Хари Кејн заслужено ја доби „Златната копачка“ која се доделува на најдобриот голгетер во Европа, награда која англискиот голгетер ја доби благодарение на нестварната сезона која ја остави зад себе. Кејн постигна 73 голови во натпреварувачката сезона како член на Баерн Минхен и англиската фудбалска репрезентација, па откако доминантно го осигура престижното индивидуално признание, Хари доби искрени честитки од голем број познати лица. Роберт ...

Челси нема намера да се раздели од Жоао Педро по интересот на Барселона за бразилскиот голгетер, па лондонскиот клуб го „врза“ големиот ас потпишувајќи нов долгогодишен договор. Педро пристигна минатото лето од редовите на Брајтон и беше една од ретките светли точки во тимот на Челси претходната турбулентна сезона. Бразилецот играше извонредно и во подготвителниот период, наметнувајќи се како клучен играч кај новиот тренер Чаби Алонсо. ...

Барселона е во завршна фаза од преговорите со францускиот крилен центар Жоан Макунду, објавува „Баскет њуз“. Дваесет и шестгодишниот кошаркар, висок 207 сантиметри, е многу блиску до преселба во каталонскиот гигант, бидејќи тој повторно го активирал интересот за него. Макунду беше желба на Барселона и минатата сезона, но тогаш трансферот не беше реализиран. Минатата сезона, тој настапуваше во Кина, а дел од сезоната помина и во Монако. Во ...

Микел Артета се најде во ситуација да има голем број решение во средниот ред, па кога во тимот го придодаде и Бруно Гимараеш од Њукасл, јасно е дека некој ќе мора да си замине до крајот на летниот преоден рок. Самиот менаџер на Арсенал најави дека неколку фудбалери ќе си одат до крајот на овој месец, а најдобра почетна сума има продуктот од младинската школа, Мајлс Луис-Скили. Левиот бек кој одлично се докажа и како дефанзивен играч за врска ...

Винисиус Жуниор се најде во период кога неговата иднина во Реал Мадрид не беше 100 проценти сигурна, а пред да потпише нов долгогодишен договор со „кралевите“, на маса имаше понуда која нависитна го натера да се двоуми некое време. Арсенал тргна по потписот на Вини и му понуди солуција на Бразилецот кој не можеше да се договори околу платата со Реал Мадрид, но откако цела оваа ситуација заврши поволно за луѓето во шпанската престолнина, сега ...

Женската репрезентација на Македонија до 20 години загуби со 0:3 (17:25, 20:25, 16:25) од Романија во рамките од групата А, на отворањето на БВА Зонските квалификации за ЕП 2027 кои се играат во Мостар, БиХ. Одбојкарките имаа убаво отворање на мечот и се држеа егал до 9:9, но потоа следуваше серија од 0-5 (9:14) на противникот на која во прилог и одеа и техничките грешки и проблемите со приемот во нашата игра. Романија се одлепи на 13:20 и ...

Драмата во Лос Анџелес Лејкерс го достигна својот врв, откако Марк Волтерс одлучи да го препродаде клубот само една година откако го купи од семејството Бас. Тоа дефинитивно би можело да влијае на статусот и заминувањето на првата ѕвезда на тимот, Лука Дончиќ. Лејкерс добија нови мнозински сопственици, франшизата ја презедоа Боб Игер и Џош Кушнер, во договор вреден рекордни 12,5 милијарди долари. Атмосферата беше дополнително потресена од ...

Екипата на Рома заврши голема работа со доведувањето на супер талентот на тимот на Порто, 19. годишниот Родриго Мора. Преговорите помеѓу двата клуба траеја со недели, а финалниот момент во договорот е што Порто го задржува правото да го откупи за 50% од сумата која што ја плаќа Рома во моментов. Истата според медиумите е 15 милиони евра. Мора постигна 16 гола и имаше 6 асистенции на 80 натпревари во сите натпреварувања за португалскиот ...

