Скопје
22ᴼ /
22ᴼ
Речиси сите мигранти кои во изминатите денови успеале да влезат во шпанската енклава Сеута веќе се вратиле на територијата на Мароко, соопшти шпанскиот министер за надворешни работи Хозе Мануел Албарес. Тој ги отфрли тврдењата дека мигрантите можат слободно да продолжат кон останатиот дел од Шпанија и порача дека шенгенскиот простор останува заштитен. „Не е можно да се патува од Сеута и Мелиља кон континентална Шпанија без идентификација на ...
Јан Диоманде со нетрпение очекува успешен крај на преговорите меѓу РБ Лајпциг и Реал Мадрид за негов трансфер во шпанскиот клуб, но барем засега истите се заглавени. Репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска е подготвен за новиот и најголем предизвик досега, но новинарот Флоријан Плетенберг тврди дека бундеслигашот не одговорил на последната понуда на Реал. Шпанскиот клуб не добил повратен одговор и менаџментот на Реал бил зачуден од ...
Над 300 пожарникари интервенираат во големиот пожар што избувна вчера наутро во областа Виотија во централна Грција, што сè уште не е ставен под контрола, а во текот на ноќта од бројот 112 за итни случаи беа испратени пораки за превентивна евакуација на четири населени места, јави дописничката на МИА од Атина. Пожарот избувна вчера наутро и поради силниот ветер, што сè уште дува во областа, огнената стихија брзо се прошири и утрово се активни ...
Министерството за здравство внимателно го следи случајот со 19-годишната пациентка и е во постојана комуникација со надлежните здравствени установи. Со цел целосно, објективно и стручно утврдување на сите околности поврзани со лекувањето на пациентката, Министерството издаде налог до Државниот санитарен и здравствен инспекторат да изврши вонреден инспекциски надзор. По добивањето на инспекцискиот наод и целокупната медицинска ...
Во над 50 населени места во Македонија водата не е безбедна за пиење, а листата расте секој ден, кажа денеска на прес-конференција Маја Серафимовска Борозан од СДСМ. „Гостивар, Крушево, Валандово, Булачани, Пласница, Лешок, Преглово, Маврово, Рич, Белотино, Башино Село, Елшани, Велестово, Ново Село, Сушица, Зубово, Државо, Гарани, Шутово и уште многу други места. Во Гостивар има ризик од епидемија на жолтица. И власта повторно задоцни со ...
Денеска во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани, по претходно добиена судска наредба, извршија претрес во дом на А.Р. во Кочани, при што пронајдени и одземени се над 160 грама кокаин, хашиш и марихуана. А.Р. е лишен од слобода, известен е јавен обвинител и по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена кривична пријава по брза постапка по член 215 од Кривичниот законик. Денеска во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани, по ...
Американските медиуми објавија дека американскиот претседател Доналд Трамп планира за време на викендот масовни напади врз Иран, вклучително и врз енергетската инфраструктура. – Јас многу силно ќе го нападнам и знаете, во одреден момент тие ќе кажат: Едноставно не можеме повеќе да издржиме, изјави Трамп на средбата со својот кабинет во претседателската резиденција Кемп Дејвид. Подоцна „Волстрит џурнал“ објави дека Трамп наредил нов напад со ...
Актуелниот шампион на Италија, Интер, договори големо засилување во одбраната. Аргентинскиот стопер Кристијан Ромеро, кој пристигнува од Тотенхем, треба да го облече дресот на „нераѕурите“. Според информациите од аргентинскиот „ESPN“, двата клуба постигнале договор за трансфер вреден 40 милиони евра. Работата е забрзана по директните разговори меѓу спортскиот директор на Интер, Пјеро Аусилио, и лелниците на лондонскиот клуб. На овој начин, ...
Сè е подготвено за утрешното одбележување на 123 години од Илинденското востание и Крушевската Република и 82 години од првото заседание на АСНОМ, двата клучни столба на македонската државност. Во Крушево пристигнаа околу 140 илинденски коњаници. Традиционалното отворање на манифестацијата е вечер на Гумење, а централната манифестација ќе се одржи на Мечкин Камен, каде што ќе говори собранискиот потпретседател Антонијо Милошоски. Чествувања ...
