Скопје
28ᴼ /
28ᴼ
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска учествуваше на настанот по повод почетокот на проектот „Прекинување на циклусот на насилство – системска превенција на семејно и врсничко насилство преку образовниот систем“, организиран во Владата на Република Северна Македонија. На настанот учествуваа и министерката за образование и наука Весна Јаневска, министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани и претставници ...
Денеска под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Управата за финансиска полиција и Министерството за внатрешни работи спроведуваат координирана акција на повеќе локации во Скопје. Акцијата е резултат на повеќегодишна предистражна постапка за ФФМ спроведена од истражителите на Истражниот центар при ОЈО ГОКК и УФП. Повеќе информации за предметот ќе бидат соопштени во ...
Поранешниот претседател на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Илчо Ѓорѓиоски, денеска е приведен во рамки на истрага во која се опфатени уште 15 лица, дознава Портал Икс од извори. Според информациите со кои располага порталот, предмет на истрага се и три компании поврзани со случајот. Засега нема официјална потврда од МВР и Обвинителството. Поранешниот претседател на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Илчо Ѓорѓиоски, ...
Општина Центар и ова лето обезбеди згрижување за деца од училишна возраст до 10-години во градинките, како поддршка за семејствата за време на распустот. „Им излегуваме во пресрет на родителите кои поради работните обврски имаат потреба од згрижување на своите деца во текот на летото. Со оваа мерка им помагаме на семејствата полесно да се организираат, а на децата им овозможуваме едукативни и квалитетни содржини во нашите воспитно-образовни ...
„И покрај добрата дигитална подготвеност на граѓаните, прифаќањето електронски плаќања кај малите трговци е ограничено и претставува голем предизвик за платниот систем во земјава.“ Ова беше истакнато од вицегувернерот на Народната банка Игор Величковски на отворањето на работилницата „Премостување на јазот кај прифаќањето на електронските плаќања од страна на трговците: Форум на засегнатите страни за заклучоците и следните чекори“, ...
На 17.06.2026 во 12:00 часот, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Охрид го лишија од слобода Д.А.(37) од Охрид. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, пронајдени и одземени се еден револвер, две пушки, три рачни бомби, 22 куршуми различен калибар и две најлонски ќеси со барут кои нелегално ги поседувал. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 396 од ...
Општина Илинден изврши обнова и замена на дел од детските реквизити на повеќе игралишта на својата територија, како и поставување нова урбана опрема. Во населеното место Кадино, на игралиштето кај Домот на културата, се поставени нови детски содржини, меѓу кои лулашка, лизгалка и две фигури во облик на коњче. На игралиштето помеѓу улиците „525“ и „500“ се поставени нова лизгалка, лулашка и клацкалка, како и две клупи и корпи за отпадоци. На ...
Министерката за енергетика Сања Божиновска денеска соопшти дека пристигнало решението со кое и официјално се заштитува македонскиот рубин како наш, македонски полускапоцени камен. – Го заштитивме македонскиот рубин. Му благодарам на Геолошкиот завод за соработката. Веќе имаме нешто македонско заштитено. Продолжуваме понатаму со заштита и на одредени видови мермер, рече министерката на брифинг со новинарите. Рубинот што се вади во Македонија ...
На плоштадот покрај Македонскиот народен театар деновиве беше поставен нов банкомат на Халкбанк, чиј изглед внимателно е осмислен за да се вклопи во архитектурата и атмосферата на една од најзначајните културни локации во Скопје. Со својата форма, дизајн и препознатливи црвени завеси, поставката потсетува на мала театарска сцена, создавајќи впечаток дека и најобичната секојдневна трансакција може да биде дел од градската културна приказна. Во ...
На денешната собраниска седница на дневен ред се и пратеничките прашања од опозицијата, информира собраниската прес-служба. Според најавите, осум пратеници ќе упатат прашања до претставници на Владата, меѓу кои вицепремиери и министри. Прашања се очекува да бидат поставени до вицепремиерите и министрите за европски прашања и транспорт, како и до министрите за надворешни работи, внатрешни работи и образование. На денешната собраниска седница ...
Ремито на Португалија со ДР Конго ја отвори долгогодишна дилема кај Португалците, како понатаму со или без Кристијано Роналдо? Кристијано, официјално најстариот играч (не голман) кој играл во почетниот состав во историјата на светските првенства, не му помогна на својот тим да ја прескокне првата пречка на Светското првенство. Ветеранот не придонесе со нбишто во играта. Роналдо беше речиси бескорисен против Конго. Со физички беспрекорно ...
