Скопје
-2ᴼ /
-2ᴼ
Ракометарите на актуелниот шампион во ЕХФ купот, ГРК Охрид ја забележаа втората победа на традиционалниот турнир на кој се домаќините „Крсте Андоновски“ откако вечерва во СРЦ „Билјанини извори“ славеа над српска Војводина со 30-21. Овој натпревар се важи и како дел од новото Регионално натпреварување, па охриѓани вечерва ја забележаа првата историска победа и во оваа лига. Избраниците на Ројевиќ го контролираа мечот во текот на сите 60 минути ...
Во пресрет на почетокот на новата сезона во англиската Премиер лига, актуелниот шампион Арсенал се засили во дефанзивната линија. Според најавите од Островот, Топчиите успеале да го комплетираат трансферот на англискиот репреентативец Езри Конса од Астон вила. Лондонскиот тим беше во потрага по централен дефанивец бидејќи Вилијам Салиба е повреден и долго време ќе отсуствува, а Џуријан Тимберс исто така се мачи со повреди. Конса би можел да ...
Унгарецот Шандор Чањи, еден од осумте потпретседатели на Советот на ФИФА, објави дека ја повлекува својата поддршка за претседателот на светската фудбалска федерација, Џани Инфантино. Инфантино се најде на удар на критики по неговиот предлог, од кој на крајот се откажа да се отвори ФИФА за приватни инвеститори. Во писмото упатено до Инфантино, Чањи, кој е и претседател на Унгарската фудбалска федерација, изјави дека ја „изгубил довербата што ...
Вечерва во Битола, во пријателски натпревар, РК Пелистер со убедливи 39:17 успеа да го победи составот на Пелистер 2. Овој меч е традицинален, се игра пред сртартот на секоја сезона, па така беше и оваа сезона. Ова значи дека составот на Лино Червар имаше успешна “генералка“ во пресрет на првиот официјален меч кој се игра во недела во рамките на регионалната лига и тоа против Партизан. Тоа ќе биде деби и за легендарниот хрватски стратег на ...
Раководството на Реал Мадрид се уште размислува како да ги исполни последните барања на Жозе Мурињо, но во меѓувреме очигледно ќе успее да „резервира“ еден талентиран шпански фудбалер. Серхио Мартинез веројатно не ни можеше да сонува на вакво сценарио, но по дебито во Ла Лига со Расинг Сантандер и атрактивниот гол во првата рунда на шпанското првенство, сега е пред трансфер во „кралскиот клуб“. Мартинез е играч за врска, кој природно игра ...
Денвер Нагетс разгледуваат опции на пазарот во случај на заминување на Пејтон Вотсон, а едно од имињата поврзани со тимот на Никола Јокиќ е Демар Дерозан. Инсајдерот од НБА, Марк Штајн, наведува дека Денвер, заедно со Мајами и Вашингтон, покажале интерес за 37-годишниот ветеран, кој зад себе остави 17 сезони во најсилната лига во светот. „Визардс, во меѓувреме, ги променија своите намери да доведат уште еден ветеран ова лето, покажувајќи ...
Ракометарите на Е. Пелистер и Е. Пелистер 2 традционално одиграа меѓусебен контролен натпревар како заокружување на подготвителниот период пред стартот на новата сезона. Очекувано на крајот до победата стигнаа поискусните битолчани кои што славеа со убедливи 39-17. Лино Червар своето деби на официјален натпревар за Пелистер ќе го има во недела кога во рамки на Регионалната лига во „Боро Чурлевски“ ќе го пречека Партизан кој ќе биде предводен ...
Во Франција деновиве се игра Европско првенство во еден прилично непознат спорт, а тоа е „фудбал на слепо“. Се работи за спорт кој од 2004 година стана и параолимписки, а моментално трае борбата за тоа која репрезентација ќе биде европски првак. Дуелот меѓу Франција и Англија стана вирален поради еден гол на Галските петли. Како што велат дел од стручњаците, се работи можеби за најубавиот погодок во овој спорт, а е дело на Фредерик. Тој тргна ...
Барселона го одреди напаѓачот на Интер, Лаутаро Мартинез, како апсолутен приоритет во самиот финиш на летниот преоден рок. Информацијата во пренос во живо на каналот Jijantes FC ја објави добро информираниот шпански новинар Жерар Ромеро, кој нагласи дека германскиот тренер Ханси Флик лично побарал ангажман на аргентинскиот голгетер. Иако станува збор за исклучително комплициран трансфер поради финансиската состојба на Барселона и краткиот ...
Милано, 19 август 2026 (МИА) - Интер подготвува понуда од 30 милиони евра за играчот од средниот ред на Ливерпул, Кертис Џонс, објави „Ла Газета дело Спорт“. Според италијанскиот весник, англискиот играч од средниот ред останува главна цел на клубот од Милано. Интер планира да се обиде да го потпише Џонс на крајот од преодниот рок. Дваесет и петгодишниот Англичанец има тековен договор до 2027 година. „Трансфермаркт“ ја проценува неговата ...
