Европската Унија треба да ја зајакне својата поморска мисија „Аспидес“ со цел да ги заштити клучните трговски патишта, поради прекините предизвикани од војната предводена од Соединетите Американски Држави и Израел против Иран, изјави високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика и безбедност, Каја Калас. По разговорите со претставници на повеќе од 40 земји за повторното отворање на Ормускиот теснец, кое го организираше ...
Францускиот претседател Емануел Макрон гледа простор за соработка со Јужна Кореја за стабилизирање на ситуацијата во Ормускиот Теснец, под услов конфликтот меѓу САД и Иран да се смири. „Детално ја дискутиравме ситуацијата на Блискиот Исток и верувам дека можеме да направиме корисни работи за стабилизирање на состојбата во Ормуз, и пошироко, откако ќе престанат бомбардирањата,“ рече Макрон по средбата со јужнокорејскиот претседател Ли Џае ...
Филипините објавија дека на нивните бродови ќе им биде дозволено безбедно поминување низ Ормускиот теснец, по разговорите со Иран. Министерката за надворешни работи Тереза Лазаро рече дека разговорите биле „позитивни и продуктивни“, додека Иран рече дека на филипинските бродови ќе им биде одобрено „безбедно и непречено поминување“. Спогодбата ги опфаќа бродовите што пловат под филипинско знаме, енергетските пратки и филипинските морнари. ...

