Едно лице, родено 1982 година, било убиено при тепачка пред казино во Кавадарци. Оваа информација за МИА ја потврди доктор Антоан Паракеов, раководител на Службата за итна медицинска помош. – Точно е, имаше убиство при тепачка, утринава околу пет часот, пред казино. Станува збор за смртоносни повреди на глава. Наша екипа доби повик и веднаш беше на лице место, но, констатира дека лицето беше починато, без знаци на живот, појасни докторот за МИА. ...

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против А.А.(31) и Е.А.(30), двајцата од с.Чегране, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 27.06.2025 во угостителски објект во с.Чегране, по претходна расправија, настанала физичка пресметка помеѓу пријавените, кои притоа употребиле остри предмети, при што оштетиле патничко возило кое било паркирано пред ...

СВР Битола информира за две сообраќајки на патот за Меџитлија при што се повредени повеќе лица. На 24.08.2025 во 16:25 часот во СВР Битола било пријавено дека на регионалниот пат Меџитлија- Старавина мотоцикл „хамачи” без регистарски ознаки, управуван од Г.А.(39) од Битола излетал од коловозот . Во несреќата Г.А. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Битола. Увидот го извршила увидната екипа на СВР Битола. На ...

Осумнаесетгодишно момче вчера смртно прегазило 82-годишен маж во Кичево, по што избегало од местото на несреќата, информираат од МВР. Препорачано „На 25.08.2025 во 09:20 часот во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишиле од слобода Ф.Л.(18) од Кичево. Имено, околу 06:.55 часот на пешачки премин на бул. „Ослободување“, тој со патничко возило „цитроен саксо“ со кичевски регистарски ознаки, кое го управувал, удрил во пешакот С.Ш.(82) од ...

Малолетничка, тинејџерка и уште една повозрасна жена се повредени откако возило управувано од 38-годишна скопјанка излетал на локален пат во скопско. Како што информираа од полицијата, вчера во 15:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на локален пат кој ги поврзува село Ракотинци и село Добри Дол, скопско, патничко возило „фолксваген поло“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 38-годишната В.Ј. од Скопје излетало од патот. Во ...

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција поднесе кривична пријава против С.С. поради основи на сомнение за сторено кривично дело ,,несовесно работење во службата“ по член 353-в од ...

На 25.08.2025 во 14:45 часот во ОВР Кичево било пријавено дека на магистралниот пат Кичево-Гостивар, во близина на тајмишка раскрсница патничко возило „фолксваген венто“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од Н.Д.(54) од Кичево излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, додека неговите сопатнички Б.М.(53) и А.Д.(76), двете од Кичево, се здобиле со телесни повреди, констатирани во Медицинскиот ...

Вчера во СВР Битола, 88-годишна битолчанка пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 1000 американски долари, евра и 20.000 денари. Според пријавеното, лицето ја контактирало телефонски и ѝ кажало дека нејзиниот син со сопругата предизвикал сообраќајна несреќа, при што се здобиле со тешки телесни повреди и притоа прегазиле осумгодишно дете и дека треба да плати за да не биде пријавен во полиција од страна на семејството на детето. ...

Осумдесет и двегодишен пешак од Кичево им подлегнал на повредите по сообраќајна несреќа што се случила вчера утро на булеварот „Ослободување“ во Кичево. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата се случила околу 06:55 часот, кога патничко моторно возило марка „цитроен саксо“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од 18-годишниот Ф.Л. од Кичево, удрило во пешакот С.Ш. (82) на обележан пешачки премин. По ударот, ...

На 22.08.2025 околу 18:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на магистралниот пат Скопје-Граничен премин Долно Блаце, на околу 200 метри од преминот, патничко возило „фолксваген голф“ германски национални ознаки, управувано од Б.С.(22) од Косово, со живеалиште во Сојузна Република Германија, удрил во пешакот К.М.(53) од Украина. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, кој со возило на Итна медицинска помош од Косово бил ...

9 дена - МИА - +2

Скопје, 25 август 2025 (МИА) - СВР Охрид поднесе кривична пријава против В.Н.(39) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“. Полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени кафеава смолеста материја и шприцеви. СВР Штип поднесе кривична пријава против Д.М.(69) од ...

Полициските службеници од ОВР Кичево вчера го привеле 18-годишниот Ф.Л. од Кичево, откако на булевар „Ослободување“ со автомобил „Цитроен Саксо“ удрил во пешак. Несреќата се случила утрото околу 06:55 часот, кога возилото удрило во 82-годишниот С.Ш. од Кичево, по што возачот првично го напуштил местото, но кратко потоа се вратил без автомобилот. Повредениот пешак со тешки повреди бил пренесен од кичевската болница во Комплексот клиники „Мајка ...

