Скопје
18ᴼ /
18ᴼ
На Евертон му е наредено да плати 35 милиони фунти (40 милиони евра) отштета на Барнли за кршење на Правилата за профитабилност и одржливост (PSR), а клубот од Гудисон Парк реагираше со негодување и најави жалба. Независен панел од Премиер лигата пресуди дека кршењето на финансиските правила од страна на Евертон во сезоната 2021/22 придонело за испаѓањето на Барнли од лигата. Клубот издаде соопштение во среда попладне во кое јасно ја наведува ...
Непријатни сцени ја одбележаа атмосферата во пресрет на Светското првенство, откако дел од мексиканските навивачи упатиле навреди кон капитенот на Јужна Кореја, Хеунг Мин Сон. Според информациите, навредите биле насочени кон корејскиот лидер за време на јавен тренинг и појавување пред медиумите, при што дел од навивачите го исвиркувале и упатувале провокации на негова сметка. И покрај непријатната ситуација, Сон не реагирал на провокациите и ...
Големата италијанска оперска звезда, и еден од најголемите во својата бранша, Андреа Бочели, ќе биде дел од церемонијата на отворањето на претстојниот Мундијал во САД, Мекиско и Канада, кој што започнува утре со премиерниот дуел Мексико и Јужна Африка. Покрај Бочели на отворањето ќе се појават и Дејвид Гета, светски познатиот ди џеј кој што патем летово ќе гостува и во Скопје, потоа EJAE, ултра популарната пејачка од корејско потекло како и ...
За пет години колку што настапуваше во Леванте во шпанската Ла Лига, Енис Барди остави неизбришлива трага. Македонскиот интернационалец постигна многу убави голови, бележеше одлични настапи во Шпанија. Енис Барди се најде во осамено друштво со легендарниот Лионел Меси. Двајцата се единствени кои од 2015 година па наваму постигнале најмалку пет голови од слободни удари во најдобрите пет првенства во Европа. На Енис Барди тоа му успеа во ...
Силен дожд го поплави теренот на стадионот во Орландо и во моментов неизвесно е дали средбата воопшто ќе се игра. Мечот требаше да почне во 22 часот, но невремето ги поремети плановите, и според најновите информации, нема да почне пред 23. За Англија ова треба да биде генерална проба пред СП, а на потешкиот начин се запознаа и со потенцијалните проблеми и опасности кои ги носат играњето во Флорида во овој период од годината. Освен дожд и ...
Омар Артан, судијата од Сомалија кој деновиве стана светска вест откако беше запрен на аеродромот во Мајами, добил забрана за влез во САД поради сомнежи за врски со членови на терористичка организација. Така тврдат американските власти, кои првпат ја објаснија причината за инцидентот што предизвика реакции и во фудбалската јавност и во Сомалија. Артан во понеделникот бил задржан на аеродромот во Мајами и покрај тоа што поседувал дипломатски ...
Македонија и оваа година ќе има свој претставник во Лигата на шампионите на ЦЕВ. Новиот одбојкарски шампион на Македонија во машка конкуренција, Штип УГД, денеска и официјално донесе одлука да го пријави своето учество во најсилното европско натпреварување. Овој потег на управата на штипјани само потврдува дека градот и клупското раководство сериозно ја сфатија задачаа за продолжување на патот на овој колектив, кој по историската домашна ...
Словенечкиот тренер со македонско потекло Оливер Богатинов, е назначен за нов тренер на Тиквеш. Кавадаречкиот клуб му ја довери довербата на Богатинов, кому ова му е прв предизвик во македонски клуб. Роден во Јесенице во 1978 година, последен клуб му бил Горица, а претходно ги водеше Копер, Радомље, Алуминиј, Мура и Изола. Исто и играчката кариера ја мина во Словенија, а настапуваше и за младинските селекции на оваа земја. Во 2020 година беше ...
Партизан го одбрани домашниот терен против Дубаи и со победа од 84-70 се избори за четврти меч во финалето на АБА лигата. И тој четврти дуел ќе се игра во Белград, и тоа задутре, а евентуалната мајсторка би се играла во вторник на 16-ти јуни во Дубаи. Црно-белите после двата порази на гостински терен, покажаа друго лице пред речиси 12.000 свои фанови и веднаш уште во првата четвтина покажаа решеност да триумфираат. На крај, кога и Дубаи да ...
Аргентинецот Маркос Сенеси е првото летно засилување за премиерлигашот Тотенхем, јави лондонскиот клуб. Стоперот пристигнува од редовите на Борнмут, каде со голем успех настапуваше изминатите четири години. Во Тотенхем ќе го носи дресот со бројот пет. Договорот е веќе потпишан, а играчот ќе му се приклучи на новиот клуб на први јули. Сенеси ја започна кариерата во Сан Лоренцо, а потоа настапуваше и за холандскиот Феенорд. Во дресот на ...
