Новиот Реал Мадрид на Жозе Мурињо вчера се претстави на „Сантијаго Бернабеу“, па иако се соочи со одредени проблеми во првото полувреме, во второто целосно го нокаутираше Реал Сосиедад и на крајот победи лесно со 4:1. Реално гледано, домаќините можеа да постигнат и многу повеќе погодоци во вторите 45 минути, но Мурињо си замина од теренот со голема насмевка на лицето, особено и поради фактот што ова за него претставуваше „второ деби“ во ...

Од 28 август до 13 септември во Маврови Анови на јавно тениско игралиште ќе се одржи второто издание на Маврово Опен – аматерски, хуманитарен тенис турнир кој од иницијатива на група пријатели прераснува во настан посветен на спортот, заедницата и создавањето активен простор за сите генерации. По успешното прво издание во 2025 година, кога турнирот беше инициран со цел да придонесе кон подобрување на условите во основното училиште во село ...

Францускиот фудбалер Матео Гендузи се најде во центар на скандалот по натпреварот помеѓу Лион и Фенербахче, во кој турскиот тим се квалификуваше за Лигата на шампионите. Фенербахче, по нерешениот резултат во Истанбул (1:1), победи со 2:1 во реваншот и обезбеди место во елитното натпреварување за прв пат по 18 години. Ведат Муриќи и Арчи Браун му донесоа победа на Фенер, додека голот на Малик Фофана во второто полувреме не беше доволен за ...

АЕК, Слован, Фенербахче и Викинг ги пополнија последните четири места во главната фаза во Лигата на шампиони, а во пресрет на денешната ждрепка која е закажана за 18:00 часот, УЕФА го одреди и изгледот на четирите шешири. Со оглед на новиот распоред кој е на сила веќе трета сезона, Лигата на шампиони брои 36 тима во главната рунда и секој тим ќе добие по два ривали од секој квалитативен шешир, а пред ждрепката која ќе биде актуелна во Монако ...

Џонатан Дејвид може да си замине од Јувентус. Откако ги одби сите понуди што ги доби досега, канадскиот напаѓач сега се соочува со реална можност за напуштање на Торино. Во последните часови, Атлетико Мадрид ги истражува барањата на Јувентус, но сè уште нема преговори. Додека црно-белите сакаат да го продадат Дејвид, тие сè уште бараат напаѓач со различни карактеристики од Коло Муани. Името на Александер Сорлот веќе долго време е на врвот на ...

Манчестер Јунајтед внимателно влече потези во овој преоден рок, трансфер пазар во кој фокусот беше ставен на засилувања на средината на теренот. По Андреј Сантош и Јури Тилеманс кои пристигнаа од Челси и Астон Вила, „црвените ѓаволи“ го доведоа Карлос Балеба, фудбалер кого го посакуваа и минатото лето. Јунајтед издвоија 65 милиони фунти, сума која може да дојде и до 70 со одредени бонуси, сума која е далеку помала од она што Брајтон го бараше ...

Џани Инфантино нема иднина во ФИФА, изјави претседателот на Европските фудбалски лиги (ЕЛ), Клаудиус Шафер, нагласувајќи ја важноста од реформирање на светското фудбалско тело и одговорност на неговиот претседател. Шафер, во интервју за „Атлетик“ објавено во средата, рече дека Организацијата на европските лиги, која претставува 35 лиги на континентот од Европската фудбалска унија (УЕФА), е длабоко загрижена од начинот на кој Инфантино ...

Шпанскиот фудбалски прволигаш Виљареал на својата официјална веб-страница објави дека го потпишал канадскиот играч од средниот ред Натан Салиба од Андерлехт. Дваесет и двегодишниот Канаѓанец потпиша договор до 2031 година. Салиба стана третиот Канаѓанец што се приклучи на шпанскиот тим, по напаѓачите Техон Бјукенан и Тани Олувасеји. Виљареал стана првиот клуб во петте најдобри европски лиги што имаше тројца канадски играчи во својот состав. ...