Најновата верзија на GM955, професионално возило за машинско чистење произведено во фабриката на ГРИН МАШИНС на БРАКО во Велес, заминува за Минхен, Германија, каде што следната недела ќе продолжи процесот на тестирање и хомологација директно во TÜV SÜD. Моделот GM 955 добива повеќе значајни технички унапредувања – нов Perkins мотор, редизајнирана кабина со подобрена ергономија и нови LED светла, нов систем за контрола на возилото развиен во ...
Во вториот квартал годинава во Регистарот на цени и закупнини се евидентирани 2.148 закупи. Вкупниот број на закупи бележи пад од 17 проценти на квартално ниво. Вкупна месечна закупнина за овој квартал изнесува 1,2 милиони евра и има раст во однос на првиот квартал за 9 проценти. Најголем број од закупите од овој квартал, 935, припаѓаат на деловни простори (44 проценти) по што следуваат становите со 630, (29 проценти), куќите со 235 (11 ...
Локалната иницијатива „И здравје и работа“ најостро ги осудува сè почестите јавни напади и обиди за дискредитација на универзитетските професори, геолозите, рударските инженери и другите стручни лица кои јавно ги презентираат научните факти и современите технолошки решенија што денес се применуваат во рударството. Во последниот период сме сведоци на организирани обиди од една мала група луѓе да се наруши кредибилитетот на луѓе кои целиот ...
Три лица од Скопје се лишени од слобода поради обид за подигнување кредит од банка со фалсификувана документација, соопшти Министерството за внатрешни работи. Полициски службеници од СВР Скопје, Единицата за економски и компјутерски криминал, на 29 јули ги лишиле од слобода И.Т. (45), С.Т. (21) и П.П. (29), сите од Скопје, поради сомнение за сторени кривични дела „фалсификување исправа“ и „злоупотреба на лични податоци“. Според информациите ...
Од 30 минути до еден час е времето на чекање на граничните премини „Табановце“, односно „Богородица“ за влез и излез од државата, информира Автомото сојузот на Македонија (АМСМ). На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ апелира до возачите да ја приспособат брзината на движење на условите на патот, да ја почитуваат сообраќајната сигнализација и да управуваат внимателно, ...
Илинденското востание, кое започнало на 2 август 1903 година, претставува едно од најзначајните поглавја во македонската историја. Организирано од Македонската револуционерна организација, востанието било насочено против османлиската власт, со цел ослободување на Македонија и создавање автономна држава. Одлуката за востание донесена во Смилево Подготовките започнале по одлуката на Конгресот на Македонската револуционерна организација во ...
СДСМ преку соопштение утринава упати критики кон премиерот Христијан Мицкоски поради неговото најавено патување во Белгија. „Христијан Мицкоски ќе оди на „екскурзија“ во Белгија. Малку Бриж. Малку Брисел. На граѓаните им порачува: летувајте на езерата и планините во Македонија. На границите – гужви и часови чекање. Затоа што Македонија е изолирана. Изолирана затоа што така сака Мицкоски. Не сака во ЕУ. Затоа што во ЕУ обвинителството е ...
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, по повод 2 Август – Денот на Републиката, упати честитка до граѓаните, истакнувајќи дека овој празник нè обединува околу вредностите врз кои се гради и зајакнува нашата држава и нè потсетува на заедничката одговорност да ја зајакнеме со дела, визија и посветеност. -2 Август нè потсетува на идеалите за слобода и самоопределување, поставени врз двата столба на нашата историја: Илинденското востание ...
Танкер бил погоден со „непознат проектил“ во Ормутскиот Теснец, во близина на брегот на Оман, соопшти Агенцијата за поморски трговски операции на Обединетото Кралство (UKMTO). Според информациите на агенцијата, при инцидентот била оштетена машинската просторија на бродот, но нема повредени лица, ниту е регистрирано загадување на морето. Нападот се случил на околу 20 километри североисточно од оманскиот град Лима, наведува UKMTO. Ормутскиот ...
Во руските напади врз главниот град на Украина, Киев загинаа девет луѓе, а 23 се повредени, соопшти Украинската служба за вонредно ситуации. Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко на Телеграм објави дека градот утрово е нападнат со балистички ракети. Експлозии одекнуваат во градот. Киев е нападнат со балистички ракети. Скријте се во засолништата за бомби, наведе Кличко. Во руските напади врз главниот град на Украина, Киев загинаа девет ...
