Скопје
30ᴼ /
30ᴼ
Тајниот документ од 177 страници предизвикува сомнежи дека менаџментот намерно го преувеличува ризикот од банкрот. Во Волфсбург владее целосна паника поради документ од 177 страници во кој се презентира концептот за трансформација на консултантската фирма BCG. Во интерна анкета, спроведена кон крајот на 2025 година, биле испрашувани осум членови на управниот одбор, шефот и членовите на надзорниот одбор. Нивните одговори прикажуваат ...
Албанија летово повеќе нема да биде само дестинација за евтин одмор, брз викенд или семејно летување покрај море. За дел од македонските граѓани таа станува и место за сезонска работа. Келнери, готвачи, шанкери, собарки, помошен персонал во хотели, работници во кујна. Сè повеќе луѓе од земјава гледаат кон албанското крајбрежје како можност да заработат некој денар повеќе, барем додека трае летната сезона. До пред неколку години приказната ...
Корисниците на Mastercard картичките издадени од Стопанска банка добиваат можност да освојат парични награди преку новата наградна игра „Мастерплан“, чија главна награда изнесува еден милион денари. Од банката информираат дека секоја трансакција направена со Mastercard картичка автоматски претставува учество во извлекувањето за главната награда, како и за повеќе месечни парични награди во износ од 30.000, 50.000, 100.000, 300.000 и 500.000 ...
Добивај вести на Viber Крајот на учебната година донесе поинаков, возбудлив и едукативен ден за децата поддржани од СОС Детско село. Во рамките на долгогодишното стратешко партнерство, финансиското друштво Flex Credit организираше специјален едукативен час на отворено во Зоолошката градина во Скопје. Училницата под отворено небо беше поставена токму до новата, неодамна изградена куќичка за желки – проект кој Flex Credit самостојно го ...
Годинава, маркетинг агенцијата и видеопродукција „DEOSOL MEDIA“ одбележува значаен јубилеј – 15 години од своето успешно работење. Она што започна како визија за создавање поинаква визуелна естетика, денес е етаблирана куќа со импресивно портфолио кое брои над 1.000 реализирани телевизиски емисии, документарни програми и повеќе од 100 видео спотови и корпоративни кампањи за домашни и меѓународни клиенти. Зад овој успех стои нејзиниот основач, ...
Добивај вести на Viber Во очи на Светскиот ден на крводарителите, Видеолотарија Касинос Австрија ја продолжи својата хумана мисија, реализирајќи ја 26-тата крводарителна акција. Акцијата се одржа во просториите на Институтот за трансфузиона медицина во Скопје. Крводарителната акција прерасна во убава и препознатлива традиција што ја негува колективот на Видеолотарија Касинос Австрија, при што голем дел од вработените и индивидуално ...
Членот на Управниот одбор на НЛБ Банка Скопје, Бојан Стојаноски, учествуваше на панел-дискусијата „Производство со висока додадена вредност за извозните пазари“, одржана во рамки на конференцијата „IFC Day in North Macedonia“, организирана од Меѓународната финансиска корпорација (IFC), членка на Групацијата на Светска банка. Во своето обраќање, Стојаноски истакна дека производствените компании се меѓу главните двигатели на економскиот раст, ...
Сè помалку кранови, сè помалку нови градилишта, а цените на становите и натаму стојат високо. Тоа е новата слика на пазарот на недвижности, особено во поголемите градови, каде купувачите чекаат поевтинување, инвеститорите не попуштаат, а градежниците предупредуваат дека евтини станови, барем засега, нема од што да се направат. На прв поглед, логиката е едноставна: ако се гради помалку, а побарувачката се намали, цените треба да тргнат надолу. ...
На Волстрит во вторник, индексот Dow Jones достигна нов рекорден максимум, благодарение на порастот на цените на акциите во финансискиот сектор, додека S&P 500 падна поради притисокот врз технолошкиот сектор. Индексот Dow Jones порасна за 0,64 проценти, на 51.999 поени, но S&P 500 се лизна за 0,57 проценти, на 7.511 поени, а Nasdaq за 1,15 проценти, на 26.376 поени. Откако цените на акциите силно пораснаа во понеделник, благодарение ...
Binance, најголемата светска криптоберза, би можел од следниот месец да ја изгуби дозволата за давање услуги на клиентите во Европската Унија бидејќи неговото барање за лиценца ќе биде одбиено, изјавија за Ројтерс два извори запознаени со случајот. Според новите правила на ЕУ, познати како МиЦА, криптокомпаниите до крајот на јуни мора да добијат лиценца за да продолжат да им даваат услуги на клиентите во целиот блок. Binance поднесе барање до ...