Лондон, 19 август 2026 (МИА) – Тренерот на Арсенал, Микел Артета, го сака во својот тим фудбалерот од средниот ред на Јувентус, Кенан Јилдиз, објави новинарот Саша Таволиери на социјалната мрежа Икс. Според Таволиери, „Топџиите“ планираат да дадат понуда за 21-годишниот Турчин во наредните денови. Договорот би можел да биде вреден околу 100 милиони евра. Минатата сезона, Јилдиз одигра 47 натпревари во сите натпреварувања, постигнувајќи 11 ...
Викендов започнува новото првенство во италијанската Серија А, а Јувентус ќе гостува кај Фрозиноне. Екипата на тренерот Лучано Спалети ќе ја има фаворитската улога на гостувањето кај Фрозиноне, но може да биде еден од своите клучни играчи. Италијанските медиуми објавуваат дека дефанзивецот Федерико Гати би можел да го пропушти овој натпревар поради повреда што ја заработил на навистина бизарен начин. Пред неколку дена Јувентус на свој терен ...
Љубителите на баскетот и добрата забава овој викенд ги очекува нов спортски настан во Скопје. На 22 и 23 август, на плоштадот „Прв Центар“ во Аеродром, ќе се одржи првото издание на 3х3 баскет турнир – Drompton. На турнирот ќе учествуваат 12 екипи, кои ќе се борат за престижната прва титула, но и за главната награда од 70.000 денари. Покрај атрактивните 3х3 натпревари, организаторите подготвуваат и дополнителна забава за присутните. На ...
Иако деновиве силно се шпекулираше дека Дарвин Нуњез ќе премине во турскиот Трабзонспор и повторно ќе игра со Мохамед Салах, сепак, такво нешто нема да се случи. 27-годишниот уругвајски напаѓач кариерата треба да ја продолжи во Ал Дирија, каде што ќе настапува како позајмен фудбалер од Ал-Хилал. Според информациите, остануваат да се договорат уште неколку детали пред трансферот да биде официјализиран. Нуњез во Ал Хилал пристигна по ...
Кошаркарот на Панатинаикос, Кендрик Нан, доживеа тешка повреда на десното колено за време на неговите индивидуални тренинзи во САД. Деталните медицински прегледи покажаа дека тој целосно го скинал внатрешниот менискус. Веднаш по дијагнозата, Нан беше подложен на успешна артроскопска операција, при која му беше отстранет оштетениот дел од менискусот. Неговото враќање на кошаркарските терени се очекува за шест до осум недели, иако се уште нема ...
Уште еден репрезентативец на Англија во следната сезона ќе игра во Интер. По Соунс и Спенс, во градот на модата пристигнува и Кертис Џонс, инаку досегашен член на Ливерпул. Малку е чудно како “црвените“ не успеаја да го заржат Џонс, но сега е веќе готово. Од друга страна Арсенал и натаму се засилува. Иако има екстра тим, Микел Артета успеа да го договори репрезентативниот дефанзивец на Англија и сега веќе досегашен член на Астон Вила, Езра ...
Ракометарите на Загреб продолжуваат со одличниот настап на петтото издание на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“ во Охрид. Хрватскиот шампион вечерва убедливо ја совлада младинската репрезентација на Египет со 38-28 и стигна до втората победа во групата А. Загреб уште од самиот почеток наметна силно темпо и брзо ја презеде контролата врз натпреварот. Хрватите беа сигурни во нападот и цврсти во одбраната, па по првите 30 минути имаа ...
Интер се подготвува за стартот на сезоната во која ќе ја брани титулата во Серија А, а раководството се уште не ги повлекло последните потези во овој преоден рок. „Нероазурите“ трпеливо чекаа да се оствари нивната желба уште од јануари и се чини дека конечно ќе дојдат во ситуација да го доведат Кртис Џоунс во Милано. Ливерпул не се согласи на ваков трансфер потег во зимскиот преоден рок, а во јуни повторно ја одби понудата на Интер за ...
Со два порази во првите три кола, актуелниот фудбалски првак на Македонија, екипата на Вардар само го потврди очајниот старт на сезоната кој започна со двете експресни елиминации од европските натпреварувања во квалификаците од Лига на шампиони и Конференцискат лига на УЕФА. Прв кој настрада беше тренерот Кристијан Фабијани. Аргентинецот кој беше најавуван како голем стручњак, едвај неколку недели издржа на тренерското место на Црвено-црните. ...
Холандскиот репрезентативец Тиџани Рејндерс и официјално го напушти Манчестер сити и кариерата ќе ја продолжи во Саудиска Арабија, во редовите на Ал Кадсија. За услугите на 28-годишниот фудбалер од средниот ред, клубот од Саудиска Арабија плати отштета од дури 61 милиони евра. Рејндерс со новиот тим потпиша петгодишен договор, период во кој ќе заработи астрономски 100 милиони евра, сума која е далеку поголема од неговите досегашни примања кај ...
