
Скопје
17ᴼ /
17ᴼ



Пастрмката „проговори“ преку гласот на учениците од училиштето „Љубен Лапе“од Аеродром (под менторство на наставничката Маја Божиновска), на промоцијата на најновата сликовница „Домот на пастрмката“ од Александра Велинова на Саемот на книга. -Голема е одговорноста да се пишува за најмладите, каква порака и каков начин ќе им се прати. Откако се родија моите синови Стефан и Алексеј се охрабрив да пишувам и за деца, благодарение на инспиративните ...
„Планетата забрзано се уништува а владите низ светот рапидно запаѓаат во фашистички практики. Војните се зачестуваат, а корупцијата зема се поголем замав. Класните разлики се сè поголеми и општественото уредување од доцен капитализам постепено навлегува во глобален техно феудализам. Надежта ја губиме, а светот се повеќе наликува на сценарио од најмрачната дистописка книга“. Вака започнува најавата за настанот „Киберпанк – надежта е револуција – ...
Денес, со почеток од 13 часот, на штандот на ТРИ ќе биде промовирана книгата „Наспроти мојата животна филозофија“. Патриша Марш-Стефановска е авторка на историска фикција и публицистика, како и преведувачка, меѓу другото и на драмите на Горан Стефановски на англиски јазик. „Наспроти мојата животна филозофија“ е нејзината прва книга објавена на македонски јазик. Секој човек во животот доживува работи што го надминуваат „познатото“ и „разумното“ ...
По успешната соработка во 2024 година, Аудиокултура ја продолжува соработка со Музичка Академија на Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип во рамки на концептот ArtChemia. Минатогодишното искуство не увери дека настапувањето на студентите пред сериозна публика и во рамки на концепт со високи стандарди за изведба на музика во живо е од особено значење за нив. Првиот настан за настап во живо на студенти од џез одделот на Музичката академија од Штип е ...
Вечерва во Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола се одржа промоција на романот “Ноќта – филм кој се чита“ од Игор Тајкоски – Фоја млад автор од Битола кој со секое ново издание ја изненадува битолската читачка јавност, а тоа се случи и на оваа последна негова промоција.За приказна „Ноќта“ – романот што ја брише границата меѓу фикција и реалност, што допира до дното на вистината, која не е филм, но ќе го доживеете како да сте ...
На официјалниот профил на Македонската асоцијација на издавачи, беше обелоденето дека писателката Билјана С. Црвенковска е прогласена за автор на годината. Едицијата “Перископ”, издадена од “Бегемот”, доби признание како најдобра едиција, а романот “Тони” од Румена Бужаровска, кој има корица дизајнирана од Небојша Гелевски, беше избран за најдобра корица. Александар Маџаровски со неговиот јутуб-канал “Читачот” освои наградата за најдобар ...
Во Галеријата и музеј “Ранко Струмениковски“ во Битола отворена беше изложбата на сликарот Зоран Таневски, по повод 30 години самостојно излагање и 42 од учество на групни изложби, на битолскиот сликар Зоран Таневски.По повод свеченото отворање на изложбата, на која Таневски се претстави со 16 дела во техника масло на дрвена подлога, д-р Тања Струмениковска – Ристевска го напиша следниов текст.-Добредојдовте во дуалниот свет на м-р Зоран ...
Марија Филева, магистер реставратор – конзерватор на предмети од метал (маг. Арт). -Претставничка на четврттата генерација Филеви, изработувачи на Оригиналниот Охридски Бисер, ќерка на најстариот жив филиграниста и представник на третата генерација Филеви изработувачи на Оригиналниот Охридски Бисер д-р Павел Филев. Јас лично се радувам на секој свој роденден бидејќи секој по себе е посебен, различен, полн со изненадувања и нови доживувања. Оваа ...
По концертите во Битола, Прилеп и Гостивар, годинешниот караван на фестивалот „Сепак се врти“ влегува во вториот викенд. На југоистокот на државата, караванот во петок (9 мај) од 20 часот прво застанува во Струмица, во Домот на АРМ. „Голопланинци“ и пријателите најавуваат дека „ќе биде најжустро и најгласно досега“. Вечерта стартува со „Lost in reverie“ – емо-рок бенд кој ја раскажува својата хаотична приказна преку уште похаотична музика ...
Охрид, 9. мај 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во рамки на проектот на Општина Охрид, Културата расте со децата „За сите деца“ денеска ќе биде прикажана детската театарска претстава „Шумската принцеза” во изведба на театар „Хит“. Ќе се одигра во ООУ „Григор Прличев“ со почеток во 12:00 часот. Со претставатана бајковит начин се упатува порака до децата: „Природата не смее да се уништува, таа треба да се чува и негува бидејќи без неа нема здравје за луѓето“. ...