Партизан на трогателен начин му оддаде почит на прерано починатиот спортски коментатор Един Авдиќ пред почетокот на финалниот натпревар од АБА лигата против Дубаи. Во белградската арена владееше емотивна атмосфера додека „црно-белите“ се потсетуваа на човекот кој со години беше препознатлив глас на регионалната кошарка и уживаше голем респект меѓу навивачите, играчите и спортската јавност. На покана на клубот, на натпреварот присуствуваа ...
Домаќините на Мундијалот 2026 влегуваат во турнирот со најголема можна предност и најопасен можен товар: трибините ќе бидат нивни, стадионите ќе бидат полни со нивни навивачи, но историјата на Светските првенства одамна покажа дека домашниот терен може да биде крило, но и камен околу вратот. Мексико, Соединетите Американски Држави и Канада ќе бидат центарот на фудбалскиот свет од 11 јуни до 19 јули. Ова ќе биде најголемото Светско првенство ...
Групата И, во која ќе играат Франција, Норвешка, Сенегал и Ирак, важи можеби за најсилна група на Светското првенство и битката за првите три места ќе биде интересна. Секако, Франција е прв фаворит, светските шампиони од 1998 и 2018 година имаат моќен состав со ѕвезди како Мбапе, Дембеле, Дуе, Баркола, Олисе во нападот, а Салиба, Упамекано, Кунде, Конате, браќата Ернандес во одбраната. Некако средниот ред е најтенок, но таму се Чуамени, ...
Алесандро Бастони ќе продолжи да ги брани боите на Интер и во наредната сезона откако одличниот дефанзивец ги одбил понудите што ги доби уште пред самиот почеток на овој преоден рок. Италијанскиот репрезентативец беше голема желба на Барселона, во трката на почетокот од овој месец се вклучи и Реал Мадрид, но неговиот агент Тулио Тинти јасно стави до знаење дека дефанзивецот нема да ги менува клупските бои летово. „Разговарав со Интер, но тема ...
Норвешка учествува на Светското првенство во фудбал за прв пат од 1998 година наваму, а Скандинавците го сфатија своето учество ептен сериозно, толку многу што буквално донесоа тон храна со себе. Норвежаните со себе во Америка зеле дури 300 килограми риба, 116 килограми традиционално норвешко сирење, а со себе носат и над 6.000 портокали. Сето тоа било доставено во нивниот камп во Гринсборо, Северна Каролина. За сето ова е одговорен Арон ...
Македонските сениорски ракометни репрезентативци денеска ги добија противниците во првата фаза на СП 2027, а нешто подоцна е потврден и распоредот на натпревари во овој дел од мундијалот. Македонија ќе го отвори настапот со соочување со Јапонија, селекција против која мора да го потврдиме нашето ракометно реноме и со тоа да дојдеме до важни бодови во групата. Натпреварот со незгодната азиска селекција е закажан за 15. јануари, а истиот ден ...
Предводникот на македонскиот фудбал, Масар Омерагиќ, на денешниот брифинг со новинарите откри и дека челниците на Шкендија Тетово одбиле финансиска помош од ФФМ. Тетовци добиле понуда што ретко кој клуб би ја одбил во делот на опремувањето на стадионот кој се реновира веќе извесен период, но решиле да не ја прифатат од причини кои не ги навеле. „Ние имавме средба со луѓе од Шкендија на која тие одбија финансиска помош за стадионот од 700.000 ...
Четвртиот натпревар од големото НБА-финале, кој се игра вечерва во Њујорк, нема ништо да одлучи, но може во голема мера да најави во кој правец ќе се одвива битката за титулата. Ако победи домашниот тим Никс, ќе поведе со 3-1 и ќе дојде на чекор од првата титула по пауза од 53 години. Ако победи Сан Антонио спарс, со 2-2 ќе се врати дома, што би било супер ако се знае дека губеа 0-2, и психолошката предност во продолжението на серијата ќе ...
Фудбалските фанови се подготвуваат за стартот на Светското првенство, а новиот формат и временските услови во земјите каде ќе се играат натпреварите се дополнителен предизвик за репрезентациите учесници на мундијалот. „Би-Би-Си“ направи мини анкета меѓу своите стручни коментатори околу нивните фаворити за победа на престижниот турнир, а кај најголем дел од нив се истакнуваат две имиња. Едната очекувано е Англија бидејќи дел веруваат или ...
Вештачката интелигенција предвиде дека Германија и Аргентина ќе играат во финалето на Светското првенство и дека Аргентинците на крајот ќе победат со резултат од 2:1, според истражувањето на новинарите на „Еуроњуз“. „Еуроњуз“ на германски денес пишува дека новинарите се добро запознаени со распоредот на натпреварите, методот на ФИФА за влечење ждрепка, правилата за испаѓање на третопласираните екипи во групната фаза и сите 495 можни ...
