан