Скопје
10ᴼ /
10ᴼ
Спортот е во главна улога на големото ракометно дерби меѓу Пелистер и Вардар, но битолчани не заборавија да ја одбележат најголемата трагедија во поновата историја на Македонија, оддавајќи им почит на жртвите во страшниот пожар во Кочани што се случи на 16 март 2025 година. „Чкембари“ навиваат одлично, а уште пред почетокот на дербито на трибината на битолските фанови можеше да се забележи и транспарент: Една година Кочани – непребол. ...
Екипата на Тиквеш забележа победа над Бутел Скопје (25-20) во мечот од второто коло од плеј-офот во машката ракометна Суперлига, во меч во кој домаќинот доминираше и заслужено ги освои бодовите. Победата Тиквеш ја најави уште на полувремето кога водеше со 16-10. Сите дилеми кои постоеја беа решени на стартот на вториот дел кога екипата на Кристијан Грчевски се разигра и замина на високи девет гола разлика (20-11). Најдобар стрелец кај Тиквеш ...
Фудбалерите на Комо продолжуваат со одличните настапи во Серија А каде вечерва остварија славје над еден од директните ривали за позицијата која води во Лигата на шампионите, тимот на Рома. Имено избраниците на Фабрегас славеа со 2-1 со пресврт во второто полувреме. Домаќините беа подобар, поконкретен ривал во двете полувремиња, но потребно беше време да ја „избришат“ негативата која беше активна од 7 минута кога Мален го реализираше ударот ...
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ нема да се натпреварува на Мастерсот во Мајами, објавија странските медиуми. Српскиот тенисер го заврши турнирот во Индијан Велс со пораз во осминафиналето. По натпреварот со Џек Дрејпер, тој зборуваше за проблеми со стомакот и дишењето. Но, за време на турнирот беше јасно дека има проблеми и со раката, бидејќи постојано се жалеше на тимот за својот сервис. Причината за неговото повлекување од Мајами, кој ќе се ...
Катастрофалната сезона на Ливерпул го допре дното откако „црвените“ вечерва ремизираа 1-1 на домашен терен против Тотенхем, тимот што е во најслаба форма во Премиер-лигата во 2026 година, а згора на тоа на „Енфилд“ дојде без дури 13 повредени фудбалери. Арне Слот реши да експериментира и да ги одмори Салах, Екитике, Керкез, Конате… но и во таква ситуација Ливерпул имаше предност со евроголот на Собослаи од слободен удар. Гакпо го погоди ...
Екипата на Ливерпул долго имаше минимална предност над Тотенхем во натпреварот од триесеттото коло на англиската Премиер лига, но на крајот мораше да се помири со реми (1-1), испуштајќи добра можност да се искачи на четвртата позиција на табелата. Херој на гостинскиот тим беше Ричарлисон, кој го постави конечниот резултат во последната минута од регуларното време. Ливерпул во првото полувреме имаше добар ритам и дојде до предност со голот на ...
Денеска наместо да збориме за играта на теренот на првото од двата дерби натпревари викендов, за жал главна тема се судиите на мечот помеѓу ГРК Охрид и Алкалоид. Ждрепката, која треба да се преиспита како момент, за овој натпревар посака да биде поставен судиски пар, кој за жал не е на нивото за вакви пресметки. Мечот го одбележаа бројни грешки, кои не се дозволиви. Алкалоид синоќа преку соопштение потврди дека и официјално испрати жалба за ...
Игор Тудор со Тотенхем, по четири порази (три во Премиер лигата, еден во Лигата на шампионите), успеа да о освои првиот бод. Вечерва на „Енфилд“, Ливерпул и Тптенхем одиграа 1:1. Ливерпул не ја искористи шансата да ја престигне Астон Вила на четвртото место, остата на петтата позиција со 49 поени, додека Тотенхем е на 16-то место со 30 бодови. Се започна добро за навивачите на „Енфилд“, бидејќи Доминик Собослај покажа во 18-та минута дека е ...
Кога си убеден дека сите ќелави луѓе изгледаат исто… 😂 Игор Тудор тргна на „голема средба“ со Арне Слот, но наместо менаџерот на Ливерпул, изгушка обичен вработен во стручниот штаб. Игор, не е секој што сјае на сонцето е Арне Слот! 👨🦲✨ Igor Tudor thought this random bald man was Slot 😭😭😭pic.twitter.com/lyaxwapxib — Anfield Edition | æ (@AnfieldEdition) March 15, 2026 Кога си убеден дека сите ќелави луѓе изгледаат исто… 😂 Игор Тудор ...
Екипата на Вардар 1961 остана без важен играч во ростерот против Еурофарм Пелистер, затоа што рано поцрвене Урош Митровиќ. Србинот во осмата минута при обид да го запре младиот Атанасијевиќ удри во лицето на македонскиот ракометар. Судиите Николовски и Металари гледаа ВАР за контактот, а по прегледувањето на снимката решија да му дадат црвен картон на ракометарот на црвено-црните. Екипата на Вардар 1961 остана без важен играч во ростерот ...