Фудбалерот на ПСЖ, Усман Дембеле, доби дозвола од раководството и тренерскиот штаб на клубот да земе отсуство до крајот на неделата, објави прес-службата на клубот од Париз. Причините за оваа одлука не се прецизирани. Дваесет и деветгодишниот Французин ќе се врати на тренинзите со тимот во понеделник, 31 август. Затоа, Дембеле ќе го пропушти гостинскиот натпревар од второто коло од француското првенство против Лил, кој ќе се одржи во петок, ...

Поранешниот фудбалер од средниот ред на Ливерпул и Манчестер сити, Рахим Стерлинг, се соочува со затворска казна до две години поради опасно возење, поседување азотен оксид и одбивање да се подложи на лекарски преглед, објавува „The Sun“. Според британскиот извор, 31-годишниот Англичанец веќе е обвинет според соодветните членови од тамошниот кривичен закон. Стерлинг играше за Феенорд до 1 јули 2026 година. Моментално е без тим. Неговата ...

Интер го обезбеди потписот на својот млад напаѓач, Франческо Пио Еспозито. Клубот од Милано постигна целосен договор за продолжување на соработката до 30 јуни 2031 година. Еспозито со своите настапи во изминатиот период го убеди раководството дека заслужува посебен статус во тимот, па „нероаѕурите“ решија да го наградат со нов договор. Неговиот досегашен договор беше со важност до 2030 година. Со продолжувањето значително ќе се подобрат и ...

Њукасл се одлучи да ја обнови екипата оваа лето, остана без значајни играчи, но и доведе доста нови имиња од кои последното доаѓа од Манчестер Сити. Нов член на клубот од „Сент Џејмс Парк“ е 24-годишниот Нико Гонзалес кој потпиша повеќегодишен договор. -Навистина сум среќен што сум тука во овој неверојатен клуб. Слушнав само најдобри зборови за клубот и градот, па затоа сум навистина возбуден што живеам тука и што сум дел од овој проект. Веќе ...

Македонија остана без учесник во Лигата на шампионите 2026/27, откако деновиве Елмас потпиша на позајмица од РБ Лајпциг во Аталанта, а вечерва последната скала од квалификациите не ја мина Никола Серафимов. Неговиот Левски Софија претрпе тежок пораз од 4-0 на гостувањето против АЕК Атина во реванш-натпреварот од плејоф-рундата. По првиот натпревар во Софија, кој заврши без голови (0-0), грчкиот тим целосно доминираше на домашен терен и го ...

Третото коло од англискиот Карабао куп подразбира вклучување и на екипите кои имаа најдобар пласман во Премиер лигата минатата сезона и на тој начин изборија и пласман во европските купови. Фановите со нетрпение ја очекуваа ждрепката за оваа рунда, по која стана јасно против кого ќе играат и најелитните и најамбициозните клубови, а најинтересната двојка дефинитивно е Ливерпул-Тотенхем. „Црвените“ ќе бидат фаворити и ќе играат на домашен ...

ФИБА ги објави четирите арени во кои ќе се одигра Светското првенство во кошарка во 2027 година. Јубилејниот 20. Мундобаскет ќе се одржи во Катар од 27 август до 12 септември. Натпреварите ќе се играат во „Ал Јануб Арена“ со капацитет од 8.200 гледачи, „Лусаил Арена“ со 15.227 места, „Ал Атија Арена“ која собира 8.600 гледачи и „Духаил Арена“ со капацитет од 5.500 места. Meet the World Cup venues! Four world-class arenas in Qatar are set to ...

Управата на Сандерленд направи изненадувачки потег и испрати понуда до Манчестер Сити за ангажман на Џек Грилиш на едногодишна позајмица. Клубот од североистокот на Англија сака да го засили тимот со искусниот офанзивец пред настапот во Лига Европа. Според предлогот, Манчестер Сити би продолжил да покрива дел од високата плата на 30-годишниот фудбалер. Во договорот би можела да биде вклучена и можност Сандерленд следното лето да го задржи ...

