
Скопје
17ᴼ /
17ᴼ



Од денес во Скопје почнуваат пробите за претставата „Животот на провинциските плејбои по Втора светска војна“ од Душан Јовановиќ, регионална копродукција на Драмскиот театар од Скопје, Местно гледалишче од Љубљана (МГЛ), Будва Град театар и Београдско драмско позориште (БДП). Овој копродукциски проект, како што рече на денешната прес-конференција директорот на Драмски театар Роберт Вељановски, е зачнат во Регионалната унија на театри РУТА и со ...
Во Веро Џамбо, на 10 мај во сабота, со почеток во 12 часот, ќе се одржи промоцијата на новата кулинарска книга на Давор Панчевски, кај нас познат како Dave’s Kitchen. Станува збор за неговиот трет готвач, „Брзо и забавно готвење“, издаден на македонски и англиски јазик, во две посебни изданија. Оваа книга е посветена на сите љубители на готвењето кои сакаат да уживаат во подготовката на вкусни, лесни и брзи јадења, кои се подготвуваат за помалку ...
Сподели Престижниот меѓународен фестивал на оперската уметност „Мајски оперски вечери“ традиционално ќе почне на 9 мај, а ќе трае до 31 мај. Во рамките на овој реномиран фестивал ќе се изведат некои од најубавите и грандиозни оперски и една балетска претстава со настап на реномирани домашни и светски режисери, диригенти, кореографи, оперски и балетски солисти. Со палење на фестивалскиот оган во Македонската опера и балет на 9 мај, со почеток ...
Над 65 издавачи, од кои најголем дел се од Македонија, и 110 промоции ќе има на 37. издание на Саемот на книга, кој ќе се одржува од 8 до 14 мај во Арената „Борис Трајковски“ во Скопје. Годинава слоганот е „Храна за душа“, најавија на денешната прес-конференција организаторите, извршната директорка на Скопски саем, Даниела Глигоровска и проект-менаџерката на Саемот Сања Кондарко. Саемот ќе се отвори на 8 мај во 12 часот, ќе работи секој ден до ...
Денес, во КСП Центар – Јадро, со почеток во 19:00 часот, ќе биде промовирана новата книга-сликовница „Девојчето со форичката“ наменета за деца над 12 години. Автор: Ева Камчевска илустратор: Наташа Андонова Промотор: Ана Јовковска Емотивната приказна за девојчето во инвалидска количка, наречена форичка- измислица од два збора количка и формула, „Девојчето со форичката“ е приказна за две неразделни другарки кои за прв пат во животот ќе се ...
Во согласност со годинешната тема предложена од ICOM — „The Future of Museums in Rapidly Changing Communities“, Националниот археолошки музеј го одбележува 18 Мај со богата програма која ја истакнува улогата на музеите како активни чинители во современото општество. Под насловот „Музеи, едукација и истражувања“, настаните ќе се осврнат на современи прашања од археолошката наука, како и на нови пристапи кон интерпретацијата и заштитата на ...
Персивал Еверет ја освои наградата за проза за својот роман „Џејмс“, моќна преимагинација на Хаклбери Фин , замислена приказна за пријателот на Хак Фин од оригиналното дело на Марк Твен. Првите сцени се многу слични на она што се случува во оригиналот, но кога двата лика се разделуваат и Џим почнува своја „авантура“, тонот станува посериозен и се истражуваат теми како силување, убиство и расизам. За разлика од „Хаклбери Фин“ каде Џим е опишан ...
Вечерва, 6 мај, со почеток во 19 часот во спомен-соба „Т’га за југ“ во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје ќе има разговор со Биљана Стојановска, авторка на „Додека спиеш“. Модератор ќе биде книжевната критичарка Александра Јуруковска, а стихови ќе чита актерот Андреј Серафимовски. „Стојановска умее со природноста на Господинов, да напише стихови за празнење на цревата и тоа да биде поетично. Умее во песните да даде неочекуван ...
Јавната дебата „Важноста на Независната сцена во услови на поларизација“ ќе се одржи утре (7 мај) со почеток во 19 часот во Културно-социјалниот простор Центар Јадро. Говорници ќе бидат Искра Гешоска, Мања Величковска, Роберт Алаѓозовски, а дебата ќе ја модерира Тијана Спасовска. „Независната културна сцена е повторно турната на маргините. Во изминатите години имаше знаци на зголемена поддршка и успешни примери како хибридната институција Јадро ...
Министерството за култура по четири месеци го одбива барањето за основање национална установа под името на великанот на турската книжевност Јахја Кемал Бејатли во Скопје, информира пратеникот Сали Мурати, од Движење на Турците на Македонија за правда и демократија, нагласувајќи дека поднел жалба до Државната комисија за одлучување во управна постапка и најави петиција до Народниот правобранител за дискриминација по национална основа. Амандманот ...
