Скопје
28ᴼ /
28ᴼ
Македонија доби уште едно големо признание од Европската ракометна федерација (ЕХФ). Извршниот комитет на ЕХФ денеска официјално потврди дека нашата земја ќе биде домаќин на Европското првенство за ракометари до 18 години (кадети), кое ќе се одигра во 2028 година. Младинскиот ракометен самит е закажан за термините во јули и август 2028 година. ЕХФ има целосна доверба во македонските организациски капацитети, по серијата успешно спроведени ...
Винисиус Жуниор е еден од лидерите на оваа генерација на Бразил и Светското првенство во САД, Канада и Мексико е одлична можност да го потврди статусот на еден од најдобрите играчи на планетава, односно да помогне да се оствари голем резултат. Во целата приказна може да му помогне и Карло Анчелоти со кого имаше перфекна соработка во Реал Мадрид, а сега го има одново крај клупата и тоа како селектор. -Чувствувам голема слобода и искрена ...
Фудбалерите на Соединетите Американски Држави го победија Парагвај со 4:1 во првото коло на Светското првенство, а натпреварот беше обележан, меѓу другото, и со правилото за „погрешен идентитет“. Домаќинот доминираше на почетокот од најголемиот фудбалски настан, а покрај добрата игра, можевме да видиме и дека и судиско правило кое е активирано за прв пат во историјата. По дуелот помеѓу американскиот дефанзивец Тим Рим и Парагваецот Мигел ...
Македонскиот каратист Вукашин Јовановиќ направи вистинска сензација на Светското универзитетско првенство во боречки спортови во Бразил, откако се закити со ЗЛАТЕН МЕДАЛ и ја донесе најголемата радост за Македонија! Во категоријата до -67 килограми, Јовановиќ стигна до титулата светски првак по драматично финале против Белгиецот Амин Абделмалки. Борбата заврши 2:2, но судиите одлучија во корист на Македонецот со 3:2 – момент што донесе ...
Роберт Левандовски е на пат кон Соединетите Американски Држави, каде што ќе одржи клучни разговори за следниот чекор во својата кариера, пренесува познатиот италијански новинар Фабрицио Романо. Договорот на полскиот напаѓач со Барселона истекува на 30 јуни, а разделбата меѓу двете страни веќе е потврдена. Заедно со 37-годишниот голгетер патува и неговиот агент Пини Захави. Сериозен интерес за негов ангажман покажува клубот од МЛС-лигата, ...
Бразил долго, предолго чека повторно да се закити со титулата светски шампион. Дури 24 години. Премногу за најуспешната репрезентација во историјата на Светските првенства. Поради тоа притисокот врз Карло Анчелоти е уште поголем. Човекот кој со Реал Мадрид освои сѐ што можеше да се освои седна на клупата на Бразил со цел да биде оној што ќе го прекине проклетството. За почеток ќе мора да се соочи со Мароко. Тоа ќе биде реприза на нивниот дуел ...
Милан направи сериозни промени по крајот на минатата сезона, се раздели со тренерот и со уште три важни имиња од спортскиот сектор и сега прави обиди соодветно да се пополнат тие позиции. „Росонерите“ бараат спортски директор и прва опција беше Ралф Рангник, актуелниот селектор на Австрија. Тој според информациите инсистирал нац елосна контрола врз проектот на клубот, вклучително и изборот на нов тренер и директори, а Милан не бил подготвен ...
Најдобрите четири екипи во Европа денес ќе се борат за место во големото финале на завршниот турнир од ракометната Лига на шампионите, кој традиционално се одржува во легендарната „Ланксес Арена“ во Келн. На програмата се две спектакуларни полуфинални пресметки – германско дерби меѓу Магдебург и Фуксе Берлин, како и дуел на изненадувањето Алборг и Барселона. Во првиот полуфинален натпревар актуелниот европски шампион Магдебург ќе се соочи со ...
Ужасни вести доаѓаат од Тихуана, мексикански град во близина на границата со САД. Иранците избраа таму да се подготвуваат за натпревари во земја со која официјално не се во војна, а безживотно тело е пронајдено во близина на нивниот камп. Како што објавија новинарите на АФП, кои се наоѓаат на северозападниот дел од Мексико и виделе што се случува, во тек е истрага во врска со трупот што е пронајден во фаза на распаѓање во багажник на возило. ...
Ливерпул имаше лоша сезона во која единствената добра вест беше Топ 5 пласманот во Премиер лигата со што беше обезбедено место во Лигата на шампиони за натпреварувачката 2026/2027. „Црвените“ во новата кампања ќе влезат и со нов тренер во името на Андони Ираола, а во однос на тоа какви инвестиции ќе бидат направени во екипата допрва ќе дознаеме. Роби Фаулер како легенда на Ливерпул посакува повторно да го види клубот на врвот, но и тој има ...
