Јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против шест полициски службеници и две други лица. Од обезбедените докази произлезе дека првообвинетиот заедно со уште две лица, за кои истражната постапка е во прекин, сториле кривично дело „Примање награда за противзаконито влијание“. ...

Постапувајќи по кривичната пријава поднесена од МВР, предметен обвинител од ОЈО ГОКК донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомневање дека сторило кривично дело Тероризам. Осомничениот на 16 овој месец во раните утрински часови преку телефонската линија за итни случаи 192 со умисла упатил сериозна закана за подметната бомба во воздухоплов на Меѓународен аеродром Скопје, на летот Скопје – ...

Постапувајќи по кривичната пријава поднесена од МВР, обвинителството отвори истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомневање дека сторило кривично дело Тероризам. Осомничениот на 16 овој месец во раните утрински часови преку телефонската линија за итни случаи 192 со умисла упатил сериозна закана за подметната бомба во воздухоплов на Меѓународен аеродром Скопје, на летот Скопје – Анталија. Веднаш по приемот на заканата од ...

Две лица загинаа, а уште две се повредени во свлечиште што синоќа го погоди автопатот RN 205 во Горна Савоја, на патот помеѓу Шамони и Паси, објави BFM. Според информациите од жандармеријата, жртвите – пар роден во 2002 година – биле на задното седиште од своето возило кога се случило свлечиштето. Возачот, на возраст од 54 години, се здобил со тешки повреди и бил однесен во болница, додека неговата сопруга, сопатничка, е полесно повредена и е ...

Осомничениот 32-годишен жител на Скопје, маскиран со маица преку лицето и со капа, на 18 август преку незаклучена врата влегол во дом на сосед во селото Бучимци. Со ловечки нож во рацете, му се заканил на сопственикот дека ќе го убие ако не му даде пари. Исплашениот домаќин извадил 4.000 денари од комодата, но го замолил напаѓачот да му остави 1.000 денари, бидејќи му биле неопходни. Разбојникот се согласил и со 3.000 денари ја напуштил куќата. ...

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице осомничено за кривично дело – Разбојништво од член 237 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот 32-годишен скопјанец, на 18 август, маскиран со маица со која си го покрил лицето и капа, преку незаклучена влезна врата влегол во домот на негов соселанец во селото Бучимци. Во рацете држел ловечки нож и кога во една од собите го затекнал ...

Двајца жители на Струга ќе одговараат за обид за убиство, откако пред неколку дена нападнале жител на Велешта пред струшки угостителски објект, а во нападот користеле и нож, соопшти МВР. Препорачано „СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.А.(46) и А.Е.(27), двајцата од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство“ во обид. На 16.08.2025 пред угостителски објект во Струга, пријавените физички го нападнале ...

Вчера во 01:20 часот во Дебар, полициски службеници од ОВР Дебар го лишиле од слобода четириесет и петгодишниот А.Р. од Дебар. Препорачано „Полициски службеници го забележале лицето како управува патничко возило „фолксваген џета“ со национални ознаки на САД со чкрипење на гумите и нагло зголемување на брзината. Откако го запреле возилото, тој физички ги нападнал полициските службеници и кај него бил пронајден пиштол. Исто така, по извршено ...

Заталкано зрно од огнено оружје заврши во автомобил во станица за технички преглед во Чаир. Според информациите на МВР, вчера околу 14:30 часот во СВР Скопје, Б.А.(49) од Скопје пријавил дека во кругот на станица за технички преглед на подрачјето на Чаир од заталкано зрно од огнено оружје било оштетено ветробранското стакло од неговото возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки. Полициски службеници од СВР Скопје го подигнале зрното за ...

Тинејџер со мопед удри во 12-годишно девојче во Кичево, со тешки повреди е пренесено во болница. Според информациите на МВР, вчера во 19:30 часот во ОВР Кичево било пријавено дека на ул.„Рудничка“ во Кичево, мопед „пежо“ со кичевски регистарски ознаки, управуван од Л.М.(18), удрил во пешак-12-годишна малолетничка, двајцата од Кичево. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, а со телесни повреди се здобил возачот на ...

Во моето три и пол годишно раководење со затворот во Шутка, никогаш не сум го прекршил Законот за извршување на санкциите. Ова го тврди поранешниот директор Филип Андов кој е обвинет дека пуштал затвореници да си одат дома. Во процесот се опфатени и седуммина затворски полицајци, за кои директорот тврди – работеле чесно. На обвинетите им се суди за злоупотреба на службената положба и за несовесно работење во службата. Седнаа на обвинителна ...

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против С.П.(58) од Охрид, со престој во општина Вевчани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. Пријавениот, вработен во Јавно претпријатие „Национални шуми“- Подрачно шумско стопанство „Јабланица“ – Струга, како референт за превоз постапил спротивно на законски и подзаконски акти на тој начин ...

