Скопје
3ᴼ /
3ᴼ
Премиерлигашиот Астон вила е во преговори со Милан за трансфер на напаѓачот Рафаел Леао, објави новинарот Џанлука Ди Марцио. Според Ди Марцио, англискиот клуб активно работи на трансферот и разговара за финансиските услови со Милан. Заминувањето на 27-годишниот Португалец од италијанскиот клуб во моментов се смета за речиси сигурна работа. Се забележува дека самиот играч не е против промена на клубот. Леао е во Милан од 2019 година. Во овој ...
Серена Вилијамс во јуни се врати на терените по четиригодишна пауза, но засега без особен успех. Нејзиниот врсник Роџер Федерер исто така зад себе има четири години во пензија, но не планира ништо слично. „Ни под разно нема да постапам како Серена“, истакна 45-годишниот Швајцарец на прес-конференцијата во Њујорк, пред егзибицискиот меч на САД Опен. „Ви благодарам за ова прашање, не бев сигурен дали некој ќе го постави. Ни под разно“, повтори ...
Шампионот на Австрија, ЛАСК Линц, направи вистинска сензација и успеа да обезбеди дебитантски настап во лигашкиот дел од Лигата на шампионите. Тие имаа негатива од 3-0 од првиот меч против Селтик, а на вториот меч пред својата публика по само 20-тина минути играа губеа со 0-1. Сепак, не се откажаа, па во следните 70 минути постигнаа четири гола и дојдоа до 4-1 и израмнување во двомечот. Во продолженијата ЛАСК постигна уште еден гол, а ...
Валенсија и по две кола во Ла Лига останува без победа, откако пред својата публика загуби со минимални 0-1 од Бетис. „Лилјаците“ во првото коло играа без голови против Селта Виго, па освен што немаат победа, се уште чекаат и на првиот гол во новата сезона. Столе Димитриевски на првиот меч ја сочува својата мрежа, но вечерва тоа не му успеа. Пабло Гарсија со одличен удар од десеттина метри успеа да го совлада нашиот голман во 83-тата минута, ...
Фудбалерите на азербејџански Сабах го елиминираа Хапоел Бер Шева во плејофот од Лигата на шампионите, и за првпат во својата историја ќе играат во групната фаза од ЛШ. Израелскиот шампион, кој ја нокаутира Црвена Звезда едно коло претходно, беше многу блиску до пласман во елитата, но прими гол во последната минута од регуларниот дел од реваншот, а потоа загуби по продолженијата со 5-2 (вкупно 6-4 од двата меча). Пред седум дена, Хапоел победи ...
Иднината на Марк Касадо во Барселона сè уште е неизвесна, а интересот од Англија кон 22-годишниот играч за врска станува сè посериозен. Касадо моментално тренира индивидуално заедно со Ектор Форт, додека неговиот агент Жорж Мендеш работи на пронаоѓање нов клуб. Фудбалерот имал понуди од Саудиска Арабија, но ги одбил бидејќи смета дека може дополнително да напредува во силно европско првенство. Најголем интерес доаѓа од Премиер лигата. Според ...
Словенечкиот велосипедист Тадеј Погачар ја оствари и втората етапна победа на годинашнава Вуелта. Тој славеше на четвртата етапа, која се возеше низ планините на Андора. Погачар потврди не само дека е прв фаворит за освојување на Вуeлта, туку и дека несомнено е најдоминантниот велосипедист во моментов. На четвртата етапа тој демонстрираше сила каква што тешко дека покажал на некоја претходна етапа во кариерата. На половина од етапата почна ...
Голманот на Волфсбург, Камил Грабара, ја продолжи кариерата во Јувентус. Според најновите информации, двете страни ја потврдиле соработката. 27-годишниот полски репрезентативен голман заминува во Торино со опција за откуп за 12 милиони евра. Камил денеска ги мина медицински прегледи во Торино, по што договор е официјализиран. Минатата сезона, Полјакот одигра 34 натпревари во Бундеслигата. Голманот на Волфсбург, Камил Грабара, ја продолжи ...
Пелистер го промовираше Иван Ивановски како свое најново засилување. 31-годишниот Ивановски игра на крилните офанзивни позиции. Претходно во кариерата има настапи за Тиквеш, Силекс и Гостивар во македонскиот шампионат, како и за Ал Рамта во првенството на Јордан. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ...
Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас ја имаше официјалната промовија како фудбалер на Аталанта, тим на кој му се приклучи како позајмен фудбалер од редовите на РБ Лајпциг. Тој во неделата веќе дебитираше за составот од Бергамо на соочувањето со Сасуоло, ама денеска беше промовиран пред јавноста каде порача дека не размислувал двапати кога на негова адреса пристигнала понудата од калчолигашот. -Пред се би сакал да им се заблагодарам на Лука ...
