Неодамна на нашиот официјален инстаграм-профил @slobodenpecat, сосема спонтано и автентично – на ваше барање, а на наше задоволство – започнавме иницијатива за поголема видливост на традиционалните медиуми преку понуда за читање весници во македонските угостителски објекти. Препорачано Еден од повеќето угостителски објекти кои ни се приклучија на иницијативата е култниот маалски „Добар“ – бар кој не се рекламира гласно, но секогаш го имате на ...

Милан Темелкоски е етаблирано фотографско име од Прилеп, роден во 1953 година. Пензиониран е, но не и од фотографијата – страст што ја негува повеќе децении. Неговото име е длабоко врежано во македонската фотографска сцена, посебно преку неговата работа во Институтот за старословенска култура – Прилеп и преку долгорочната и плодна соработка со Народниот театар „Војдан Чернодрински“ и истоимениот фестивал.. Изложбата на Милан Темелкоски носи ...

Во рамките на манифестацијата „Книга во секој дом“, утре, во книжарницата на „Матица македонска“ на Булеварот на книгите „Св. Климент Охридски“, со почеток во 12 часот ќе се одржи промоција на новиот хумористичен роман на Трајче Кацаров „Романот за Чарли Офтика – Туркачот“. Роман во кој комичните ситуации, градени преку ликовите предадени на емпатијата, љубовта, љубомората, зависта, се нижат како на филмска лента, веродостојно и нужно, притоа ...

Со офф-програма во Битола вечер почнува фестивалот 11. Виолин фест, додека главниот концерт ќе се одржи утре во Камерната сала на Македонската филхармонија во Скопје. Во Битола утре ќе се одржи и Јавен час, како и презентација на фестивалот во Музичкото училиште, додека за 12 мај, в недела, е закажан концерт во Офицерскиот дом со настапи на млади виолинисти од музичките училишта од Битола, Прилеп и Охрид. Како што наведува Македонската ...

21 часот во Ла Кања во Скопје Putan Club повторно во Скопје. По нивниот незаборавен лански концерт, еве уште една ретка можност да се доживее оваа атипична реалност на светскиот музички андерграунд. Екстремен пример за бестрашен отпор кон нашите апатични времиња, се вели во најавата на организаторите Канал 103. „Putan Club (Франција/Италија) е ентитет посветен на вечно движење, способен да помине илјадници километри низ светот и да отсвири 150 ...

Струга, 7 мај 2025 (МИА) - Во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга на 14 мај премиерно ќе биде прикажан филмот „Сите го викаат Реџо“, проект на режисерот Ибер Деари. Сценариото е на Деари, во соработка со Артин Селмани. Играат актерите: Африм Мучај, Адријана Матоши, Ледион Мулаку, Адем Карага, Бујар Ахмети и други. Филмот е на албански јазик, со македонски превод. Настанот на филмот, како што соопшти Центарот за култура, се одвива ...

Циклусот на книжевни резиденции за 2025 во Скопје во организација на издавачката куќа „Готен“, поддржана од европската мрежа за превод и книги „Традуки“, започнува со престојот на преведувачот Ивица Баковиќ во текот на месец мај. Ивица Баковиќ (1982) дипломирал кроатистика и славистика на Филозофски факултет во Загреб, каде што и докторирал во 2013 година. На истиот Факултет работи како доцент на Отсекот за јужнословенски јазици и книжевности ...

Во познатата њујоршка населба се наоѓа луксузната куќа во која се снимаше филмот „Ѓаволот носи Прада“ (The Devil Wears Prada), каде што живееше уредничката Миранда Пристли, лик што го толкуваше Мерил Стрип. Куќата е продадена за 27,5 милиони долари. Препорачано Станува збор за една од најголемите семејни вили кои се дел од „златниот период“ на њујоршката историја. Се наоѓа на Менхетен, а изградена е во 1906 година според проект на архитектот ...

