Компанијата Apple го претстави најновото ажурирање на својот оперативен систем, iOS 26.4, кое носи повеќе од десет нови функции и подобрувања за корисниците на iPhone и iPad уредите ширум светот. Ажурирањето опфаќа промени во повеќе апликации, воведува нови емотикони и користи решенија базирани на вештачка интелигенција за подобро корисничко искуство. Новата верзија е достапна за уреди од iPhone 11 па нагоре, како и за поголем дел од iPad ...

Додека традиционалната автомобилска индустрија сè уште се опоравува од претходните кризи во синџирот на снабдување, Илон Маск прави потег што би можел фундаментално да ги промени правилата на играта. TeraFab е фабрика вредна 20 милијарди долари што ќе произведува чипови за орбиталните центри за податоци на SpaceX и возилата Tesla. Најновиот стратешки проект на Tesla, познат како TeraFab, е амбициозен план за изградба на сопствени ...

Изрекувањето на пресудата е закажано за 29 јули, а овој случај сигурно ќе остане забележан како пресвртница во дигиталната ера на музиката. Мајкл Смит од Северна Каролина пред неколку дена призна вина во првиот кривичен процес во САД за измама на стриминг сервиси потпомогната со вештачка интелигенција. Неговата лукава шема, која вклучувала стотици илјади AI песни и армија од ботови, му донела повеќе од осум милиони долари нелегална заработка, ...

Вселенскиот телескоп James Webb и вселенскиот телескоп Hubble на NASA ги здружија силите за да направат нови снимки од Сатурн, прикажувајќи ја планетата на неверојатно различни начини. Како што соопшти NASA, но и партнерските агенции од Канада и Европа, снимките биле направени порано, а сега е одлучено да бидат објавени. Заедно, научниците можат ефикасно да ја „сечат“ атмосферата на Сатурн на повеќе височини, како да се лупат слоеви на ...

Фотографија од ибериски рис што си игра со пленот ја освои престижната награда од публиката „Wildlife Photographer of the Year“ за 2026 година. Стоејќи на задните нозе, со една шепа испружена во воздухот, рисот делува истовремено разиграно и грабливо, додека си поигрува со несреќниот глодач пред да го убие и изеде, пишува Си-ен-ен. Повеќе од 85.000 луѓе гласале на годишниот натпревар што го организира лондонскиот Природонаучен музеј, ...

Nintendo воведува различни цени за дигитални и физички копии на игрици, а поскапите верзии често доаѓаат без кертриџи. Nintendo штотуку објави голема промена во начинот на наплата на своите игрици за Switch 2. Отсега, цената на игрицата ќе зависи од тоа дали е купена физичка или дигитална копија од насловот. Првата игрица што ја доживеа оваа промена е Yoshi and the Mysterious Book, која ќе биде пуштена во продажба на 21 мај. Игрицата ќе чини ...

Со претставувањето на macOS 26 верзијата од оперативниот систем на кого функционираат Mac компјутерите, Apple ја тргна Launchpad функцијата. Launchpad им овозможуваше на корисниците посебен кориснички интерфејс за преглед на сите инсталирани апликации, а тука корисниците можеа да го менуваат редоследот, да ги организираат апликациите во папки и слично. Очекувано, по тргањето на оваа функција, се појавија повеќе апликации кои на еден начин ја ...

FilmBox+, стриминг сервисот на SPI International, сега е достапен за корисниците во Македонија во партнерство со A1. Преку оваа соработка, A1 Македонија дополнително ја збогатува својата понуда на содржини и овозможува пристап до широк избор на филмови, серии и уште повеќе забавна содржина. FilmBox+ е стриминг сервис со постојано растечка понуда на корејски серии, турски драми, филмови и документарни содржини. Сервисот ја надополнува понудата ...

