
Скопје
34ᴼ /
34ᴼ



Зоран Кардула е име што одамна не бара претставување меѓу македонските уметници, но зад тоа име се крие многу повеќе од графички дизајнер и уметник. Тој е левичар, активист, горд припадник на влашката заедница – и, како што велат оние што го познаваат, добар другар и вистинско човечиште. Кардула по повод „120 години Национален ден на Власите“, претстави 120 портрети на познати личности со влашко потекло. „120 години Национален ден на Власите“ па ...
Галеријата „Метаноја“ вечерва ќе биде домаќин на изложбата „Агапе“ од Горјан Ѓорѓиев. Според д-р Коста Милков, делата на Ѓорѓиев претставуваат спој на стилски и тактилни елементи, со бои кои се однесуваат како „Филозофскиот камен“—симболички елемент што обичните метали ги претвора во благородни и за кој се смета дека носи лековити и долготрајни својства. Во христијански контекст, „Филозофскиот камен“ е алегорија за „агапе“. Ѓорѓиев се истакнува ...
Пет актерски легенди кои го изгубиле животот на снимање на филм или останале со тешки повреди поради продукциска грешка Објавена во: 25 Мај, 2025 10:17 Во светот на гламурот и филмската магија, ретко кој размислува за опасностите зад камерата. Но, некои од најголемите холивудски продукции носат со себе и ризици – особено кога станува збор за акциски сцени, каскадерски потфати и специјални ефекти. Еве неколку од најпознатите инциденти при ...
Во Центарот за словенски култури во Москва во рамките на прославата на 24 Мај - Денот на словенското писмо се одржа литературна средба посветена на проектот “Сто словенски романи” во кој се застапени и дела на македонски книжевници. Присутните на литературната средба учесници на проектот зборуваа за чувственоста, за словенската душа што е клучна тема на словенските романи. Македонските автори на настанот ги претстави Олга Панкина, промотор на ...
Скопската група Д.Н.О вечерва со почеток во 20:30 часот ќе го одржи својот прв акустичен концерт, на 25 Мај - Денот на младите, во кино Фросина – Младински културен центар (МКЦ). Овој концерт претставува редок и интимен музички настан, во кој бендот ќе се претстави во поинакво светло – со акустични аранжмани и поблиска комуникација со публиката. Настанот е замислен како специјална вечер со емоции, приказни и нова димензија на познатите ...
Музичарите Јордан Костов, Филип Букршлиев и Тејка Васиљевиќ, соединети заедно како „Свирци Вардарци“ (Svirci Vardarci), го објавија своето прво истоимено долгосвиречко издание под етикетата на независнaта куќа „Шарла“ (Sharla). „’Свирци Вардарци’ е современо/фузиско трио од Скопје, Македонија. Нивната музика претставува мешавина од различни стилови, донесени преку богатото музичко искуство на членовите. Можеби, тоа е љубопитно и разиграно дете ...
„Фантазија“ е насловен традиционалниот концерт на Филхармонијата во скопскиот Градски парк, што ќе се одржи на 13 јуни, со почеток во 20:30 часот. Оваа година, на програмата ќе бидат познати песни од долгометражни анимирани филмови на „Дизни“. Диригент ќе биде Тимоти Редмонд од Велика Британија, а како солисти ќе пеат Биљана Јосифов (сопран), Денис Димовски (тенор) и Иван Наумовски (бас-баритон). Меѓу филмовите кои ќе бидат застапени на ...
Националниот археолошки музеј е добитник на наградата за музеј на годината ,,18 Мај” што по повод денот на музеите ја доделува МНК ИКОМ. Меѓу наградените со пофалница за Музејски проект на годината е и проектот ,,Јас – археолог” на нашиот музејски водич м-р Марија Рабаџиска. Одбележувањето на 18 Мај – МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА МУЗЕИТЕ 2025 е традиционално организирано од страна на Здружението Македонски национален комитет на Меѓународниот совет на ...
Убиство од култ, самоубиства, морничави повици – 6 (хорор) филмови за кои се верува дека се „проколнати“ Џон Ленон бил убиен пред зградата во којашто се снимал Rosemary’s Baby, додека сопругата на режисерот на филмот беше убиена од култот на Чарлс Менсон. Поради ова и низа други смртни случаи и трагедии, некои се убедени дека морничавиот филм е проколнат. Колку и да не верувате во клетви, духови и што било натприродно, мора да признаете дека ...
Три психолошки книги кои ќе ве мотивираат и натераат да се замислите Тројца различни автори и три книги - сите различни на свој начин, а сепак единствени во тоа дека ќе ве натераат да погледнете кон себе и да размислувате за некои битни прашања. Психолошките и мотивирачки книги или ги сакате, или не. Но, факт е дека оние што ги читаат, тврдат дека повеќето од нив им влијаеле позитивно. Па доколку ви треба позитивна промена, или нешто да ве ...