Игор Тудор ќе остане запаметен во англискиот фудбал по се, освен по своите тренерски квалитети. Неколку дена откако беше „распнат“ од јавноста поради третманот на голманот Кински, Хрватот повторно се најде во центарот на вниманието, овојпат пред дуелот со Ливерпул на „Енфилд“. Имено, пред почетокот на дуелот Тудор му пријде од зад грб на еден „ќелавко“ пред клупата на Ливерпул, за да се поздрави со Арне Слот. Само што… тоа не беше Слот, туку ...
Тешката повреда на Карлик Џонс и неговото долго неиграње се смета за главна причина за катастрофалните игри на Партизан кои придонесоа Жељко Обрадовиќ да го напушти кормилото на „црно-белите“. Одличниот плејмејкер во меѓувреме се врати на терените и ја презеде лидерската улога во екипата, а по денешниот триумф над Цедевита Олимпија во АБА-лигата Џонс доби интересно прашање – да каже која е разликата меѓу поранешниот и сегашниот тренр на ...
Шангај, 15 март 2026 (МИА) – Деветнаесетгодишниот Италијанец, Кими Антонели ја освои Големата награда на Кина. Возачот на Мерцедес, утрово во Шангај ја оствари својата прва победа во шампионатот во Формула 1. Неговиот колега од Мерцедес, Џорџ Расел заврши втор, додека возачот на Ферари, Луис Хамилтон го освои третото место. Возачите на Мекларен, Ландо Норис и Оскар Пјастри се откажаа од трката уште пред стартот, додека четирикратниот светски ...
Гостинска статија на Димитрие Маневски Во неделата зад нас Сараево беше во центарот на вниманието на светската билијард јавност, бидејќи во рамките на Светската Билијард Турнеја се одржуваше Европското отворено првенство 2026. Како дел од професионалната турнеја организирана од „Matchroom Pool“, на главните настани се одржуваат и турнири во јуниорска конкуренција на кои младите надежи на спортот од сите делови на светот имаат можност ...
Не стивнуваат реакциите по дерби натпреварот помеѓу Охрид и Алкалоид одигран вчера во салата „Билјанини извори“ кој заврши без победник 27:27. Гостинскиот тим поднесе официјална жалба до Ракометната за судењето на мечот кое според нив било крајно неконзистентно. Станува збор за натпревар од исклучително значење во плејоф фазата, дерби кое имаше резултатска тежина, натпреварувачки набој и големо влијание врз понатамошниот тек на првенството. ...
Возбудливи натпревари донесе 13. коло во Третата фудбалска лига – Запад, во кое беа постигнати многу голови, а лидерот Камењане продолжи со сигурни настапи на врвот на табелата. Еден од натпреварите од ова коло беше одигран вчера, додека останатите дуели се играа денеска. Најубедливата победа во колото ја оствари Камењане, кој на домашен терен ја совлада екипата на Дрита 94 со убедливи 6:1, потврдувајќи ја одличната форма и амбициите за ...
Фудбалерите на Барселона славеа победа над Севилја со 5:2, во 28-то коло. Барселона ја задржа предноста од четири бода во однос на Реал Мадрид. За прв пат по долго време, Барса оствари 14 последователни победи на домашен терен. Барселона до 20-та минута водеше со 2:0. Двоен стрелец со удари од белата точка беше Рафиња. Уште еден гол во првиот дел за Барселона постигна Олмо, а во третата минута од надополнувањето на времето, Осо намали на ...
Трите бодови останаа во Битола – Топ Гол ја доби дерби пресметката за опстанок со Кочани, откако славеше пред својата публика со 2:1 во натпревар од 18. коло на Првата женска фудбалска лига. Натпреварот во целост беше неизвесен, возбудлив и сосема очекувано со претпазливост во самата игра од страна на двете екипи со оглед дека влогот од истиот за трите бодови беше голем. Без голови заврши првиот дел од натпреварот во Битола, откако мрежите ...
Барселона оствари убедлива победа над Севилја од 5-2 во вториот натпревар од денешната програма од 28. коло во шпанската Примера. Каталонците беа понижени од денешниот ривал на првата сезонска пресметка (4-1), па денеска и се реваншираа на Севилја која на крајот може и да биде среќна што „Камп Ноу“ го напушта со минус од три гола. Гостите во финишот, судиските продолжение на двете полувремиња ја искористија заспаноста, опуштеноста на ...
Необична сцена се случи во самата завршница од натпревар на турскиот клуб Коџаелиспор, кога тренерот на екипата Селчук Инан реагираше бурно по досуден пенал за противникот Коњаспор во 92. минута. Во момент кога судијата покажа на белата точка, тренерот на Коџаелиспор одлучи да испрати јасна порака на протест. Тој им нареди на сите членови од резервната клупа веднаш да го напуштат теренот и да се упатат кон соблекувалната и ги туркаше кон ...