Норвешка живее фудбалска револуција, откако репрезентацијата дојде до четвртфиналето на СП, сега оваа земја ќе има два тима во главната фаза во Лигата на шампионите. По Боде/Глимт, место во главната фаза избори и Викинг. За екипата од Ставангер ова е најголемиот упспех во клупската историја. Покрај Викинг, пласман во ЛШ, вечерва изборија Фенербахче и АЕК од Атина. Викинг во плејофот го елиминира Динамо Загреб со вкупен резултат 5:3. Откако ...

Атински АЕК го прегази Левски со 4-0 и ќе игра во лигашкиот дел на Лигата на шампионите, уништувајќи ја надежта дека ќе имаме македонски играч во елитното европско натпреварување. Никола Серафимов одигра цел меч за Сините од Софија, но Левски беше разбиен, после само 29 минути беше 3-0 за АЕК (првиот меч заврши 0-0), и Грците ќе бидат дел од европскиот крем. Се слави и во Истанбул, Фенербахче после 18 години се враќа во ЛШ, благодарение на ...

Ситуацијата во Хонда и Астон Мартин од трка во трка изгледа сè подобро. По многу тешкиот почеток, во кој се појавија сомнежи околу брзината и сигурноста на болидот, тимот почна да покажува знаци на напредок. Фернандо Алонсо со одлично возење го освои деветтото место во Зандворт и му донесе на Астон Мартин важни два бода. Во пресрет на Големата награда на Холандија, претседателот на „Хонда Рејсинг корпорејшн“ (HRC), Коџи Ватанабе, зборуваше ...

Екипата на Фенербахче се избори за злато вредна победа кај Лион (1-2) во реванш плеј-офот на Лигата на шампионите, стигнувајќи до групната фаза на најсилното европско натпреварување. Турскиот гигант го доби двомечот со вкупен резултат 3-2. Ведат Муричи и Арчи Браун во петминутен „блицкриг“ донесоа двојна предност за Турците, а со овој резултат се замина и на паузата. Лион влезе многу посилно во вториот дел, намали на 1-2 преку Малик Фофана, а ...

Тотенхем доживеа потоп на отварањето на новата сезона во Премиер лигата и токму поради тоа се очекуваше соодветен одговор, реакција на вечерашниот меч против Чарлтон во Лига Купот, реакција до која дојде со оглед на остварената победа од 5-1. Мур и Соланке погодија во првиот дел, Дансо, Дејвис и Савињо во второто полувреме. Ова за Бразилецот беше деби во дресот на „петлите“, за 20 минути освен гол забележа и асистенција. ТУКА погледнете ги ...

Екипата на Реал Мадрид одигра одличен натпревар од второто коло на Примера, совладувајќи го секогаш незгодниот Реал Сосиедад со конечни 4-1 (1-1). Херој на „кралевите“ беше Килиан Мбапе, кој запиша хет-трик (еден гол во првото, и уште два во второто полувреме). Гостите пред паузата имаа егал-ситуација откако погоди Хрватот Лука Сучиќ, но потоа Реал не дозволи изненадувања и само го дотолчи протвникот. Мбапе стрелаше во 60. и 80. минута, а во ...

Шампионот на Македонија во Футсал, тимот на КМФ Проект вечерва во Грац (Австрија) стартуваше во прелиминарните квалификации со убедлив пораз.Имено домашниот состав на Грац славеше со 6:0. До крајот на турнирот КМФ Проект ќе одигра уште два меча, и тоа Врхника утре и во сабота против Макаби. Нашиот тим мечот го започна со Петровски, Мар.Тодоровски, Д,Јанев, Блажевски и Стојанов, а во записникот беа и Стојановски, Соколов, Димитриев, ...

Вечерва се одиграа последните четири меча од реваншите во плеј – офот во ЛШ. За жал, Никола Серафимов со неговиот Левски беа декласирани од АЕК во Атина со 4:0, па така нашиот репрезентативец нема да игра во Лигата на Шампионите сезонава туку во Лигата на Европа. Динамо Загреб по тие 2:2 на “Максимир“ минатата недела, вечерва повторно ги шокираше своите фанови откако беше поразен од Викинг на гости со 3:1.Тоа значи дека и хрватскиот гигант ...