MacBook Neo со Apple A18 Pro чип покажува предност на вертикалната интеграција, додека Windows компјутерите тешко балансираат помеѓу цена, квалитет и перформанси Доаѓањето на MacBook Neo моделот дополнително ја заостри конкуренцијата во сегментот на пристапни лаптоп компјутери, но според мислењето на аналитичарите, Windows платформата се наоѓа во значително потежок положај. Стручњаците од областа на технологијата укажуваат дека основниот ...

Да бидеш побрз од своите ривали значи да имаш подобри шанси за победа. Ова може да биде правило и општо за животот, но е особено точно за Даниел Глигоров (познат и како dan1) и за неговата кариера како гејмер. Во гејмингот, дури и најмалото доцнење или пак оној озлогласен „лаг“ може да ја направи разликата помеѓу успех или неуспех. „Секое започнување на нова партија е како започнување нов живот. И знам дека секој гејмер го доживува така, ...

Qualcomm ќе ја подели новата линија ударни чипови на основен и Pro модел. Претставувањето се очекува веќе во септември. Qualcomm веќе ова септември би можел да ја претстави новата генерација на своите флегшип чипови, а според најновите информации, линијата овој пат ќе се состои од два модели – Snapdragon 8 Elite Gen 6 и уште посилен Snapdragon 8 Elite Gen 6 Pro. Како што наведува кинескиот аналитичар Digital Chat Station, станува збор за ...

Instagram работи на нова функција што може значително да го подобри корисничкото искуство – можност за гледање Reels видеа без интернет конекција. Според информации од анализи на апликацијата, компанијата тестира систем за автоматско преземање содржина за офлајн користење. Новата опција, која се споменува како „управување со офлајн преземања“, ќе им овозможи на корисниците однапред да зачуваат одреден број видеа и да ги гледаат подоцна, на ...

Android е најпопуларниот мобилен оперативен систем, но многу корисници не ги користат сите негови скриени можности. Со неколку мали измени во Settings, можете значително да го подобрите battery life и перформансите на телефонот. Првата важна промена е Optimized Charging или Battery Protection. Оваа опција често го ограничува полнењето на 80% за да го зачува battery health, но во пракса може да ве остави без доволно батерија. Влезете во ...

Microsoft најавува пресврт во стратегијата со вештачка интелигенција, признавајќи дека прекумерната интеграција на Copilot не донесе секогаш подобро корисничко искуство. Наместо тоа, компанијата сега ќе се фокусира на поконкретни и навистина корисни AI функции, наместо да ги вметнува во секоја апликација. По период во кој Copilot беше интегриран во различни делови од Windows, од Microsoft велат дека ќе бидат „понамерни“ во тоа каде и како го ...

Научници кои истражувале екстремни длабочини на океанот наишле на мистериозни црни сфери, а откритието станало уште поневеројатно кога решиле да ги отворат. Она што го пронашле внатре претставува нешто што досега не било забележано во науката. Овие необични објекти биле пронајдени прикачени за карпи на длабочина од речиси 6.200 метри, во Курилско-камчатски ров во северозападниот дел на Тихиот океан. Според студија објавена во Biology Letters, ...

Кинескиот производител „Leapmotor“ претстави нова, значително помоќна верзија на својот теренец. „C10 AWD Sports+ Special Edition“ испорачува перформанси на ниво на супер автомобил, но по значително пониска цена. За разлика од стандардниот модел со еден електричен мотор и 218 ks (160 kW), новата верзија со погон на сите тркала користи два мотори и развива дури 598 ks (440 kW) и 760 Nm вртежен момент. Тоа е речиси на исто ниво со „Lamborghini ...

Додека Android смартфоните веќе некое време нудат големи сензори од 200MP, Apple сè уште нема воведено ваков сензор кај iPhone. Според нова гласина, тоа наскоро би можело да се промени. Во објава на Weibo, дојавувачот Digital Chat Station, повикувајќи се на извори од синџирот на снабдување, тврди дека Apple тестира голем сензор од 200MP за некој иден iPhone. Според него, Apple разгледува сензор со големина од 1/1.12 инчи — сличен на оној што ...