Капитенот на Босна и Херцеговина, Сеад Колашинац, беше првата „жртва“ на новото правило што ФИФА го воведе на Светското првенство во САД, Канада и Мексико. Во низата иновации на Светската куќа на фудбалот пред овој Мундијал се најде и таканареченото „правило од пет секунди“. Судиите добија право да интервенираат доколку играч намерно одолговлекува со изведување аут, па сега можат во такви случаи да го одземат поседот на топката по пет секунди ...
Денеска во култната „Ланксес Арена“ во Келн официјално започнува завршниот фајнал-фор (Ф4) турнир во ракометната Лига на шампиони за мажи. Четирите најдобри европски екипи во текот на овој викенд ќе ги одмерат силите за престижниот трофеј во две полуфинални репризи од претходните две финалиња. Германскиот состав Магдебург влегува на турнирот со цел да ја одбрани титулата, додека најтрофејниот европски клуб Барселона брка рекордна 12-та ...
Ѕвездата на Франција и на Реал Мадрид, Килијан Мбапе, може да стане најдобар стрелец во историјата на Светските првенства, но францускиот напаѓач истакна дека освојувањето на уште една светска титула му е многу поважно од личните рекорди. Мбапе досега има постигнато 12 голови на Мундијалите и се наоѓа на само четири погодоци од рекордот на германската легенда Мирослав Клосе, кој постигна 16 голови на четири Светски првенства во периодот од ...
Сан Антонио Спарс е домаќин на Њујорк Никс во петтиот меч од финалната серија во НБА лигата, меч кој е да се биде или не за клубот од Тексас. Секој нареден пораз за „мамузите“ значи крај за нив и титула во Никси кои имаат пак три меч топки да го остварат сонот на многу навивачи на овој клуб. Меѓутоа Сан Антонио не се предава и првата ѕвезда Виктор Вембањама верува во чудо и дека тие ќе станат вториот тим по Кливленд Кавалирс кој се вратил од ...
Мундијалскиот бран продолжува со максимална пареа, а по првичните еуфорични настапи на сите три земји-домаќини, третиот натпреварувачки ден ни ја носи првата вистинска фудбалска маратонска програма. Денеска се селиме во вистинскиот фудбалски маратон на турнирот – четири натпревари во рок од само 11 часа. Преку нашата платформа секојдневно ви носиме детална најава, длабока аналитика за екипите и нашите очекувања за исходот на фудбалските ...
Веќе е во тек 23. Светско фудбалско првенство, но се уште сме во раната фаза и има простор за прогнози, типови особено за она најважното, најпоставувано прашања, кои репрезентации ќе стигнат до самиот крај, односно кој ќе го освои пехарот на турнирот што се одржува во САД, Мексико и Канада. Легендата на Манчестер Јунајтед и екс англиски репрезентативец, Вејн Руни ги откри своите фаворити и потенцијално финале кое посакува да го види на крајот ...
Никој не очекуваше Американците да делуваат така импресивно на стартот на овој мундијал, а најзаслужен е Фоларен Џери Балогун. Погледите пред мечот можеби беа насочени кон Пулишиќ, но Балогун беше херојот на САД на дуелот со Парагвај, но и севкупно на вториот натпреварувачки ден. Тој постигна погодок кон средината на првиот дел што му беше поништен поради минимален офсајд, но Балогун продолжи со импресивна игра, давајќи два гола до крајот на ...
Италијанскиот Комо размислува за амбициозен трансфер на Дани Карвахал од Реал Мадрид, бидејќи тренерот Сеск Фабрегас сака да внесе дополнително искуство и квалитет во тимот пред првото учество на клубот во Лигата на шампионите. Комо исто така ги следи младите фудбалери на Реал Мадрид – 22-годишниот Гонсало Гарсија и 21-годишниот Сезар Паласиос, додека се подготвува за веројатното заминување на Нико Пас. Напаѓачот Гарсија и талентираниот играч ...
Спектакуларната победа на Соединетите Американски Држави над Парагвај со 4-1 пред очите на холивудскиот крем во Лос Анџелес дефинитивно го лансираше Фоларин Балогун во нов апсолутен миленик на нацијата. Но, додека цела Америка слави и зборува за неговата синоќешна брутална партија, зад неговиот американски пасош се крие една од најневеројатните приказни во историјата на Светските првенства. Всушност, некаде во светот постои еден анонимен ...
Напаѓачот на американската репрезентација Фоларин Балоган изјави дека чувството да постигне два гола на Светско првенство е нешто што ги надминало неговите очекувања. „Замислував како ќе биде кога ќе постигнам гол на Светско првенство, но реалноста го надмина тоа. Ова е ноќ од соништата“, рече Балоган по победата на САД од 4:1 против Парагвај. Балоган, кој во минатото можеше да избира дали ќе настапува за САД или Англија, истакна дека ...