Фудбалски “земјотрес“ во Турција. Според локалниот новинар Јакуп Џинар, наводно Мохамед Салах постигнал двогодишен договор со Трабзонспор, а официјалната потврда за трансферот треба да следи на 2 август. Според извештаите, Салах треба да заработува околу 15 милиони евра годишно во Трабзонспор, со дополнителни бонуси. Доколку оваа информација се покаже како точна, тоа би бил еден од најголемите трансфери во историјата на турскиот фудбал. Во ...
Најмалку девет лица загинаа, а 27 се повредени, меѓу кои и четири деца, во ноќешниот руски ракетен напад врз Киев. Низ украинската престолнина во текот на ноќта одекнуваа силни експлозии, а густ чад се издигна над градот по ударите на балистички ракети. Kyiv. Morning. Above the city — smoke. Below it — destroyed homes, murdered civilians. This is the capital of a European country. The world has been watching this for 4.5 years. What makes ...
Под влијание на топла воздушна маса од југ, Македонија и во наредните денови ќе биде зафатена од период на сончево и многу топло време. Според прогнозите, високите температури ќе се задржат во текот на продолжениот викенд, но и до крајот на следната седмица, со мала до умерена локална облачност. Освен високите дневни температури, топло ќе биде и во вечерните и ноќните часови, што дополнително го зголемува ризикот од негативни последици врз ...
Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, објави дека го откажува озлогласениот проект „FIFA Forward Enterprise“, преку кој сакаше да продаде малцински удел во Светското првенство преку акции на приватни инвеститори. Инфантино, под притисок од УЕФА, ACF и CONCACAF, европските, азиските и северноамериканските фудбалски организации, го напушти својот план, пренесе Индекс.хр. „Проектот FIFA Forward Enterprise требаше да создаде основа за ...
Под влијание на топла воздушна маса од југ во деновите од продолжениот викенд и до крајот на следната седмица времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Високите температури ќе се задржат и во текот на вечерните и ноќните часови. За денеска се најавува многу топло време со слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 21, а максималната ќе достигне од 33 до 39 ...
Сончево и многу топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 21, а максималната ќе достигне од 33 до 39 степени. Во Скопје, сончево и многу топло со слаб до умерен променлив ветер.Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 38 степени. Сончево и многу топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. ...
Земјотрес со јачина од 4,7 степени ја погоди областа Кампи Флегреи во близина на Неапол во петокот вечерта. Потресите предизвикаа прекини во електричната енергија, ги нарушија железничките и метро услугите и оштетија некои згради, соопштија локалните власти, пренесува Ројтерс. Земјотресот се случил во 19:46 часот по локално време. Италијанскиот Национален институт за геофизика и вулканологија соопшти дека епицентарот бил во областа Кампи ...
Парламентот на Бугарија го одреди 25 октомври како ден кога земјата ќе го избере својот следен претседател. Претседателската функција во Бугарија главно е церемонијална, а најголемиот дел од власта во земјата со 6,5 милиони жители ја имаат премиерот и парламентот. Сепак, претседателот е врховен командант на вооружените сили, може да стави вето на законите и да потпишува меѓународни договори. Владејачката центристичко-лева Прогресивна бугарска ...
Владата донесе одлука за прогласување кризна состојба на целата територија на државата поради зголемените ризици и опасности од пожари на отворен простор и шумски пожари, во времетраење од 30 дена, почнувајќи од утре. Владината прес-служба вечерва соопшти дека одлуката е донесена со цел навремено, координирано и ефикасно справување со состојбата на терен, како и максимално мобилизирање на сите расположливи институционални капацитети за ...
Видеото што го објави Гренел на Инстаграм е снимено од погорните катови на зградата „Адора Флатирон“ во скопска Кисела Вода Гренел имал приватна средба со премиерот Мицкоски и со министерот Муцунски, потврдија од Владата за „360 степени“ Ричард Гренел, специјален пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп за специјални мисии, на Инстаграм објави видео снимено од повисоките катови на зграда од која панорамски се гледа голем дел од ...
Утре во 11:00 часот, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, ќе присуствува во Дебар на доделувањето на 47 станови за социјално загрозени категории граѓани, при што ќе биде дадена изјава за медиумите. Право на добивање социјален стан имаат лица над 18 години кои до својата осумнаесетта година биле згрижени во институции и други облици на згрижување деца без родители; корисници на правото на гарантирана ...