Мала скулптура на две жаби и други симболи поврзани со водата, пронајдени во близина на градот Карал во Перу, им помогнаа на археолозите да потврдат дека древна цивилизација што живеела таму исчезнала поради катастрофалните климатски промени. Археолозите ја пронашле оваа 3.800-години стара фигура, како и други скулптури на водоземци, на локалитетот Вичама, околу 160 километри северно од главниот град Лима, објави Ројтерс. Оваа населба доживеала ...

Google заклучил 3,5 GB RAM на Pixel 10 уредите исклучиво за вештачка интелигенција, оставајќи им на корисниците помалку меморија за апликации. Серијата Google Pixel 10 доаѓа со најмалку 12 GB RAM за да ги исполни растечките барања на вештачката интелигенција, но поединечни корисници откриле дека околу 3,5 GB меморија Google однапред ја заклучува и ја резервира само за AI функции, па корисниците не можат слободно да ја користат. Истражување на ...

Според некои извештаи, најновото безбедносно ажурирање за Windows 11 предизвикува проблеми со SSD-дисковите за време на пренос на големи количини на податоци. Проблемот стана очигледен кон крајот на минатата недела кога корисник на платформата X забележа дека неговиот SSD исчезнал од оперативниот систем додека го ажурирал Cyberpunk 2077 на компјутер со Windows 11 24H2 и KB5063878. По рестартирањето на компјутерот, дискот повторно се појави, но ...

Мразот се топи и ги открива најстрашните, најчудните и најтрогателните тајни на човештвото – Што пронајдоа научниците во глечерите? Знаете ли дека додека ова го читате, некаде во светот се топи мраз и открива нешто што било скриено со векови? Парадоксот на нашето време: глобалното затоплување, кое е закана за човештвото, во истовреме ни станува вистинска временска машина. Ледниците се повлекуваат и исплукуваат на површината приказни: ...

На „dark web“ се појави реклама од хакер кој тврди дека има пристап до околу две милијарди пораки на Discord и дека е спремен да ги продаде. Ова наводно вклучува и приватни и јавни кориснички податоци – вклучувајќи преписки, гласовни разговори, кориснички податоци и содржина од заедницата. Discord, популарна апликација за комуникација преку гласовни и видео повици, како и групни разговори, е првенствено популарна кај гејмерите и ИТ ентузијастите ...

Неисправните електрични инсталации се сериозен ризик за секое домаќинство. Лошо инсталираната или дотраена инсталација може да доведе до чести дефекти, преоптоварување на мрежата, па дури и до ризик од пожар или електричен удар. Иако електричната енергија во современите домови го олеснува секојдневниот живот и овозможува функционирање на бројни уреди, безбедноста зависи од правилното одржување и проверка на инсталациите. Кога станува збор за ...

WhatsApp објави дека открил напреден сајбер напад кој искористил низа безбедносни ранливости во апликацијата. Покрај тоа, беа искористени и ранливости во уредите на Apple, објави денес Ројтерс. Во кратко соопштение, апликацијата во сопственост на Meta соопшти дека поправила безбедносна ранливост што им дозволувала на хакерите да искористат друга ранливост во уредите на Apple и да ја преземат контролата врз телефоните. WhatsApp соопшти дека ...

Имаше многу шпекулации за тоа колку ќе чини GTA 6, а некои компании веројатно се надеваат дека ќе дебитира по цена од 100 долари за да можат и нивните игри да одат по таа цена. Моменталниот максимум за цените на игрите е околу 80 долари (70 евра), но Штраус Зелник, извршен директор на Take-Two Interactive, не изгледа премногу ентузијастичен за зголемување на цената на GTA 6. „Мислам дека нашиот пристап можеби ќе биде малку поинаков“, рече Зелник ...

Word добива автоматско зачувување во облак, што спречува губење на податоци при ненадејно „паѓање“ на системот и овозможува полесна соработка на повеќе уреди. Microsoft најави дека Word наскоро ќе добие функција за автоматско зачувување на документите, која значително ќе го намали ризикот од губење податоци во случај на „рушење“ на компјутерот или ненамерно затворање на фајлот. Ова е честа мака за студентите и вработените, па затоа компанијата ...

Уште еден голем Android играч ја напушта функцијата на обратно полнење во корист на вградување на Qi2 функцијата за безжично полнење. Најавата дека тоа ќе го стори Samsung S26 предизвикува поделени реакции кај корисниците. Google со својата нова Pixel 10 серија донесе значајна иновација – воведување на Qi2 магнетната безжична технологија за полнење. Благодарение на вградените магнети, овозможено е искуство слично на Apple MagSafe системот, и тоа ...

Непознат таен коридор откриен во Кеопсовата пирамида Една од најголемите и најзагадочни градби во историјата, пирамидата на Кеопс, повторно ги воодушеви археолозите со своите длабоки и неразгатани тајни. Последното откритие – невидлив коридор скриен длабоко во срцето на ова архитектонско чудо – внесува нова мистерија во светската археологија. Група истражувачи, со примена на рендгенско снимање со миони – напредна технологија која овозможува ...