Дали сте суеверни или не баш, ама чукате во дрво за секој случај? Колку нашата култура и традиција ни ги оформуваат верувањата, навиките и начините на кои се однесуваме? Погледнете во најновата емисија на „Reality Check“, каде што Ели Пешева на необичен, интересен и хумoристичен начин, преку анкети, експерименти и разговори со психолог, нè доближува до откривање на некои работи кои и самите не сме ги знаеле за себе. Откако продира во ...
Издавачката куќа „Арс Ламина“ доби седум признанија од Македонската асоцијација на издавачи (МАИ) на традиционалното доделување награди во рамките на Саемот на книгата. На доделувањето на наградите, што се одржа денеска во Арената „Борис Трајковски“, „Арс Ламина“ ја доби првата и втората награда во категоријата за најкреативно издание. Првото место го освои за книгата „Се викам Храброст“, а второ место за „Девојчето и куклата што патува“ од ...
Скопје, 9 мај 2025 (МИА) - Во Галерија „КО-РА“ на ЈУ Дом на култура „Кочо Рацин“-Скопје вечер ќе биде отворена групна изложбата „Нашата визија за Европа - одржлив развој, интеграции и дезинтеграции" во Скопје по повод Денот на Европа - 9 Мај. Како што информираат од ЈУ Дом на култура „Кочо Рацин"-Скопје, оваа традиционална групна изложба обединува разнородни визии за интегрирање, во евроатлантските процеси во најразновидни сегменти, со ...
Концерт што ги разнежи срцата и ги зближи генерациите! Низ годините на кариерата успева да направи најголеми успеси, а се паметат неговите врвни соработки со Васка Илиева, Петранка Костадинова, Александар Сариевски, Зоран Ванев, Виданка Георгиева, Војо и Биљан Стојановски, Елена Георгиева, Јордан Митев, Јасмина Гуњова, Орце Стефковски… Соработува и со популарните Благица Павловска, Стојне Николова, Благоја Грујовски, Блага Петреска…токму овие му ...
Скопје, 9 мај 2025 (МИА) - Во Арената „Борис Трајковски“ во Скопје, во рамки на Саемот на книга 2025, денеска ќе биде промовирана новата книга за деца „Поучни сказни и шарени приказни“ на Ели Маказлиева. Илустрациите се на Христина Башевски, а рецензијата на проф. д-р Кристина Николовска. Како што соопшти авторката, на 76-те раскошно илустрирани страници, овие приказни се можност на привлечен и забавен начин, соодветен на возраста, инспиративно ...
Во преполната концертна сала на Бамбергската филхармонија, неодамна се одржа спектакуларен концерт под диригентската палка на македонскиот маестро Џијан Емин, во соработка со светски познатиот пијанист и композитор, Франческо Тристано. Настанот во Бамберг, Германија, претставуваше мост меѓу класичната музика и современиот електронски звук, обединувајќи го симфонискиот израз со техно и со авангардните елементи во едно несекојдневно музичко ...
Во Кинотеката на Македонија, на 10 мај со почеток од 20:00 часот ќе биде прикажан документарниот филм „Респект“ од 2005 година. „Респект“ е краток документарен филм за македонската драм енд бејс (drum and bass) музичка сцена во периодот на почетокот на 21 век. Филмот е реализиран во продукција на Академскиот кино клуб од Скопје, со поддршка од организацијата Macedonian Junglist Movement. Автори на филмот се Мице Чаповски (режија) и Жана ...
Со претставување на проектот „Страда бруталисима“ денеска во изложбениот простор „Арсенале – Сале д’Арми“ во Венеција, беше отворен македонскиот павилјон во рамките на 19. Меѓународна изложба на архитектурата – Венециско биенале за архитектурата 2025. Министерот за култура и туризам Зоран Љутков на отворањето рече дека да се биде дел од Венециското биенале за архитектура, е можност да се вклучиме во глобалниот разговор за потребата од заемно ...
Ден потоа - Тамара Тодевска: „Емоции, музика и љубов – да останеме обединети“ Ден по хуманитарниот концерт на Тамара Тодевска во МКЦ, емоциите кај сите „спласнуваат“, впечатоците се сумираат, но важно е она што ќе остане. Преку своја лична изјава, Тамара Тодевска се заблагодарува до сите присутни кои вчера беа дел од концертот во МКЦ и донираа за погодените од трагедијата во Кочани: - Утринава се разбудив со неверојатно чувство на ...
Според една линија на теорија и критика која се однесува на книжевноста за млади, таа книжевност е всушност „во заложништво на возрасните“. Критичарите кои го делат ова мислење помалку или повеќе сметаат дека помеѓу младите читатели и возрасните автори постои дистанца која станува се понепремостива. На една страна се младите во нивните светови и релации, често прилично дистанцирани и недостапни (потполно вирални). На друга се авторите кои имаат ...
