Скопје
-4ᴼ /
-4ᴼ
На 16 и на 23 декември на големата сцена на Македонскиот народен театар (МНТ) во 20 часот ќе гостуваат Црногорско народно позориште (ЦНП) со „Господа Глембаеви“ и Народно позориште од Белград со претставата „Вообразен болен“. „Господа Глембаеви“ во режија на Данило Маруновиќ, по текст на Мирослав Крлежа, а во продукција на ЦНП првично требаше да гостува во МНТ на 18 март, но настапот беше откажан поради трагедијата во Кочани, кога во пожар во ...
Поттикнати од потребата да се збогати наставата по италијанска книжевност со дело што на едно место ќе ги обедини најзначајните италијански автори и изданија од 17 до почетокот на 19 век, професорките од Филолошкиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, проф. д-р Ева Ѓорѓиевска и проф. д-р Јована Караникиќ-Јосимовска, го создадоа делото „Италијанската литература и култура на барокот, просветителството и неокласицизмот“. Книгата, во ...
Ареа и Young Dadi со нова верзија на хитот „Oчи ангелски“ - 25 години подоцна Песната „Очи ангелски“, безвременската нумера на Ареа, добива нов живот и нова димензија во ново издание во соработка со Young Dadi. Новата верзија излезе во етер синоќа, на 29 октомври, само десет дена пред големиот концерт на Ареа во СЦ „Јане Сандански“, закажан за 8 ноември, по повод 25 години од легендарниот албум „Врати на имагинација". Видео записот е ...
Во ноември 2025 година, Кинотеката на Македонија повторно ја потврдува својата мисија како чувар на филмската меморија и храм на седмата уметност. Програмата овојпат е осмислена како богат и инспиративен мозаик што ги поврзува различните генерации на филмски автори, традиции и културни контексти – од македонските класици кои ја обликуваа националната кинематографија, преку светските филмски легенди, до современите експериментални визии кои го ...
Венецискиот победник „Татко мајка сестра брат“ на Џим Џармуш го отвора вечерва 66. издание на Солунскиот филмски фестивал, еден од најголемите регионални филмски настани. Филмот ќе го претстави главната ѕвезда Индија Мур, а во Солун се и кинематограферот Фредерик Елмс и костимографката Кетрин Џорџ кои ќе одржат мастеркласови. Ѕвезда на фестивалот годинава е прочуената француска актерка Изабел Ипер, во чија чест ќе има ретроспектива од 15 нејзини ...
Во Културно информативниот центар во Скопје во петок 31 октомври во 20 часот ќе биде отворена изложбата „Мал формат-Миниартура“ на Друштво на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ). Ќе бидат претставени дела во дводимензионален и тродимензионален формат – цртежи, слики, колажи, скулптури, објекти, графики и дела во други техники од членовите на уметничката асоцијација. Малиот формат и минијатурата се чести модели на запишување на фази од процесот ...
„Матица македонска“ ја објави книгата „Овие тивки, темни води“ од една од најреномираните писателки во САД и во Велика Британија, Кристина Мекдоналд – авторката на „Ноќта кога Оливија падна“, најпродаваната книга според USA Today. Станува збор за трилер со напната атмосфера, со комплексни сиже и фабула, кој истражува теми на тајните, загубата и мракот на минатото. По насилниот упад во нејзиниот дом, Нев Мегваер се враќа на Црното Езеро, ...
Претставата „Три милиони минути“ во продукција на Местно гледалишче љубљанско од Словенија, ќе биде изведена вечерва во 20 часот на сцената на Драмски театар во Скопје. Претставата е според филмското сценарио „7 години“. Психолошки трилер што се одвива во една просторија, на маса, на која е поставена шаховска табла. Адаптацијата за МГЛ е на Барбара Хинг-Самобор. Режисерката годините од насловот на пиесата ги претвори во минути, и пред сè, сите ...
Проектот „Научи ги младите да ја сакаат музиката и поезијата“, или „Поетроника за млади“, кој е продолжение на оригиналниот проект „Поетроника“,е музичко-поетски перформанс со едукативна улога. Целта е младите да ја доживеат поезијата на нов и близок начин – преку современ музичко-поетски израз кој го издигнува нашето поетско наследство на ново ниво. Андреја Салпе е еден од нашите водечки електронски продуценти, член на составот BarumBarum. ...
Вечерва (30 октомври) од 20 часот, на фестивалот на античка драма „Стоби“ на сцената на Велешкиот театар ќе се изведе претставата „Калигула“, во продукција на Кумановски театар. Претставата е работена по текст на Албер Ками, а е во режија на Ѓорѓи Ризевски. „Калигула од претставата е слободен човек, уметник, кој се бори и твори во името на слободата. Удира со главата во ѕид и го руши. Не го прифаќа секојдневието во животот и војува за промени. ...
