За три дена полицијата казнила 33 пешаци. Освен за возачите, казни има и за пешаците кои минуваат каде ќе стигнат, а не на обележан пешачки премин, но и не ги почитуваат семафорите. Тука се и санкциите за оние кои минуваат со телефон на уво или слушалки. Во периодот од (24/27.11.2025) како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно ...

Тетовчанец ќе одговара кривично затоа што на 1 ноември поради претходно недоразбирање во сообраќајот, пријавениот му нанел убодна рана на свој сограѓанин. Како што се наведува во полицискиот билтен, СВР Тетово поднесе кривична пријава против Н. М. (20) од село Пирок, општина Боговиње, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 01.11.2025 година во Тетово, поради претходно недоразбирање во сообраќајот, ...

На 27.11.2025 во 00:05 часот во Клиничката болница во Штип полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода Ј.А.(29) од с.Таринци, општина Карбинци. Претходно, во болницата за лекарска помош бил донесен неговиот татко В.А.(54), но и покрај пружената помош, В.А. починал. Кога Ј.А. пристигнал во болницата, но и откако од страна на медицинскиот персонал му било кажано дека татко му починал, тој се однесувал агресивно кон нив и искршил стакла и ...

Полицијата евидентираше два одделни инцидента со малолетници во основни училишта на подрачјето на градот. На 26 ноември 2025 година, во 11:15 часот, во хол на основно училиште во општина Ѓорче Петров бил нарушен јавниот ред и мир при физичка пресметка меѓу двајца малолетници од Скопје. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот. Следниот ден, на 27 ноември 2025 година, во 15:00 часот, во СВР Скопје пријавил О.М. (44) од Скопје дека на ...

Вчера, по полноќ, полициски службеници од Штип го приведоа 29-годишниот Ј.А. од селото Таринци, општина Карбинци, во Клиничката болница во Штип. Претходно, во болницата бил донесен неговиот татко В.А. (54), кој, и покрај укажаната лекарска помош, починал. Кога Ј.А. пристигнал во установата и бил информиран од медицинскиот персонал дека татко му починал, тој се однесувал агресивно кон персоналот и искршил стакла и делови од болничкиот инвентар, ...

Полицијата во Штип поднесе кривична пријава против Е.З. (38) од овој град, поради сомнение за кривичното дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“. Според пријавата, на 4 септември 2025 година во Штип, осомничениот без дозвола и согласност ја користел банкарската картичка на 75-годишна жена од Штип и неовластено извршил трансакции на банкомат. Случајот е целосно документиран и проследен до надлежните органи за ...

Вчера околу 23:45 часот во селото Банско, полицајци го приведоа Б.М. (65) од истото село. Според пријавеното, околу 20:30 часот, во близина на неговата куќа, тој со воздушна пушка пукал кон малолетник од Струмица и го погодил во ногата. На повредениот му била укажана медицинска помош во Општата болница во Струмица. Воздушната пушка била пронајдена и одземена од Б.М., кој е задржан во Полициската станица Струмица. За настанот бил запознаен јавен ...

Полицијата вчера го приведе Е.А.(27) од струшкото село Франгово во врска со убиство во обид сторено на 16 август во Струга. „Со решение од Основниот суд во Струга, него определена му е мерка притвор во траење од 30 дена, по што е пренесен во Казнено поправната установа „Затвор“ Охрид“, соопшти СВР Охрид. Инцидентот се случил пред угостителски објект во Струга, кога осомничениот заедно со уште едно лице го нападнал Н.Д. (30) од село Велешта, ...

Со сведочење на раководителка на одделението за финансиско, сметководствено и шалтерско работење на Клиниката за онкологија, денеска во Основниот кривичен суд продолжи судењето за случајот „Онкологија 2” во кој за незаконско набавување лекови, прикривање преку фиктивни тендери и присвојување на дел од терапијата се обвинети поранешниот медицински директор на Клиниката за радиотерапија и онкологија Нино Васев и економскиот директор на Клиниката ...

Четириесет и осумгодишен струмичанец од селото Просениково во средата во семејниот дом се обидел да ја убие сопругата прво со течност која сакал да и ја вбризга во устата, а потоа со нож и нанел посекотини во близина на каротидната артерија на вратот. Против него, е поднесена кривична пријава за убиство во обид, а од страна на јавен обвинител е побарано да му се одреди мерка притвор. Осомничениот ја фатил за главата спроугата и со шприц се ...

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против А.Д.(43) од кичевското село Колари, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“ по член 244 од Кривичниот законик. Тој, на градежна парцела во близина на месноста „Сеферов бунар“ во Кичево, без да обезбеди одобрение и друга соодветна документација, започнал градба на објект, со што постапил спротивно на членот 136 од Законот за градење. Нелегалната градба ја ...