ВМРО-ДПМНЕ е многу повеќе од партија. ВМРО е име што се памети. Име што носи тежина. Име што буди чувство. Име натопено со солзите на генерации борци, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, од Струмица по повод 36 роденден на ВМРО-ДПМНЕ кој се одбележи на градскиот стадион под мотото „Македонија забрзува, наша обврска“. Додаде дека ВМРО-ДПМНЕ е најголемиот македонски политички бренд, создаден од историја, борба, болка и жртва, ...
Од СДСМ упатија прашање до власта колку ги чинеше граѓаните на Македонија прославата на 36. роденден на ВМРО -ДПМНЕ во Струмица. „300.000 евра? 500.000 евра? Или многу повеќе? Превоз со автобуси, списоци од вработени по јавна администрација од цела Македонија, дневници? Колку ги чинеше тоа граѓаните? Како да го донеле Дејвид Гета? Додека народот се мачи да врзе крај со крај, додека цените незапирливо растат а сиромаштијата се зголемува, ...
Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска во седиштето на НАТО во Брисел учествува на состаноци на Северноатлантскиот совет на ниво министри за одбрана, посветени на зајакнување на колективната одбрана, инвестициите во одбранбените капацитети и подготовките за претстојниот Самит на Алијансата. На состаноците се дискутира за натамошно унапредување на одбранбените способности на НАТО преку континуирани вложувања во одбраната, развој на ...
Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски ќе учествува на Самитот за инвестиции во транспортот „Обезбедување раст и конкурентност преку поврзување“ што ќе се одржи денеска во Солун, во организација на Министерството за инфраструктура и транспорт на Грција, Транспортната заедница, Европската банка за обнова, развој и Европската инвестициска банка, со поддршка на Инвестициската рамка за Западен Балкан. ...
Новоизбраната членка на Државната комисија за спречување на корупцијата, Катерина Зајковска, денеска пред претседателот на Собранието ќе ја даде свечената изјава со што и официјално ќе ја преземе функцијата во антикорупциската комисија. Зајковска беше избрана во Собранието со 56 гласа „за“ и еден „против“. Таа е дипломиран економист од Скопје и магистер по сметководство, финансии и ревизија. Нејзиниот избор следува по оставката на Цвета ...
Пратениците денеска ќе разгледуваат повеќе законски предлози, извештаи и одлуки на собраниска седница, меѓу кои и измени во царинската регулатива, ревизијата и зоотехниката, како и предлози за ратификација на меѓународни договори. На дневен ред се Извештајот за работата на Комисијата за хартии од вредност за 2025 година, финансиските извештаи на Агенцијата за супервизија на осигурување за 2025 година, ревидирани од овластен ревизор, како и ...
Европскиот парламент вчера го усвои извештајот за напредокот на Македонија на нејзиниот пат кон ЕУ. Европратеничката од Словенија со македонско потекло Ирена Јовева го поддржа истиот, но не сите негови делови. Таа во соопштение вели дека не поддржува никакви обиди за вклучување на прашањата за идентитетот, јазикот и историските толкувања во извештајот, кој треба да остане фокусиран на реформите, владеењето на правото и европскиот напредок на ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп, денес им се заблагодари на кинескиот претседател Си Џинпинг и на рускиот претседател Владимир Путин за нивната неутралност за време на војната со Иран, нагласувајќи дека тие не ги попречиле американските напори за потиснување на нуклеарните амбиции на Иран. Тој ја даде изјавата на прес-конференција на самитот на Г7 во Евиан-ле-Бен, Франција, откако беше договорен прекин на огнот во конфликтот, објави ...
Вишиот суд во Белград денеска се очекува да ја изрече втората првостепена пресуда за Владимир и Милјана Кецмановиќ, родителите на момчето кое уби девет свои врсници и еден чувар на училиштето и повреди уште шест лица во основното училиште „Владислав Рибникар“ на 3 мај 2023 година. Во завршните зборови, главниот јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство во Белград, Ненад Стефановиќ, му предложи на судот да ги осуди Кецмановиќ на максимални ...