Во рамките на фестивалот Танц Фест, во Младинскиот Културен Центар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе имате можност да ги погледнете танцовите претстави „Мокументари“ и „Нацрт 1 (Вортекс)“. „Mockumentary“ Кореографија: Адријана Данчевска Ровчанин Музика: Александар Гроздановски Сценографија: Ивана Мојсовска Костим: Адријана Данчевска Ровчанин Настапуваат: Дејан Битровски, Адријана Данчевска Ровчанин “Mockumentary“ е танцова претстава која ...
В четврток, на 8 мај во 18 часот, во Македонскиот народен театар (МНТ) ќе се одржи премиерата на претставата „Жива досада“, авторски проект на актерките Билјана Јовановска, Изабела Јакимова и Нина Деан, во режијата на Билјана Јовановска. Претставата е во продукција на МНТ, финансирана од сопствени средства и е наменета за деца над пет години. Темата на претставата е досадата на децата во денешното време, каде што авторите ги охрабруваат како ...
Шест нови афоризми од велешкиот афористичар Никола Бошков – Коки за читателите на Дума.мк. -Моралот се уште ни е на цена: во градот не постои ниту еден балкон…без гаќи. -За Првомајските празници, граѓаните одново се присетија на своите дамнешни корени и масовно се вратија во селата: на своите исконски огништа започнаа да ги печат, јагнињата и прасињата. -Чукајќи празна слама, многумина политичари си ги наполнија амбарите. -Одговорност треба да ...
Изложбата „Сѐ, во својата пролет“ на Мартина Рмуш ќе се отвори на 13 мај од 20 часот во Културно-социјалниот простор Центар Јадро. „Рмуш Мартина е креативец кој најчесто создава freestyle апстрактна уметност со вибрантни бои и форми. До сега има седум изложби, повеќето во Скопје, една во Охрид и една меѓународна – во Севиља, Шпанија. Најчесто црта со акрилни бои на платно или со мермерни мастила на вода, но во последно време сака да ...
Во склоп на програмата што Општина Охрид ја организира за најмладите во рамки на проектот „Културата расте со децата“ во петок ќе биде изведена детската театарска претстава „Шумската принцеза”. Претставата ја изведуваат актерите од Театар ХИТ. Претставата ќе биде изведена со почеток во 12.00 часот во ООУ ,,Григор Прличев”. Добро подгответе се за уште една авантура!, велат организаторите. Во претставата играат Магдалена Ризова-Черних, Ема ...
На 8 мај (четврток) во 19 ч. во галерија ОСТЕН, Скопје ќе се одржи отворањето на изложбата „Каледоскоп“ на современата уметност. Изложбате е дел од серијата интернационални изложби со кои одбележуваме 80 години од постоењето на ОСТЕН. Учесници во изложбата се наградени уметници, финалисти и долгогодишни соработници на ОСТЕН Биеналето – Скопје. Куратор е Корнелија Конеска. Џозеф Кшшут, САД – добитник на Гран При за Животно остварување на ОСТЕН ...
Откако ја напишавме, уште повеќе го слушам терминот „досадно“ од разни возрасти, не само кај децата. Бевме инспирирани од детската досада, но истражувајќи, дојдовме до сознанија дека и на возрасните, живеејќи во овој брз и колоритен свет, им е кратко вниманието како и на децата, вели во интервју за „Република“ Билјана Јовановска, актерка која е и режисерка на претставата „Жива досада“ чија премиера е закажана на 8 мај, во 18 часот на сцената на ...
Државниот Симфониски Оркестар од Солун во сабота на 17 мај од 19:30 часот, за прв пат во неговото 66 годишно постоење настапува во Скопје во салата на Филхармонија, со специјални гости од двете земји, како водечката Грчка сопранистка Мирто Папатанасиу и светски реномираниот пијанист Симон Трпчевски од РС Македонија. Со Оркестарот ќе диригира реноминираниот Грчки диригент Владимирос Симеонидис. Сопран: Мирто Папатанасиу, пијано: Симон Трпчевски, ...
Во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје денеска ќе се одржи разговор со поетесата Биљана Стојановска, чија стихозбирка „Додека спиеш“ е книга на месецот. Разговорот со Стојановска е дел од кампањата „Читаме современи македонски автори“. Модератор ќе биде книжевната критичарка Александра Јуруковска, а стихови ќе чита актерот Андреј Серафимовски. Стојановска умее со природноста на Господинов, да напише стихови за празнење на цревата и ...
Детскиот фестивал „Распеано рибарче“ годинава полни 27 години, а годинава ќе биде одржано 26-тото издание во спортската сала „Билјанини Извори“ во Охрид. Оваа чудна пролет со снег, дожд ама и сонце е плодна на музичко – изведувачки план, ќе бидат изведени дури 33 нови детски песни, најавуваат организаторите. Ќе има 38 изведувачи, а со балетските точки на сцената ќе продефилираат над 90 деца од нашиот убав Охрид. Во нив има нови детски ...