Во ноември 2025 година, Кинотеката на Македонија повторно ја потврдува својата мисија како чувар на филмската меморија и храм на седмата уметност. Програмата овојпат е осмислена како богат и инспиративен мозаик што ги поврзува различните генерации на филмски автори, традиции и културни контексти – од македонските класици кои ја обликуваа националната кинематографија, преку светските филмски легенди, до современите експериментални визии кои го ...
Во Старата скопска чаршија во „Ла Кања“ овој петок, 31 октомври, свој настап во живо ќе имаат „Larsovitch“ и „Snakeatsnaкe“. „Larsovitch“ доаѓа од Франција. „Радикален колдвејв со вкус на источна пост-панк меланхолија. Немилосрдна ритам машина и продорни синтови. Француско-руско-грчка лирика. Песимизам претворен во катарза“, стои во најавата за настанот. „Snakeatsnaкe“ е проект од Софија, Бугарија. „Налудничави ЕБМ/техно/индистријал ритуали од ...
В сабота (1. ноември) ќе се одржи промоцијата на романот „Годините“ (2025, Илика) од француската нобеловка Ани Ерно во бифето на Младинскиот културен центар со почеток од 19:00 часот. Книгата ќе ја промовираат и за неа ќе разговараат Андријана Папиќ Манчева, преведувачката на романот, Ведран Диздаревиќ, уредникот на изданието, и Катерина Шекутковска, главната и одговорна уредничка на издавачката куќа „Илика“. Покривајќи го периодот од крајот на ...
Центарот за култура „Никола Јонков Вапцаров“ во Делчево вечерва беше домаќин на Националната установа Ансамбл Македонија, кој пред делчевската публика приреди концерт посветен на градската традиција. Ансамблот Македонија, препознатлив по неговото негување на традиционалната македонска песна и оро, го донесе својот препознатлив сценски израз и висок професионализам пред преполната сала во Делчево. Настапот, кој е дел од националната турнеја на ...
Кочани, 29 октомври 2025 (МИА) - Фолклорниот ансамбл „Љупчо Сантов“ од кочанската населба Оризари на петдневна турнеја во Германија имаше настап со изворен фолклор, инструментална изведба со тапани, соло изведба на тамбура, песни и уметнички ора во три блока со времетраење од 40 минути во повеќечасовната јубилејна програма по повод 30 години постоење на КУД „Македонија" од Уна во близината на Дортмунд, Германија. На настанот како гости беа ...
Во Музејот на македонската борба, вечерва во 20 часот, ќе се одржи свеченото затворање на фестивалот „Златна лира“, во организација на Здружението на музички уметници на Македонија (СМУМ). Во рамки на настанот ќе бидат доделени традиционалните награди „Златна лира“. Наградата за животно дело годинава ѝ се доделува на истакнатиот кларинетист и професор Стојан Димов, за неговиот значаен придонес во развојот на македонската музичка сцена и ...
Харизматичната и талентирана пејачка, битолчанката Санела Шукриевска дебитираше на годинешниот „Макфест“ со песната „Цунами“, чиј комплетен автор е Кирил Зарлинов (DJ Erik Fox), а микс и мастерот е на нашиот познат хит мејкер и продуцент Јован Јованов. Стилот на песната е поп-денс. Санела е студентка на Правен факултет, а завршила како виолинист во средното музичко училиште во Битола. Нејзиниот музички талент го наследила од татко и кој исто ...
Министерството за војна на Соединетите Американски Држави се најде во отворен конфликт со Нетфликс поради новиот апокалиптичен трилер „Куќа на динамит“ (House of Dynamite) во режија на Кетрин Бигелоу. Според Deadline, претставници на Пентагон тврдат дека клучен дел од заплетот на филмот создава „лажни претпоставки“ за сигурноста на американскиот систем за ракетна одбрана. Во меморандум објавен на 16 октомври, Пентагон изјави дека прикажувањето ...
По успешната прва сезона, трибината „Родот и градот“ се враќа со нова серија разговори кои ги испитуваат врските меѓу културата, феминизмот и градот како простор на мислење и отпор. Препорачано Во организација на Коалиција „Маргини“ на 28 октомври, во 19 часот, во „Макка бар“ ќе се одржи настан на кој низ разговор ќе бидат претставени Румена Бужаровска и Билјана Црвенковска, авторките од Македонија чиишто книги завршија во финалниот регионален ...
Додека повеќето се задоволуваат со рутината, Мирјана Сионова тргна на нешто што малкумина би се осмелиле. На 56 години, овој успешен претприемач, инспирација и вистински авантурист, ја издаде својата прва книга „Европа нè чека нас“, плод на 2-годишен самостоен труд и лична визија. Книгата е збир на патеписи што ќе ги инспирираат вашите следни авантури. Мирјана ве води низ 14 европски земји и 50 различни дестинации, вклучувајќи 17-дневно патување ...
Претставата „Мајки“ на Колектив Игралке и Рајна Рац, во продукција на Казалиште Улисис од Загреб, ќе биде изведена вечерва во 20 часот, на сцената на Драмскиот театар во Скопје. Гостувањето е во рамките на фестивалот РУТА, што ќе трае до 31 октомври. Ова не е претстава за мајчинството. Ова е претстава за одлуката за мајчинството. Авторките, сите во т.н средни триесетти години, насетуваат дека времето за мајчинството речиси им истекува. ...