По периодот на ран пристап, The Rogue Prince of Persia и Ubisoft конечно ја доживеа својата целосна верзија 1.0, означувајќи го крајот на развојното патување и почетокот на комплетното искуство за играчите. Развиена од студиото Evil Empire, познато по нивната работа на Dead Cells, оваа игра го зема иконскиот свет на принцот од персија и го спојува со предизвикувачката roguelite формула. Финалната верзија не само што ја заокружува приказната, ...

Милијардерот, кој уште еднаш ја потврди својата позиција на прво место на листата на „Forbes“, очигледно многу подобро се снаоѓа со пари отколку со жени. Илон Маск е најбогатиот човек на светот, според „Forbes“. На 22 јануари 2025 година неговото нето богатство се проценуваше на 436 милијарди долари според индексот на милијардери на „Bloomberg“, и на 426 милијарди долари според „Forbes“. Главниот извор на неговото богатство се уделите во „Tesla, ...

Истражувачите велат дека резултатите сугерираат дека мозокот ко-еволуирал со мануелната умешност кај таквите цицачи, пренесува Гардијан. „Замислуваме еволутивно сценарио во кое приматот или човекот станале поинтелигентни, а со тоа доаѓа и способноста да размислувате за планирање акции, за тоа што правите со вашите раце и да сфатите дека сте всушност поефикасни ако тоа го правите на еден или друг начин. А оние кои имаат подолги палци или поголема ...

Lenovo се подготвува следната недела на европскиот технолошки саем IFA да ги претстави своите најнови производи, но еден уред привлекува особено внимание. Најзначајниот уред што го сподели познатиот типстер Еван Блас прикажува фотографија од лаптоп со концепт-дизајн и екран кој ротира помеѓу пејзажна и портретна ориентација, а кој Lenovo наводно го нарекува „Project Pivo“. Оваа компанија има историја на изработка на необични концепти на лаптопи, ...

Xiaomi официјално го претстави HyperOS 3.0 базиран на Android 16, наменет за мобилните телефони на компанијата, а исто така ја објави и листата на уреди што ги исполнуваат условите за бета тестирање. Веднаш на почеток треба да се нагласи дека најавата се однесува на кинескиот пазар, па функциите може да се разликуваат, а веројатно и датумите на лансирање ќе бидат различни. Новиот HyperOS 3.0 носи мало визуелно освежување со нови икони, нова ...

Научниците постигнаа значаен напредок во развојот на вакцини за лекување на рак, но досегашните терапии главно беа ограничени на одредени типови тумори. Ново истражување, сепак, отвора пат конуниверзална вакцина што би можела да таргетира многу поширок спектар карциноми, пишува „ScienceAlert“. Тим од Универзитетот на Флорида се фокусирал на „будење“ на имунолошкиот систем за тој поефикасно да реагира на различни видови канцерогени клетки, ...

„Google Play“ ги крие вистинските цени на апликациите, што ги збунува и фрустрира корисниците. За разлика од „Apple“, „Google“ сè уште не прикажува јасни и точни информации за трошоците. Во време кога луѓето сè почесто внимателно ја мерат секоја потрошена пара, „Google Play Store“ го отежнува процесот на избор на апликација. Наместо конкретни цени, корисниците добиваат само нејасна ознака „in-app purchases“ („купувања во апликација“), што често ...

Новите батерии за електрични возила се изработени од арамидни амфифили – нов електролитен материјал чија хемиска структура и стабилност го имитираат кевларот. Инженерите од MIT развијаа иновативен електролит за батерии на електрични возила, кој може брзо и целосно да се распадне, овозможувајќи полесно рециклирање на батериските компоненти. За разлика од постојните методи, каде што искористените батерии мора да се дробат или да се обработуваат со ...

Huawei е подготвен на 4 септември да го претстави својот следен тројно преклопен телефон – Mate XTs, наследникот на минатогодишниот модел Mate XT Ultimate Edition. Компанијата веќе ги отвори резервациите во Кина, а на сајтот VMall е потврдено дека уредот ќе биде достапен во три варијанти на меморија: 16 GB + 256 GB, 16 GB + 512 GB и 16 GB + 1 TB. Купувачите ќе можат да изберат помеѓу четири бои – Dark Black, Hibiscus, Ruihong и White. Според ...

Серијалот STORY OF SEASONS, кој ни доаѓа од одамна докажаните девелопери на Harvest Moon, отсекогаш заземал посебно место во срцата на играчите. Со нивното најново чедо, STORY OF SEASONS: Grand Bazaar, серијалот се навраќа на еден од класичните наслови, но го прави тоа со целосна трансформација, нудејќи подлабоко и побогато искуство. Играта ве поканува во живописниот град Зефир, место каде што свежиот планински воздух и пријателската заедница се ...

Во кампусот на Мајкрософт (Microsoft Corp.) во Силиконската долина почина софтверски инженер на компанијата на возраст од 35 години. Пратик Пандеј со својата идентификациска картичка влегол во канцеларијата на 19 август навечер, а бил пронајден мртов во раните утрински часови следниот ден, посочува член на семејството кој разговарал со Мајкрософт и побарал анонимност. Пандеј бил познат по тоа што често работел до доцна во ноќта, вели членот на ...