На Саемот на книгата 2025 (штанд на Антолог), меѓу сјајните корици и новите романи, ќе ја најдете една поинаква книга, полна со шепоти од ѕидовите покрај кои секојдневно минуваме, ама ретко ги погледнуваме. „Ѕидови што зборуваат: графити приказни од скопските улици“ од Берт Стајн е документ, исповед, и урбана архива – сè во едно. Ова не е студија за уметноста. Ниту обид за официјална историја на скопските графити. Оваа книга е интимен дневник на ...

Туризмот не треба да го гледаме само како извор на девизен прилив, туку како можност за регионален развој, креативна економија и долгорочна меѓународна присутност. Оваа индустрија има извонреден потенцијал за поддршка на локалниот економски развој, особено кога ќе се интегрира со руралниот напредок, културните активности и дигиталната експанзија. Ова налага потреба од јасна стратегија за развој на локалните туристички активности, инвестирање во ...

Пејачот Мартинијан Кириловски при неговото гостивуње во емисијата „Седмо небо“ на Канал 5 телевизија рече дека до крајот на годината очекува да издаде уште една песна. Имено, гостувањето на Кириловски во емисијата „Седмо небо“ беше по повод неговата нова песна под наслов „Удри ме“ која што беше промовирана на јутјуб каналот од Кириловски пред околу три седмици. Кириловски покрај новата песна зборуваше и за тоа дека до крајот на годинава очекува ...

Изминатиов период екипа студенти и млади ентузијасти работат на нов фанзин „Ефимин“ кој опфаќа тековни прашања поврзани со култура и уметност. Младите во четврток (утре, 8 мај) прават прва официјална промоција на вториот број односно третото издание. Најавени се низа активности во „Лабораториум“ што ќе започнат во 17:30 часот со џемање – загревање со тимот на фанзинот. Потоа, меѓу другото, ќе има мини панел за историјата на фанзинот во ...

На 10 мај, Лабораториум се претвора во целосно потопувачко киберпанк искуство какво што до сега не се случило во Македонија. Настанот „Киберпанк: Преживување Дистопија“ не е само журка — туку симулација на свет на отпор, технологија, ритам и надеж. Препорачано Секој што ќе влезе, станува дел од базата на отпорот – наречена „Надежта е револуција“ – место каде што музиката, заедништвото и акцијата се оружје против дистопискиот систем што нè ...

На македонската музичка естрада секогаш има место за нови и млади музички имиња, a тоа oсобено е потребно последниве неколку години. Ново лице кое со сигурност ќе го гледате и слушате во иднина е младиот и талентиран пејач Филип Александровски, кој денеска ја објави својата прва песна со наслов „Заблуда”. Без разлика што е млад и допрва почнува да чекори на нашата музичка сцена, за тоа на кого да ја довери својата прва песна, воопшто не ...

Со суперлативи за неговите човечки, другарски и музички квалитети, со музички времеплов во 1990-тите, македонската естрада, пријатели и роднини денеска се простија од Тоше Поп-Симонов, легендарниот музичар, композитор, продуцент, аранжер и снимател, кој почина минатиот месец на 62 години. На комеморацијата во кино Фросина во Младински културен центар во Скопје често можеше да се чуе епитетот гениј, а Дарио Панковски можеби најдобро го долови ...

Богата програма, големи попусти, распродажба, средби со автори и книжевни забави најавија од издавачкиот центар „Три“ за 37. издание на Саемот на книгата, кое започнува на 8 мај, а ќе трае до 14. месецов. – На овој Саем на книгата, на штандот ќе ве пречекаат многу (новитети од) домашни автори и преводи на светски бестселери, големи попусти до 80 % и понуда од над 600 наслови. Саемското искуство ќе биде збогатено со книжевни средби со ...

Во Македонскиот народен театар, на 8 мај во 18:00 часот, премиерно ќе биде изведена претставата „Жива досада“, авторски проект на актерките Билјана Јовановска, Изабела Јакимова и Нина Деан, а режијата ја потпишува Јовановска. Во претставата играат: Гоце Андонов, Нина Деан, Изабела Јакимова, Јана Вељановска и Билјана Јовановска – алтернација. Темата на претставата е досадата на децата во денешно време, кога авторите ги охрабруваат како децата ...