Куманово, 29 октомври 2025 (МИА) - Кумановци вечерва со почеток во 19:30 часот во Уметничката галерија ќе имаат можност да ги разгледаат делата од меѓународната изложба „Фото приказна“. Изложбата ја организира Фото клуб Куманово. - Под покровителство на клубот, изложбата ги обединува четириесетина врвни фотографи од различни земји, кои преку своите дела откриваат светови исполнети со светлина, сенка и човечка емоција. Фотографиите се ...
Изложбата ,,Современа скулптура” ќе се отвори утревечер (30.10.2025) во МГС од 20.00 часот. Изложбата „Современа скулптура” 2025, реализирана како дел од програмските активности на ДЛУМ со поддршка на Министерството за култура и туризам, претставува значаен преглед на современите скулпторски тенденции во македонската ликовна сцена. Со учество на шеснаесет уметници од различни генерации, во оваа изложба, не се јавува како едноставна презентација ...
Скопје, 29 октомври 2025 (МИА) – Културно информативниот центар – Скопје најавува свечена промоција на најновата поетска стихозбирка „Вообразби: лирски етиди за некој друг свет“ од истакнатиот македонски поет, критичар и есеист Бранко Цветкоски. Настанот ќе се одржи вечерва со почеток во 19:19 часот, во Салон 19:19. Книгата, во издание на „Макавеј“, содржи седумдесетина песни распоредени во четири тематски циклуси, и е придружена со есеистички ...
Во Музејот на македонската борба, на 30 октомври, во 20 часот, со доделување на наградите и со концерт на пијанистот Глигор Гелебешев ќе се затвори годинашното 18. издание на фестивалот „Златна лира“ 2025. Вовед во свеченото затворање на фестивалот ќе биде доделување на наградата „Златна лира“ што СМУМ традиционално ја доделува за животно дело и за особени уметнички остварувања во текот на претходната година. Наградата за животно дело оваа ...
Концертот ќе се одржи во 20 часот во Националната опера и балет. Угледното списание 𝐽𝑎𝑧𝑧𝑇𝑖𝑚𝑒𝑠 за 𝗬𝗲𝗹𝗹𝗼𝘄𝗷𝗮𝗰𝗸𝗲𝘁𝘀 пишува како за „совршено запалив електро-акустичен состав, чии интелигентни, често предизвикувачки и непредвидливи композиции црпат инспирација од fusion, post-bop и современиот џез.“ Во текот на својата богата и повеќедецениска кариера, Yellowjackets се етаблираат како еден од најзначајните и најпочитуваните ...
Скопје, 29 октомври 2025 (МИА) – Од печат излезе романот „Ништо“ од современиот британски писател Ханиф Курејши, во издание на „ИЛИ-ИЛИ“. Преводот од англиски на македонски јазик е на Милан Дамјаноски, а објавувањето на книгата е поддржано од Министерството за култура. „Ништо“ е провокативна и духовита приказна за Валдо – пензиониран режисер прикован за кревет, чие секојдневие е исполнето со сомнежи, горчина и саркастични размисли за животот, ...
Nа 6 ноември 2025 година, со почеток во 20:00 часот, во Националната опера и балет Националниот џез оркестар ќе одржи концерт заедно со легендарниот американски состав, пионерите на џез-фјужн жанрот – 𝗬𝗲𝗹𝗹𝗼𝘄𝗷𝗮𝗰𝗸𝗲𝘁𝘀!Диригент на концертот ќе биде единствениот 𝗕𝗼𝗯 𝗠𝗶𝗻𝘁𝘇𝗲𝗿, долгогодишен член на составот и еден од најистакнатите современи џез музичари. Угледното списание 𝐽𝑎𝑧𝑧𝑇𝑖𝑚𝑒𝑠 ќе ги опише како „совршено запалив ...
Операта „Палјачи“ од Руџеро Леонкавало ќе биде изведена на 7 ноември 2025 година, 20.00 часот. Ова е едно од највеличествените дела на оперскиот веризам, кое со децении ја освојува публиката ширум светот. Приказната за љубовта, страста и одмаздата, преточени во операта „Палјачи“ на нашата сцена ќе се изведе под диригентската палка на гостинот од Унгарија, Кочар Балаж, во режија на Дејан Прошев, сценографијата е на Илина Ангеловска, ...
Во чест на 80-годишниот јубилеј, Македонската филхармонија синоќа одржа концерт во престижната Златна сала на Музикферајн во Виена, еден од најзначајните храмови на класичната музика во светот. Касинос Австрија Интернешенал Македонија со гордост ја поддржа оваа исклучителна музичка вечер, потврдувајќи ја својата долгорочна заложба за унапредување на културниот живот и промоција на македонската уметност пред светот. Настапот под диригентство на ...