Малопродажните цени на горивата на бензинските станици ќе се продаваат со намалена цена од 2 денaра за литар за Еуросупер БС-95 и за Еуросупер БС-98 во однос на малопродажните цени објавени од Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), соопшти АД Макпетрол. Според одлуката на Макпетрол, Еуросупер БС-95 ќе се продава по цена од 84,5 денари за литар, литар Еуросупер БС-98 ќе чини 86,5 денари. Цената на литар дизел ќе се продава по цена од ...
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини попладнево се пофали дека „со одлукaта на Владата и постапувањето на надлежните институции, се потврди клучната цел – спречено е поскапување на горивата и постигната е нивна стабилизација“. Ова доаѓа откако вчера Владата донесе одлука да го намали ДДВ на нафтените деривати од 18% на 10%, а премиерот Мицкоски рече дека поради тоа цената ќе падне за 6 до 7 денари по литар. ...
Се потврди она што претседателот на СДСМ, Венко Филипче го предвиде и за што предупредуваше цело време. Еден ден по прес конференцијата на Христијан Мицкоски имаме ново покачување на цената на дизелот од 3,5 денари. Поскапувањето не се спречи, дизелот поскапе и од ноќеска цената на дизелот ќе биде 95,5 денари за литар. За само три недели, ова е трето покачување на цената на дизелот, при што вкупното зголемување достигна 24,5 денари по литар. ...
Скопје, 23 март 2026 Се потврди она што претседателот на СДСМ, Венко Филипче го предвиде и за што предупредуваше цело време. Еден ден по прес конференцијата на Христијан Мицкоски имаме ново покачување на цената на дизелот од 3,5 денари. Поскапувањето не се спречи, дизелот поскапе и од ноќеска цената на дизелот ќе биде 95,5 денари за литар, се вели во соопштението на СДСМ кое МИА го објавува интегрално. За само три недели, ова е трето ...
Регулаторната комисија за енергетика донесе нова одлука со која бензините остануваат на исто ниво, но дизел горивото повторно бележи пораст. Според оваа одлука, цената на дизелот се зголемува за 3,5 денари по литар, што директно влијае врз трошоците на граѓаните и компаниите. Одлуката стапи на сила од полноќ, што значи дека новите цени веќе се применуваат на бензинските станици низ државата. Според најновите пресметки, ЕУРОСУПЕР БС-95 се ...
Дизел-горивото на „Макпетрол“ од полноќ се продава по цена пониска за три денари од таа објавена од Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Компанијата уште во понеделникот ја спушти цената на дизелот за два денара, а со дополнителното намалување, ова гориво од денеска се продава за вкупно три денари пониска цена. По промената, дизел-горивото сега се набавува за 92,5 денари за литар. И дел од другите горива на бензинските станици на ...