На 25.08.2025 во 09:20 часот во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишиле од слобода Ф.Л.(18) од Кичево. Имено, околу 06:.55 часот на пешачки премин на бул.„Ослободување“, тој со патничко возило „цитроен саксо“ со кичевски регистарски ознаки, кое го управувал, урил во пешакот С.Ш.(82) од Кичево и го напуштил местото, но во 07.10 часот се вратил без возилото. Притоа, пешакот С.Ш. се здобил со тешки тешки телесни повреди и по укажаната ...

ОЈО ГОКК соопшто дека дежурен обвинител донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против 13 лица, меѓу кои се и четворица косовски државјани и една државјанка на Република Хрватска. Препорачано Осомничените се товарaт дека од 2014 до 2023 година организирале и учествувале во криминална група со цел стекнување противправна имотна корист преку даночно затајување, даночна измама и перење пари со што осомничените го оштетиле Буџетот на ...

Скопје, 25 август 2025 (МИА) - Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело „тешка телесна повреда“ од член 131 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик, вршејќи насилство врз жена со која имале претходни лични недоразбирања. Настанот, како што информираат од Обвинителство, се случил вчера попладне, кога оштетената отишла да се види со осомничениот пред ...

СВР Битола информира - На 24.08.2025 во 17:37 часот на патот Битола-Граничен премин Меџитлија, кај с.Кравари, битолско, полициски службеници од СВР Битола при контрола со радар во патниот сообраќај констатирале дека С.С.(22) од с.Средно Егри, битолско, управувал патничко возило „фоксваген поло” со битолски регистарски ознаки со брзина од 107 километри на час во населено место на место каде што максималната дозволена брзина е 50 километри на час. ...

69-годишен беровец ќе одговара откако нападнал работник на комунално претпријатие во градот, а притоа користел и тврд предмет, соопшти полицијата. Препорачано „СВР Штип поднесе кривична пријава против Д.М.(69) од Берово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување службено лице во вршење службено дејствие”. На 1.8.2025 во Берово, пријавениот со тврд предмет нападнал вработен во Јавното претпријатие за комунални работи ...

32-годишен мотоциклист е тешко повреден во судир со автомобил во скопската насеба Козле, соопшти МВР. Препорачано „На 24.8.2025 во 16:20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Леринска“ и ул.„Козле“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „тојота јарис“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 21-годишната Е.А. и мотоцикл, управуван од Е.А.(32), двајцата од Скопје. Во несреќата со тешки телесни ...

На 24.08.2025 во 17:37 часот на патот Битола-Граничен премин Меџитлија, кај село Кравари, битолско, полициски службеници од СВР Битола при контрола со радар во патниот сообраќај констатирале дека 22 годишник од село Средно Егри, битолско, управувал патничко возило „фоксваген поло” со битолски регистарски ознаки со брзина од 107 километри на час во населено место на место каде што максималната дозволена брзина е 50 километри на час. Лицето ...

Осуденик кој отслужува затворска казна во затворот Идризово денеска околу 11 часот физички нападнал припадник на затворската полиција додека бил на службена должност, информираат од Синдикатот на Затворската полиција и администрација во Македонија. Препорачано Оттаму велат дека затвореникот К.А. го нападнал затворскиот полицаец Д.К. со тупаници, со што тој се здобил со телесни повреди во пределот на главата и телото, а по брзата интервенција на ...

Два автомобили се запалиле ноќеска, едниот на паркингот кај Клиниката за гинекологија во Чаир и во село Батинци, каде пожарот се проширил на семејна куќа па во болница завршиле сопружници и нивните деца. Препорачано Едниот пожар бил пријавен нешто пред три часот по полноќ кога се запалило возило „ауди“ со скопски регистерски таблици сопственост на триесет и седумгодишен скопјанец. Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од граѓани кои се ...

Полицијата во Охрид го уапси Т.Т.(51). Тој се сомничи дека од април оваа година во повеќе наврати на апликација на социјална мрежа на 17-годишно девојче од Охрид испраќал пораки и фотографии со недолична содржина и барал од неа и таа да му испраќа фотографии со експлицитна содржина. Со судска наредба бил извршен и претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени и одземени мобилен телефон и ловечка пушка „застава“ со калибар 12 мм. Лицето било ...

Во координирана акција на Управата за финансиска полиција, спроведена со Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, се приведени седум лица, додека истрагата опфаќа вкупно 13 лица и 10 компании. Осомничените се товарат за злосторничко здружување, даночно затајување, измама и перење пари. Според истрагата, тие продавале нафта за готовина, прикажувајќи ги средствата како дневен промет преку фиктивни фактури и барале поврат на ...

