Цената на златото забележа силен раст во понеделникот, при што благородниот метал поскапе за повеќе од 2% и го достигна највисокото ниво од 9 јуни. Растот следува по информациите дека САД и Иран постигнале почетен договор за прекин на конфликтот, што ги намали цените на нафтата и ги ублажи стравувањата од повисока инфлација и дополнително затегнување на монетарната политика. Спот-цената на златото порасна за 2,5% и достигна 4.323,29 долари за ...

Германија, која со децении беше ветената земја за работници од целиот свет, брзо ја губи својата привлечност на глобалниот пазар на трудот. Според најновата анализа на угледниот Институт за германска економија (IW), дупката на пазарот на трудот ќе биде драстично поголема отколку што беше претходно предвидено. Новите прогнози покажуваат дека Германија се соочува со историски недостиг на работна сила, што би можело сериозно да ја загрози ...

Потрошувачите ширум светот бараат повеќе протеински производи, а индустријата се бори да ги задоволи, но суровината е во недостиг, објави Асошиејтед Прес (АП). Спортистите и постарите лица долго време користат „смутија“ и „шејкови“ измешани со концентрат од протеин од сурутка – прашкаст нуспроизвод од производството на сирење – за да изградат или одржат мускулите. Меѓутоа, во поново време, прехранбените компании го додаваат во сè, од житарки ...

Цената на златото повторно го привлекува вниманието на инвеститорите, откако вредноста достигна околу 119 евра за грам или една унца (31,1 грам) се продава по 3.708 евра. Растот е поттикнат од комбинација на глобална економска неизвесност, геополитички тензии и засилена побарувачка за сигурни инвестиции. Експертите посочуваат дека златото традиционално се смета за „безбедно засолниште“ во периоди кога финансиските пазари се под притисок. ...

Австрискиот буџет за периодот до 2028 година е претставен како план што треба истовремено да донесе штедење и нови инвестиции. Министерот за финансии Маркус Мартербауер тврди дека товарот е распределен правично и дека граѓаните ќе ги прифатат мерките доколку ги сметаат за фер. Владата составена од Народната партија, Социјалдемократите и Неос најавува дека придонес ќе дадат компаниите, банките, пензионерите, семејствата и вработените. Сепак, ...

Добивај вести на Viber Зградата на поранешен „Технометал Вардар“ на улица Македонија во центарот на Скопје со години важеше за еден од највидливите запуштени објекти во градот. Денес, на истата адреса е регистриран хотелот „Блисс Палаце Скопје“, категоризиран со пет ѕвезди. Зад „Блисс Палаце ДОО Скопје“ стои бизнис поврзан со семејството Буши, познато во јавноста по продавници за накит и по хотелскиот сектор преку „Буши Ресорт и Спа“ во ...

САД ја користат трансформацијата на енергетскиот систем во Европа за да го прошират своето геополитичко влијание на Балканот, пишува весникот Келнер Штат-Анцајгер. Со инвестиции во гасоводи, терминали за течен гас и долгорочни договори за снабдување, тие настојуваат да станат главен снабдувач со гас во регионот. Во Брисел расте загриженоста дека Европа на овој начин може да замени една зависност со друга. Весникот наведува дека на маргините ...

Под лозјата на Молдавија лежи еден поинаков свет. Свет без сончева светлина, но исполнет со арома на старо вино, историја и легенди. Повеќе од еден километар под земја, во утробата на земјата во близина на Кишињев, лежи еден од најнеобичните комплекси во Европа – подземниот град на вино во Крикова. Изграден во галериите на стар рудник за варовник, овој подземен лавиринт се протега на повеќе од 120 километри. Наместо станбени области, има ...

Ако еден голем туроператор од далечен пазар воспостави релација со партнер од Словенија или Хрватска, тогаш во овие земји се креира целата балканска програма. Македонија во ваков случај е само една “точка” во програмата, а не центарот од каде се носат одлуките. Влатко СУЛЕВ* Ако сакаме искрено да зборуваме за македонскиот туризам, важно е да ја отвориме темата малку подлабоко. Дека е нашата земја убава, дека имаме автентична природа, ...

Германската економија веќе денес очајнички бара квалификуван кадар, но поради забрзаното стареење на населението овој проблем во наредните години би можел да прерасне во сериозен економски предизвик. Според најновата студија на Институтот за германска економија (IW), недостигот на работна сила ќе биде значително поголем отколку што се предвидуваше досега. Новите прогнози покажуваат дека Германија се соочува со историски дефицит на ...

Донесувачите на одлуки во Србија наскоро би можеле да им скратат поевтини меѓународни летови на десетици илјади патници од Белград и Ниш и да остават илјадници луѓе без работа, доколку не се најде решение за спорот со нискобуџетната компанија „Wizz Air“, која ги смета мерките на владата за дискриминаторски и спротивни на меѓународните и европските обврски на Србија. Проблемот почна да се влошува откако во март беше изменет Правилникот за ...