Денеска се одиграа натпреварите од 16. коло во Третата фудбалска лига – Југ, во кое беа постигнати многу голови и неколку убедливи победи, а трката за врвот останува исклучително интересна. Најубедливата победа во ова коло ја оствари Венец, кој на домашен терен го декласираше Влазними Јуниор со убедливи 7:0, демонстрирајќи целосна доминација во текот на целиот натпревар. Ефикасен беше и тимот на Ултрас, кој со убедливи 5:0 ја совлада екипата ...
Барселона оствари убедлива победа над Севиља со 5-2 во натпревар од 28. коло на Ла Лига и дополнително ја зацврсти лидерската позиција на табелата во шпанското првенство. Тимот на Ханси Флик останува на плус четири бода во однос на најблискиот следбеник Реал Мадрид. Каталонскиот тим рано го наметна своето темпо и веќе во деветтата минута доби можност да поведе од белата точка. Пеналот беше досуден по прекршок на Џибрил Соу, а одговорноста ја ...
Натпреварот во Кавадарци започна одлично за домашната екипа, која уште во првата посериозна акција стигна до водство. По брзиот продор по десната страна, Лавал со прецизен удар со глава ја смести топката во мрежата на гостите од Скопје. Веднаш потоа, Лусиано успеа да продре во шеснаесетникот на Шкупи, но неговиот обид беше запрен од гостинскиот голман. Набрзо потоа, голманот Муслиу повторно беше на висина на задачата, спасувајќи го ударот на ...
Очекувано, лесно и убедливо. Ова е накусо како тоа Барса попладнево на свој терен во меч од 28.коло во Ла Лига, успеа да слави против Севиља и тоа со 5:1.Па така каталонската гордост повторно има +4 бода пред вториот Реал Мадрид. Веќе во 20.минута беше 2:0 со двата гола на Рафиња и двата од пенал. Ова ретко се случува Барса да добие два пенали во првите 20 минути. Се чини дека и тука се реши победникот на овој меч. Потоа тимот на Ханси Флик ...
Лидерот Камјани забележа сигурена и убедлива победа од 0:3 над Доброшти во гости, а во рамките на 13-тата рунда на Трета лига -Запад. Даут Даути го отвори резултатот во 26. минута, а во 40. минута Ветон Бафтиари погоди за 2:0 на полувреме. Во вториот дел конечниот резултат го постави Хузри Џемаили. Влазерими однесе убедлива победа откако со 6:0 на домашен терен го декласираше некогашниот прволигаш Ренова од Џепчиште. Во првиот дел стрелци беа ...
Во Пржино нема бодови – лидерот Скопје забележа победа од 2:0 над Каменица Саса и чекори сигурно кон освојување на титулата во Првата женска фудбалска лига. Мечот од 18. коло го решија Емили Митковска која погоди во 27. минута и Рабија Дервиши која стрелаше во 61. минута. Трите бодови останаа во Струмица, откако Тиверија Брера со 3:0 славеше над струшки Ас Јунајтед. Резултатот беше отворен по десеттина минути игра на теренот со вештачка трева ...
Њукасл се избори за победа на незгодното гостување во Лондон кај Челси (1-0) и со тоа најави подобри резултати во Премиер лигата до крајот на сезонава. Човек на одлука беше Ентони Гордон и токму офанзивецот се одлучи да одговори на јавните прозивки, критики кои легендите Алан Ширер и Вејн Руни ги испратија на негова адреса пред мечот со Барселона во Лигата на шампионите. -Обично не сакам да разјаснувам работи бидејќи не се грижам премногу, но ...
Во попладневниот термин од Серија А денешните мечеви, екипата на Пиза триумфираше на домашен терен против Каљари со 3:1. Морео и Карачиоло на два пати беа творци на победата, додека конечниот резултат го постави Паволети. Од друга страна пак, Сасуоло направи кикс откако загуби пред своите симпатизери со 0:1 од Болоља. Единствен стрелец на овој меч беше Далинга уште во шестата минута од мечот, а потоа резултатот повеќе не се промени. Во ...
Манчестер Јунајтед со одлична игра го совлада тимот на Астон Вила со 3-1, уште еден дуел на кој Бруно Фернандеш ја потврди својата важност за играта на „црвените ѓаволи“. Капитенот не се запиша меѓу стрелците, но имаше две успешни асистенции, со што стана апсолутен рекордер по бројот на асистенции во дресот на Јунајтед во една премиерлигашка сезона. Овој рекорд 26 години беше сопственост на легендарниот Дејвид Бекам, кој имаше 15 асистенции ...
Тетовци до трите бода стигнаа благодарение на Бесарт Ибраими, кој го постигна единствениот гол на средбата во 18. минута. Искусниот напаѓач од околу 20 метри испрати прецизен удар и го совлада голманот Ислами. Домашниот тим имаше поголема контрола во текот на натпреварот и создаде уште неколку обиди. Арсими во текот на средбата не создаде посериозна шанса за израмнување. Со оваа победа Шкендија останува во трката за врвот и има три бода ...