Полицијата вчера го приведе Е.А.(27) од струшкото село Франгово во врска со убиство во обид сторено на 16 авгиуст во Струга. „Со решение од Основниот суд во Струга, него определена му е мерка притвор во траење од 30 дена, по што е пренесен во Казнено поправната установа „Затвор“ Охрид“, соопшти СВР Охрид. Инцидентот се случил пред угостителски објект во Струга, кога осомничениот заедно со уште едно лице го нападнал Н.Д. (30) од село Велешта, ...

СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против правно лице од Струмица и А.З.(46) од Струмица, сопственик и управител на правното лице, поради основи на сомневање дека во три наврати сториле кривично дело „даночно затајување“. Пријавениот правен субјект како даночен обврзник, а А.З. во својство на управител на правниот субјект, во 2023 година избегнувајќи законска даночна обврска пријавиле помал излезен ...

Струмичанец со шприц сакал насилно да ѝ вбризга на сопругата пестицид. Таа почнала да вика, а двете малолетни деца слушнале и дошле да ѝ помогнат на мајката. Основното јавно обвинителство Струмица донесе наредба за спроведување истрага за кривично дело обид за убиство. „Осомничениот 48-годишник, при вршење семејно насилство, на 26 ноември во семејниот дом во селото Просениково, се обидел да ја лиши од живот неговата сопруга. Тој ја фатил за ...

Турска државјанка е лишена од слобода и приведена во полициска станица откако вчера предизвика инцидент и нападна службено лице по судењето во Штип. Според информациите што ги пренесе ТВ Стар, жената ја нападнала полициската службеничка влечејќи ја за коса и навредувајќи ја. Инцидентот се случил по рочиштето против петмината турски државјани инволвирани во убиство. На местото на настанот реагирале и припадници на специјалната единица за да го ...

Жена од село во Скопско вчера пријавила во полиција дека ја измамил мајстор кому однапред му платила околу 3.250 евра да заврши градежни работи, но тој исчезнал со парите, информираат од МВР. Препорачано „На 26.11.2025 во 11:40 часот во СВР Скопје, 50-годишна жена од скопско пријави дека од страна на В.„Н“ била измамена за сума од 200.000 денари. Тој требало да изврши градежни работи во нејзиниот двор, но откако ги зел парите, не ѝ одговарал на ...

Дебар, 27 ноември 2025 (МИА) - Жител на дебарското село Могорче заработи кривична пријава за насилно одземање на пари од жена која само што ги подигнала од банкомат. -Одделението за внатрешни работи- Дебар поднесе кривична пријава против К.М.(23) од дебарското село Могорче, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба на дрзок начин“, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи - Охрид. Тој, ...

– Измама вредна 720 евра пријавила 27-годишна неготинка во полиција, соопштија попладнево од Секторот за внатрешни работи – Велес. – Вчера во 16 часот, во ОВР – Неготино, 27- годишна жена од градот пријави дека била измамена за сума од 720 евра. Според пријавеното, во месец октомври, преку мобилна апликација остварила комуникација со лице кое продавало текстил на социјална мрежа, а потоа парите ги уплатила на сметка преку апликација за ...

Во два одвоени случаи пријавени во текот на вчерашниот ден, жени од Скопје побарале полициска заштита поради закани и насилство од нивните сопрузи со кои се во бракоразводна постапка. Вчера во 11:40 часот бил приведен М.К. (31) од Скопје, по пријава од неговата 30-годишна сопруга дека ѝ упатувал закани. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок. Во вториот случај, пријавен во 13:50 часот, 43-годишна скопјанка ...

Во два одвоени случаи пријавени во текот на вчерашниот ден, жени од Скопје побарале полициска заштита поради закани и насилство од нивните сопрузи со кои се во бракоразводна постапка. Вчера во 11:40 часот бил приведен М.К. (31) од Скопје, по пријава од неговата 30-годишна сопруга дека ѝ упатувал закани. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок. Во вториот случај, пријавен во 13:50 часот, 43-годишна скопјанка ...

Педесет и деветгодишниот А.Д. се здобил со тешки повреди, кога во него удрило „пежо“ на улицата Славка Динкова во Скопје. Несреќата се случила вчера околу 17.40 часот, а зад воланот била 51-годишната Б.П. „Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, додека со телесни повреди се здобила Б.П., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, соопшти МВР. Само 20-на минути порано, била ...

Вчера во 10:30 часот, во СВР Охрид е пријавено дека, во селото Белчишта, општина Дебрца, Г.С.(51) од истото село, спречил претставници на Агенцијата за храна и ветеринарство, да извршат вонреден надзор во неговиот продажен објект, по што од инспекторите од агенцијата е побарана полициска асистенција. По преземени мерки и извршени службени разговори со сопственикот, истиот им овозможил на инспекторите од агенцијата, да ја извршат контролата. ...