Hyundai ги објави првите тизер фотографии од сосема нов концепт кој ќе дебитира на 9 септември на IAA Mobility 2025 во Минхен. Се очекува овој концепт да прерасне во сериски производствен субкомпактен електричен модел, најверојатно под името Ioniq 2. Според првите слики, автомобилот носи футуристички дизајн со LED светлосни ленти по целата ширина на возилото напред и назад, додека обликот на каросеријата наликува на комбинација од хечбек и ...

„Huawei“ официјално го потврди датумот на лансирање на својот нов тројно преклопен паметен телефон, „Mate XTs“. Премиерата ќе се одржи на 4-ти септември, а компанијата ја објави информацијата преку својот официјален профил на „Weibo“. Ричард Ју, извршен директор на „Huawei Consumer Business Group“, дополнително нагласи дека уредот ќе има поддршка за пенкало, што треба да ја подобри продуктивноста и креативните способности на корисниците. Според ...

Дебитантскиот наслов на исландското студио Myrkur Games, Echoes of the End, неодамна пристигна на гејминг сцената, носејќи со себе големи амбиции. Уште пред да излезе, играта остави бројни позитивни впечатоци и очекувањата беа, подразбирливо, исклучително високи. Имено, овој акционо-авантуристички наслов ветуваше епско патување низ кинографски свет, исполнето со динамична борба, истражување и решавање загатки. Но, сега кога играта е конечно ...

Во оваа прилика би сакале да ве запознаеме со три инди игри кои би можеле да го заслужат вашето внимание. Едната од игрите поодамна излезе за PC, но по првтат неодамна се појави на конзолите, додека една друга е толку нова да сеуште не е излезена. Sky of Destruction: Експлозивна, но кратка акција од независен тим Sky of Destruction е акциона игра со пукање од птичја перспектива, создадена од мал, но амбициозен тим од само двајца програмери. ...

Глобалното повлекување на подземните води и топењето на мразот брзо ја пренасочуваат слатката вода кон океаните, влошувајќи го недостигот на вода и зголемувајќи го глобалното ниво на морето. Слатката вода исчезнува од копното со алармантна брзина, влошувајќи го нејзиниот глобален недостиг и забрзувајќи го зголемувањето на нивото на морето, според нова американска студија. Користејќи сателитски мерења на гравитацијата од 2002 до 2024 година, ...

Со помош на вештачката интелигенција, измамите стануваат сè поубедливи, но сепак постојат некои знаци дека сте мета на измамници. Како што често можеме да прочитаме во домашните медиуми, измамите – без разлика дали станува збор за ветувања за голема заработка со инвестирање во криптовалути, или лажни СМС пораки поврзани со огласи или услуги за достава – станаа речиси секојдневие. Граѓаните желни да заработат брзи пари, но и оние кои невнимателно ...

Скопје, 29 август 2025 – Придружете ни се на 4 септември и откријте го уште посовршеното мобилно искуство во поширока понуда на уреди – од премиум AI таблети до најновиот член на семејството Galaxy S25. Бидете дел од онлајн претставувањето и погледнете како најновиот развој на Galaxy уредите без напор поставува нов стандард за продуктивност благодарение на мултимодалните можности. Настанот ќе се емитува во живо на Samsung.com и на официјалниот ...

Калифорниски стартап тврди дека може да создаде злато од жива со помош на фузија, но технологија сè уште не постои, а произведеното злато би било – радиоактивно. Девствениот сон за претворање на основни метали во злато долго време припаѓал на царството на алхемијата и митовите. Но, денес, калифорнискиот стартап Marathon Fusion предлага метод базиран на нуклеарна фузија кој би можел, барем теоретски, да ја претвори живата во злато, но не со ...

weather icon

Скопје

26ᴼ / 26ᴼ
2.06
47%
1014
weather icon

Белград

28ᴼ / 24ᴼ
3.6
63%
1015
weather icon

Загреб

28ᴼ / 27ᴼ
1.54
49%
1016
weather icon

Софија

29ᴼ / 27ᴼ
2.06
31%
1013
weather icon

Сараево

32ᴼ / 32ᴼ
6.64
22%
1013
weather icon

Љубљана

27ᴼ / 25ᴼ
2.57
63%
1016
weather icon

Атина

32ᴼ / 30ᴼ
9.77
35%
1009
weather icon

Тирана

29ᴼ / 29ᴼ
3.6
42%
1012
weather icon

Подгорица

29ᴼ / 29ᴼ
3.09
39%
1012
weather icon

Букурешт

32ᴼ / 31ᴼ
6.69
28%
1014
weather icon

Будимпешта

29ᴼ / 28ᴼ
1.03
49%
1016
weather icon

Истанбул

30ᴼ / 29ᴼ
10.29
100%
1010
Currency

61.535

Currency

52.7787

Currency

70.9468

Currency

34.5046

Currency

38.2284

Currency

65.562

Currency

7.38981

Currency

0.64948

Currency

0.35584

Currency

0.52474

Currency

1.28186

Currency

0.59888