Скопје
4ᴼ /
4ᴼ
6785 Викинг – Динамо Загреб (21 ч.) Викинг никогаш не играл во елитната Лига на шампиони, додека Динамо се обидува да се врати меѓу најдобрите. На првиот меч Динамо водеше со 2:0 дома, но Викинг покажа квалитет, но и карактер да се врати и да стигне до 2:2. Норвешкиот тим во 17 меча од првенството даде дури 40 гола, што е само уште еден доказ дека игра отворено и ефикасно, па така се очекува да биде и вечерва. Предлог тип: ГГ3+ (1.84) 6788 ...
Арсенал и Ал Хилал постигнаа принципиелен договор за потпишување на договор со Габриел Мартинели. Бразилецот сè уште не се согласил лично со трансферот, но доколку го стори тоа, „топчиите“ ќе добијат 49 милиони фунти, плус до 7 милиони фунти како бонуси. Саудискиот клуб првично достави понуда од 47 милиони фунти, плус 4 милиони фунти како бонуси, но потоа ја подобри понудата, која сега е прифатена. Мартинели стана отворен за трансфер во ...
Фудбалерите на Ал-Наср со 3:2 славеа на гостувањето кај Ал-Етифак во меч од третото коло на првенството во Саудиска Арабија. Шампионот Ал-Наср беше голем фаворит пред дуелот, но дури во финишот на средбата работите дојдоа „на свое“. Уште во 12-тата минута Ал-Наср остана со играч помалку по директниот црвен картон што го доби Бенто. Ал-Етифак со играч повеќе успеа да го изненади фаворитот и со два гола до крајот на првиот дел да има водство од ...
Легендата на Манчестер Јунајтед, Пол Сколс, жестоко го критикуваше капитенот Бруно Фернандеш по поразот од Хал (2-0) на стартот од новата сезона. Фернандеш по натпреварот ги критикуваше своите соиграчи и предупреди дека Јунајтед повторно ги повторува грешките од минатата сезона. „Повторно истите грешки како минатата сезона. На секое гостување премногу му ја препуштаме топката на противникот. Мораме повеќе да притискаме, да бидеме поагресивни ...
Бруно Дуарте ја напушта Црвена Звезда. Васко де Гама ќе биде новиот клуб на досегашниот фудбалер на белградските „црвено-бели“. Тој ќе потпише договор со Дуарте, а наскоро се очекува и официјално соопштение. Трансферот сега е обезбеден, а се чека дефинитивна потврда во врска со износот на отштета. Таа нема да биде помала од 1,5 милион евра. Црвена Звезда бараше откупната цена да биде по цената по која беше купен од португалскиот клуб Фарензе ...
Лука Дончиќ ова лето очигледно не остава ништо на случајноста. Суперѕвездата на Лос Анџелес Лејкерс започна со подготовките за новата сезона во родната Словенија, а на неговите тренинзи се појави и човекот кој има огромна заслуга за развојот на шутот на легендарниот Дирк Новицки. Холгер Гешвинднер, долгогодишниот тренер, ментор и советник на Новицки, беше забележан на миникампот на Лејкерс во Љубљана. Германецот најпрво присуствувал на ...
Познати се 32 од вкупно 36 учесници во финалната фаза од Лигата на шампионите. За потсетување 29 се квалификуваа директно, плус три клуба кои го заработија тоа право синоќа преку плејофот. Листата ќе биде комплетирана во среда навечер, а ждрепката ќе се одржи во четврток, во „Фрималди Форум“ во Монако. Пари Сен Жермен ја брани титулата европски шампион од претходната сезона. Французите ја освојуваат Лигата на шампионите во последните две ...
Данил Медведев некогаш важеше за еден од најдобрите тенисери на тврда подлога и обично најдобрите изданија ги имаше за време на американската турнеја, но веќе неколку години наназад тоа не е случај. Русинот бележи голем пад во формата и често се истакнува само поради глупостите кои ги режира на тенискиот терен, па во период кога се играат квалификации за Ју-Ес Опен, Медо реши да темпира форма со настап на турнирот во Винстон Сејлем. Медведев ...
Легендарниот холандски фудбалер, Весли Снајдер, откри како едно од најтешките искуства во кариерата на крајот се претворило во најубав спомен. Холанѓанецот се присети на заминувањето од Реал Мадрид и на повикот кој подоцна му го променил текот на животот. „Најлошиот момент во кариерата ми беше заминувањето од Реал Мадрид. Се чувствував понижено кога пристигнав на стадионот и видов дека моето шкафче е празно, а сите мои работи беа тргнати на ...
Фудбалерот на Лион, Лоис Опенда, ги сподели своите очекувања за реваншот од плејофот на Лигата на шампионите против Фенербахче. – Секој играч се стреми да игра во Лигата на шампионите, па затоа велам дека високите очекувања се позитивен фактор. Нашата заедничка желба да играме во најпрестижното клупско натпреварување во Европа нè мотивира да постигнеме големи работи. Шансите против овој одличен турски клуб се изедначени – 50:50. Играме дома, ...
