На 8 Август со почеток од 19:30 часот во паркот ДИНЌУТ во Гевгелија, ќе се одржи кино на отворено со проекција на филмот Диџеј Ахмет (2025), долгометражниот игран филм на Георги М. Унковски. Приказна за Ахмет, 15-годишно момче од едно оддалечено јуручко село во Македонија, кое наоѓа прибежиште во музиката додека се справува со очекувањата на неговиот татко, конзервативната заедница и своето прво вљубување — девојка која веќе е ветена на друг. ...
Фестивалот на филм и музика „Ѕирни“ и Фестивалот за современа електронска музика и мултимедијална уметност „Вир“ организираат заеднички настан на 8 август во парк Динќут во Гевгелија. Програмата започнува во 19.30 часот со проекција на филмот „Диџеј Ахмет“ (2025) на режисерот Георги М. Унковски, по што следува музичка селекција со ШефШеф, Монго и Омару. Настанот е дел од промотивните активности на „Ѕирни“ пред неговото осмо издание, а воедно ...

