Скопје
18ᴼ /
18ᴼ
Владата досега исплатила околу 230 милиони евра поддршка преку средствата познати во јавноста како дел од „унгарскиот кредит“, соопшти премиерот, нагласувајќи дека мерката има за цел да ги поттикне инвестициите и развојот на домашната економија. Според него, само во текот на минатата недела биле префрлени околу 120 милиони денари, а вкупната исплатена сума од почетокот на проектот достигнала приближно 230 милиони евра. „Како Влада не само ...
Mediterranean Shipping Company (MSC) постави нова пресвртница во индустријата за највисок пазарен удел некогаш постигнат од една контејнерска линија. Во својот неделен билтен, аналитичарот Alphaliner истакна дека MSC достигна нов максимум од 21,5% удел на глобалниот пазар на контејнерски бродови во однос на капацитетот. Пазарниот удел на MSC е без преседан, со највисоко ниво постигнато од еден поединечен превозник, претходно 19,3%, од Maersk ...
Животните околности и приоритетите на луѓето постојано се менуваат, а со нив се менуваат и потребите за финансиска заштита. Од Кроација Осигурување потсетуваат дека клучните животни настани се вистински момент за ревизија на полисата за животно осигурување. Како најчести причини за преиспитување на постојната полиса се наведуваат стапувањето во брак, проширувањето на семејството, започнувањето ново работно место, унапредувањето во кариерата, ...
По повеќе од две децении во кои бројот на акции на американскиот пазар на капитал се намалуваше, главно поради програмите за откуп на сопствени акции, се отвора ново поглавје за Волстрит. На берзата наскоро би можеле да се појават некои од најпознатите и најбрзорастечки технолошки компании во светот, меѓу кои SpaceX, OpenAI и Anthropic. Според проценките, најголемото јавно понудување се очекува од деловната империја на Илон Маск, која ги ...
Карго железничкиот превоз на Коридорот 10 е приоритет за Македонија и сите политики и мерки што се преземаат се однесуваат на подигнување на карго сообраќајот и вратиње на стратешката позиција на Македонија во железничкиот транспорт, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски во интервју за ТВ Сител. Тој потенцира дека во првите месеци од годинава, железничкиот транспорт бележи силен раст од 23%. – ...
Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Северна Македонија Минатата недела како да се споија во ист период три-четири работи коишто ги работиме 10-тина години наназад. I. Инвестициона платформа 1. Премиерот на средбата во Комора со здружението за градежништво и потпретседателите на комората, званично обелодени дека од 1 септември ќе профункционира инвестициониот пакет на кој работиме веќе една година, како заедничко тело на ...
Податочните (дата) центри – тие огромни згради полни со сервери што ги обработуваат и складираат сите дигитални податоци во светот – се физичкиот темел на сервисите во облак (cloud), вештачката интелигенција и денешниот интернет. Без нив, нема да имаме ништо, ни Гугл, ни Фејсбук, ни ЧетГПТ, ни Нетфликс, ни банкарски апликации или онлајн трговија. Податочните центри денес се меѓу најбрзорастечките инвестиции глобално – само во 2025 година ...
Катерина Ѓердовска, член на Управниот одбор на Гранит АД Скопје купи нови акции на компанијата, информираа од таму преку Македонската берза. Таа купи 163 акции и сега поседува 0,23% од вкупниот број на акции на Гранит. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Катерина Ѓердовска купи 284 акции на Гранит Страшо Милковски купи нови акции на Гранит Директорот на Гранит повторно купи акции на компанијата Катерина Ѓердовска, член на Управниот одбор на Гранит АД Скопје купи ...
На новата Листа на должници на Управата за јавни приходи (УЈП) за јуни има 1.941 должници – правни лица (помалку за 13 од претходната листа) и 3.117 физички лица (повеќе за 53 од претходната листа). Вкупно објавениот нето долг во Листата изнесува 12.913.992.404 денари, (повеќе за 786.021.092 денари од претходната листа). Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 12.723.405.071 денари, (повеќе за 784.468.818 од претходната листа), додека ...
„Frasers Group“ понуди да го откупи остатокот од „Hugo Boss“ за околу 2 милијарди евра, бидејќи милијардерот Мајк Ешли се обидува да додаде уште еден моден бренд во својата растечка колекција на брендови, објави „Bloomberg“. Сопственикот на „Sports Direct“ даде понуда во готово од 38 евра по акција за германскиот бренд, познат по скапите костуми, секојдневната облека и долната облека. Тоа претставува премија од 4% во однос на цената на ...