Целта очигледно не е директна конкуренција на играта „EA Sports FC“, туку создавање нова ниша насочена кон забава, достапност и чиста аркадна акција. Играта е дизајнирана за кратки сесии, идеални за мобилни уреди. По повеќе од три децении соработка, партнерството меѓу фудбалската организација „FIFA“ и компанијата „EA Sports“ официјално заврши, оставајќи ги фановите во неизвесност околу иднината на најпознатиот фудбалски серијал. Сега конечно ...

Расклопувањето на iFixit открива дека Galaxy S26 Ultra има лесно заменлива батерија и USB приклучок, но проблематичен екран и камери. На YouTube каналот на iFixit се појави видео од расклопување на Galaxy S26 Ultra кое открива колку новиот флегшип на Samsung е навистина „поправлив“ и каде сè уште има недостатоци. Како и кај повеќето модерни мобилни телефони, до внатрешноста на уредот се пристапува од задната страна со загревање на лепилото ...

Кинескиот гигант за електрични возила БЈД (BYD) само што објави две големи иновации кои можат засекогаш да го променат начинот на кој ги полниме нашите електрични автомобили. Крај на долгото чекање на полнењето Еден од најголемите проблеми со електричните возила досега беше – полнењето трае премногу долго. Замислете: додека бензинскиот автомобил го полните за 5 минути, електричниот можеше да чека и по еден час на полнач. БЈД сега го реши овој ...

Кучињата се верни придружници на луѓето откако ги припитомивме како први домашни животни, потекнувајќи одамна од сивите волци – иако точниот период, место и причина сè уште не се целосно разјаснети. Новите генетски истражувања сега го идентификуваа најстарото познато куче, кое датира од пред 15.800 години. Ова куче е идентификувано врз основа на коски пронајдени на локалитетот засолниште во карпа Пинарбаши во Турција, кое го користеле древни ...

Како што е добро познато, една од придобивките за сите кои ја поддржуваат работата на IT.mk со 1337 членството е учеството во нашиот редовен месечен giveaway. Во мартовскиот giveaway, доделуваме Smartwatch Xiaomi Redmi Watch 5 Active. Супер подарок за сите кои сакаат да ги следат пролетните спортски активности и нотификации во движење. Среќниот добитник го бираме траснпарентно како и секогаш: извлекуваме член од листата на активни 1337 ...

По години на промовирање на end-to-end енкрипцијата како иднина на приватното комуницирање, Мета тивко направи пресврт. Компанијата објави дека оваа заштита „повеќе нема да биде поддржана по 8 мај 2026 година”, а за разлика од WhatsApp, никогаш не ја направила опцијата стандардна за сите корисници на Instagram. Вестта не беше соопштена преку прес-конференција или јавна кампања. Таа беше дискретно закопана на страница за поддршка на Instagram, ...

Апликацијата за запознавање Bumble се обидува да го реши проблемот со заморот од бесконечното „свајпување“ што сè повеќе ја засега Генерацијата Z. Решението доаѓа во форма на AI асистент наречен Bee. Bee функционира како „личен дигитален спојувач“. Системот користи генеративна вештачка интелигенција за да ги анализира вредностите, целите во врската и стиловите на комуникација на корисниците, а потоа наоѓа компатибилни луѓе. Кога ќе почнете да ...

Иако се очекуваше дека Apple ќе го отстрани Dynamic Island кај iPhone 18 Pro, се чини дека компанијата сè уште нема пронајдено решение за поставување на Face ID под екранот. Apple наводно и понатаму се соочува со потешкотии при имплементација на Face ID под екранот, поради што Dynamic Island би можел да остане и кај претстојните iPhone 18 Pro и iPhone 18 Pro Max. Имено, нови информации од Кина наведуваат дека Apple веќе извесно време работи ...

