
Скопје
19ᴼ /
19ᴼ



Во галеријата на македонскиот Културно – информативен центар во Истанбул вечерва во 19 часот, ќе биде отворена изложбата „Игри без граници“ на уметницата и графичарка Теута Хоџа Имери. Настанот е дел од редовната програмска активност на Центарот, посветена на промоција на современата македонска ликовна сцена пред турската публика. Во изложбата „Игри без граници“, се среќаваме со едно исклучително зрелo, истражувачко и апстрактно творештво. ...
„Илузија“ – новата песна на ДААН што го истражува светот на емоциите, заблудите и потрагата по вистината Македонскиот музички артист, текстописец и продуцент Дарко Андонов – ДААН повторно го насочува вниманието кон себе со својата нова песна „Илузија“ – темна, искрена и емотивна музичка исповед што зборува за внатрешните конфликти, болката од загубата и копнежот по нешто што можеби никогаш не постоело. Песната „Илузија“ не е само уште една ...
Под слоганот „Храбри нови приказни“, издавачката куќа „Арс Ламина“ ќе биде дел од 37. издание на „Саемот на книгата“, кој ќе се одржи од 8 до 14 мај 2025 година во СЦ „Борис Трајковски“ – Скопје. Штандот на „Арс Ламина“, инспириран од книгата „Се викам Храброст“, со динамичен дизајн и смели тонови, ќе понуди повеќе од 1.000 наслови: детска литература, белетристика, популарна психологија, стручна литература, книжевни класици и друго. „Арс Ламина“ ...
Велешката библиотека „Гоце Делчев“ е добитник на признанието „Библиотека на годината“ за 2024 година во категорија на јавни библиотеки кои секоја година го доделува Библиотекарското здружение на Македонија. Тимот на библиотеката подготвил обемна документација со активности и резултати од целата 2024 година и одлучиле да аплицираат за ова високо признание за кое потајно се надевале дека ќе го добијат. Директорката на Локалната библиотека „Гоце ...
Jazz Inn Од 09.05.2025 - 22:00 до 10.05.2025 - 01:00 Џез Ин продолжува со пракса на носење млади, но веќе афирмирани имиња од домашната џез сцена. Во петок, 9 мај, концерт ќе одржи квартетот на Симеон Ангеловски, кој го сочинуваат Иван Иванов, саксофонист, Давид Горгиев, тапанар, Андреј Петровски, гитарист и Симеон Ангеловски, басист. „Симеон Ангеловски квартет” е музички проект основан во 2023 година. Репертоарот се состои од оригинални ...
По повод 80 години од кодификацијата на македонскиот стандарден јазик, во холот на Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје е поставена изложба на избран фонд од Библиотеката. Изложениот фонд датира од 1875 година до денес. Ова е ретка можност да разгледате ексклузивна изложба во која е претставен дел од збирката Ретки и старопечатени книги, збирката Ретки сериски публикации, збирката Архивски примерок и дел од ...
Втора прошетка низ архитектурата од пред земјотресот – едукативна тура за промоција на книгата „Артемушкин и Скопје“ 07.05.2025 • Информации По големиот интерес и успех на првата промотивна тура, со задоволство ве покануваме на нова прошетка низ архитектонското творештво на Иван Артемушкин – овојпат во пролетна атмосфера. Настанот има за цел да го доближи до јавноста проектот и публикацијата „Артемушкин и Скопје“, дело на авторите Мартин ...
Фондацијата за културна и научна афирмација и презентација Македонија презент од Скопје денес ги соопшти наградите и признанијата за Меѓународниот книжевен фестивал „Отворен круг”. Фестивалот е традиционален и годинава ќе се одржи на 15 мај, со почеток во 12 часот, во Културниот центар „Феникс” во Скопје. Како и минатата година, и годинава ќе бидат доделени вкупно седум награди и признанија и тоа: „Балкански книжевни видици” на писателот Селимир ...
По повод јубилејот Осум децении од кодификацијата на стандардниот македонски јазик, овој четврток, 8.5.2025 г. во 12 часот во Друштвото на писателите на Македонија, под насловот „Што ни значи нам јазикот?“ ќе се одржи средба со новите членови на ДПМ: Искра Донева, Милчо Мисоски, Митко Гогов, Хана Корнети, Симона Јованоска, Атанас Бојаровски, Лулзим Хазири и Драгана Лукан Николоски. Ова воедно ќе биде и претставување на новите членови на ...
Шпанскиот јазик има едноставна граматика, се изговара фонетски точно како што е напишан и има огромен број ресурси за учење. Поради својата распространетост (го зборуваат повеќе од 500 милиони луѓе), идеален е за почетници. Италијанскиот јазик е многу мелодичен. Многу зборови на италијански јазик имаат латински корени, што го олеснува разбирањето на нивното значење, особено ако знаете други романски јазици. Иако можеби неочекувано, норвешкиот е ...
