
Скопје
34ᴼ /
34ᴼ



Книгоиздавателството „Панили“ објави нова книга од еден од најдаровитите и најсестрани македонски автори, Паскал Гилевски. Насловена „Мит и стварност“, книгата е сублимат и синтеза на неговото шестдецениско творечко – преведувачко и критичарско искуство и претставува значаен влог и за есеистиката и критиката во Македонија, воспоставувајќи толкувачки координати со книжевни великани на кои Гилевски претходно им има посветено големо внимание ...
Винилното издание „Ова е Ѓорче Петров, не Скопје“ ќе биде промовирано утре (25 мај) во кафе барот „Станица парк“ во паркот во населбата Ѓорче Петров. Настанот ќе трае од 12 до 15 часот. Издавачи на плочата се „Корпус деликти“ и „Кичма рекордс“ и на неа се собрани 14 песни од исто толку групи и музичари кои се поврзани со оваа скопска општина. Компилацијата опфаќа најразлични музички жанрови, вклучувајќи панк, блуз и хип-хоп. Дел од песните ...
Отворена аудиција за споредните машки улоги во филмот „Пролетно чистење“ на Марија Апчевска за мажи на возраст над 30 години кои НЕМААТ ПРОФЕСИОНАЛНО АКТЕРСКО искуство. Аудицијата ќе се одржи во сабота, на 31 мај од 10ч. до 18ч. во просториите на Вардар Филм (ул.8ми март бр.4, Скопје) а ќе се состои од фотографирање и кратко видео интервју. Оние заинтересирани кои не можат физички да присуствуваат на аудицијата, може да испратат четири „свежи“ ...
На списокот на „Сите најубави нешта“ еднаш напишавме: „Претставата треба да патува надвор од Македонија.“ И тоа се случи! Минатиот викенд, Игор Ангелов со својата исклучителна изведба ги освои срцата на публиката во Лондон – две изведби, полни сали и стотина луѓе кои доживеаја едно несекојдневно, емотивно и топло театарско искуство. Благодарност до сите што беа таму и споделија аплаузи и солзи со нас, се вели во објавата од екипата на „Сите ...
Актерката Зелија Ланаспа од Шпанија е годинашен добитник на наградата Гран при за најдобра монодрама што ја доделува Интернационалниот фестивал на монодрама во Битола. Актерката Ланаспа, воедно автор на монодрамата „Лирско вилинско коњче“, настапува во театарот МикроОпера во Сарагоса. Меѓународното стручно жири во состав Рисима Рисимкин од Македонија, Емре Ердем од Турција и Лаша Чхартишвили од Грузија одлучи наградата за најдобар актер да ја ...
Во рамки на 53. издание на фестивалот „Мајски оперски вечери“ вечерва со почеток во 20:00 часот, на сцената на Националната опера и балет ќе се изведе едно од ремек-делата на светската оперска уметност – „Мадам Батерфлај“ од Џакомо Пучини. -Операта „Мадам Батерфлај“ е музичка драма за љубовта, предавството и надежта, раскажана преку извонредната музика на Џакомо Пучини. Во ова дело, Пучини маестрално ги спојува елементите на западната и ...
На дваесет и четвртиот „ОФФест“ од 5 до 8 јуни ќе се претстават различни артисти од осум земји од светот, а организаторот ја карактеризира како „најсилната програма во последниве години“. Фестивалот во Националната опера и балет (НОБ) на 5 јуни од 20 часот ќе го отвори Драган Даутовски, етномузиколог, музичар, композитор и научен работник. „Извлечените звучни вредности од длабочините на нашата фолклорна ризницата, често надградени и ...
Три дена по ред, односно на 25, 26 и 27 мај, словачкиот состав „Војди“ ќе одржи три различни свирки во Македонија. „’Војди’ се трочлен art rock/math rock состав од Прешов, Словачка, кои ја имав привилегијата да ги слушам два дена по ред на овогодишната МЕНТ музичка конференција. После концертите во ‘Menza pri koritu’ и ‘Klub Gromka’, зборувавме за Скопски мерак и за напуштените бродови на вардарскиот кеј — и со голем ентузијазам се договоривме ...
Лустер од еден куп бели машки гаќи ве пречекува на сред малата сцена. Маса, столчиња, фотелја, стар транзистор и по некој алкохол. И ништо да не знаете за текстот на претставата „Секс, лаги и главоболки“, лустерот ќе ви каже многу. Култната комедијa „Секс, лаги и видеоленти“ од Стивен Содерберг (1989) е земена само како предлошка за претставата, која во суштина режисерката Александра Кардалевска заедно со четворицата актери ја изградиле. Текстот ...
Воениот оркестар од Армијата на Република Македонија и воениот оркестар од Вермонт, САД утре, 24.05.2025 година, како дел од предвидените активности во пресрет на вежбата „Immediate Response 25“, ќе одржат едночасовен концерт на плоштадот „Магнолија“ во Битола, со почеток во 13 часот. Посетителите ќе имаат можност да проследат повеќе популарни џез нумери, македонски шлагери и фолк мелодии, со кои ќе се претстави сојузништвото и ќе се испратат ...