Трабзон би можел да направи уште еден сензационален потег на трансфер-пазарот. Турскиот клуб, кој неодамна го доведе Мохамед Салах, сега наводно размислува и за ангажман на Карим Бензема. Според турскиот новинар Јагиз Сабунџуоглу, Трабзон првично преговарал со Ал Хилал за Дарвин Нуњез, но разговорите не оделе според планот. Во меѓувреме, на клубот му бил понуден Бензема, по што веднаш започнале разговори за можноста за реализација на ...

Македонската репрезентација до 20 години ќе биде дел од Медитеранските игри „Таранто 2026“, каде што во групната фаза ќе се соочи со Мароко, Тунис и Турција. Избраниците на селекторот Александар Таневски ги очекуваат три натпревари во групата, а настапот во Таранто ќе биде значајно меѓународно искуство за македонските фудбалери. Македонија е во Групата А, заедно со Мароко (26.08), Тунис (22.08) и Турција (24.08). Целта во групната фаза ќе ...

Олe Воткинс би можел да биде следната голема ѕвезда што ќе ја напушти Премиер лигата и ќе се пресели во Саудиска Арабија. Ал-Хилал веќе испратил три понуди за напаѓачот на Астон Вила, но ниту една досега не била доволно убедлива за англискиот клуб. Последната понуда изнесувала околу 40 милиони фунти, но Астон Вила ја одбила. Сепак, според британските медиуми, се очекува Ал Хилал наскоро да испрати нова, значително повисока понуда. Воткинс е ...

Динамо Дрезден би можел да стане првиот германски клуб што ќе им забрани на инфлуенсерите и влогерите да снимаат содржини на стадионот за комерцијални цели. Секој што ќе биде фатен како снима за профит би можел веднаш да биде отстранет од трибините. Пораката на клубот е јасна: помалку телефони и содржини за мрежите и поголемо внимание на она што се случува на теренот. Динамо Дрезден би можел да стане првиот германски клуб што ќе им забрани ...

Џамал Мусиала, без сомнение, ги загрижи фудбалските фанови низ целиот свет, а особено луѓето во Баерн, колабирајќи двапати за два дена на пријателските натпревари за тимот. Во Минхен и тоа како се загрижени, а Ули Хенес вели дека Мусиала е голем проблем. Веќе има и гласини дека би можел да направи подолга пауза за да избегне посериозен здравствен проблем. „Тоа е вистинска драма, особено за Џамал“, вели Хенес и дополнува: „Имаше одредени знаци ...

Данил Медведев повторно беше во центарот на вниманието поради својот темперамент, но овојпат не поради расправија со судијата или противникот, туку поради необична „пресметка“ со рекламите покрај теренот. Рускиот тенисер доживеа елиминација од турнирот во Синсинати, откако во мечот од кој беше исфрлен од турнирот загуби со 1:2 од Брендон Накашима. Сепак, еден момент од натпреварот стана вирален на социјалните мрежи. Во еден момент топчето ...

Селекторот на женската младинска репрезентација на Македонија, Даниела Новеска Вељаноска, го објави списокот ракометарки за претстојните Медитерански игри во Таранто, Италија. Македонија на Медитеранските игри ќе настапи со женска младинска селекција, составена од комбинација на младинки и кадетки, односно ракометарки од генерациите У18 и У20. „Поради краткиот временски период за формирање на составот, селекцијата беше комплетирана во најбрз ...

Во последните денови на социјалните мрежи се појавија неофицијални информации дека најдобриот српски тенисер, Новак Ѓоковиќ, наводно донирал 300.000 евра на Омиш, кој неодамна беше погоден од страшен пожар. Сепак, ниту самиот Ѓоковиќ, ниту некој релевантен извор, не ја потврдија оваа информација, па сè остана на гласини. Сега „ ТВ Далмација “ одлучи да оди чекор понатаму, па се прошета по улиците на Сплит и ги праша граѓаните дали веруваат ...