Во периодот од 28 до 31 мај 2025 година, во Скопје ќе се одржи мултидисциплинарниот истражувачки проект „Градот како сцена: Еколошки иднини“, кој ги поврзува современите просторни практики со урбаната еколошка трансформација. Преку серија работилници и јавно предавање, проектот се занимава со начините на кои градот има потенцијал за трансформација во сцена за заедничко и солидарно делување, низ принципите на демократијата и меѓусебното ...
Јордан Грабуловски – Грабул е роден во Прилеп на 19 март 1925 година. Тој беше познат македонски скулптор, член на МАНУ. Грабул е еден од најистакнатите македонски уметници, познат по своите дела, не само во Македонија, туку и надвор од неа. Неговите уметнички реализации, проткаени со мотиви од социјална тематика, тематика од НОВ и тематика од повоената изградба, се траен белег и потврда на неговиот творечки потенцијал. Негова сопруга била ...
Битола, 24 мај 2025 (МИА) - Над 150 млади ликовни уметници, ученици и нивни ликовни педагози од 17 држави во светот денеска во Битола го слават патрониот празник на Детското ликовно студио „Св. Кирил и Методиј“, домаќин и организатор на меѓународната детска ликовна колонија „Мал битолски Монмартр“. Новото издание на ликовната колонија „Мал битолски Монмартр“ почна со доделување на наградите за учесниците кои придонесоа за светската изложба, а ...
Скопје, 24 мај 2025 (МИА) - Во организација на ЈУ Детски културен центар „Карпош“ од 27 мај до 3 јуни 2025 година по шести пат ќе се одржи Фестивалот на детската креативност „Трамболини“. Како што информираат од Детскиот културен центар, на фестивалот ќе учествуваат деца и млади на возраст од 7 до 17 години, каде ќе совладаат нови техники на креативно изразување на забавен и креативен начин. На овој фестивал, децата ќе можат да уживаат во ...
Со концертот „Македонисимо“ на Симон Трпчевски вечерва во Рим, во рамки на културната програма на манифестацијата „Македонија во чест на Свети Кирил“ беше одбележан Денот на сесловенските просветители. На концертот, јави известувачот на МИА, присуствуваше македонската државно-црковна делегација предводена од претседателката Гордана Сиљановска Давкова, која од вчера е во Рим и Ватикан, по повод чествувањето на 24 Мај. Министерот за култура Зоран ...
Иранскиот трилер „Тоа беше само несреќа“ ја освои Златната палма, најпрестижната награда на Канскиот филмски фестивал, чие 78. издание се затвори вечерва. Кејт Бланшет му ја додели наградата на режисерот Џафар Панахи, кој пред три години беше во затвор во Иран, каде што почна штрајк со глад. Ова е шеста едноподруго победа во Кан за независниот дистрибутер „Неон“. Церемонијата на затворањето на фестивалот уследи по голем прекин на електричната ...
Министерот за култура и туризам Зоран Љутков, кој е дел од делегацијата во Италија, предводена од претседателката Гордана Силјановска Давкова, денеска од Рим го честита празникот 24 Мај – Денот на Сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј за кои рече дека всушност се темелот на нашата писменост, култура и традиција. Таа нивна мисија се уште не е завршена, таа нивна визија ќе треба да ја продолжиме се посилно и посилно, за да си ...
Третата по ред работилница за Хаига (пишување хаику песни и илустрирање на песните) ќе се одржи на 31-ви мај 2025, сабота во 17:30 часор во Градски парк кај езерата. „Секоја работилница е посветена на едно годишно време. Така сега стигнавме до летото. Оваа работилница одлучивме да ја направиме во градскиот парк кај езерата за инспирација“, велат прганизаторите Учесниците ќе се запознаат со техниката на пишување хаику и ќе создадат хаику песни ...
Тетово, 24 мај 2025 (МИА) – Во тетовска Брвеница по десетти јубилеен пат денеска ќе биде одржана културно-забавната манифестација „Брвеница играа и пее“ во организација на Културно-уметничко друштво „Брвеница. Попладне во 15:00 часот манифестацијата ќе почне со дефиле на шесте културно уметнички друштва низ Брвеница. - Настапот на културно уметничките друштва и вокали изведувачи ќе се одржи во потоа во 16 часот часот пред ОУ „Коста Рацин“. ...
Со свечена програма и културно-уметнички настани, Велес по втор пат ја одбележа славата на светите рамноапостоли Кирил и Методиј. Во дворот на велелепниот храм посветен на сесловенските и македонски просветители, во самиот центар на градот, манифестацијата доби особено духовно и уметничко значење. По вечерната богослужба, присутните граѓани и верници, предводени од Митрополитот Повардарски г. Агатангел, имаа можност да уживаат во богата ...