Струга, 23. мај 2025 (ОХРИДПРЕС) – Оваа недела, 25-ти мај во Струга ќе биде промовирана книгата „Светило на врв планина“ од Јасмина Кантарџиева- Димков, илустрирано и адаптирано житие на Св. Спаса Вишенска за деца и возрасни. Не е првпат во Православната традиција да се илустрира житие на светител и на таков начин да се доближи до најмладите членови на Црквата, но првпат е да се илустрира и адаптира за деца житие на светител канонизиран од ...
Денес, во Ликовната галерија во Прилеп, со почеток во 18:30 часот, ќе биде отворена изложбата на склуптури од Слободан Милошески насловена како „Рефлексивна привлечност“. Низ призмата на оваа изложба на скулпторот Слободан Милошески публиката има можност уште еднаш да види иновативна скулптура која се карактеризира со две особини: начинот на кој се користи материјалот, во овој случај станува збор за метал, и за концептот на артикулирање идеи кои ...
На 25 мај ќе излезе новиот албум на Слаткаристика „Што сакаш да бидеш кога ќе пораснеш“. Тој симболично го најави албумот за денот кога во поранешна Југославија се славеа Денот на младоста и роденденот на Јосип Броз- Тито. „Кога бев мал, ме прашуваа што сакам да бидам кога ќе пораснам. Им реков дека сакам да бидам она што сум денес, среќен и исполнет. Ме прашуваа и на англиски и на македонски, а на англиски не знаев да им одговорам“, вели ...
Во Битолскиот театар се одржа прес конференција посветена на најновата премиера ,,Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски, во режија на Дамјан Димовски . „ Среќен сум што еден млад човек се зафати да работи театар со љубов. По 4-ти пат ова дело се поставува на сцената на Битолски театар. Првата поставка беше во 1946 година“, истакна на почетокот директорот Васко Мавровски. Тој додаде дека и покрај наследениот милионски долг, се работи интензивно во ...
Јазикот и идентитетот на Македонците не му нанесуваат штета на никого — напротив, тие се дел од светското културно наследство и заслужуваат почит и грижа. Љубовта кон македонскиот јазик се роди од потребата да се поврзам суштински со луѓе кои беа потиснувани само затоа што го зборуваа својот јазик. Мојата ангажираност со македонскиот јазик и литература, сега е дел од мојот идентитет. Тоа е чин на солидарност и отпор кон заборавот, неправдата и ...
Во рамките на промоцијата на строипот и дигиталната уметност, Францускиот институт во Скопје и „Макстрипови“, во соработка со Младинскиот културен центар, организираат иновативен настан кој претставува спој на стрип, музика и технологија, наменет за сите возрасти, а особено за младата публика. Се работи за цртачки концерт и интерактивна претстава со ВИДУ, дигитален уметник, во музичка придружба на пијанистката Марина Васиљева, а ќе се одржи в ...
Холандската амбасадорка Н.Е Узлем Џанел и заменик амбасадораката Манон Јансен изразија желба да ја посетат нашата библиотека, соопштија од Градската библиотека „Браќа Миладиновци“. Имавме исклучително пријатна и конструктивна средба на која директорката Снежана Стојчевска и тимот ги запознаа гостите од Холандија со богатата историја, библиотечната мрежа и посебните оддели на ГБСК Гостите ги посетија: Одделот за литература за деца и млади и ...
26. издание на Интернационалниот фестивал на монодрама во Битола, ќе биде свечено затворно со изведбата на монодрамата „Куфер“. Изведбата е закажана за 20:00 часот во големата сала на Народниот театар во Битола. Куфер полн со спомени. Со прашања. Со трауми и убавини. Лична, длабока и интимна исповед за животот на една актерка – како жена, како борец, како човек. Моноспектакл кој ќе нè допре сите. Режија: Благој Мицевски Автори и концепт: Соња ...
Скопје, 22 мај 2025 (МИА) - Бројни дела од сите фази на уметничката кариера на уметницата Анета Светиева, што ги опфаќаат нејзините најважни и најиновативни проекти, се дел од нејзината ретроспективната изложба која од синоќа е отворена во галеријата Даут пашин амам во Скопје. Како што соопштија од Националната галерија, гостите имаат можност да го дофатат светот на нејзината уметност и нејзината инспирација и развој низ годините. Како што ...
„Д Фестивал“ (The Festival), најголемиот летен музички фестивал во Македонија, оваа година одбележува јубилејно 15-то издание, кое ќе се одржува од 4 до 6 јули во Штип и со бројни новости во својот програмски концепт. Музичките настани ќе се одвиваат на две бини, „Главна“ и „Москито“, на кои ќе настапат повеќе од 40 бендови и музичари. „Во досега најголемиот прв бран изведувачи се запишуваат вкупно 26 артисти кои летово ни пристигнуваат на ‘Д ...