Скопје, 12 јуни 2026 (МИА) - Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски денеска учествуваше на министерски состанок помеѓу Европската комисија и министрите од Западен Балкан, посветен на иницијативата „Роаминг како дома“. Очекувањето на Министерството за дигитална транформација (МДТ), како што рекол Андоновски, е по добивањето на мислењето за предложената правна рамка, преговорите да продолжат без одложување, во духот на ...

Текстилот виси на конец. Текстилна индустрија во Македонија ќе има, но никогаш нема да биде како порано, тврди претседателот на Собранието на Организацијата на работодавачи на Македонија, Анѓел Димитров. Според него, од некогашните 48.000 работници во текстилниот сектор, денес има околу 17.000, од кои околу 15.000 производители на облека и 2.000 производители на текстил. Изминатиот период сведоци сме на сè поголем број текстилни работници кои ...

Додека Волстрит брза да ја вклучи војната во своите ризични сценарија, истите луѓе кои моделираат природни катастрофи сега ја приспособуваат својата методологија за да им помогнат на инвеститорите, банките и осигурителните компании да предвидат воени конфликти. Од 2008 година бројот на земји вклучени во надворешни конфликти речиси се удвои на нешто над 100, додека економското влијание на насилството сега изнесува речиси 22 билиони долари, ...

Студиите за брзата пруга на Коридорот 10 треба да бидат завршени најдоцна до јули, по што Владата ќе предложи закон во Собранието, а од есен би можеле да започнат градежните активности на терен, изјави премиерот Христијан Мицкоски. Тој посочи дека физибилити студијата и студијата за оцена на влијанието врз животната средина се во завршна фаза и оти проектот ќе се реализира во рамките на договорот за стратешко партнерство со Обединетото ...

Македонија и Турција договорија воспоставување директна авиолинија меѓу Анкара и Скопје, која треба да придонесе за подобра поврзаност меѓу двете земји и полесно патување за граѓаните и за бизнис-заедницата. Информацијата ја соопшти турскиот министер за трговија, Омер Болат, по средбите со македонската делегација во Истанбул. – Веруваме дека директните летови на „AJet“ на релација Анкара – Скопје ќе дадат значаен придонес за трговијата, ...

Најавите за изградба на дата-центри во Македонија отворија дебата дали станува збор за развојна можност или за ризик за ресурсите, особено поради нивната потрошувачка на електрична енергија и на вода. Премиерот Христијан Мицкоски смета дека ваквите инвестиции претставуваат шанса за економски раст, нови работни места и за технолошки напредок. – Не можеме да се помириме со фактот дека таа мала група луѓе, која создава хистерија, ќе се обиде ...

Трошоците за живот продолжуваат да растат, а дополнителен удар врз семејниот буџет се и најавените повисоки банкарски провизии. Во услови кога речиси секое семејство отплаќа кредит, зголемените трошоци дополнително ќе ја намалат куповната моќ на граѓаните. Најновите податоци за минималната потрошувачка кошница покажуваат дека нејзината вредност во мај достигнала 68.743 денари, што е за 4.835 денари или 7,57 отсто повеќе во споредба со тој ...

За една деценија трговската размена меѓу Македонија и Швајцарија двојно се зголемила, од 83 на 173 милиони евра. Паралелно, растат и инвестициите и сега во Македонија има над 100 швајцарски компании. Сепак, потенцијалот за економска соработка меѓу двете земји е многу поголем, смета амбасадорот на Швајцарија во Македонија, Кристоф Зомер. Во интервју за „Бизнис објектив“ тој зборува за целите на швајцарската стопанска комора која неодамна се ...

Народната банка го објави Конкурсот за доделување на Годишната награда за млади истражувачи за најдобар труд од областа на макроекономијата и банкарството за 2027 година. Наградата се доделува со цел да се поттикне развојот на научната мисла и изработката на истражувачки трудови од областа на макроекономијата, банките и банкарските системи, како и да се афирмираат млади и стручни кадри. Право на учество на Конкурсот имаат државјаните на ...

Нови инвестиции, нови работни места и можности за профит. На македонските компании им се отвораат можности за работа на меѓународни проекти и апсорбција на финансиски средства од меѓународните кредитори. По последната информација дека македонска градежна компанија ќе го гради автопатот од Скопје до Блаце се отвора перспективата за помалите градежници да обезбедат поголеми ресурси и да привлечат поголем број работници, да придонесат за растот ...

Доларот малку падна во однос на кошничката валути минатата недела, бидејќи инвеститорите очекуваа крај на војната на Блискиот Исток, додека еврото зајакна откако Европската централна банка ги зголеми каматните стапки. Индексот на доларот, кој ја мери вредноста на американскиот долар во однос на шест главни валути, падна за 0,3 проценти минатата недела на 99,80 поени. Американската валута ослабе и во однос на јапонскиот јен, за 0,05 проценти, ...