Во очекувањ ена продолжението на тековната сезона во домашниот шампионат, екипата на Шкендија од Арачиново објави уште едно ново засилување. Во редовите на новиот прволигаш се врати 21-годишниот Амир Нухија, кој замина во екипата на Струга ТЛ пред само два месеци. Нухија одигра неколку меча за Струга, но сега го раскина договорот и се врати во Арачиново. Дефанзивниот играч за врска ќе биде одлично освежување кај новиот прволигаш. Во ...
Големите тениски фанови во Њујорк рано утрово може да уживаа во вистински спекткакл од кој беа дел четири легенди, а чинот кој главна цел имаше да му се оддаде големо признание на 20-кратниот грен слем шампион, на крајот понуди големо шоу за сите присутни на трибините. Рожер Федерер доби специјален третман од Ју-Ес Опен и доби шанса да се прости со фановите онака какошто му доликува, па самиот побара друштво да му прават големи легенди како ...
Фудбалскиот свет го потресе нова сензационална трансфер-шпекулација. Ливерпул наводно стапил во контакт со Интер Мајами околу можноста за ангажман на Лионел Меси. Според информацијата која се појави на социјалните мрежи, англискиот гигант веќе отворил разговори со американскиот клуб за евентуално доведување на аргентинската суперѕвезда на „Енфилд“. Сепак, засега нема потврда од Ливерпул, Интер Мајами или тимот на Меси, па информацијата треба ...
Австрија и Азербејџан ќе имаат претставник по Лигата на шампионите откако синоќа шампионите на овие две земји со епски пресврти ги надокнадија негативите од дуелите со Селтик и Хапоел Бе'ер Шева. Најдраматично беше во Линц каде Селтик дојде со висока предност од 3:0 од првиот меч во Глазгов. Штотите дури и поведоа во 21. минута за вкупно водство од навидум недостижни 4:0. Но, Австријците не се предадоа, напротив, со епски пресврт дојдоа во ...
Карлос Еспи позираше со своите баби во Леванте откако тимот од Валенсија оствари клучна победа за опстанок над Мајорка на крајот на минатата сезона, а сликата која тогаш стана вирална и се прошири во шпанскиот округ, сега доби друга димензија откако беше повторена на презентацијата во Мадрид. Еспи го дочека својот ред да биде институционално претставен од Флорентино Перез и Реал како ново летно засилување, и тоа неколку дена откако го ...
Македонскиот репрезентативец Јани Атанасов е прогласен за најдобар фудбалер во тековниот месец во екипата на Актобе од Казахстан. Атанасов ја доби наградата за најдобар фудбалер и за најдобар постигнат гол во тековниот месец. Екипата на Актобе се наоѓа на 5. место на табелат аво тековниот шампионат, а Атанасов досега постигна два гола во дресот на својот нов клуб. Македонскиот репрезентативец Јани Атанасов е прогласен за најдобар фудбалер ...
Челси ја започна ерата „Чаби Алонсо“ во Премиер лигата на посакуван начин и со победа од 2:3 во малото лондонско дерби, но што е уште поважно за тимот, Кол Палмер се прикажа во издание какво што не го гледавме минатата сезона. „Десетката“ на Челси одигра извонреден натпревар и беше креатор на многу опасни акции, па покрај тоа што го отвори натпреварот со асистенција, во продолжение постигна и гол. Палмер очекува да ја врати најдобрата форма ...
ФИБА ги потврди четирите арени во кои ќе се игра Светското првенство во кошарка во 2027 година, чиј домаќин ќе биде Катар. Мундобаскетот ќе се одржи од 27 август до 12 септември 2027 година, а турнирот ќе биде јубилеен, 20-ти во историјата. Натпреварите ќе се играат во четири објекти: -Лусаил Арена – капацитет од 15.227 гледачи; -Ал Атијах Арена – 8.600 гледачи; -Ал Џануб Арена – 8.200 гледачи; -Духаил Арена – 5.500 гледачи. Најголемиот ...
Селекторот на македонската ракометна репрезентација и тренер на Алкалоид, Кирил Лазаров, со силна порака зборуваше за својата посветеност кон македонскиот ракомет и работата што ја презел во изминатите години. Лазаров потенцира дека неговото враќање во Македонија и преземањето на репрезентативниот проект не било од финансиски или лични причини, туку пред сè поради љубовта кон земјата и македонскиот ракомет. „Јас да не сум Македонец, немаше да ...
Откако ги продадоа Рори, Тијани Рејндерс, Бернардо Силва и Нико Гонзалез, од Манчестер Сити заминува уште еден фудбалер од средниот ред. Станува збор за Матео Ковачиќ, кој е на излезна врата од „Етихад“. Хрватот во последно време не е во плановите на тимот, а се чини дека и Енцо Мареска нема да смета на него во новата сезона. Ковачиќ од 2023 година е дел од Манчестер Сити, откако претходно четири години помина во Челси. Беше дел и од Интер и ...
