Скопје
18ᴼ /
18ᴼ
Полскиот парламент го одобри данокот од 60% на неочекуван екстра профит остварен од нафтените компании како резултат на кризата со снабдување предизвикана од војната со Иран. Со ова мерка владата во Варшава се надева дека ќе собере 950 милиони евра. Мерката, одобрена со 231 глас „за“ и 201 „против“, ќе влијае на профитот остварен од дистрибутерите на фосилни горива помеѓу март и декември оваа година и ќе служи за финансирање на енергетските ...
Пазарот на нови автомобили во Европската Унија продолжи да расте во мај, пред сѐ благодарение на силната побарувачка за електрични и хибридни возила. Според податоците на Европската асоцијација на производители на автомобили (ACEA), регистрациите на нови патнички автомобили се зголемиле за 3,2% на годишно ниво, достигнувајќи 955.013 возила. Продажбата на автомобили со мотори со внатрешно согорување продолжи да опаѓа. Регистрациите на ...
Главниот извршен директор на A.P. Moller-Maersk, вториот најголем светски контејнерски превозник, очекува глобалната побарувачка за трговија со стоки да остане стабилна и во втората половина од 2026 година, и покрај геополитичките тензии и нестабилноста на енергетските пазари. „Трговијата беше силна во текот на првата половина од годината, и покрај војните и нарушувањата на енергетските пазари“, изјави главниот извршен директор на Maersk, ...
НЛБ Банка објави оглас за вработување на банкарски советник во експозитурата во Струмица, а рокот за пријавување е до 3 јули 2026 година. Избраниот кандидат ќе биде задолжен за спроведување благајнички и менувачки работи, платен промет и банкоматско работење, како и за промоција, понуда и продажба на банкарски производи и услуги. Работната позиција вклучува и континуирана грижа за клиентите, унапредување на продажните процеси и активно ...
Европската Унија објави мобилизација на 500 милиони евра од кризните резерви во земјоделството како одговор на наглото зголемување на цените на ѓубривата, објави Европската организација на земјоделци и задруги Копа-Когека по презентацијата на Акцискиот план за ѓубрива на Европската комисија. Според соопштението на Комисијата, износот на кризните резерви ќе се зголеми од 200 милиони на вкупно 500 милиони евра, додека земјите-членки ќе имаат ...
„Државата, односно државната компанија Државна лотарија треба да има монопол и само таа да приредува интернет игри на среќа“. Со оваа директна и скандалозна изјава на директорот на Државната лотарија, Александар Климовски, дадена во Собранието на јавната расправа, дефинитивно паднаа во вода сите лажни оправдувања за новиот Предлог-закон за игрите на среќа. Признанието дека крајната цел е бришење на конкуренцијата и воспоставување апсолутен ...
На стадионите каде што се одржува Светското првенство во САД, Канада и Мексико, некои навивачи се жалат на високите цени на храната и пијалоците, особено на пивото. Покрај скапите билети, летови и хотелски сместување, многу посетители на турнирот беа дополнително изненадени од цените на стадионите. Во Мајами, порција компири со кавијар се продава за 75 долари, а емпанада (јадење составено од тесто исполнето со разни солени или слатки филови) ...
Македонско-турскиот бизнис форум одржан неодамна во Истанбул означи клучна пресвртница во билатералните односи меѓу двете земји, поставувајќи амбициозна цел за достигнување трговска размена од две милијарди долари. Настанот обедини високи владини претставници, институции и стопански комори со цел продлабочување на економските врски. Директната поддршка од највисоко политичко ниво му дава силен легитимитет на овој процес. Билатералната ...
„Castlelake“ денес го објави својот план за купување на „easyJet“ за 4,74 милијарди фунти (6,26 милијарди долари), зголемувајќи го притисокот врз одборот на нискобуџетната авиокомпанија, кој веднаш ја отфрли понудата како „опортунистичка“ и не е во најдобар интерес на акционерите. „Castlelake“, со седиште во Минеаполис, голем инвеститор во авијацијата со околу 38 милијарди долари средства под управување, изјави дека овој потег ќе им овозможи ...
Сместен на последниот кат од препознатливата Стаклена зграда, на самиот плоштад “Магнолија“, во непосредна близина на Саат кулата и познатиот Широк Сокак, ресторанпт Белведере нуди една од најубавите панорамски глетки кон Битола. Од височина, градот изгледа величествен во секое годишно време – во пролет облеан со зеленило, во лето жив и раздвижен, во есен обоен со топли нијанси, а во зима, посебна романтична атмосфера. Еден од најпознатите ...