Продолжува негативниот тренд во Македонија кога станува збор за наталитетот во државата. Официјалните податоци кои ги објави Државниот завод за статистика велат дека во текот на ланската година во земјава се родени 15 932 деца вкупно, од кои живородени се 15 850, а 82 се мртвородени. Официјалните податоци покажуваат дека бројот на живородените деца во 2025 година е намален за 1.3 % во споредба со минатата година. Во извештајот може да се ...

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска од Карбинци обвини дека земјоделството се соочува со сериозни проблеми и оцени дека состојбата во секторот е најлоша во последните три децении. По средбите со земјоделци од различни гранки, Филипче изјави дека производителите се соочуваат со зголемени трошоци за производство, доцнење на субвенциите, ниски откупни цени и недостиг на организиран откуп. Според него, цените на ѓубривата, водата и ...

Добивај вести на Viber Премиерот Христијан Мицкоски денеска како одговор на новинарско прашање при посетата на Илинден го нарече ширење хистерија коментирањето од страна на одредени невладини групи и активисти дека струјата за евентуален дата-центар за напојување на вештачка интелигенција во Македонија ќе се произведува од горење отпаад. - Тоа има за цел да создаде хистерија во општеството и потоа сите ние да веруваме дека таа хистерија е ...

Се бориме за фабрика повеќе која ќе извезува и ќе го зголеми нашиот БДП и добро платени работни места, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, кој во во изминатите два дена беше во работна посета на Турција, каде присуствуваше на Бизнис форум и со владин тим пред турските бизнисмени ги претставија потенцијалите на македонската економија. Мицкоски, на новинарско прашање што им нудиме на турските бизнисмени, потенцираше дека евтина работна ...

Добивај вести на Viber Туризмот во Грција отпорен на глобалната нестабилност, туристите во пораст Туристичкиот сектор во Грција расте, покажувајќи отпорност на зголемените геополитички тензии во регионот на Блискиот Исток кои влијаеја на трендовите во туризмот низ Медитеранот, објавија денес грчките медиуми. Во првиот квартал од 2026 година, бројот на туристи во Грција достигна 3,4 милиони, што е зголемување од 38,3 проценти во споредба со ...

Додека секојдневно ги следиме насловите за војните во Украина и на Блискиот Исток, напнатостите околу Тајван и забрзаното вооружување на Европа, за инвеститорите едно прашање станува сè поважно - како да го зачуваат и зголемат капиталот во свет во кој геополитичката неизвесност стана многу извесна. Тоа беше тема на вебинарот „Инвестирање во време на конфликти: како геополитичките ризици ја менуваат логиката на ЕТФ-овите“, што оваа недела го ...

Вистината е дека македонската економија се распаѓа – граѓаните живеат се полошо и имаат помалку пари. На средина од годината нема пари во буџетот, веќе е испразнет. Дури и планираниот годишен дефицит е веќе пробиен за над 18 милиони евра, рече Рената Младеновска на денешната прес конференција на СДСМ. Според партијата владата на Мицкоски создаде нов долг од 2,5 милијарди евра а пари нема. Нема за граѓаните, нема за 600 евра минимална плата, ...

Добивај вести на Viber Наместо скенирана сметка, добивате известување дека нема мрежна конекција. Веќе трет ден не функционира апликацијата „Мој ДДВ“. Ова година меркака, која е многу популарна кај граѓаните, постојано доживува проблеми и доцнење со исплата. Од УЈП се правдаат дека сето ова е поради технички проблем, без да наведат и други причини. Граѓани и преку неделата реагираа дека во последните денови неможеле да воспостават конекција ...

weather icon

Скопје

32ᴼ / 32ᴼ
2.2
31%
1014
weather icon

Белград

25ᴼ / 25ᴼ
4.09
77%
1016
weather icon

Загреб

29ᴼ / 29ᴼ
2.02
39%
1018
weather icon

Софија

28ᴼ / 28ᴼ
3.49
39%
1015
weather icon

Сараево

32ᴼ / 32ᴼ
2.48
31%
1013
weather icon

Љубљана

27ᴼ / 24ᴼ
1.79
66%
1018
weather icon

Атина

34ᴼ / 32ᴼ
4.02
34%
1014
weather icon

Тирана

33ᴼ / 33ᴼ
5.1
24%
1015
weather icon

Подгорица

27ᴼ / 27ᴼ
1.65
47%
1016
weather icon

Букурешт

29ᴼ / 26ᴼ
4.02
52%
1014
weather icon

Будимпешта

26ᴼ / 24ᴼ
4.47
39%
1016
weather icon

Истанбул

29ᴼ / 28ᴼ
4.48
100%
1015
Currency

61.645

Currency

53.9728

Currency

72.4174

Currency

37.5273

Currency

38.1008

Currency

66.7433

Currency

7.96794

Currency

0.70105

Currency

0.33399

Currency

0.52508

Currency

1.14928

Currency

0.56524

Цинк

0.00

Иридиум

245953.21

Бакар

12.63

Сребро

1924.70

Родиум

262028.58

Кобалт

56.29

Рутениум

49029.89

Калај

52.82

Злато

132441.79

Платина

52244.96

Паладиум

40509.94

Алуминиум

3.15