Деми Мур направи вистински моден погодок на балот МЕТ. Во склоп со овогодишната тема и дрес-кодот „Tailored for You“ (Скроено за тебе), кој ја слави машката облека и класичните костуми, славната актерка избра мошне невообичаена креација. Фустанот, кој е дело на модната куќа Thom Browne е инспириран од машката вратоврска и претставува вистинско ремек-дело на високата мода. За неговата изработка биле потребни дури 7.600 часа рачна работа, а ...
Академици, универзитетски професори, домашни и странски дипломати, политичари, истражувачи, писатели, музичари, ликовни уметници, лекари, актери, книжевни преведувачи – сите заедно ја исполнија книжарницата на „Матица македонска“ на промоцијата на книгата „Културата и траумата: Писмо до бугарскиот пријател“ од познатиот хрватски научник, универзитетски професор и дипломат, Златко Крамариќ. На моменти, книжарницата беше и мала за сите што сакаа ...
По повеќе од две децении активно присуство на алтернативната сцена, скопската група Д.Н.О ќе го одржи својот прв акустичен концерт на 25 мај (Денот на младите) во кино Фросина – Младински културен центар (МКЦ). Овој концерт претставува редок и интимен музички настан, во кој бендот ќе се претстави во поинакво светло – со акустични аранжмани и поблиска комуникација со публиката. Настанот е замислен како специјална вечер со емоции, приказни и нова ...
Ретки се музичките групи на македонската сцена кои можат да се пофалат со континуитет, автентичен звук и препознатлива енергија која не избледува со времето. „Ареа“, една од највлијателните и најценети поп-рок групи во земјава, токму оваа година одбележува речиси три децении музичка историја. Тоа е и групата која ја освои публиката и регионално. Повод за повторна средба со публиката е нивниот концерт што ќе се одржи на 10 мај во Јавна соба, на ...
На 7 мај 2025 година (среда) со почеток во 10:00 часот, на детската сцена при Театарот за деца и младинци во Скопје ќе се одигра јубилејната, 250-та изведба на претставата „Лакомата меца“, куклена претстава за деца од 4+ години, во режија на Дарин Петков, според текстот на познатиот бугарски автор Ран Босилек. Премиерно изведена на 11 февруари 2001 година, претставата „Лакомата меца“ повеќе од две децении ја задржува својата свежина и важност, ...
По повод јубилејот Осум децении од кодификацијата на стандардниот македонски јазик, овој четврток, 8.5.2025 г. во 12 часот во Друштвото на писателите на Македонија, под насловот „Што ни значи нам јазикот?“ ќе се одржи средба со новите членови на ДПМ: Искра Донева, Милчо Мисоски, Митко Гогов, Хана Корнети, Симона Јованоска, Атанас Бојаровски, Лулзим Хазири и Драгана Лукан Николоски. Ова воедно ќе биде и претставување на новите членови на ...
Приклучувајќи се на прославата на 5 Мај, денот на македонскиот јазик, и пред сè одбележувајќи го јубилејот 80 години кодификација на стандардниот македонски јазик, утре напладне во Друштвото на писателите на Македонија ќе се одржи разговор со новите членови на Друштвото на писателите на Македонија. Станува збор за: Искра Донева, Милчо Мисоски, Митко Гогов, Хана Корнети, Симона Јованоска, Атанас Бојаровски, Драгана Лукан Николоски и Лулзим ...
Првиот ден од маѓународниот 21. Саем на книгата во Солун, на 8 мај, ќе биде промовиран романот „Столб што пее” од македонскиот писател Томислав Османли. Под насловот (“Η Αρμονική Στήλη”) во превод на Д-р Ставрула Маврогени на грчки јазик, македонскиот роман беше објавен пред неколку месеци од страна на солунското книгоиздателство „Literatus“, по избор на директорот и главен уредник, антологичарот и публицист Д-р Ставрос Дајос. Оригиналното ...
Стихозбирката „Избор, порта на животот“ е обемна поетска исповед на околу 190 страници и претставува рефлексивно, но и реално трагање по суштината на животот. Поезијата од оваа книга ги актуелизира и поетски ги артикулира прашањата кој, кога, што и како го определува самото течение на животот, колку единката е моќна да се избори за својата опстојба на планетата, но истовремено и колективитетот како целина, како држава, како народ. Секоја песна ...
Делчево, 5 мај 2025 (МИА) - Во Делчево вечерва се одржа промоција на книгата ,,Ехо на љубовта" од авторот Никола Митовски од Крива Паланка. Настанот се одржа по повод Денот на македонскиот јазик и македонската азбука, во организација на Локалниот младински совет. -Заедно со членови на Младински совет и Младинското собрание и јас како одговорно лице за млади од нашата Општина, решивме да креираме настан промоција на книга на млад автор, инаку ...