Осигурителните компании кои работат во сегментот на животното осигурување во мај годинава оствариле вкупна бруто полисирана премија од 93,5 милиони денари, покажуваат податоците на Агенцијата за супервизија на осигурување. Најголем дел од премијата е остварен од Триглав Живот со над 31,5 милиони денари, со што компанијата е лидер на пазарот во анализираниот месец. Веднаш зад неа е Кроација Осигурување Живот со повеќе од 35 милиони денари ...
Брокерските и застапничките друштва во првиот квартал од годинава пласирале милионски износи премија кон осигурителните компании, а најголем дел од средствата завршиле кај водечките компании во сегментот на неживотно осигурување. Според податоците на Агенцијата за супервизија на осигурување, преку посредниците најмногу премија е реализирана кон Македонија Осигурување, која во повеќе случаи е доминантен примател на договореното осигурување. ...
Од институциите на ниво на државата, највисока процентуална застапеност на етничките Албанци, со скоро 40% има кај Народниот правобранител. Најниска од 12,73% има кај Претседателот на државата, пишува Порталб. На ниво на министерствата, 66,35% од вработените се Македонци, 26,03% Албанци а припадниците на останатите заедници се застапени со помалку од 3% покажуваат новите податоци од Извештајот од Регистарот за вработени во јавниот сектор за ...
Милијарда барели нафта исчезнаа од светскиот пазар за време на војната во Иран, но цените останаа далеку под катастрофалните прогнози. Многу аналитичари причината ја гледаат во Кина, која со резервите, намалената потрошувачка и електричните возила помогнала да се ублажи глобалниот шок. Додека САД и Иран разговараат за трајно отворање на Ормускиот Теснец и за враќање на нормалниот проток на нафта, погледите сè повеќе се насочуваат кон Пекинг. ...
Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта Скопје склучи договор за набавка на Еуродизел (Д-Е V) со друштвото за производство, трговија и услуги Пуцко петрол увоз-извоз ДООЕЛ од Пласница. Договорот е во вредност од 25,960,000 денари или 422,114 евра. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Договор од 1,9 милион евра склучи МВР со „Пуцко петрол“ Договор од 1,9 милион евра склучи ЕСМ со „Пуцко петрол“ Договор од 1,9 милион евра ...
Јавното претпријатите за железничка инфраструктура Железници на Северна Македонија Скопје, склучи договор за набавка на електрична енергија со друштвото за трговија и услуги Енерџи Деливери Солушнс Скопје. Договорот е во вредност од 54.280.000 денари или 882.602 евра. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Договор од 3,1 милиони евра склучи КЈП Водовод Кочани со “Енерџи Деливери Солушнс“ Гевгелиски Комуналец склучи договор се Енерџи Деливери Солушнс, вреден 479,6 ...
Македонската компанија ЗОИЛ Македонија АД Битола, која неодамна беше купена од српската Алта груп од Белград, ќе докапитализира со 1,3 милиони евра. Таа доби дозвола од Комисијата за хартии од вредност по пат на приватна понуда да ја издаде втората емисија акции во вредност од 1,3 милиони евра, наменета за единствениот акционер на Друштвото. ЗОИЛ Македонија ќе издаде 26.000 обични акции со номинална и продажна вредност од 50 евра по акција, ...
„Оракл“ намали 21.000 работни места во изминатите 12 месеци, што е поголем обем на отпуштања отколку што претходно беше познато, при што дел од позициите биле укинати поради употребата на вештачка интелигенција. „Усвојувањето и примената на технологии базирани на вештачка интелигенција во нашите операции доведоа, а може и понатаму да доведуваат, до намалување на бројот на вработени“, соопшти компанијата во годишниот регулаторен финансиски ...
Iute Македонија во соработка со SuperMart Macedonia промовира нова летна понуда која на корисниците им овозможува дополнителни заштеди при резервација на одмор во Грција. Понудата се однесува на резервации во хотелот Coral Blue Beach во Геракини, на полуостровот Ситонија, а клиентите кои ќе изберат плаќање на рати преку услугата iute Smart можат да искористат ваучери за попуст во зависност од вредноста на нарачката. За резервации над 30.000 ...
АД МЕПСО ги повика земјоделците во периодот на наводнување и жетва, да бидат особено внимателни при користење на системите за наводнување, земјоделската механизација и другата опрема во близина на далекуводите од преносната мрежа. – Заради безбедност на луѓето и сигурност на електроенергетскиот систем, неопходно е да не се поминува со комбајни или друга робусна земјоделска механизација под проводниците на далекуводите, да не се поставуваат ...