Добивај вести на Viber Европската Унија од 2017 година има правно неоспорливо право да ги замрзне сите свои трговски и соработнички односи со Израел и одбива да го искористи. Доверлив меморандум од самиот врвен правен ум на Европската комисија, до кој дојде EUobserver, открива дека Брисел знаел со апсолутна правна сигурност - дека може да ја суспендира соработката со Израел поради неговите флагрантни прекршувања на меѓународното право на ...
Извршниот одбор на Народната банка донесе одлука стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот за изложеностите на банките во земјава да остане на истото ниво од 2%. Одлуката е донесена врз основа на редовната квартална оцена на системските ризици, според податоците заклучно со првиот квартал од 2026 година. Оваа стапка ќе важи од третото тримесечје на 2027 година и се оценува дека таа е соодветна на тековните макрофинансиски услови ...
Нискобуџетниот превозник „ИзиЏет“ ќе укине една од своите две линии до Скопје на крајот од летната сезона во 2026 година. Авиокомпанијата ќе ги прекине летовите помеѓу аеродромот „Орли“ во Париз и Скопје по година и пол работење. „ИзиЏет“ првично ќе ги намали фреквенциите на линијата од два на еден лет неделно од 15 август, пред последната услуга на 24 октомври. Превозникот ќе продолжи да ги одржува операциите помеѓу Женева и Скопје, кои беа ...
Добивај вести на Viber Дуќани во Градскиот трговски центар во Скопје, дуќани низ повеќе градови во Македонија, но и други типови на деловни објекти, како некогашни фарми, бензинска пумпа, сала за свадби или пак делови од машински работилници.... Ова се само дел од бројните деловни објекти кои се нудат на продажба од страна на домашните комерцијални банки. Деловниот имот кој го продаваат банките е објавен на нивните веб страни, и најчесто ...
„Златото е пари, сè друго е кредит“, рече американскиот банкар Џ.П. Морган, по кого е именувана глобалната инвестициска банка, додека Ворен Бафет со децении предупредува дека поседувањето злато не создава никаква нова вредност. Токму на овие крајности лежи една од најстарите инвестициски дилеми - дали златото е незаменливо засолниште во време на криза или, од друга страна, преценета актива која профитира само кога на пазарите владее страв? ...
Јагнешкото месо на тезга и во месарница одамна не е евтина храна. За многу семејства стана празничен трошок, нешто што се купува поретко и внимателно. Но, додека потрошувачот плаќа околу 500 денари за килограм, сточарот кој го одгледал јагнето, го хранел, го чувал и ризикувал со целото производство, добива околу 240 денари за килограм жива мера. Тука некаде се губи логиката. Или, поточно, тука почнува проблемот. На хартија, сите имаат ...
Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, денеска на 15 144 тутунари им исплати 2 028 714 243 денари. Средствата се исплатени kako директни плаќања за договорен и продаден ориентален ароматичен необработен тутун од реколта 2025 година од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2026 година. Корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства кои своето производство на тутун од реколта 2025 година ...
Синдикалната организација на јавните обвинителства реагира на Предлог-законот за јавнообвинителска служба, предупредувајќи дека изменетата верзија која е доставена во Собранието не ги содржи решенијата што биле договорени во работната група. Маја Петрова, советник-портпарол и заменик-претседател на Синдикалната организација, во име на околу 350 вработени во службата изрази незадоволство и посочи дека дел од суштинските предлози биле ...
Еврозоната забележа дефицит од 1 милијарда евра во меѓународната трговија со стоки во април, според првите прелиминарни податоци за трговскиот биланс објавени од Евростат. За споредба, во април 2025-та година е забележан суфицит од 8,7 милијарди евра, при што големата разлика главно се должи на зголемувањето на енергетскиот дефицит и намалувањето на суфицитот во трговијата со машини и возила. Извозот на стоки од еврозоната кон остатокот од ...
НЛБ повторно ја зголемува својата понуда за купување акции во австриската банка „Адико“. Во доброволна јавна понуда за преземање, таа има намера да понуди 37 евра по акција на „Адико“, намалена за сите идни исплати на дивиденда, објави банката во согласност со австрискиот Закон за преземање. Австриската комисија за преземање сега ќе треба да ја одобри зголемената понуда (измена на проспектот). Новата понуда е за 10,50 евра по акција ...