Жозе Мурињо е свесен дека новинарската професија достигна нови височини во модерниот фудбал, па како човек кој знае дека претставниците на седмата сила често знаат да имаат инсајдерски информации од луѓе кои се вработени во клубот, реши да постави граница уште на самиот старт на сезоната. Португалецот во свој карактеристичен стил говореше за натпреварот кој го игра Реал против Реал Сосиедад на домашен терен, а при обраќањата кои ги имаше, ...
31-годишниот голман на македонската фудбалска репрезентација, Дени Илиев, кариерата ја продолжива во Азербејџан. Според информациите, Илиев веќе се договорил со азербејџанскиот состав Сумгаит. Договорот треба да биде објавен деновиве, откако ќе бидат завршени сите формалности во преговорите. Инаку, Илиев во последните две сезони беше во Романија во екипат ана УТА Арад и Рапид (Б). 31-годишниот голман на македонската фудбалска ...
Манчестер Сити и Тотенхем вчера ја официјализираа зделката вредна 100 милиони евра, според која Савињо направи преселба од Манчестер во Северен Лондон. Бразилскиот крилен фудбалер не се изнаигра изминативе две сезони во Сити и постигна само два гола во Премиер лигата како член на „граѓаните“, но и покрај тоа одржа извонредно висока пазарна вредност и клубот заработи навистина многу од неговиот трансфер. Тотенхем подолго време преговараше за ...
Хулијан Алварез уште за време на Светското првенство изрази јасна желба дека посакува да го напушти Атлетико Мадрид, клуб кој претходно му ветил дека нема да му стои на патот за нов предизвик во кариерата. Меѓутоа и покрај огромниот интерес од Барселона, популарните „душекџии“ не попуштаат и не сакаат да го продадат напаѓачот и покрај тоа што се создаде една негатвна атмосфера, па навивачите на Атлетико го свиркаат, го навредуваат ...
Откако беа обезбедени Давиде Фратези од Интер и Јосип Шутало од Ајакс клубот од италијанската престолнина е на добар пат да комплетира уште еден трансфер. Тоа е напаѓачот Андреа Пинамонти, играч кој ги има минато сите категории на италијанската репрезентација, има одиграно и еден меч за сениорската селекција. Игра во Сасуоло и доаѓа ма „Олимпико“ и на позајмица вредна 3 милиони евра и опција за откуп од 11 милиони евра. Откако беа ...
Тренерот на РК Е.Пелистер Лино Червар, изјави дека тимот мора да остане фокусиран на следните предизвици. Червар вели дека пелистерци имаат уште многу работа и квалитетни противници пред себе. „Не сакам да се залетуваме со прогнози за крајот на сезоната. Потребно да е останеме понизни, и покрај победата над Партизан, во која изгледавме одлично на теренот. Атмосферата беше прекрасна, публиката се забавуваше, но мораме да бидеме фокусирани и да ...
Нов член на Јувентус е Камил Грабара од редовите на Волфзбург. Се работи за голман кој доаѓа на позајмица, заем по кој Јуве ќе може да го откупи за 11,5 милиони евра. Полјакот има 27 години и ќе биде алтернатива за Викарио кој дојде од Тотенхем. пак се ослободи од Кристофер Нкунку, ас кој одново ќе игра во Германија во РБ Лајпциг. Станува збор за позајмица вредна 4 милиони евра, а бундеслигашот ќе има и можност да го откупи за дополнителни 28 ...
Барселона сè уште не го затвора летниот преоден рок. Каталонскиот гигант продолжува да работи на пазарот, а до самиот крај се очекуваат уште неколку заминувања, но и најмалку едно ново засилување. Според информациите од Каталонија, Хектор Форт, Марк Касадо и Алехандро Балде се меѓу играчите кои би можеле да го напуштат клубот, додека неизвесна е и иднината на Жил Кунде. Французинот на почетокот на подготовките добил јасен сигнал од Ханси Флик ...
Верстапен ќе заработува приближно 100 милиони долари годишно во Ред Бул. Според добро познатиот инсајдер Џо Сејвард, Макс Верстапен добива плата од приближно 100 милиони долари годишно според неговиот нов договор со Ред Бул, кој важи до 2030 година. Вклучувајќи ги бонусите, платата на Холанѓанецот би можела да достигне 120 милиони долари. Слични бројки претходно објави и друг новинар, Марк Лимаш: според него, Верстапен би можел да заработува ...
Тренерот на Арсенал, Микел Артета, ја постигна својата 150-та победа во англиската Премиер лига. На Шпанецот му беа потребни 249 натпревари за да ја постигне оваа бројка. Артета синоќа го предводеше својот тим до триумф над Ковентри со 3:0. Шпанецот стана петтиот менаџер кој постигнал 150 победи во Премиер лигата во помалку од 250 натпревари. Само Пеп Гвардиола (204 натпревари), Жозе Мурињо (231), Јирген Клоп (237) и Алекс Фергусон (247) ...