Од полицијата информираат дека вчеравечер во 21:30 часот во селото Требовље, општина Македонски Брод, по извршен претрес на неговиот дом, бил уапсен 43-годишниот Н.К. од село Долно Седларце, општина Брвеница, откако претходно било пријавено дека од неговата куќа се слушале истрели од огнено оружје. Препорачано При претресот полицијата пронашла и одзела две ловечки пушки и муниција за ловечки карабин. Човекот бил задржан во полициска станица и ...

Маж од косовскиот град Пеќ е во притвор откако пред три дена беше уапсен под сомнение дека силувал 14-годишно девојче од Македонија. Осомничениот, на возраст од 36 години, бил уапсен за време на викендот, откако полицијата открила траги кои воделе до него, а покрај тоа и сведочењето на девојчето било клучно за апсењето, пренесуваат косовските медиуми. Жртвата и нејзината мајка го пријавиле случајот во полиција, а девојчето во детали им ...

На 19.08.2025 во 18:30 часот во Штип, полициски службеници од отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Штип ги лишиле од слобода Е.Д.(21), Н.Р.(38) и 26-годишната В.М., сите од Штип. Имено, постапувајќи по претходно добиени сознанија и со согласност на Е.Д., полициските службеници извршиле претрес во неговиот дом, каде биле затекнати Н.Р. и В.М., при што пронашле и одзеле три автоматски пушки калибар 7,62мм, пет метални рамки ...

Полицијата ги приведе Е.Д.(21), Н.Р.(38) и 26-годишната В.М., сите од Штип. Постапувајќи по претходно добиени сознанија и со согласност на Е.Д., полициските службеници извршиле претрес во неговиот дом, каде биле затекнати Н.Р. и В.М., при што пронашле и одзеле три автоматски пушки калибар 7,62мм, пет метални рамки за автоматска пушка со по 30 куршуми калибар 7,62мм и две метални рамки за автоматска пушка со по 20 куршуми калибар 7.62мм. Лицата ...

25-годишен жител на Скопје вчера пријавил во полиција дека претходниот ден, рано утрото околу 3 часот, бил нападнат во обложувалница во општината Аеродром, соопшти МВР. Препорачано „Денеска (19.08.2025) во 09:45 часот во СВР Скопје, Ф.А.(25) од Скопје пријавил дека на 17.08.2025 околу 03:40 часот во обложувалница на подрачјето на општина Аеродром бил физички нападнат од В.„Н“.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од ...

Маж од косовскиот град Пеќ е во притвор откако пред три дена беше уапсен под сомнение дека силувал 14-годишно девојче од Македонија. Според информациите од косовската полиција, 36-годишниот маж бил приведен на 14 август, откако малолетничката, државјанка на Македонија, дала исцрпна изјава за нападот. „Пријавено е дека осомничениот косовски маж е уапсен, бидејќи постои сомневање дека ја силувал жртвата, државјанка на Македонија (малолетничка). ...

На 18.08.2025 во 14:00 часот во ОВР Радовиш било пријавено дека на регионален пат во правец од планината Плачковица кон Радовиш, во близина на манастирот „Св.Троица“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „мерцедес“ со штипски регистарски ознаки, управувано од С.З.(26) од с.Долно Липовиќ, радовишко и товарно возило „мерцедес“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Ј.Г.(63) од Радовиш. Во несреќата со тешки телесни повреди се ...

56-годишен италијански државјанин вчера попладне се превртел со четирицикл кај Лазарополе, при што е тешко повреден, соопшти полицијата. Тој бил префрлен во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид. Препорачано „На 17.08.2025 околу 15:00 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека на шумска необележана патека во атар на с.Лазарополе, Л.М.(56) од Италија, управувајќи четирицикл, изгубил контрола и се превртел со четирициклот. Во несреќата, со тешки телесни ...

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов информира дека состојбата со пожарот во Јасен се влошува и оти огнот на едно место се искачил до гребенот, но оти со брза интервенција е запрен. Состојбата на пожарот во Јасен повторно се влошува. Огнот тргна нагоре по гребенот. Се приближи кон зелениот пат кој ни е линија на одбрана за да не се префрли од другата страна. Овде се вработени во Јавното претпријатие Јасен поддржани ...

На 18.08.2025 околу 12:50 часот во Полициската станица Ресен било пријавено дека на магистралниот пат Ресен-Битола, на место викано „Слечиште“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел астра“ со охридски регистарски ознаки, управувано од П.Н.(20) од Охрид и патничко возило „мерцедес“ со германски национални ознаки, управувано од П.К.(52) од Сојузна Република Германија. Од здобиените повреди, на местото на настанот починал ...