Добивај вести на Viber Какаото во мај меѓу најсилните стоки на берзата, стоковните фондови се сè поинтересни за инвеститорите. Какаото, кафето, нафтата, златото, бакарот и алуминиумот долго време се повеќе од само суровини што го движат производството, ги полнат полиците и ја одредуваат цената на секојдневните производи. На светските берзи, тие се важна инвестициска класа, чии движења внимателно ги следат инвеститорите, централните банки, ...
Добивај вести на Viber Швајцарскиот Цуг со децении привлекува милијардери, мултинационални компании и поединци со висока нето вредност, но трендот се забрза во последните месеци. Откако геополитичките тензии на Блискиот Исток го потресоа статусот на Дубаи како безбедно засолниште за богатство, сè повеќе богати поединци се свртуваат кон малиот швајцарски кантон, кој стана синоним за ниски даноци, политичка стабилност и предвидливост на ...
Yum Brands објави во вторник дека го продава Pizza Hut, вториот најголем синџир за пицерии во светот, во договор вреден 2,7 милијарди долари. Новите сопственици го преземаат брендот со речиси 20.000 ресторани во повеќе од 100 земји, вклучувајќи седум ресторани што работат во Хрватска, објави Forbes Croatia. Синџирот за пицерии го купува инвестициската фирма LongRange Capital во трансакција вредна околу 1,5 милијарди долари. Сепак, договорот ...
Катар планира брзо да го зголеми производството на течен природен гас откако повторно ќе се отвори Ормускиот Теснец, со цел да го врати поголемиот дел од својот извозен капацитет во рок од два месеци, според луѓе запознаени со ова прашање. „Катар Енерџи“, која управува со постројката за течен природен гас во земјата, им кажа на купувачите дека очекува да го зголеми производството на околу 50 проценти од капацитетот еден месец откако ќе се ...
Добивај вести на Viber Глобалните бродски компании и сопствениците на бродови нема да го продолжат редовниот транзит низ стратешки важниот Ормутски теснец со недели, без оглед на евентуалниот договор меѓу Соединетите Американски Држави(САД) и Иран. Претставниците на индустријата велат дека ќе почекаат додека не бидат целосно сигурни дека постигнатиот договор е реален, одржлив и применлив на терен, изјави извршниот директор на јапонскиот ...
Стопанска банка АД Скопје продолжува со поддршка на проекти насочени кон поттикнување на здрави животни навики кај најмладите. Во рамки на кампањата „#ВозиПравоВозиЗдраво“, банката донираше нов детски велодром во Кочани, кој беше свечено пуштен во употреба и ќе им овозможи на децата безбедно да ги направат своите први велосипедски кругови. Новиот велодром ќе им овозможи на децата безбедно да ги направат своите први велосипедски кругови и да ...
Халкбанк АД Скопје ја промовира можноста за целосно дигитално аплицирање за кредит преку своето електронско банкарство, насочувајќи ја кампањата кон граѓаните кои планираат летни патувања и други лични проекти. Под мотото „За патувањето што долго го чекаш, а летово конечно доаѓа на ред“, од банката истакнуваат дека онлајн кредитот овозможува брза и едноставна апликација без посета на експозитура, со што плановите на клиентите можат побрзо да ...
Имотот на американскиот претприемач Илон Маск се зголеми за околу 10 проценти за еден ден, во услови на раст на светските берзи по веста за постигнување договор меѓу Соединетите Американски Држави и Иран. Како што објавува Блумберг, 500-те најбогати луѓе во светот за еден ден го зголемија своето богатство за рекордни 336 милијарди долари. До затворањето на тргувањето на 15 јуни, според агенцијата, вкупната вредност на средствата на ...
Комората на занаетчии смета дека државата треба да изработи стратегија за зачувување на старите занаети. Секако, занаетчиите велат дека ќе дадат особена поддршка во целиот процес. Тие се подготвени преку серија на обуки на млади лица да ја пренесат традицијата од колено на колено се со цел старите занаети кои беа и дел се сеуште белег на чаршијата да останат и натаму на овие простори. Само како примери од Комората ги наведоа грнчарството кои ...
Турската компанија „Џаво отомотив“, специјализирана за производство на автоделови, ќе инвестира во Технолошко-индустриската развојна зона во Тетово, каде што од крајот на септември ќе отвори нов производствен капацитет и ќе вработи околу 500 лица. Инвестицијата, вчера, во Влада ја промовираа премиерот Христијан Мицкоски и министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши. Според Мицкоски, станува збор за браунфилд-инвестиција која во првата фаза ...