Основното јавно обвинителство Штип денеска поведе итна постапка против едно лице за кривично дело – Насилство од член 386 став 4 во врска со став 3 и став 1 од Кривичниот законик, соопшти ЈО. Осомничениот извршил грубо насилство на 24 август на стадионот „Бело Брдо“ во Штип, за време на фудбалски натпревар меѓу младинските екипи на фудбалските клубови „Брегалница“ и „Шкупи“. Со дејствијата тој ја загрозил сигурноста на две деца родени 2010 ...

Од вкупно седум регистрирани пожари на територијата на државата, по два се активни и ставени под контрола, а изгаснати се три, информираат денеска од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Активни се пожарите во Општина Долнени, кај селото Долгаец, каде гори мешана шума и во Општина Крушево, каде гори депонија на влезот од градот. Под контрола се пожарите во Општина Македонски Брод, во „Јасен“, каде гори мешана шума и на планинатаа Кожуф во ...

Основното јавно обвинителство Скопје отвори постапка против лице осомничено дека извршило кривично дело „тешка телесна повреда“ по член 131 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Настанот се случил на 23 август попладне пред угостителски објект во скопската населба Автокоманда. Жртвата се сретнала со осомничениот, кој прво вербално ја навредувал, а потоа со пластична гајба полна со стаклени шишиња ја удрил по главата. Жената веднаш ...

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Тешка телесна повреда. Делото го сторил вршејќи насилство врз жена со која имале претходни лични недоразбирања. На 23 август попладне оштетената отишла да се види со осомничениот пред угостителски објект во населбата Автокоманда. Тој најпрво започнал грубо да ја навредува, а потоа зел пластична гајба полна со ...

На 23.08.2025 во 22:30 часот полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода Т.Ј.(27) и Б.Ј.(46) од Куманово. Имено, во с.Макреш, општина Старо Нагоричане, полициски службеници забележале паркирано товарно возило „мерцедес” со кумановски регистарски ознаки, натоварено со огревни дрва, до кое биле двете лица. Притоа, Т.Ј. и Б.Ј. не дозволиле на полициските службеници да извршат контрола на возилото, физички ги нападнале кога се ...

61-годишна жена пријави физички напад, полицијата презема мерки Во тетовско, 61-годишна жена вчера пријавила напад во дворот на својата куќа, соопшти СВР Тетово. Според пријавата, напаѓач била нејзината снаа, Ф.Б., која ја нападнала без претходна причина. На местото на настанот веднаш беа преземени полициски мерки, а случајот е во фаза на целосно документирање. По завршувањето на истрагата, против сторителката ќе биде поднесен соодветен ...

83-годишна тетовчанка жртва на телефонска измама – изгуби 2.000 евра по лажна приказна за ќерката Телефонските измами повторно се активни во Тетово, а жртва вчера стана 83-годишна жена која наводно била убедена дека нејзината ќерка предизвикала сообраќајна несреќа со смртни последици во Скопје. Повикувачот барал итно да ѝ се предадат 2.000 евра за да „избегне затвор“. Жената ги оставила парите на договорено место, но подоцна, по разговор со ...

weather icon

Скопје

26ᴼ / 26ᴼ
2.06
47%
1014
weather icon

Белград

28ᴼ / 24ᴼ
3.6
63%
1015
weather icon

Загреб

28ᴼ / 27ᴼ
1.54
49%
1016
weather icon

Софија

29ᴼ / 27ᴼ
2.06
31%
1013
weather icon

Сараево

32ᴼ / 32ᴼ
6.64
22%
1013
weather icon

Љубљана

27ᴼ / 25ᴼ
2.57
63%
1016
weather icon

Атина

32ᴼ / 30ᴼ
9.77
35%
1009
weather icon

Тирана

29ᴼ / 29ᴼ
3.6
42%
1012
weather icon

Подгорица

29ᴼ / 29ᴼ
3.09
39%
1012
weather icon

Букурешт

32ᴼ / 31ᴼ
6.69
28%
1014
weather icon

Будимпешта

29ᴼ / 28ᴼ
1.03
49%
1016
weather icon

Истанбул

30ᴼ / 29ᴼ
10.29
100%
1010
Currency

61.535

Currency

52.7787

Currency

70.9468

Currency

34.5046

Currency

38.2284

Currency

65.562

Currency

7.38981

Currency

0.64948

Currency

0.35584

Currency

0.52474

Currency

1.28186

Currency

0.59888