Дарко Ѓукиќ е на чекор до Партизан. Ова е информацијата која излезе во медиумите, од Србија. Неофицијално раководството било во преговори со српскиот ракометар а Ѓукиќ одлично би се вклопил во составот на Раул Гонзалес, кој во новата сезона ќе го предводи Партизан во ЛШ. Сепак оваа информација „паѓа во вода“. Од ГРК Охрид негираа дека постои можност Ѓукиќ да замине во Белград. Според македонскиот тим тој ќе остане и во новата сезона. Ѓукиќ во ...
Кошаркарот на Мемфис Гризлис, Брендон Кларк, почина на 11 мај на 29-годишна возраст, a сега се објвени резултатите од обдукцијата. Неговата смрт е резултат на комбинираните ефекти на хероин и кокаин и официјално е класифицирана како несреќа. Пред малку повеќе од три месеци, американската кошаркарска јавност беше шокирана од веста за ненадејната смрт на Брендон Кларк. Кошаркарот на Мемфис Гризлис беше пронајден мртов во куќа во долината Сан ...
Останувањето на Коди Гакпо во Ливерпул е неизвесно веќе некое време. Холанѓанецот, кој беше доведен од Јирген Клоп во зимата 2023 година за повеќе од 40.000.000 евра, игра нестабилно, иако неговата позиција на теренот минатата сезона варираше поради повредите прво на Александар Исак, а потоа и на Уго Екитике. Тој ја започна оваа сезона на левото крило и постигна гол против Њукасл во премиерниот натпревар. Остави добар впечаток на Светското ...
Чави Ернандес и официјално е нов селектор на Холандија. Поранешниот тренер и играч на Барселона потпиша договор до 2030 година, а на претставувањето порача дека во новата улога има само една цел – победа. Спортскиот директор на холандската федерација, Најџел де Јонг, откри дека Чави бил избран по одбивањата на Пеп Гвардиола и Арне Слот. Во финалната трка бил и Михаел Рајцигер, но федерацијата се одлучила за Каталонецот. „Не ме интересира дали ...
Селекторот на шпанската репрезентација, Луис де ла Фуенте, не го криеше разочарувањето поради реакцијата на дел од навивачите на Атлетик Билбао кон тројца фудбалери на клубот. Пред натпреварот против Севиља, на теренот беа претставени светските шампиони Ајмерик Лапорт, Унаи Симон и Нико Вилијамс, но нивното појавување со трофејот не беше поздравено само со аплаузи. Дел од најжестоките баскиски навивачи ги пречекаа и со свирежи, што предизвика ...
Карлос Алкарас ќе се врати на Отвореното првенство на САД по неколкумесечна пауза, но и покрај отсуството на Јаник Синер, патот до титулата во Њујорк нема да му биде лесен. Поранешниот трет тенисер во светот, Николај Давиденко, смета дека најголемиот проблем за Шпанецот може да биде токму долгото отсуство од натпреварувачки тенис. Алкарас го одигра последниот официјален меч во април, на турнирот во Барселона, по што поради повреда на зглобот, ...
Охрид утре го очекува вториот предизвик во Регионалната лига, а по успешниот старт против Војводина, охриѓани гостуваат кај Будванска Ривиера во Црна Гора. Натпреварот во Будва е закажан за 19:00 часот, а избраниците на Борис Ројевиќ влегуваат со јасна цел – нова победа. Охрид во првото коло славеше над Војводина со 36-30, па со позитивна атмосфера го очекува и вториот натпревар во новото регионално натпреварување. Пред гостувањето во Будва, ...
Поранешниот капитен на Еурофарм Пелистер, Мирко Радовиќ во новата сезона ќе има необична, но интересна задача. Поранешниот капитен на црногорската репрезентација ќе продолжи да настапува за Будуќност, но истовремено ќе добие и ангажман во стручниот штаб на женскиот клуб од Подгорица. Радовиќ зад себе има богата играчка кариера, а сега ќе започне да го гради и тренерскиот пат. Тој поседува тренерско образование, а веќе има искуство во работата ...
Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, смета дека Винициус Жуниор често е неправедно во центарот на вниманието, но истовремено верува дека Бразилецот мора подобро да реагира на провокациите. Винициус повторно се вмеша во неколку инциденти со противнички фудбалери и навивачи на првиот натпревар во Примера против Еспањол. „Постои разлика меѓу случувањата на теренот и оние надвор од него. Кога станува збор за навреди од навивачите, доколку не се ...
Барселона на најдобар можен начин ја започна новата сезона во Примера. Иако летово тимот остана без Роберт Левандовски и Феран Торес, Каталонците веднаш покажаа дека и понатаму имаат доволно квалитет во нападот, откако на гостувањето кај Елче славеа убедливо со 5-0. Новите лица во тимот веднаш оставија трага. Карим Адејеми го постигна својот прв гол за Барселона на дебито, додека Ентони Гордон, кој влезе од клупата, имаше одлично влијание врз ...