Муралот „harmonoise_230425“, изработен од познатиот полски уметник Пржемислав Блејжик (Саинер), ќе биде отворен утре во Младински културен центар во Скопје. Настанот, кој почнува во 19 часот, е организиран од Институтот „Адам Мицкиевич“, во соработка со Град Скопје, како дел од меѓународната културна програма на претседателството на Полска со Европска Унија. Саинер, кој ќе присуствува на отворањето на муралот, е едно од најпрепознатливите имиња ...
Делчево, 22 мај 2025 (МИА) - Во организација на Националната установа Центар за култура Н.Ј.Вапцаров, во Делчево денескa беше отворена изложбата на уметникот Ана Митевска. Ова е трета самостојна изложба на авторката, односно вкупно 6-та по ред организирана во соработка со домовите и центрите за култура во нашата земја. -Со Ана и порано имаме соработувано, а денешната изложба е насловена Приказни во Тиркиз - Извор на животот. Се надевам дека оние ...
По повод 51 година постоење, Друштвото на ликовни уметници Битола (ДЛУБ) организира свечена групна изложба на 22 мај 2025, во просториите на Ликовен салон на ДЛУБ. Изложбата со наслов СЛАВИМЕ УМЕТНОСТ обедини дела од повеќе генерации уметници – членови на ДЛУБ. Триесет автори, членови на нашето Друштво, ни ги откриваат своите светови преку различни техники. Оваа изложба сведочи за континуитет, заедништвото и креативната енергија која веќе ...
Претставата „Лирско вилинско коњче” на Театарот „Микропера“ од Сарагоса, Шпанија доби Гран при на 26. Интернационален фестивал на монодрама во Битола. За најдобар актер е прогласен Роналд Ранд од САД, за претставата „Нека биде уметност!”. Наградата за најдобра режија ја доби Невена Митева од Бугарија за претставата „Декамерон“ на Државниот куклен театар од Сливен, Бугарија. Истата претстава во изведба на Ана Петрова, ја доби наградата од ...
На платото пред Детското ликовно студио „Св. Кирил и Методиј“ во старата битолска чаршија, свечено беше отворена 44-та Светска детска ликовна колонија „Мал Битолски Монмартр“. Во рамките на колонијата ќе учествуваат 150 гости – ученици, професори и родители од 18 делегации од 17 земји, меѓу кои се: Македонија, Албанија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Чешка, Индија, Израел, Малезија, Црна Гора, Полска, Романија, Србија, Словачка, ...
Во рамки на манифестацијата „Гевгелија град на културата за 2025 година“, гевгелискиот уметник Борис Петров ќе го одбележи значајниот јубилеј – 70 години од своето ликовно творештво. По тој повод, денес, со почеток во 20:00 часот, во хотел „Аполонија“ – Гевгелија, ќе се одржи самостојна изложба и промоција на монографија посветена на неговото богато творештво. На изложбата ќе бидат претставени избрани дела од различни творечки фази на уметникот ...
Тамара Тодевска одржа концерт сношти на плоштадот во Валандово во рамките на Фолк фест Валандово. Таа настапи по Сузана Спасовска и ѝ рече на публиката да ужива со баладите кои ги испеа на почетокот. „Оваа песна ја снимив со мојот другар, децата можеби не го знаат, но ќе го споменам за да го научат, Влатко Илиевски. Песната се вика ‘Гушни ме’ и така Влатче и јас ќе останеме засекогаш гушнати”, рече Тодевска за нејзиниот школски другар кој почина ...
Државното средно училиште за ликовна уметност и дизајн ,,Лазар Личеноски“ - Скопје в понеделник свечено ќе ја открие статуата на акад. проф. Јордан Грабул, дело на професорката Елена Дуковска. Статуата во дворот е поставена веднаш до статуите на Никола Мартиноски, Димо Тодоровски и Лазар Личеноски. Средното уметничко училиште на овој начин го одржува сеќавањето и почитта на делото на овие големи уметници и професори. Средното уметничко училиште ...
Вечерва во во големата сала на Македонската филхармонија, со почеток во 20:00 часот, ќе имате можност да уживате во концертот на Антонио Форчоне и неговиот квартет. Антонио Форчоне е повеќекратно наградуван музичар со најпрестижните светски музички награди и како гитарист и како комозитор. Неговата дискографија брои 20-ина извонредни албуми, некои од нив снимени со музички големини како Charlie Haden, Trilok Gurtu, Sarah Jane Morris многу други. ...
Скопје, 23 мај 2025 (МИА) - По повод одбележувањето на Денот на сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј - 24 Мај, во Македонскиот културно-информативен центар во Софија утре вечер ќе биде претставен рециталот „Светопис за сесловените“ од проф. д-р Зоран Пејковски, посветен токму на светите браќа Кирил и Методиј. Како што најавија од Македонски културно-информативен центар во Софија, поетскиот чин претставува длабок духовен и ...