Голум и официјално се враќа на големото платно за Божиќ 2027. „Ворнер брос“ објави дека „The Lord Of The Rings: The Hunt For Gollum“ во режија на Енди Серкис (фото) ќе има премиера на 17 декември 2027. Овој филм првпат беше најавен пред две години, кога беше кажано дека Серкис ќе биде режисер и ќе ја репризира улогата од оригиналната трилогија. Неговото излегување првично беше најавено за 2026. Питер Џексон ќе биде продуцент на новиот филм, ...
Амбасадите на Швајцарија, Германија и Шведска во Скопје организираат заеднички настан по повод годинешната Евровизија, кој ќе се одржи на 16 мај (четврток), со почеток од 20 часот, во културно-историскиот амбиент на Сули Ан, во рамки на Факултетот за ликовни уметности (ФЛУ) во Скопје. Настанот ќе биде одбележан со евровизиска музика и забавна програма, а се организира како симболичен вовед во финалната вечер на Евровизија, што оваа година се ...
Велешкиот афористичар Атанас Крлевски денеска објави нова серија од 10 оригинални и духовити афоризми, познати како “Крлевизми”, ексклузивно за читателите на порталот Дума.мк. Со својот препознатлив сатиричен стил, Крлевски ги опфати актуелните општествени, политички и животни теми, нудејќи нова доза хумор и размислување. -Се плашам и од сенката на жена ми. Затоа ја гледам само напладне. -Ако власта не е сервис на граѓаните, треба да се ...
Националната галерија на Р. С. Македонија во соработка со галеријата Art Project Space ја претставуваат меѓународната групна изложба со жени – уметнички од Македонија, Грција, Србија и Кипар, под наслов Скриеното трето: Некаде помеѓу присуството и отсуството. Изложбата, најнапред ќе биде отворена во галеријата Art Project Space, во вторник, 13 мај 2025, од 19 до 22 и ќе трае до 6 јуни 2025. Во октомври, изложбата ќе биде презентирана на ...
Денеска се одбележува 80-годишнината од победата над фашизмот – датумот кога, со потпишувањето на безусловната капитулација на нацистичка Германија, беше ставен крај на Втората светска војна на европско тло. На 9 мај 1945 година, во разурнатиот Берлин, германскиот фелдмаршал Вилхелм Кајтел, генералот Ханс Јирген Штумпф и адмиралот Ханс Георг фон Фридебург го потпишаа документот за капитулација во име на Третиот рајх. Од страна на сојузниците, ...
Гостинско предавање „Артемушкин и Скопје“ на Универзитетoт МИТ 09.05.2025 • Информации Факултетот за архитектура при МИТ Универзитет Скопје со голема чест и задоволство го најавува гостинското предавање посветено на промоцијата на книгата „Артемушкин и Скопје“, во рамки на наставата по предметот Национална архитектура. Авторите Ноеми Чаусидис и Мартин Ефремовски ќе зборуваат за значењето на творештвото на рускиот архитект Иван Артемушкин и ...
Во изложбениот простор Арсенале – Сале д’Арми (Sale d’Armi) во Венеција, денеска свечено ќе биде отворен Павилјонот на Република Северна Македонија во рамки на 19. Меѓународна изложба на архитектурата – La Biennale di Venezia. Проектот Strada brutalissima, под кураторство на Благоја Бајковски, е авторско дело на кураторот и тимот составен од Ана Рафаиловска, Невенка Манчева Аџиевска, Марија Антиќ Николова, Теа Дамјановска и Михајло Стојановски. ...
„Ќе работиме додека секоја една клетка од повредените не се излечи“ – Моќен говор на Ненад од supportkochani на концертот на Тамара „Имаме информации дека е енормно скапо рехабилитирањето на повредените и ќе трае со години. Нека има вакви настани, а ние ќе работиме на ова сè додека секоја една клетка од нив не се излечи, јас ви ветувам“ – говорот на Ненад Вржалски, како и песната која ја отсвире и отпеа на концертот на Тамара, а ја посвети на ...
Вечерва со почеток во 20 часот во „Base24“ ќе се одржи мултимедијален културен настан „Dystokyo“ во организација на „Пагода“ – здржение кое се бави со промоција на источноазиските култури во Македонија. „Настанот претставува уникатен спој на glitch дигитална уметност, cyberpunk поезија и јапонска естетика“, посочуваат од „Пагода“. Поводот за настанот е промоција на истоимената книга „Dystokyo“ објавена во Токио во 2024 година, во која се ...
Сашо Митревски и Стефан Терпини алијас „Милко“ извадија нова песна, снимена во студиото „Алшар“ во март/април оваа 2025 година. Темата „Страв“ повторно е објавена од независната издавачка куќа „Шарла“ (Sharla), преку чиј Бендкемп може да се преслуша и поддржи. ‘Милко“ се враќаат со синглот број 3 за ‘Шарла’. Сериозно се појачани со Михаил Парушев на тапани и Огнен Мангаровски на сајзер, а како втор глас се појавува и нашата драга музичка друшка ...