Иако не успеа да го однесе својот Алтаи во финалето на Купот на Казахстан, сепак нашиот Дарко Додев одигра одличен меч против Ордабаси во реваншот од 1/2 финалето на кој постигна и гол уште во 3.минута за 1:0. Сепак до крајот на средбата гостите славеа со 1:2 и со вкупни 2:5 се пласираа во финалето. Колку за потсетување, Додев кој ова лето направи трансфер од Силекс во Казахстан, на последните три меча за Алтаи има еден гол и две асистенции. ...
Швајцарскиот репрезентативец Нико Елведи потпиша повеќегодишен договор со Лидс Јунајтед, соопшти англискиот клуб. Деталите од договорот не се објавени, но британските медиуми пишуваат дека Лидс за трансферот ќе издвои 8,5 милиони фунти, плус бонуси. Елведи (29) е четврто засилување за Лидс во летниот преоден рок. Швајцарскиот дефанзивец од 2015 година беше член на Борусија Менхенгладбах, за која одигра 364 натпревари и постигна 19 голови. ...
Најсилните европски фудбалски лиги започнуваат или веќе започнаа нова сезона, а шпанската Сегунда, или Ла Лига 2, се смета за најшарена на Стариот континент во моментов. Шпанската Сегунда, иако е втора лига на оваа земја, е меѓу подобрите во Европа, ако не ги сметаме првите десет. Тука има многу квалитет, а многу великани на шпанскиот фудбал поминале низ ова ниво на натпреварување. Минатиот викенд се одигра првото коло од Ла Лига 2, а оваа ...
Екипата на Соколи од Штип додека чека и официјална потврда од Кошаркарската федерација на Македонија за настап во Супер-лигата во брз ритам го создава тимот за следната сезона. После Александар Костоски и Ивица Димечвски, во својот ростер Марјан Србиновски го додаде и младиот Хусеин Бајрам, кој доаѓа од тимот на Вардар. „Нашиот тим добива нова енергија со доаѓањето на Хусеин Бајрам! Младиот поранешен капитен на Вардар носи борбеност, брзина ...
Младиот црногорски напаѓач Андреј Костиќ ја менува средината и до крајот на сезоната ќе настапува за Спарта Ротердам како позајмен фудбалер од Милан. Костиќ има само 19 години, но веќе привлече големо внимание со настапите за Партизан. Минатата сезона беше редовен дел од белградскиот тим, забележувајќи 35 настапи, 11 голови и една асистенција. Неговите игри му донесоа трансфер во Милан, кој за неговите услуги плати 3,5 милиони евра, а преку ...
Во досегашниот дел од летниот преоден рок беа најавувани и се случија многу трансфери, но овој кој денеска беше потврден е сосена неочекуван. Холандскиот репрезентативец Тиџани Рејндерс денеска и официјално го напушти Манчестер сити за да се приклучи на екипата на Ал Касдијах од Саудиска Арабија. За овој 28-годишен фудбалер, клубот од Саудиска Арабија плати дури 61 милиони евра. Рејндерс се договори на вредност од пет сезони, период во кој ...
Хрватскиот репрезентативен голман Доминик Ливаковиќ е на чекор од сензационален трансфер во Барселона. Според познатиот турски инсајдер Јагиз Сабунчуоглу, Ливаковиќ ги договорил личните услови со шпанскиот првак и сега останува само да се договорат двата клуба, Барселона и Фенербахче. Актуелниот договор на Ливаковиќ со Фенербахче е до јуни 2028 година, што значи дека Барселона ќе мора да плати за предвремен раскин. Останува двата клуба да се ...
Низ историјата на МЗТ Скопје минале голем број квалитетни кошаркари, но само малкумина успеале да остават толку длабока трага како Дамјан Стојановски. Капитенот и во новата сезона ќе го предводи клубот во сино-белиот дрес, за него 14. сезона во дресот на МЗТ Скопје. Пред себе има уште една голема цел - борба за својата 12. шампионска титула, со која дополнително би го потврдил своето место меѓу најголемите имиња во историјата на клубот. ...
Арсенал и Астон Вила постигнаа целосен договор за трансферот на дефанзивецот Езри Конса за сума од над скоро 60 милиони фунти. Двата клуба ги финализираа преговорите откако ја надминаа разликата во првичните проценки за вредноста на играчот. Англискиот репрезентативец веќе ги договори личните услови со лондонскиот клуб, а медицинските прегледи се закажани. Доколку Конса стане нов „топчија“, само ќе се потврди фактот дека Арсенал последниве ...
Прволигашот Башкими го засили тимот со еден од најперспективните млади фудбалери во земјава. Клубот од Куманово со задоволство ја потврди соработката со Стефан Ристовски, кој настапува на крилната позиција. Ристовски во Башкими пристигна од Детонит Плачковица, каде што минатата сезона имаше одлични настапи и го привлече вниманието со своите квалитети. Младиот офанзивец веќе имаше можност да се претстави во дресот на новиот клуб и уште на ...