Павле Камилоски ја промовира „Малина“: „Ја снимив пред година и пол и го чекав вистинскиот момент“ Во фанки ритам, брза и допадлива - новаат песна на Павле Камилоски, „Малина“, ќе ве разигра уште со првите ноти. Павле Камилоски постојано изненадува на музички план. Откако кон крајот на минатата година ја објави баладата „Дали можам“, а потоа и топлата празнична песна „Иде Нова година“, сега ја промовира песната „Малина“. Во фанки ритам, ...
Романот „Бела Сама“ од Виолета Танчева Златева ќе биде промовиран денеска во 17 часот во хотелот „Аполонија“ во Гевгелија. Промотор ќе биде Александра Јуруковска, а извадоци од романот ќе чита Снежана Стојчевска. Настанот ќе биде музички збогатен со настап на Филип Хаџикојчев и Илија Караџов. Настанот го организира Градската библиотека „Гоце Делчев“ во Гевгелија и е дел од програмата на манифестацијата „Гевгелија – град на културата“. Овој роман ...
Македонската публика има несекојдневна можност да влезе во фантастичниот свет на Анета Светиева, една од најмаркантните скулпторки во современата македонска уметност. Свет инспириран од традицијата и верувањето на македонскиот народ, дела кои создаваат магична слика за човековите најскапоцени аспекти и непрекинливата врска со митологијата, откривајќи го духовниот свет што без прекин ги допира нашите животни и духовни прашања. Со овие зборови ...
Јазикот и идентитетот на Македонците не му нанесуваат штета на никого — напротив, тие се дел од светското културно наследство и заслужуваат почит и грижа. Љубовта кон македонскиот јазик се роди од потребата да се поврзам суштински со луѓе кои беа потиснувани само затоа што го зборуваа својот јазик. Мојата ангажираност со македонскиот јазик и литература, сега е дел од мојот идентитет. Тоа е чин на солидарност и отпор кон заборавот, неправдата и ...
Нови 10 издумани Крлевизми од велешкиот афористичар Атанас Крлевски. Прочитајте ги најновите духовити и остроумни афоризми што на уникатен начин ја отсликуваат нашата стварност. Со својата препознатлива игра на зборови и критички дух, Крлевски повторно нè тера да се насмееме – но и да се замислиме. -Успеав да се победам себеси. Веќе не сум двајца. -Жена ми не ми е по вкус, ама за вкусовите не се зборува. -Кој нема план Б, нема ни план А! -Во ...
Првата лага е добитна – Трилер роман од Ешли Елстон. Барате психолошки трилер што ќе ве држи во неизвесност до последната страница? Овој мистериозен наратив од Ешли Елстон е возбудлива книга за млади и возрасни, полна со тајни, измами и прашања за вистинскиот идентитет. Иви Портер има совршен живот. Или барем така изгледа. Но, првата лага е токму нејзиното постоење – таа всушност не постои. Името е лажен идентитет доделен од мистериозниот ...
Почина британскиот кинематографер Били Вилијамс, добитник на Оскар за филмот „Ганди“ (1982) и „Златна камера 300“ за животно дело на ИФФК „Браќа Манаки“ во 2009 година. Таа година, кога Фестивалот „Браќа Манаки“ одбележуваше јубилеј-30 години постоење, Вилијамс одржа мастер клас заедно со Питер Сушицки на иницијатива на ИМАГО. Вилијамс пред присутните говореше за тоа како ги прави филмовите, а сподели и впечатоци од моментот кога за прв пат ја ...
Нетфликс ги објави најновите податоци за најгледаните серии на платформата. Иако понудата постојано се зголемува, само неколку наслови успеваат да срушат одамна поставени рекорди. Веќе неколку години, првата сезона од серијата Wednesday е на врвот, а единствената серија од 2025 година која се проби меѓу трите најгледани е британската мини-серија Adolescence. Adolescence Оваа крими-драма го следи тринаесетгодишниот Џејми Милер, обвинет за убиство ...
Од печат излезе второто изменето и дополнето издание на книгата „Свети Климент Охридски и македонскиот културен контекст” на македонскиот публицист, политиколог и поранешен новинар на Македонското радио – Радио Скопје Свето Стаменов, чие прво издание беше објавено во 2019 година во рамките на годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес на Министерството за култура. Книгата е своевидна збирка на радио-интервјуа што беа ...
Вевчани, 23. мај 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во Домот на културата во Вевчани, вечерва од 18:00 и 20:00 часот, КУД „Дримкол“ ќе го одржи годишниот концерт, насловен „Ехо од истокот“. На програмата се Пијанечки изворни ора: „Церско“, „Циганчица“, „Ситно“ и „За појас или Копачка“. Ќе настапат повеќе од 100 членови на Дримкол, играорци, музичари, пејачи, актери… Гости на концертот ќе бидат учениците од насоката за народни инструменти во класата на проф. ...