Искусниот словенечки судија, Славко Винчиќ, ќе ја дели правдата на натпреварот од Светското првенство помеѓу Бразил и Мароко, соопшти ФИФА. Негови помошници ќе бидат Томаж Кланчник и Андраж Ковачич, а четврти судија ќе биде Швајцарецот Сандро Шерер. Натпреварот помеѓу Бразил и Мароко е закажан за ноќта помеѓу сабота и недела, а почетокот е точно на полноќ по македонско време. Вториот меч во групата Ц, помеѓу Шкотска и Хаити му прупадна на ...
Светското првенство во фудбал пристигнува со нова димензија! Најголемиот Мундијал во историјата ќе донесе незаборавни натпревари, нови херои и спектакуларни моменти од трите земји домаќини – Канада, Мексико и САД. Следете нè секој ден за анализи, приказни и сè што треба да знаете за патот кон светскиот фудбалски трон! Продолжуваме со презентација на учесниците на шампионатот, следна е Групата И, во која настапуваат европските бомбардери ...
Тотенхем планира да ја остави зад себе разочарувачката сезона во која едвај обезбеди опстанок, па лондонскиот клуб работи напорно на пазарот за да осигура што поквалитетни засилувања за 2026/27. „Спарси“ денеска го претставија и второто големо засилување, откако по Енди Робертсон од Ливерпул, нов член на Тотенхем од денеска е и Маркос Сенеси, аргентинскиот дефанзивец кој пристигнува од редовите на Борнмут. Сенеси, исто како и Робертсон, доаѓа ...
После ждрепката во Минхен каде беше одредено дека Македонија ќе биде дел од групата Х на ракометното Светско првенство во Германија, стана јасно и по кој распоред ќе играме и потоа со кого би вкрстиле и каде. Македонија ќе игра во салата „ГЕТЕК“ (капацитет од 8.071 седишта) во Магдебург, град кој е на околу 150 километри од Берлин, и исто толку до Хановер, каде многу извесно дека би играле во втората фаза ако бидеме на едно од првите три ...
Македонија беше извлечена во групата Х за претстојното Светско првенство што ќе се одржи во Германија, а нашите ракометари првите три средби на шампионатот ќе ги играат во Магдебург против селекциите на Исланд, Бахреин и Јапонија. Веќе е познат и првичниот распоред, според кој наш прв противник на овој ракометен мундијал ќе биде селекцијата на Јапонија, дуел закажан за 15 јануари. Два дена подоцна, на 17 јануари наш противник ќе биде Бахреин, ...
Македонија од вториот шешир ќе биде влечена во денешната ждрепка, а тоа значи дека нема да играме против Франција, Словенија, Норвешка, Србија, Шпанија, Италија и Фарски Острови. Овие земји се исто така во вториот барабан. Шешир 1: Данска, Германија, Хрватска, Исланд, Португалија, Шведска, Египет, Аргентина Шешир 2: Франција, Словенија, Норвешка, Србија, Шпанија, Италија, Фарски Острови, Македонија Шешир 3: Грција, Полска, Бразил, Бахреин, ...
Машката ракометна репрезентација на Македонија ќе настапи во Групата Х на Светското првенство 2027, коja ќе се игра во германскиот град Магдебург. Избраниците на селекторот Кирил Лазаров ќе се соочат со селекциите на Исланд, Бахреин и Јапонија во првата фаза од натпреварувањето. Станува збор за интересна и предизвикувачка група во која Македонија ќе се обиде да избори место во главната рунда. Доколку македонските ракометари успеат да ја минат ...
Македонската машка ракометна репрезентација ќе го започне настапот на Светското првенство 2027 со дуел против Јапонија, согласно официјалниот распоред на натпреварите во Групата Х. Сите средби од групата ќе се играат во арената „ГЕТЕК Арена“ во Магдебург, еден од домаќините на мундијалот во Германија. Избраниците на македонскиот селектор Лазаров првиот натпревар ќе го одиграат на 15 јануари против Јапонија, а два дена подоцна ќе се соочат со ...
Новиот менаџер на Челзи, Чаби Алонсо, побарал од клупските челници да се обидат да го реализираат трансферот на Арда Гулер. Наводно Челзи, до Реал Мадрид ќе испрати понуда од 115 милиони евра. Чаби Алонсо има желба повторно да соработува со 21-годишниот турски репрезентативец. „Челзи подготвува понуда од 100 милиони фунти (115 милиони евра) за играчот од средниот ред на Реал, Арда Гулер. Тоа е експресно барање на Чаби Алонсо“, објавија ...
Ракометната репрезентација на Македонија ја очекува уште еден голем настан, тоа е Светското првенство (СП) во Германија. Нашиот национален тим на ждрепката во Минхен ги доби ривалите во групната фаза. На десеттиот планетарен собир во низа, Македонија беше во вториот шешир, а ждрепката посака таа да се најде во групата заедно со Исланд, Бахреин и Јапонија која ќе се игра во Магдебург. Група А (Минхен): Германија, Србија, Тунис, Уругвај Група Б ...