Во Словенија некои работодавачи се враќаат на југословенскиот модел за привлекување и задржување на работници преку изградба, купување или изнајмуваат станови. Мерката, според словенечките медиуми ги опфаќа домашните и странските работници. Дополнително владата го олесни вработувањето за странци со цел да им конкурира на европските земји кои нудат подобри услови за работа. Компанијата „Крка“ веќе обезбедува официјални станови за перспективен ...
Велика Британија ги олесни ограничувањата поврзани со санкциите за руската нафтена компанија Лукоил, отстранувајќи едно од клучните правила што се однесуваа на плаќањата кон нејзината меѓународна подружница. Британската Канцеларија за спроведување на финансиските санкции (OFSI) соопшти дека е изменета привремената лиценца што им овозможува на компаниите да продолжат да соработуваат со „Лукоил Интернешнл“, холдинг-компанија со седиште во ...
По речиси две децении присуство на македонскиот и на регионалниот пазар во истражувачката и комуникациската индустрија, Агенција Рејтинг стана ексклузивен партнер на лондонската истражувачка компанија Latenta, со што стана една од ретките агенции во земјава која извезува комуникациски услуги кон глобални клиенти. Оваа официјална соработка значи воведување напредна бихевиорална наука во истражувањата – методологија која Latenta веќе ја ...
Македонија и понатаму се соочува со сериозен трговски дефицит, кој и самата држава во Националната развојна стратегија 2024-2044 го оценува како структурен предизвик. Иако стратегијата предвидува транзиција кон извозно ориентиран модел на економски раст, дел од инвестициите кои можат значително да придонесат кон таа цел остануваат во застој. Меѓу нив е и проектот „Иловица-Штука“, кој инвеститорот „Еуромакс Ресоурцес“ го претставува како ...
Сè повеќе богати поединци ги избираат Италија, Грција и Швајцарија како нови места за живеење и водење бизнис. Европските дестинации што традиционално ги избираат милијардерите – како што се Обединетото Кралство, Германија и Франција – сега се соочуваат со егзодус на богати жители, се наведува во новото истражување од консултантската фирма Henley & Partners. За разлика од претходните години, извештајот повеќе не го следи само бројот на ...
Германската и француската влада ќе имаат еднакви удели во КНДС НВ (KNDS NV), една од најважните одбранбени компании во Европа, додека се подготвува иницијалната јавна понуда во блиска иднина. Двете земји се согласија за стратегија за управување со производителот на тенкови, според заедничка изјава на двете влади во понеделникот. Ова следи откако лица запознаени со темата рекоа дека владата на германскиот канцелар Фридрих Мерц за време на ...
Прашањето дали Вториот пензиски столб ќе ги потврди очекувањата од неговото формирање, се почесто се поставува во јавноста откако се доближува периодот кога треба да бидат исплатени првите пензии. Свое мислење деновиве даде и премиерот Христијан Мицкоски кој вели дека од денешна перспектива овој столб не е сигурен дека ќе ги даде очекуваните резултати иако реформата била најавена како добра. Според него, голем дел од корисниците можеби нема ...
Македонците кои работат во Германија како и сите работници во оваа земја ќе изгубат повеќе привилегии, ако германската влада го прифати пакетот од 30 радикални мерки на тамошната Пензиска комисија. Со овие мерки се укинуваат две важни привилегии кои ги користат работниците – мини – работните места и популарната можност за предвремено пензионирање на 63 години т.н. „мит за Ренте 63“. Покрај тоа, новиот усвоен план носи драстично продолжување ...
Податоците на Агенцијата за електронски комуникации за четвртиот квартал лани покажуваат дека Македонски Телеком има најголеми приходи на пазарот со мобилната телефонија. Од вкупните приходи, на Македонски Телеком отпаѓаат 51,83%, на А1 Македонија, 46,48%, на МТЕЛ, 0,85%, на Телекабел, 0,74%, а на Греен Мобиле, 0,10%. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Кој има поголем пазараен удел, Македонски Телеком или А1 Македонија? Фото: Унсплеш Податоците на Агенцијата за ...
„Dolce & Gabbana“ се во преговори со банки за можна продажба на недвижнини во Милано, како дел од напорите за собирање пари и рефинансирање на долгот, изјавија луѓе запознаени со ова прашање. Компанијата размислува за продажба на некои имоти, вклучително и во центарот на Милано, а потоа да ги изнајми за да ослободи пари, рекоа луѓето, зборувајќи под услов на анонимност бидејќи не беа овластени да зборуваат јавно. Не се донесени одлуки за ...