Да беше во Македонија, да разбереме, но Англиската репрезентација беше ограбена среде Америка Англиската фудбалска репрезентација, според извештаите, станала жртва на дрска кражба пред отворањето на Светското првенство против Хрватска следната недела. Наводно, копачките на играчите и важна опрема за тренинг биле „украдени во транзит“. „Трите лава“ го преселиле својот тренинг-камп од Вест Палм Бич во Флорида во базата Своуп Сокер Вилиџ во ...
Македонија доби светски шампион во карате по финале што заврши 2-2, но Вукашин Јовановиќ ја доби најважната борба по судиско изјаснување и го освои златниот медал на Светското универзитетско првенство во боречки спортови во Бразилија. Македонскиот репрезентативец во категоријата до 67 килограми го победи Белгиецот Амин Абделмалки во финалето, во меч што по резултатот остана израмнет, но по судиската одлука заврши во корист на Јовановиќ со ...
Утре завршува рокот за пријавување за учество на годинешното издание на еден од најстарите и најреномирани турнири во мал фудбал во регионот „Петровден“ во Мешеишта. Годинава ќе се одржи по 51-ви пат, продолжувајќи ја традицијата која повеќе од пет децении обединува генерации спортисти, рекреативци и љубители на фудбалот. Котизацијата за настап изнесува 5.000 денари по екипа, додека ждрепката за групната фаза и распоредот на натпреварите ќе ...
6822 Катар – Швајцарија (21:00) Швајцарија со големи амбиции пристигна на Светското првенство во Северна Америка, а шанса за почеток со победа ќе имаат против Катар. Швајцарците се големи фаворити против селекцијата од Азија, а нивните надежи се дека ќе успеат да го стигнат барем најголемиот успех во историјата за нив – четвртфиналињата од Мундијалите во 1934 и 1938 година. Освен победа на Швајцарија, очекувањата се дека на мечот ќе има и ...
Во рубриката „Нај, нај на СП 2026“ ви ги пренесуваме најинтересните статистички податоци од натпреварите одиграни претходниот мундијалски ден… Канадскиот селектор Џеси Марч е првиот американски тренер што води некоја друга репрезентација на фудбалски мундијал. Канада имаше шест порази во низа на мундијалите, а синоќешното реми со БиХ е прв освоен бод на оваа селекција на мундијалите. БиХ има шест реми во низа, најдолга серија на нерешени ...
Непријатен инцидент ја потресе англиската фудбалска репрезентација непосредно пред стартот на настапот на Светското првенство 2026, откако дел од опремата на селекцијата била украдена за време на транспортот кон Канзас Сити. Според британските медиуми, возилата кои ја превезувале опремата кон тренинг-центарот на „Гордиот Албион“ биле ограбени пред пристигнувањето на тимот на селекторот Томас Тухел. Меѓу украдените предмети, според првичните ...
Фудбалската репрезентација на Англија се соочи со непријатна ситуација пред првиот натпревар на Светското првенство против Хрватска. Според британските медиуми, дел од опремата на англиската репрезентација била украдена за време на транспорт кон Канзас. Меѓу украдените предмети се копачки, тренинг-топки и тактички табли што селекторот Томас Тухел ги користел за подготовка на тимот. Кражбата била извршена со провалување во возилата што ја ...
Франк Лебеф беше дел од една супер успешна генерација на Франција, генерација која во краток период стана прво светски шампион, а потоа и репрезентација број еден на стариот континент. Во кариерата најдобрите изданија ги имаше во дресот на премиерлигашот Челси со кого освои неколку домашни и европски титули што доволно говори дека има силна биографија за да биде активен критичар, аналитичар на денешните случувања во фудбалот. Некогашниот ...
Најголемата македонска фудбалска легенда, Дарко Панчев, за читателите на ЕКИПА.МК, наредниот период ќе ги коментира комплетните настани на најголемиот светски спортски собир – фудбалскиот Мундијал 2026! Предиграта на Светското првенство 2026 некако не беше баш најпосакувано чисто спортска, но оптоварена и со актуелната политичка ситуација во светот, ако се анализираат сите информации кои ни доаѓаа од САД. Дел од репрезентациите се жалеа на ...
Босна и Херцеговина се избори за позитивен резултат против Канада во првиот натпревар од групата Б на Светското првенство. Гостите долго време водеа на овој меч или поточно до 78 минута кога нововлезениот Ларин ги постави конечните 1-1. Босанците можат да бидат задоволни или незадоволни од епилогот затоа што преку Демировиќ имаа можност да водат и со 2-0, ама на другата страна исто Канаѓаните имаа прилики, полуприлки, топката во неколку ...