Јаник Синер ќе мора да почека со враќањето на тенискиот терен, откако последните лекарски прегледи покажале дека сè уште не е подготвен ниту за тренинзи. Најдобриот тенисер во светот по новата контрола на десното колено добил препорака за целосен одмор од тениски активности најмалку до 6 септември. Италијанецот продолжува со рехабилитацијата поради повредата која веќе го спречи да настапи на САД Опен. Според италијанските медиуми, Синер нема ...

Комо и тренереот Цеск Фабрегас добија ново засилување - Вили Камбвала, откако клубот постигна договор со Виљареал за едногодишна позајмица на француско-конгоанскиот дефанзивец. Двете страни договориле и можност Комо да го откупи неговиот договор по истекот на позајмицата. Опцијата не е задолжителна, а според информациите сумата изнесува 10 милиони евра. За 22-годишниот стопер ова ќе биде ново поглавје во кариерата, но и можност да добие ...

Тотенхем без поголеми проблеми го мина Чарлтон и обезбеди пласман во третото коло од Карабао Купот, откако на домашен терен славеше со убедливи 5-1. Спарси одиграа одличен натпревар и уште во првото полувреме ја најавија високата победа. Мики Мур го отвори резултатот во 41. минута, а само неколку минути подоцна Доминик Соланке зголеми на 2-0. Тотенхем продолжи во ист ритам и по паузата, а Кевин Дансо погоди за 3-0 во 67. минута. До крајот ...

Манчестер јунајтед ќе мора да направи промени на својата натпреварувачка опрема, откако во премиерниот меч против Хал сити ги прекрши правилата на Премиер лигата. „Црвените ѓаволи“ на натпреварот настапија без задолжителниот амблем на Премиер лигата на ракавот, па пропустот ќе мора да биде коригиран пред следниот натпревар за клубот да ги исполни прописите. Причината е тоа што Манчестер јунајтед во меѓувреме остана без спонзор на левиот ...

Претседателот на Борусија Дортмунд, Ханс-Јоаким Вацке, го сподели своето мислење за изгледите на неговиот тим во новата сезона во Бундеслигата. Борусија му е главна конкуренција на Баерн Минхен, но борбата објективно е нерамноправна поради колосалната финансиска разлика во буџетите. „Да бидеме искрени: минатата сезона имавме одлична сезона во Бундеслигата и собравме 73 бода. Претходно, тоа ќе беше доволно за да ја освоиме шампионската ...

Црногорскиот Ловќен покажа дека големите спортисти и спортските легенди не се забораваат, без разлика на боите на клубот. На денешното гостување во Битола, прво за Ловќен по смртта на легендарниот Боро Чурлевски, ракометарите и членовите на стручниот штаб на црногорскиот тим му оддадоа посебна почит. Пред почетокот на натпреварот од Регионалната лига, сите членови на Ловќен излегоа на паркетот во бели маички со порака: „Боро Чурлевски, Битола ...

weather icon

Скопје

4ᴼ / 4ᴼ
1.03
75%
1026
weather icon

Белград

4ᴼ / 3ᴼ
1.54
77%
1027
weather icon

Загреб

8ᴼ / 4ᴼ
1.54
64%
1027
weather icon

Софија

2ᴼ / 1ᴼ
1.54
85%
1026
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
0.47
84%
1028
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
0.51
87%
1027
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
3.13
63%
1025
weather icon

Тирана

14ᴼ / 13ᴼ
1.54
71%
1022
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
71%
1023
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 6ᴼ
5.14
61%
1030
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 3ᴼ
0.89
62%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.66
87%
1027
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Сребро

1670.34

Платина

49319.25

Бакар

12.58

Иридиум

315077.32

Калај

46.54

Кобалт

33.53

Рутениум

61086.42

Паладиум

32279.35

Цинк

3.76

Родиум

295786.87

Злато

130856.75

Алуминиум

3.07