Двајца млади струмичани се уапсени и ќе одговараат за серија кражби и за едно разбојништво, кои според полицијата ги извршиле во градот за еден месец. Препорачано „По преземени мерки и активности, полициски службеници од СВР Струмица во изминатиот период расчистија повеќе кривични дела од областа на имотните деликти. Имено, во Валандово и Струмица од слобода беа лишени М.К.(26) и Ф.К.(18), двајцата од Струмица. Тие се сомничат дека со уште две ...

По преземени мерки и активности, полициски службеници од СВР Струмица во изминатиот период расчистија повеќе кривични дела од областа на имотните деликти. Имено, во Валандово и Струмица од слобода беа лишени М.К.(26) и Ф.К.(18), двајцата од Струмица. Тие се сомничат дека со уште две лица во периодот од 07.07.2025 до 06.08.2025 на подрачјата на Струмица, Валандово и Гевгелија извршиле 26 кривични дела, од кои едно „разбојништво“, една „тешка ...

Тешка сообраќајка меѓу три возила и камион се случила вчера на магистралниот пат Охрид-Кичево. Препорачано – На 18.08.2025 во 17:10 часот во СВР Охрид било пријавено дека на магистралниот пат Охрид-Кичево, после влез за село Ботун, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген пасат“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од В.Д.Д.Ф.(50) од Холандија, товарно возило „ман“ со приклучно возило „кроне“ со скопски ...

Две лица загинаа, третото е тешко повредено. Ваков е трагичниот биланс од смртоносната сообраќајна несреќа што се случи вчера на патот Ресен – Битола, кај местото викано „Слечиште“. -На 18.08.2025 околу 12:50 часот во Полициската станица Ресен било пријавено дека на магистралниот пат Ресен-Битола, на место викано „Слечиште“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел астра“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 20 ...

Белгијски државјанин бил приведен вчера поради „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“. Препорачано „СВР Скопје поднесе кривична пријава против С.А.(23) од Белгија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“. На 05.08.2025 во Скопје, полициски службеници извршиле ...

Со оглед на бројот на возила и намалениот број на вработени во Затворска полиција, КПУ Затвор Скопје постапува и ќе постапува согласно своите можности и капацитети, вели директорот на затворот Бобан Утковски, по реакцијата од Основниот кривичен суд Скопје за одложените рочишта поради неспроведување на притворени лица. Утковски информира дека на 18 август биле планирани 12 спроводи, од кои биле реализирани 8, а на 19 август од планирани 19 биле ...

Од Царинската управа информираат дека на граничниот премин Блаце за влез во земјата, цариниците по мала бркотница запреле возило управувано од македонски државјанин кој се обидел да ја избегне царинската проверка, при што во неговото возило пронашле и конфискувале 78 килограми тутун за наргиле, со проценета вредност на пазарот од нешто над 13 илјади евра. Препорачано Осомничениот, со цел илегално да ја избегне царинската проверка, одбил да го ...

Две кражби со насилство се пријавени во aвтобус во Скопје за само еден ден. Во Чаир, додека се возела во автобус, М.К. (48) од Скопје останала без паричник со пари, лични документи и други предмети, кои ѝ биле одземени од нејзината чанта. На подрачјето на Центар, В.З. (20) од Скопје пријавила дека, додека излегувала од автобус, едно лице ѝ го одзело личниот накит со употреба на сила. Полицијата презема мерки за расчистување на двата случаи. ...

weather icon

Скопје

26ᴼ / 26ᴼ
2.06
47%
1014
weather icon

Белград

28ᴼ / 24ᴼ
3.6
63%
1015
weather icon

Загреб

28ᴼ / 27ᴼ
1.54
49%
1016
weather icon

Софија

29ᴼ / 27ᴼ
2.06
31%
1013
weather icon

Сараево

32ᴼ / 32ᴼ
6.64
22%
1013
weather icon

Љубљана

27ᴼ / 25ᴼ
2.57
63%
1016
weather icon

Атина

32ᴼ / 30ᴼ
9.77
35%
1009
weather icon

Тирана

29ᴼ / 29ᴼ
3.6
42%
1012
weather icon

Подгорица

29ᴼ / 29ᴼ
3.09
39%
1012
weather icon

Букурешт

32ᴼ / 31ᴼ
6.69
28%
1014
weather icon

Будимпешта

29ᴼ / 28ᴼ
1.03
49%
1016
weather icon

Истанбул

30ᴼ / 29ᴼ
10.29
100%
1010
Currency

61.535

Currency

52.7787

Currency

70.9468

Currency

34.5046

Currency

38.2284

Currency

65.562

Currency

7.38981

Currency

0.64948

Currency

0.35584

Currency

0.52474

Currency

1.28186

Currency

0.59888