Возачите на автомобили и лицата кои се возат со нив, знаат колку е нервозно да се биде во автомобил кој нема исправен клима уред. Токму затоа за да излезе во престер на сите битолчани, специјализираниот сервис за одржување и поправка на авто клими, “Плинмонт“, набави нови машини, за што велат: -За да им излеземе во престер на нашите муштерии од Битола и од околните градови, и да не се задржуваат по горештините во сервисот подолго работиме ...
Илон Маск денес е еден од најпознатите претприемачи во светот, а неговото име се поврзува со компании кои работат во различни области – од електрични автомобили и вселенски технологии, до вештачка интелигенција и биотехнологија. Неговата најпозната компанија е Tesla, производител на електрични автомобили, батериски системи и соларна технологија. Маск е извршен директор и еден од најголемите акционери, а компанијата стана еден од симболите на ...
Со серија активности и донации наменети за поддршка на локалната заедница, Рудник Саса денеска (12 јуни 2026) одбележува значаен јубилеј – 20 години од рестартирањето на рудникот. Реализираните активности и донации се уште една потврда за долгорочна посветеност на Рудник Саса кон развојот, благосостојбата и просперитетот на средината и земјата во која работи. Во рамки на одбележувањето на 20-годишнината од рестартирањето на рудникот ќе ...
Управата за јавни приходи (УЈП) го претстави начинот на функционирање на новиот систем за е-фактурирање, кој треба да овозможи поедноставен, побезбеден и целосно дигитализиран процес за издавање и прием на фактури. Според презентираниот модел, процесот започнува со креирање на фактура од страна на издавачот во сопствениот систем или преку веб-портал. Потоа документот се потпишува со квалификуван дигитален сертификат и електронски се испраќа ...
Тој досега два пати ја предводеше Асоцијацијата на балкански комори (АБК), веќе 11 години е потпретседател на Коморскиот инвестициски форум (КИФ) и преку две децении е претседател на Комората Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески, е избран за вршител на должност претседател на Коморскиот инвестициски форум (КИФ), кој ги обединува стопанските комори од регионот на Западен Балкан. На седницата одржана во ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска во Истанбул се обрати на Бизнис форумот помеѓу двете земји, посветен на унапредување на економските врски, трговската размена и инвестициската соработка. „Турција е еден од нашите најважни економски и трговски партнери. Трговската размена минатата година достигна една милијарда американски долари, што претставува значаен резултат, но и поттик за уште поамбициозни ...
Алтернативните или пазарите во сенка (shadow markets) укажуваат на спектакуларно деби на акциите на „Спејсекс“ (SpaceX), сигнализирајќи раст од најмалку 35 отсто за компанијата на Илон Маск која работи во областа на ракети, сателити и ВИ. Инструментите за тргување што ги нуди онлајн брокерската куќа „ИГ Интернешнл“( IG International) во петокот наутро по сингапурско време упатуваа на пазарна вредност од 2,4 билиони долари, што подразбира ...
Прецизна дијагностика со најновиот “CT Siemens SOMATOM go.Up“, јасни снимки за неколку минути, со минимална доза на зрачење. Безболно. Брзо. Прецизно. НАЈНОВИ КТ-МЕТОДИ -КТ Остеодензитометрија (QCT) Прецизно мерење на густината на коските и рано откривање на остеопороза – идеално кај пациенти со дегенеративни промени или хронични болки во грбот. -КТ Калциум Скор (Calcium Score) Најсигурна неинвазивна проценка на калциумските наслаги во ...
Групацијата на автотакси превоз на Град Скопје соопшти дека авто такси превозот во Скопје се соочува со сериозни поблеми и апелира надлежните институции да преземат мерки за нивно надминување. – Девет години наназад се наталожуваат бројни нерешени прашања кои директно влијаат врз работата на авто такси превозниците, безбедноста на патниците, нереална наплата на такси услугите…. И покрај бројните укажувања и иницијативи, институциите се уште ...
Како што веќе објави еМагазин, паневропски дисконтен ланец Pepco влегува на македонскиот пазар. Својата прва продавница во Македонија ќе ја отвори на 18. јуни во Капитол мол во Скопје. Засега е планирана и продавница и во Рамстор мол. Станува збор за дисконтен ланец за разновидни производи, кој е присутен во 19 земји со повеќе од 4.000 продавници и опслужува 36 милиони потрошувачи секој месец. Повеќе инфо ОВДЕ. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Pepco доаѓа во ...