Калчолигашот Рома и фудбалерот од средниот ред Родриго Мора се согласија на соработка во следните пет години. Договорот важи до 30 јуни 2031 година. Претходниот клуб на 19-годишниот Португалец беше Порто. Неговиот договор беше со важност до 30 јуни 2030 година. Според инсајдерот Фабрицио Романо, надоместокот за трансфер изнесувал 25 милиони евра. Исто така, вклучува 50% од вредноста за препродажба и клаузула за откуп за 100% од правата на ...

Кошаркарските клубови Соколи и Работнички продолжуваат со амбициозното градење на своите тимови за новата сезона. Соколи, кој ќе конкурира за „вајлд карта“ од КФМ за настап во Суперлигата, во еден ден потврди две засилувања: Јован Александровски и многу позвучното име, поранешниот македонски репрезентативец Александар Костоски. Искусниот плејмејкер носи големо искуство, лидерство и победнички менталитет, а има настапувано и во Франција и во ...

Дваесеттите Медитерански игри во Таранто, Италија, официјално започнуваат на 21 август и ќе траат сè до 3 септември. Претстојниот спортски настан носи рекордна македонска делегација којa брои вкупно 130 членови. На Игрите ќе учествуваат вкупно 3.854 спортисти од 26 земји. Во индивидуалните спортови ќе се натпреваруваат во атлетика, бадминтон, бокс, велосипедизам, коњички спортови, мечување, ритмичка гимнастика, џудо, карате, стрелаштво, ...

Младиот напаѓач на Работнички и младински репрезентативец на Македонија, Дитмир Хоџа, ќе го исполни својот сон, од Македонија директно ќе се пресели во Премиер – лигата потпишувајќи договор со Лидс јунајтед. Сѐ е договорено, зделката е склучена, а и Лидс Јунајтед во наредните неколку денови ќе го потврди трансферот. Дитмир Хоџа во првиот период ќе настапува за тимот на Лидс јунајтед до 21 година, а ќе има можност да се наметне и кај менаџерот ...

Струга ТЛ за продолжението од сезоната офанзивниот ред го засили со уште еден фудбалер, нигерискиот интернационалец Даниел Акинлосоту. Акинлосоту во Струга доаѓа од кипарското првенство каде настапуваше за екипата на Монмерексе. Претходно има настапи и за турска Аланијаспор. Стружани порачуваат дека со Нигериецот значително за засилува конкуренцијата во напаѓачката линија, во желбата за битка и за шампионската титула сезонава. Крадењето ...

Астон Вила го објави дека тимот се засилил со двајца нови играчи и тоа дефанзивецот Матео Руџери и голманот Зајон Сузуки, за вкупна трансфер цена од 51,3 милиони фунти. Руџери пристигна од Атлетико во договор вреден 21,4 милиони фунти, а италијанскиот лев бек ќе го замени Лука Дињ на „Вила Парк“, по неговиот трансфер во Пари Сен-Жермен. Италијанецот во Мадрид мина само една сезона по доаѓањето од Аталанта. Беше стандарден, играјќи вкупно 47 ...

Манчестер Јунајтед стави посебен акцент да го засилува средниот ред откако остана без Касемиро и повредениот Угарте, па иако веќе беа претставени двајца нови играчи за врска, на пат е да пристигне и трет на „Олд Трафорд“. Великанот од театарот на соништата му исполни две желби на Мајкл Карик и веќе ги промовираше Андреј Сантош од Челси и Јури Тилеманс од Астон Вила како големи засилувања, но последните информации велат дека Јунајтед ќе добие ...

Пол Погба повторно е без клуб, откако Монако и францускиот фудбалер спогодбено го прекинаа договорот, иако соработката требаше да трае до јуни 2027 година. Погба во Монако помина само една сезона и одигра шест натпревари, со вкупно 115 минути на теренот. Повредите дополнително му го отежнаа враќањето по долгата суспензија поради допинг. Сега 33-годишниот фудбалер повторно ќе бара нов клуб, а меѓу можните дестинации се споменуваат МЛС и ...