Во изложбениот простор „Арсенале – Сале д’Арми“ (Sale d’Armi) во Венеција, на 9 мај, свечено ќе биде отворен македонскиот павилјон во рамките на 19. Меѓународна изложба на архитектурата – Венециско биенале за архитектурата 2025 (La Biennale di Venezia). Македонија ќе се претстави со проектот „Strada Brutalissima“ (Страда бруталисима), под кураторство на Благоја Бајковски, што е авторско дело на кураторот и тимот составен од Ана Рафаиловска, ...

Претставувањето на НУ Ансамбл за народни игри и песни „Танец“ од Скопје на Експо 2025 во Осака има огромно значење и повеќекратна важност, и тоа на многу нивоа: • Промоција на македонската култура и идентитет на глобално ниво; • Ја претставува вистинската изворна слика за Македонија – „Танец“ е синоним за македонскиот фолклор и традиција. Нивното присуство овозможи на милион луѓе од целиот свет да се запознаат со автентичната македонска музика, ...

„Црвен се барјак развева“ претставува изложба што се фокусира на македонската народна борбена поезија од периодот на Народноослободителната војна и нејзиниот креативен израз во делата на македонски уметници. Тргнувањето на оваа изложба е закажано за петок, 9 мај, во 19 часот, и ќе се одржи во Националната галерија на Република Македонија, во просториите на Чифте Амам во Скопје. Историчарот на уметност, проф. Д-р Кирил Пенушлиски, е куратор на ...

„caledonia“ е нова сила која се издига од алтернативната сцена на југоистокот на Велика Британија, спојувајќи ја меланхоличната горчина на слоу-кор жанрот со острата, агресивна енергија на современиот британски пост-панк. Овој состав ќе настапува во Старата скопска чаршија во „Ла Кања“ на 9 мај од 21:30 часот, кога ќе има и локална поддршка од бендот „Трло“. Следниот ден, во истиот термин „caledonia“ свири и во Битола во „Порта Џез“. ...

Организацијата Факултет за работи што не се учат – ФРУ, Скопје во соработка со Мрежата „Награди за млади визуелни уметници“ (YVAA), Residency Unlimited, Њујорк, Trust for Mutual Understanding, Њујорк со задоволство го објавуваат Отворениот повик за наградата ДЕНЕС 2025 за млад(а) визуел(е)н/а уметни(к)/чка во Северна Македонија до 35 години. Наградата ДЕНЕС се доделува на годишно ниво на исклучителна и истакната тековна уметничка практика која ...

Документарно-играниот филм „Ветената земја“ во режија на Ќендрим Ријани ќе биде премиерно прикажан вечерва во 19 часот во киното „Фросина“ во Скопје. Станува збор за филм што обработува помалку познат аспект од депортацијата на Евреите од Скопје во март 1943 година, односно т.н „албанска врска“, каде со помош на Албанци од Македонија, Косово и Албанија се спасени голем број Евреи. Во Албанија, тие се прифатени од албански семејства, а поради ...

Нотр-Дам и нејзината трагедија што откри тајни стари со векови Катедралата Нотр-Дам во Париз, симболот на француската историја и генијалноста на човештвото, за малку ќе исчезнеше засекогаш. Во април 2019 година, светот во шок следеше како катастрофален пожар ја проголта оваа готска убавица, оставајќи зад себе пепел и болка. За петнаесет часа огнот уништи дел од покривот, го стопи оловниот шпил и разори делови од внатрешноста, а причината – ...

Премиерно изведена на 11 февруари 2001 година, претставата „Лакомата меца“ повеќе од две децении ја задржува својата свежина и важност, едуцирајќи и забавувајќи генерации деца низ хумористичен пристап кон темата за културата на јадење и правилното однесување на маса. Преку интеракција со публиката, малите гледачи се дел од приказната и добиваат можност да ѝ помогнат на симпатичната, но лакома Меца да ја научи својата лекција за умереност и ...