Администрацијата на американскиот претседател, Доналд Трамп, го објави официјалниот текст на меморандумот за разбирање постигнат за време на викендот меѓу САД и Иран, презентирајќи ѝ ги на јавноста за прв пат деталите од договорот што треба да послужи како основа за конечен мировен договор. Документот, насловен како „Меморандум за разбирање од Исламабад меѓу САД и Исламската Република Иран“, содржи 14 точки и предвидува итно прекинување на ...
Колумбија со убедливи 3:1 го совлада дебитантот Узбекистан во натпревар од групната фаза на Светското првенство 2026 и се искачи на врвот на табелата во својата група. Иако конечниот резултат изгледа сигурно, избраниците на Нестор Лоренцо мораа добро да се испотат против мотивираниот азиски претставник, кој постигна историски прв гол на мундијалите и долго време беше во игра за позитивен резултат. Колумбијците од самиот почеток ја контролираа ...
Фудбалската репрезентација на Гана со гол во петтата минута од судиското продолжение ја совлада Панама со 1:0 во натпревар од првото коло во групата Л на Светското првенство 2026. Херој на африканската селекција беше 20-годишниот Калеб Јиренки, најмладиот играч во составот на Гана, кој во 95. минута го постигна единствениот гол на натпреварот и им донесе огромна радост на своите навивачи на стадионот „БМО Филд“ во Торонто. Во дождливи услови ...
Министерот за одбрана на Бугарија Димитар Стојанов ќе учествува на состанокот на министрите за одбрана на земјите членки на НАТО, кој ќе се одржи на 18 јуни во Брисел, Белгија. За време на форумот ќе се разговара за спроведувањето на најважните одлуки поврзани со одбранбениот и одвраќачкиот потенцијал на НАТО, вклучително и во контекст на подготовките за претстојниот Самит на Алијансата во Анкара, Турција. Во рамките на работните сесии, ...
Европските сојузници го зголемуваат својот придонес со дополнителни сили кои можат да му бидат ставени на располагање на НАТО во случај на воена криза, а откако САД го намалија своето учество, изјави денеска генералниот секретар на Алијансата, Марк Руте. Минатиот месец Вашингтон ги информираше сојузниците за одлуката да го намали обемот на американските воени капацитети и сили што би биле достапни во случај на криза. Оваа одлука ги отвори ...
Одличен натпревар гледаме на теренот во Арлингтон, Далас, по првото полувреме резултат е 2:2 во битката меѓу фудбалските репрезентации на Англија и Хрватска на Светското првенство. Во 12 минута беше досуден пенал за Англичаните, Кејн не успеа во првиот обид, но од поправен ја испрати топката во хрватската мрежа. Во 36 минута „коцкестите“ успеаја да израмнат со прекрасниот погодок на Батурина по асистенцијата на Сучиќ. Кејн по вторпат се ...
Местото на овој народ, на граѓаните на нашата Македонија, е таму, на масата во Брисел со нив, како полноправна членка на Европската Унија, порача вечерва претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на одбележувањето на 36-от роденден на партијата во Струмица, но нагласи дека нема да се прифатат отстапки поврзани со националниот идентитет. – Местото на овој народ, на граѓаните на нашата Македонија, е таму, на масата во Брисел како ...
Фудбалерите на Англија први стигнаа до гол во дербито на групата Л на Светското првенство против Хрватска со гол од белата точка на Хари Кејн. По невнимателниот старт на Лука Модриќ врз Нони Мадуеке судијата Клемен Турпан без размислување покажа на белата точка. Првиот обид на Кејн беше одбранет од страна на голманот Доминик Ливаковиќ, ама ВАР сугерираше неправилност и пеналот беше повторен. Во вториот обид Кејн беше сигурен, го испрати ...
Премиерот и претседател на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва од Струмица на одбележувањето на 36 години од постоењето на партијата се осврна и на претстојната реконструкција на Владата и порача дека сите отстапувања прецизно ги нотира, ќе има промени, како и дека нема да толерира занес во привилегиите што ги нуди власта. Нагласи дека од од утре ќе почне да работи на оваа тема, откако во финиш се екипирањето и промените во ...
Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски, вечерва од Струмица порача дека идејата која започнала пред 36 години со формирањето на ВМРО-ДПМНЕ не само што опстанала, туку денес е посилна од кога било. Во своето обраќање по повод 36-годишнината на партијата, Мицкоски истакна дека собирот не е само одбележување на јубилеј, туку потврда дека сонот за Македонија продолжува да живее и да се развива. -Вечерва сме собрани да покажеме дека ...