Ерлинг Халанд и оваа година треба да биде главно оружје на Манчестер Сити, реновираниот состав од „Итихад“, тим кој отвара нова страница без Пеп Гвардиола, но и без легенди на клубот како Бернардо Силва, Родри и Џон Стоунс. Норвежанецот сега ќе има и друга улога, ќе мора да биде и еден од лидерите на теренот и соблекувалната и ќе видиме во какво издание ќе се прикаже под водство на Енцо Мареска. Оваа сезона може да даде и одредени сигнали ...
Македонската сениорска кошаркарска репрезентација во делот од подготовките за вториот претквалификациски прозорец за Евробаскетпт 2029 година, денеска во Скопје имаше можност да одигра и едне тренинг натпревар. Станува збор за еден пријателски спаринг дуел со скопски ТФТ кој се нафати да им помогне на момците во „жолто-црвено“ да ја темпираат формата за неделниот дуел со Австрија. Селекторот Хозе Мариа Берокал на располагање има речиси ...
Манчестер Сити се извлече против Борнмут, со пресврт во финишот и победи во дебито во Премиер лигата на новиот менаџер Енцо Мареска. Италијанецот го наследи Пеп Гвардиола на клупата на „Граѓаните“, со чие заминување заврши десетгодишна трофејна ера за клубот од „Етихад“. Мареска ќе биде под голем притисок поради неговиот многу успешен претходник, сигурно нема да може да избегне споредби. Многумина забележаа дека поранешниот менаџер на Челзи ...
ЖФК Менада од Тетово продолжува амбициозно да го гради тимот за својата дебитантска сезона во Втората женска фудбалска лига, со јасна цел – веднаш да атакува на историски пласман во Првата лига. Тетовскиот клуб промовираше две искусни и добро познати имиња во македонскиот женски фудбал – Елена Петровска и Сара Хусеин, кои со своето искуство треба да бидат меѓу главните носители на тимот. Петровска, позната и по прекарот Ецка, има 28 години и ...
Големата мистерија, која со месеци ја интригираше британската јавност, доби шокантен епилог. Поранешниот британски атлетичар и тренер, Леон Батист, исчезнал за време на престојот во Мароко, а со месеци никој не знаел каде се наоѓа – ниту неговите колеги ниту пријателите, па дури ни неговото семејство. Батист отпатувал на одмор во Мароко со пријатели, каде што планирал да ужива во забавите и да игра голф. Потоа сите траги за него исчезнале. ...
Калчолигашот Лацио се мачи да доведе играчи во овој преоден рок со тоа што работата мрдна во последно време, па откако беа обезбедени Давиде Фратези од Интер и Јосип Шутало од Интер клубот од италијанската престолнина е на добар пат да комплетира уште една операција. Се работи за напаѓачот Андреа Пинамонти, играч кој ги има минато сите категории на италијанската репрезентација, има одиграно и еден меч за сениорската селекција. Тој од Сасуоло ...
Стрелец на убав гол, двоен асистент и погодена пречка по еден мајсторски шут, секако и многу креирани закани по противничкиот гол. Тоа е она што Едиз Спахиу го направи на дерби мечот со Силекс, и покажа како треба да игра еден напаѓач на Вардар. И кога е така тогаш нема дилеми дека Спахиу е играч на ова 4.коло. Тој е најзаслужниот што Вардар победи со 4:1 против составот од Кратово. Покрај него во идеалниот тим се и Талески, Матиќ, Маневски ...
Најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ и Арина Сабаленка тренираа пред првиот натпревар во мешани двојки, кој ги очекува малку подоцна. Новак и Арина играa против Катерина Сињакова и Хенри Патен, а пред натпреварот одработија лесен тренинг. Сепак, еден детаљ по тренингот се најде во центарот на вниманието. Имено, кога завршија, Новак и Арина стигнаа до мрежата, а потоа белоруската тенисерка го извади телефонот, и се создаде „селфи ...
Ландо Норис продолжи со одличната форма по летната пауза, откако по триумфот во Унгарија славеше и на трката за Големата награда на Холандија. Возачот на Мекларен со новата победа ја намали разликата во генералниот пласман и повторно се вклучи во шампионската трка. Сепак, Британецот е внимателен и смета дека неговиот болид сè уште има слабости кои можат да бидат проблем во продолжението од сезоната. „Сигурен сум дека имаме силен болид, но ...
Премиерлигашот Сандерленд продолжува да гради тим за иднината, а клубот денеска потврди дека Ромен Мандл стави потпис на нов договор кој ќе го задржи на „Стадионот на светлината“ до 2030 година. 23-годишниот Мандл пристигна во Сандерленд во 2024 година од Стандард Лиеж и досега забележа 52 настапи за англискиот клуб. „Навистина сум благодарен. Прекрасно чувство е да се биде дел од овој клуб. Сакам да се докажувам, постојано да напредувам и да ...