Овој Саем на книгата на штандот на ТРИ ќе ве пречекаат многу (новитети од) домашни автори и преводи на светски бестселери, големи попусти до 80 % и понуда од над 600 наслови. ТРИ овој Саем го посветува на домашните писатели, со кои читателите ќе имаат можност да се сретнат од 8 до 14 мај, во Спортската сала „Борис Трајковски“. Саемското искуство ќе биде збогатено со книжевни средби со ексклузивците на ТРИ и едни од најистакнатите македонски ...

Туризмот не треба да се третира само како извор на девизен прилив, туку како платформа за регионален развој, креативна економија и долгорочна меѓународна видливост. Како економска гранка, тој има силен потенцијал да се трансформира во инструмент за локален економски подем, особено ако се поврзе со руралниот развој, културните содржини и дигиталната експанзија. Сево ова бара воспоставување јасна рамка за развој на локалниот туристички производ, ...

Денес, во рамки на манифестацијата „Гевгелија град на културата за 2025 година“, следува Концерт на Божана Гошева- виолина во пијано-придружба на Весна Ангелова Христов. Во хотел „Аполонија“, со почеток во 20:00 часот, ќе бидат изведени дела од Моцарт, Зографски, Паганини, Бах, Виењавски и Сарасете. Божана Гошева (2006) ги бележи своите први музички настапи на детски фестивали. Во 2010 година, почнала да учи виолина во класата на проф. Анна ...

На 9 мај 2025 година, во изложбениот простор Арсенале – Сале д’Арми (Sale d’Armi) во Венеција, свечено ќе биде отворен Павилјонот на Република Северна Македонија во рамки на 19. Меѓународна изложба на архитектурата – La Biennale di Venezia. Проектот “STRADA BRUTALISSIMA”, под кураторство на Благоја Бајковски, е авторско дело на кураторот и тимот составен од Ана Рафаиловска, Невенка Манчева Аџиевска, Марија Антиќ Николова, Теа Дамјановска и ...

На 9 мај во Чифте амам, објект на Националната галерија на Македонија, во 19 часот ќе се отвори изложбата „Црвен се барјак развева“, која ја обработува македонската народна борбена поезија и нејзината интерпретација во ликовните дела на македонските уметници. Автор на изложбата е проф. д-р Кирил Пенушлиски, историчар на уметност. На отворањето на изложбата ќе има и промоција на книга. „’Црвен се барјак развева’“ има за цел да го истакне богатото ...

weather icon

Скопје

19ᴼ / 19ᴼ
1.54
73%
1014
weather icon

Белград

20ᴼ / 18ᴼ
2.68
66%
1014
weather icon

Загреб

22ᴼ / 19ᴼ
0.0
61%
1015
weather icon

Софија

16ᴼ / 16ᴼ
0.0
94%
1016
weather icon

Сараево

22ᴼ / 22ᴼ
2.1
76%
1013
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 16ᴼ
0.51
89%
1016
weather icon

Атина

27ᴼ / 24ᴼ
9.26
66%
1010
weather icon

Тирана

21ᴼ / 21ᴼ
1.54
68%
1013
weather icon

Подгорица

25ᴼ / 25ᴼ
1.54
50%
1013
weather icon

Букурешт

23ᴼ / 20ᴼ
1.54
71%
1013
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 18ᴼ
1.54
56%
1015
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 24ᴼ
8.75
65%
1010
Currency

61.56

Currency

53.9656

Currency

71.434

Currency

34.7514

Currency

38.9672

Currency

66.3782

Currency

7.51975

Currency

0.67421

Currency

0.35991

Currency

0.52662

Currency

1.32946

Currency

0.61582

Алуминиум

2.61

Иридиум

150162.60

Кобалт

42.99

Никел

14885.00

Рутениум

25656.30

Калај

33.94

Сребро

1183.43

Злато

106340.42

Бакар

8.83

Паладиум

39448.97

Платина

42340.27

Родиум

240326.83

Цинк

2.79