На издавачот Вабтек МЗТ АД Скопје и на издавачот Неметали Огражден АД Струмица, чии хартии од вредност котираат на Официјалниот пазар на Македонската берза, им се изрекува мерката јавна опомена преку интернет страната на Берзата поради необјавување на целосни материјали за собранието на акционери во рок од два дена од свикувањето на седницата на собранието на акционери, со што издавачите не постапија согласно член 39, став 5 од Правилата за ...
Од денеска до 14 јуни, Македонија ќе биде домаќин на 17-тиот Меѓународен стоматолошки конгрес К4, кој претставува еден од најзначајните стручни настани во областа на денталната медицина во регионот. Меѓународниот конгрес е во организација на Стоматолошката комора на Македонија и за првпат под покровителство на претседателот на Владата, Христијан Мицкоски. Свеченото отворање на Конгресот ќе биде во петок, со почеток во 19:30 часот, во хотел ...
Нискобуџетната авиокомпанија Ryanair се најде под истрага на британскиот регулатор за конкуренција и пазари (CMA) поради начинот на кој наплаќа дополнителни такси за родителите кои сакаат да седат заедно со своите деца за време на летовите. Од CMA соопштија дека се испитува дали ваквата политика е во согласност со законите за заштита на потрошувачите, бидејќи родителите најчесто плаќаат околу осум фунти по правец за таканаречено ...
„Спејсекс“ (SpaceX) на Илон Маск им порачува на инвеститорите дека обезбедил инвестициски рејтинг од трите водечки агенции за кредитен рејтинг, тврдат извори запознаени со ова прашање. Тоа би можело да ѝ помогне на компанијата да ги намали трошоците за финансирање додека продолжува да прибира капитал по иницијалната јавна понуда (ИПО). Се очекува ИПО-то на компанијата да собере околу 75 милијарди долари, а формирањето на цената на акциите е ...
Третата конференција на високо ниво на генерални директори на царини на Западниот Балкан и државите-членки на ЕУ се одржа денес во Атина, обележувајќи значаен преод од политичко одобрување на Зелените коридори кон нивна широка, оперативна интеграција со единствениот пазар на ЕУ. Настанот беше заеднички организиран од Независниот орган за јавни приходи на Хеленската Република, Секретаријатот на ЦЕФТА преку Проектот SEED+, и Постојаниот ...
Акциите на „Оракл“ (Oracle Corp.) паднаа во претпазарното тргување откако компанијата објави квартални капитални расходи повисоки од проценките, што ги зголеми стравувањата кај инвеститорите за профитабилноста на бизнисот со инфраструктура за вештачка интелигенција. Капиталните расходи, кои во голема мера претставуваат мерка за трошоците за центрите за податоци, изнесуваа околу 16,5 милијарди долари во периодот што заврши на 31 мај, со што ...
Земјите-членки на Европската Унија постигнаа договор за воспоставување европски деловен паричник, дигитална алатка која треба да ја поедностави и обезбеди прекуграничната комуникација меѓу компаниите, како и меѓу бизнисите и јавната администрација. Новото решение ќе им овозможи на компаниите да дигитализираат голем број административни процеси и безбедно да разменуваат документи при работење во различни земји од Унијата. Според претставниците ...
Во периодот кога милиони навивачи ширум светот се подготвуваат за следење на најважните фудбалски натпревари во годината, Иуте Македонија и МТЕЛ започнуваат ново партнерство кое носи ексклузивни придобивки за корисниците. Со оваа соработка, двете компании ги обединуваат дигиталните решенија, современата технологија и флексибилните финансиски услуги со цел да им овозможат на корисниците искуство со уникатни бенефиции и можности. Првата ...
Компанијата Iute Macedonia започна нова промотивна акција во соработка со Техномаркет, преку која купувачите можат да добијат дополнителен попуст од 2.000 денари. Понудата важи за сите купувања во Техномаркет направени преку услугата iute flexi, а услов е вредноста на сметката да надминува 20.000 денари. Купувачите имаат можност производите да ги платат на повеќе месечни рати и притоа да добијат ваучер со дополнителен попуст. Од Iute ...
Италијанската банкарска групација „Уникредит“ продолжува да ја зајакнува својата позиција во германската „Комерцбанка“, откако акционерите дополнително ѝ ги понудија своите акции како дел од тековната понуда за преземање. Според податоците од Милано, до 9 јуни, акционерите понудиле околу 10,91 процент од акциите на „Комерцбанка“ како дел од понудата на „Уникредит“, што значи дека сопствениците на тие акции се согласиле да ги продадат, но ...