Кошаркарскиот клуб Работнички продолжува да го гради составот за новата сезона, а најново засилување е македонскиот репрезентативец Кристијан Николов. Николов пристигнува како одлична опција за бековската линија на скопскиот клуб. Станува збор за искусен кошаркар со богато меѓународно искуство, кој во текот на кариерата настапуваше за повеќе европски екипи и со години е дел од македонската репрезентација. Се очекува неговите лидерски ...

Новиот документарец „Прекрасна опсесија“ открива претходно непознати детали за кризата во соблекувалната на Манчестер Сити, вклучувајќи го и драматичниот говор на Пеп Гвардиола во кој тој остро ги критикуваше играчите и навести за можноста за негова оставка. Документарецот дава увид во последните две години на каталонскиот тренер во клубот и вклучува снимки од ноември 2025 година, создадени веднаш по поразот од Баер Леверкузен од 0-2 во ...

Екипата на Кадилак ја направи првата голема промена во својот краток престој во Формула 1. Тимот, кој е поддржан од Џенерал Моторс, изненадувачки го замени досегашниот тимски шеф Грем Лоудон со поранешниот прв човек на Алпин, Марцин Будковски. Кадилак дебитираше во Ф1 на почетокот на сезоната 2026, откако проектот кој започна како Андрети конечно доби официјално одобрување. Сепак, по првата полусезона, тимот се наоѓа на последното 11-то место ...

Астон Вила ќе има целосно нов изглед во новата натпреварувачка сезона во Премиер лигата, не само поради заминувањата на важни фудбалери кои беа столбови на тимот, туку и поради возбудливите засилувања кои се донесоа како достојни замени. Морган Роџерс, Јури Тилеманс, Лукас Дињ ги спакуваа куферите и си заминаа од Бирминге, на добар пат е тоа да го направи и Емилијано Мартинез, но Астон Вила донесе нови фудбалери и денеска претстави уште ...

Сабаленка уште еднаш ја покажа својата сила, ја победи Кинезинката без да изгуби брејк и се пласираше во осминафиналето. Белоруската тенисерка Арина Сабаленка денес се квалификуваше за осминафиналето на турнирот во Синсинати , откако ја победи 36-тата тенисерка во светот, Кинезинката Ксиња Ван, по два сета со 6:1, 6:3. Тенисерката број еден во светот победи по 54 минути. Таа четири пати ѝ го одзеде сервисот на противничката, која не успеа да ...

Голема прослава владееше во соблекувалната на Динамо од Тирана, откако албанскиот тим ја елиминираше Ауда во квалификациите за Конференциската лига.Во реваншот од третото квалификациско коло, Динамо победи со 4:0 на домашен терен, надоместувајќи ја негативата од 1:0 од првиот натпревар. Видео од сопственикот на клубот, Ардијан Барди, како влегува во соблекувалната со торба полна со пари стана вирално на социјалните мрежи. Тој скандира заедно ...

weather icon

Скопје

-2ᴼ / -2ᴼ
0.51
93%
1030
weather icon

Белград

1ᴼ / -1ᴼ
1.54
100%
1028
weather icon

Загреб

5ᴼ / 0ᴼ
0.0
78%
1028
weather icon

Софија

-2ᴼ / -2ᴼ
1.54
93%
1031
weather icon

Сараево

2ᴼ / 2ᴼ
2.85
92%
1031
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
2.06
89%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.24
67%
1028
weather icon

Тирана

13ᴼ / 9ᴼ
1.03
64%
1025
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
0.0
81%
1026
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 2ᴼ
1.34
70%
1032
weather icon

Будимпешта

3ᴼ / 1ᴼ
1.79
79%
1029
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 6ᴼ
2.57
93%
1029
Currency

61.645

Currency

54.969

Currency

73.855

Currency

38.114

Currency

39.253

Currency

67.278

Currency

8.2493

Currency

0.67209

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0972

Currency

0.58403

Рутениум

61086.42

Платина

49319.25

Бакар

12.58

Калај

46.54

Кобалт

33.53

Цинк

3.76

Сребро

1670.34

Алуминиум

3.07

Иридиум

315077.32

Паладиум

32279.35

Родиум

295786.87

Злато

130856.75