„Зошто се одземаат предмети од обвинителка која денеска се повлече од обвинителството, една од ретките професионалци, за предмети коишто истражуваат незаконско финансирање на ВМРО-ДПМНЕ…Се враќа времето и контекстот на функционирање на судството и обвинителството кога прислушуваа ваши колеги (кон новинарот). Каква е таа одлука, како се брани, како се објаснува? Не се објаснува. Ова е директен диктат на премиерот“, рече лидерот на СДСМ во ...

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, вечерва изјави дека државниот јавен обвинител Ненад Савески „постапува под директно влијание на премиерот Христијан Мицкоски“, оценувајќи дека станува збор за сериозна партизација на правосудниот систем. Во интервју за првиот канал на јавниот радиодифузен сервис, Филипче рече дека одлуката на Савески за одземање на надлежности на обвинители за постапување по предмети од други обвинителства, но и, како ...