Вчера во струмичко село полициски службеници од СВР Струмица лишија од слобода 48-годишен жител на тоа село. Според пријавеното, тој истиот ден со остар предмет и нанел повреди на телото на неговата сопруга, а претходно се обидел насилно со шприц да и стави непозната течност во устата. Лицето е задржано во Полициската станица Струмица и за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, по чии насоки се преземаат ...

Вчера во 14:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица- ОВР Гевгелија го лишија од слобода 34-годишниот Ј.Ќ. од Гевгелија. При претрес на неговиот дом, извршен со судска наредба, полициски службеници пронајдоа марихуана, предмети со остатоци од марихуана и повеќе предмети за кои постои сомнение дека биле користени за импровизирана лабораторија за одгледување на марихуана. Вчера во 10:40 часот во село Негорци, гевгелиско, ...

Македонецот за кој грчките власти се изјаснија дека нема да го екстрадираат поради застареност на случајот е Ацо Боцевски, познат под прекарот „Циганот“. Тој беше лоциран во градот Катерини и против него постоела европска потерница издадена поради убиство извршено во ноември 1997 година во Македонија. Убиство по сообраќајна несреќа: жртвата – 37-годишен Македонец Според судски документи, Боцевски во 1997 година предизвикал сообраќајна несреќа, ...

Во текот на вчерашниот ден на улицата „Димитрие Чуповски“ пред гимназијата „Јосип Броз Тито“ во центарот на Скопје се случи сообраќајна несреќа. Според информацијата од МВР, пријавена е незгода меѓу патничко возило марка ‘хјундаи‘ со скопски регистарски таблички, управувано од Б.М., и пешак О.Д. (51) од Скопје. „Пешакот О.Д. со возило на Итна медицинска помош е пренесен во Клиничкиот центар за укажување на помош“, соопшти МВР. За случајот е ...

Куманово, 26 ноември 2025 (МИА) - Дваесет и четиригодишна жителка на Липково, пријавила во полицијата дека била измамена за 165.000 денари од жител на таа општина за вработување во Швајцарија. Откако му ги дала парите, таа веќе не можела да стапи во контакт со него. - Вчера во 14:30 часот во СВР Куманово, 24-годишна жена од Куманово пријавила дека била измамена од Р.М. од село во Општина Липково за сума од 165.000 денари. Според пријавеното, во ...

МВР информира дека вчера во 11:45 часот, на експресниот пат Градско – Прилеп, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиja од слобода З.Б.(43) од Битола. При контрола на патниот сообраќај со радар, полициските службеници констатирале дека управувал патничко возило „ауди“ со битолски регистарски ознаки со брзина од 151 километар на час на место каде максимално дозволената брзина е ограничена на 80 километри на час. Тој бил приведен во ...

Полицијата уапси девет државјанки на Колумбија под сомнеж дека го злоупотребиле туристичкиот престој во гостиварско и против нив се поднесени соодветни пријави. Од СВР Тетово информираат дека вчеравечер при преземање на мерки и активности во угостителски објект во селото Добридол, гостиварско, биле затекнати 13 женски лица. – Меѓу нив имало девет државјанки на Колумбија и четири македонски државјанки. Поради злоупотреба на туристичкиот престој, ...

Граничната полиција за надзор на преминот Богородица уапсила криумчари од Египет и Сирија. Како што информираат од МВР, вчера (25.11.2025) во 22:30 часот полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица кај место викано „Касарна“ затекнале 10 лица–мигранти од Кина, како и А.М. (20) од Египет и Ј.Н.(22) од Сирија. Поради основано сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“ по чл.418-б од ...

weather icon

Белград

7ᴼ / 6ᴼ
1.54
82%
1017
weather icon

Загреб

10ᴼ / 9ᴼ
1.54
75%
1017
weather icon

Софија

7ᴼ / 7ᴼ
3.09
71%
1016
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
0.96
90%
1017
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
1.03
87%
1018
weather icon

Атина

15ᴼ / 14ᴼ
5.14
83%
1010
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
1.03
72%
1011
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
1.03
71%
1012
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 4ᴼ
1.54
89%
1014
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 8ᴼ
2.57
87%
1016
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 10ᴼ
7.72
100%
1007
weather icon

Скопје

9ᴼ / 9ᴼ
3.09
71%
1013
Currency

61.64

Currency

52.9118

Currency

70.5804

Currency

35.1533

Currency

38.273

Currency

65.8934

Currency

7.48586

Currency

0.68919

Currency

0.34063

Currency

0.5251

Currency

1.24455

Currency

0.58842

Кобалт

58.42

Бакар

10.96

Калај

40.49

Платина

52864.82

Паладиум

46361.38

Иридиум

145787.60

Сребро

1876.20

Злато

134976.58

Цинк

3.22

Родиум

255598.44

Никел

473258.99

Рутениум

29192.88