Во рамки на годинешното издание на Скопскиот Градски Фестивал, на 15-ти мај (среда) со почеток во 20 часот, во Малата сала на Македонската филхармонија ќе се одржи вечер посветена на соработката меѓу Croatia Records и македонските музички артисти. Оваа вечер ќе биде вистински празник за љубителите на квалитетна музика, каде што ќе настапат три од најинтересните и најиновативни музички имиња на домашната сцена во моментов: Целта на оваа вечер е ...
Комедијата „Животот на провинциските плејбои по Втората светска војна“, дело на познатиот режисер, драматург и есеист Душан Јовановиќ, го означува првото заедничко творештво на Регионалната унија на театри (РУТА). Овој проект претставува обединет напор на Драмскиот театар – Скопје, Белградскиот драмски театар, Љубљанскиот општински театар и Будва Град Театар, сите членови на РУТА. Премиерата е закажана за 10 август во Будва, а македонските ...
Стриминг платформата Нетфликс го објави првиот тизер трејлер за последната сезона од серијата „Squid Game“. Врз основа на сцените што Нетфликс ги вклучи во трејлерот за Squid Game, игрите ќе се рестартираат по неуспешниот бунт предводен од протагонистот Сеонг Ги-хун, познат како играчот 456. Иако втората сезона заврши ненадејно, тоа силно наговестуваше дека бунтот нема да може да ги заврши игрите. Во тизерот, играчот 456 е вратен во соба полна ...
Норвешкиот претставник на Евровизија, Кајл Алесандро, доживеа силни болки по првата проба во Базел, што предизвика итна интервенција. За време на првата проба, Алесандро имаше силни болки поради инфекција на забот. И покрај непријатноста, тој успеа да изведе три проби, но веднаш потоа беше префрлен во стоматолошка ординација, каде што му беше изваден умникот. Поради овој здравствен проблем, сите негови проби и интервјуа за понеделник и вторник ...
Пастрмката реши да прозбори ќе им упати важни пораки. Не ви се потребни нуркачки вештини за да се нурнете во подводниот свет на нашиот бисер Охридското езеро, потребно ви е само љубов кон пишаниот збор, фантазија и желба за уште едно незаборавно патување. Ќе го посетите домот на пастрката која има буквално се: детска соба, тоалет, кујна, дневна, но и јасна порака: „..Не ми треба дом по најнова мода, мене ми треба само чиста вода…“ -Најголема ...
Во топла и свечена атмосфера, денес беше промовирана сликовницата „Стари детски игри“, дело на ученичката компанија „Playful Pages“ од средното економско училиште „Јовче Тесличков“ од Велес. Учениците Ива Петровска, Ангела Анастасова, Симона Крстевска, Искра Ризовска и Максим Чукниев изработија две сликовници поточно стандардна за деца со типичен развој и втората инклузивна за деца со атипичен развој поточно коишто имаат дисклексија или ...
Индиската влада се закани дека ќе преземе правни чекори против аукциската куќа „Сотби“ доколку не ја запре аукцијата на вреден накит пронајден заедно со моштите на Буда и не побара нивно враќање во Индија, објави денес Би-Би-Си. Контроверзната аукција, која треба да се одржи во Хонг Конг во среда, опфаќа речиси 1.800 вредни предмети, меѓу кои рубини, топази, сафири и златни фигурини, пронајдени закопани во 1898 година заедно со фрагменти од ...
Црно-бели комбинации на фустани или пантолони и сакоа, во кои беа облечени светски познатите личности, доминираа на годинешната Мет гала што се одржа вчера во Њујорк, а се смета за најпрестижниот и најгламурозен моден настан во светот. Новото издание на „модните Оскари“ и годинава ја привлече светската елита. Познати ѕвезди: актери, музичари, супермодели, манекен(к)и, дизајнери, спортисти се искачуваа по препознатливите скали по ‘црвениот ...
Во просторот каде што зборовите не се декор, туку суштина, Утопија – книжевниот клуб од Битола , приреди уште една вечер посветена на литературата како жив дијалог. Гостинка на овој настан беше Лидија Димковска – поетеса, писателка и преведувачка чие дело одамна ги надминува границите на жанр, држава и очекување.Вечерта се отворија разговори за романите „Резервен живот“, „Но-уи“ и „Единствен матичен број“ – книжевни точки од кои се тргнува, но ...
Комедијата „Животот на провинциските плејбои по Втората светска војна“ по текст на легендарниот режисер, драматург и есеист Душан Јовановиќ е првото корподукциско остварување на Регионалната унија на театри (РУТА). Зад проектот застанаа Драмскиот театар – Скопје, Белградскиот драмски театар и Љубљанскиот општински театар кои се членки на РУТА, како и Будва Град Театар. Премиерата на претставата е предвидена за 10 август во Будва, а македонската ...