Новите Android телефони и други слични уреди наскоро ќе добијат значително зголемување на перформансите. Google објави детално објаснување за тоа како тоа ќе се постигне. Android LLVM toolchain тимот на Google најави воведување на функција наречена Automatic Feedback-Directed Optimization (AutoFDO) во самото јадро на Android, што би можело да донесе огромен скок во перформансите на системот. AutoFDO, кој за прв пат беше воведен во Android 12 ...

Јужнокорејскиот гигант воведува нова безбедносна функција која би можела да стане клучен сојузник во заштитата на вашите податоци. Откако Apple неодамна крена бура со воведувањето на функцијата „Inactivity Reboot“ во оперативниот систем iOS 18.1, Samsung одлучи да одговори со иста мера. Новата опција, едноставно наречена „Inactivity restart“, полека стигнува до корисниците ширум светот преку најновите безбедносни ажурирања. Принципот е ...

Ајкулите на популарна туристичка дестинација на Бахамите за првпат биле позитивни на кофеин, лекови против болка и кокаин, покажа неодамнешна студија. Ова откритие дополнително ја засилува загриженоста поради загадувањето на океаните со супстанции што ги испуштаат луѓето и нивното влијание врз морскиот свет, пишува „Mirror“. Отпадот од туризмот го загадува морето Истражувањето, кое го спроведе Федералниот универзитет Парана, а чии наоди беа ...

Долгоочекуваниот „iPhone Fold“ (или како и да го нарече „Apple“ на крајот) е повторно во центарот на вниманието на глобалните технолошки инсајдери. Додека многумина очекуваа уредот да биде ѕвездата на вечерта на септемврискиот настан заедно со серијата „iPhone 18“, најновите извештаи сугерираат поинакво сценарио. Аналитичарот на „Barclays“, Тим Лонг, повикувајќи се на извори од синџирот на снабдување, вели дека „Apple“ би можел да усвои ...

Некои заедници што живеат на големи надморски височини на Андите во северна Аргентина со илјадници години пиеле вода загадена со арсен во количини кои за повеќето луѓе би биле смртоносни. Но, наместо да подлегнат на отровот, овие популации се прилагодиле и развиле единствена отпорност, покажале научни студии објавени во списанијата „Molecular Biology and Evolution и Chemosphere“, пишува „Vice“. Што е арсен и зошто е опасен? Арсенот е природен ...

Вера

6 дена - МРТ
weather icon

Скопје

7ᴼ / 7ᴼ
1.54
93%
999
weather icon

Белград

4ᴼ / 3ᴼ
3.09
88%
1006
weather icon

Загреб

8ᴼ / 7ᴼ
7.2
63%
1011
weather icon

Софија

6ᴼ / 6ᴼ
5.66
70%
1002
weather icon

Сараево

9ᴼ / 9ᴼ
7.0
85%
1005
weather icon

Љубљана

3ᴼ / 0ᴼ
1.03
82%
1011
weather icon

Атина

13ᴼ / 12ᴼ
3.58
90%
992
weather icon

Тирана

12ᴼ / 12ᴼ
6.17
58%
994
weather icon

Подгорица

13ᴼ / 13ᴼ
8.23
44%
996
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 7ᴼ
7.6
81%
1006
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 5ᴼ
2.24
76%
1011
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 9ᴼ
7.2
93%
998
Currency

61.6417

Currency

53.1635

Currency

70.7941

Currency

36.8267

Currency

38.2811

Currency

66.9875

Currency

7.73581

Currency

0.66207

Currency

0.33462

Currency

0.52444

Currency

1.19534

Currency

0.57389

Алуминиум

3.48

Сребро

2840.84

Рутениум

56199.51

Родиум

324722.54

Кобалт

45.39

Злато

166450.52

Калај

45.82

Платина

63465.57

Цинк

3.18

Паладиум

46895.77

Иридиум

256711.96

Бакар

11.33