Некои песни се безвременски… Остануваат засекогаш, како сведоци на времето во кое се создадени, носејќи во себе универзална порака за сите времиња. Најмногу кога душата искината на парчиња непреболно тагува. Тогаш кога емоциите го надвладуваат разумот, кога болката го гушнала траорот, а молкот царува во прегратките на тишината, тогаш веројатно најсилно одекнува песната која во себе носи стихови кои имаат само едно значење… „Време (е) за ...
Во година кога слави 15 години љубов кон книгите и речиси 500 изданија, издавачката куќа „Сакам книги“ го носи во Скопје еден од најголемите современи автори на психолошки трилери – Себастијан Фицек. Овој мај, Фицек ќе биде специјален гостин на Саемот на книга 2025, каде што на 10 мај ексклузивно ќе ги претстави своите две нови книги преведени на македонски: „Девојката со свеќа“ и „Мимики“. Настанот вклучува и лична средба со читателите, ...
Македонската асоцијација на издавачи (МАИ), во периодот од 9 до 11 мај, а за време на овогодишниот Саем на книгата, втора година по ред ја организира Фелоушип-програмата на МАИ. По отворениот повик, на кој се имаа пријавено повеќе од 70 издавачи, уредници, преведувачи и книжевни агенти од светот, работната група на МАИ избра тројца учесници, пред кои би сакале да го претставиме македонското издаваштво и нашата книжевност. На Фелоушип-програмата ...
Издавачката куќа „Аз-Буки“ годинава бележи важен јубилеј, 25 години постоење и издаваштво на македонски јазик. Повеќе од 150 објавени дела, организирани во неколку едиции, го сочинуваат нивното духовно здание, создадено во изминативе две и пол децении со силите на стотина истакнати автори, преведувачи, лектори и уредници. Голем дел од изданијата на „Аз-Буки“ се значајни наслови од културното и интелектуалното наследство на светот — во нив се ...
Вечерва во кафе-барот “Училница“ во Битола се случи промоцијата на новиот број, четврт по ред, на училишниот весник “Нова Веда“ кој го издаде гимназијата “Јосип Броз Тито“- Битола Како уредник на четвртиот број се потпишува Илина Козарова, а текстовите ги потпишаа ученици од четврта и трета година и членовите на литературната дружина “Коста Рацин“.Во 4. број на весникот свој осврт за јубилејот има директорката на гимназијата “Јосип Броз Тито“ ...
Од утре до сабота ќе се одржи 7. издание на „Графити фест“. На годинашниот уметнички собир ќе учествуваат 14 артисти од Македонија, Србија, Хрватска, Бугарија, Грција, Германија и од Италија Куманово оваа недела ќе се претвори во ателје под отворено небо. Од утре до сабота ќе се одржи 7. издание на „Графити фест“. На годинашниот уметнички собир ќе учествуваат 14 артисти од Македонија, Србија, Хрватска, Бугарија, Грција, Германија и од Италија, ...
Во година кога слави 15 години љубов кон книгите и речиси 500 изданија, издавачката куќа „Сакам книги“ го носи во Скопје еден од најголемите современи автори на психолошки трилери – Себастијан Фицек. Овој мај, Фицек ќе биде специјален гостин на Саемот на книга 2025, каде што на 10 мај ексклузивно ќе ги претстави своите две нови книги преведени на македонски: Девојката со свеќа и Мимики. Настанот вклучува и лична средба со читателите, ...
Бендот The Groove постои од 2015 година, настапува низ цела Македонија и нивните настапи се познати по одличните журки, позитивна енергија и препознатливиот стил. Последната година бендот се насочува кон креирање на своја авторска музика и работи константно на истата. Првиот сингл ,,Љубов” беше изваден во Јануар месец и беше прифатен одлично од публиката. Вториот сингл ,,Тука сум до тебе” е едно емоционално парче музика кое зборува за ...
Познатиот графички дизјанер и уметник Зоран Кардула, на социјалните мрежи објави дека е достапен македонски кириличен фонт „Крушево“ што го дизајнирал тој и кој со помоша на Небојша Гелевски сега е достапен за слободно користење. „Македонскиот јазик не ми е мајчин јазик но е јазикот на кој се образував. Честит ден на македонскиот јазик! Еве и еден кириличен фонт кој сум го нацртал пред 13 години од геометриски форми а благодарение на Небојша ...
Од претпладне, па речиси до полноќ, ехото од песната „Македонско девојче“ на Јонче Христовски, со помош на провевот, ги полни коридорите на скопскиот Градски трговски центар (ГТЦ). Ја пее еден од редовните посетители, средовечен маж, кој седи на плочките на приземјето и очекува по некој денар од минувачите за популарниот рефрен. Песнава речиси е генерација со трговскиот, компонирана пет години пред да се удрат темелите на ова архитектонско дело, ...