Скопје
18ᴼ /
18ᴼ
Во годишниот извештај за минатата година, објавен преку Македонската берза, ИГМ Еленица АД Скопје меѓу друго соопшти и дека Трајче Заев, кој е генерален директор и претседател на Управниот одбор на Друштвото поседува 24.999 акции во Еленица или 100% од вкупниот број. Заклучно со 31. декември акционерскиот капитал на Друштвото се состои од 24.999 обични акции по номинална вредност од 51.13 евра по акција, односно вкупна главница изнесува ...
Автопатот Гостивар-Букојчани на Коридор 8 се гради со силно темпо, напиша на својот фејсбук профил, заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски и објави фотографии од изградбата. „Одличен напредок во изградбата на автопатот Гостивар – Букојчани (заобиколување на популарната Стража). Трасата се пробива со силно темпо, а истовремено се работи на поставување на столбовите за виадуктите. Се работи на 4 моста и ...
Постојат неколку акции со потенцијал да пораснат во цената поради Светското првенство во 2026-та година – првата група се компании како „Adidas“ и „Nike“. Потоа, тука се медиумските компании како „FOX“ и платформите како „Booking“, „Airbnb“, „Uber“ и други. Се очекува растот на приходите на „Uber“ да биде сериозен, бидејќи Светското првенство се протега на три земји и два континента. „Uber“ има и достава на храна, што сигурно ќе биде ...
Летото не мора секогаш да значи само едно патување и еден избор. Понекогаш најубавите одмори се токму оние во кои во текот на неколку дена се спојуваат различни доживувања – утро меѓу планински пејзажи, попладне во бања, вечера со локални вкусови или зајдисонце на брегот на голема река. Токму такво лето ве очекува во Србија. Од свежината на планинските предели и релаксацијата во бањските центри, до пејзажите на моќниот Дунав и трагите од ...
Откако познатиот австриски производител на мотоцикли „КТМ“ (KTM AG) минатата година им претстави план за несолвентност на доверителите, дел од нив организираа видеоконференција за да разговараат за контрапредлог. На состанокот се приклучија повеќе од 100 страни, но меѓу нив немаше ниту еден од вообичаените големи корпоративни кредитори. Наместо тоа, групата ја сочинуваа група инвеститори со многу различен профил од мали германски градови, ...
Од Пекабеско АД Кадино преку Македонска берза информираа дека Весна Кутревска се стекнала со 10 нови обични акции на компанијата. Таа сега поседува вкупно 2.125 обични акции, или 7,06% во главнината на акции со право на глас на Друштвото. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Пекабеско лани со зголемена добивка Кои се старо-новите членови на ОД на Пекабеско Весна Кутревска се стекна со нови акции во Пекабеско Од Пекабеско АД Кадино преку Македонска берза ...
Љубителите на производите на „Епл“ би можеле да се најдат во ситуација на значително зголемени цени со пристигнувањето на новиот „ајфон 18 Про“. Растечките трошоци за меморија и складирање податоци продолжуваат да влијаат на производството на компанијата. Според новите процени, стартната цена на овој модел би можела да изнесува 1.399 долари, па дури и повеќе. Ова би било едно од најзначајните поскапувања во последните години. Американските ...
Од првото издание во 2004 до ова издание во 2026 година во Белград, Србија, натпреварот Saint-Gobain Architecture Student Contest тардиционално се организира секоја година. Цела генерација на студенти учествуваат на Architecture Student Contest натпреварот за студенти по архитектура со цел да се придонесе кон размислувањето за тоа како да се обликува иднината на одржливата архитектура. Натпреварот за прв пат беше организиран во 2004 година ...
Групациите HELLENiQ ENERGY и Chevron потпишаа нов договор за заедничко истражување на јаглеводороди во рамки на постојната концесија за Блокот 10 што се наоѓа во морскиот дел на Кипарискиот Залив, во јужниот дел на Јонското Море во Грција. Согласно договорот, Chevron ќе стекне 70% удел во концесијата и ќе ја преземе улогата на оператор, додека HELLENiQ ENERGY ќе задржи 30% од сопственичкиот удел. Со потпишувањето на новиот договор, HELLENiQ ...
Компанијата тивко го лансираше Honor 600 Smart со гигантска батерија од 7.700 mAh и екран од 6,87 инчи, а еве ги сите спецификации Компанијата Honor без голема помпа ја прошири популарната серија телефони со нов модел под името Honor 600 Smart. Овој уред ја носи убедливо најголемата батерија во целата серија 600 (кога станува збор за модели надвор од кинескиот пазар). Тука се и огромен екран и исклучително робусно куќиште подготвено за ...
Обично започнува со нешто мало. Неколку трошки под трпезариската маса. Калливи стапки покрај влезната врата. Влакна од миленичиња на софата кои некако повторно се појавуваат, без разлика колку често чистите. Посегнувате по правосмукалката мислејќи дека тоа ќе ви одземе пет минути. И тогаш се случува нешто неочекувано. Бидејќи чистењето се чувствува без напор, продолжувате понатаму. Ходникот станува дневна соба. Дневната соба станува спална ...
„Веропулос“ ДООЕЛ Скопје е казнет со 14.500 евра во денарска противвредност поради прекршување на правилата за фер трговија, односно за забрана на нефер трговски практики во синџирот на снабдување со земјоделски и прехранбени производи. Информацијата е објавена на веб-страницата на Комисијата за заштита на конкуренцијата, а произлегува од пресуда на Управниот суд, со која е одбиена тужбата на компанијата против решението на Комисијата. Со ...
Македонскиот претприемач Игор Илиевски, извршен директор на компанијата AMENEX, ја објави својата нова бизнис-книга „The Big Pain: Trust Without Structure“ (Големата болка: доверба без структура), достапна на платформата Amazon во Kindle и хартиено издание – https://www.amazon.com/dp/B0GXC175CV/ Глобално, книгата беше објавена на 25 април годинава. Подоцна, официјално беше презентирана пред меѓународна бизнис-публика на Global Power Summit, ...
На само десетина минути од Битола, над Дихово“, вдишете го чистиот планински воздух во ресторанот “Вила Виста“, а од терасата на ресторанот се простира градот Битола со сета своја убавина и ќе ќе уживате во единствениот поглед.Во “Вила Виста“ можетеда ручате се семејството, со деловни пријатели и да вечерате подалеку од градските гужви и да уживате во богатството на различни вкусови. Тука, ќе бидете послужени и со доручек, а може и да го ...
Од Сава пензиско друштво АД Скопје преку Македонската берза информираа за смени во Надзорниот одбор (НО). За нов член на НО на Друштвото е именувана Аленка Плут, за која одобрение дала и Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување. Таа доаѓа на местото на Рок Мољк, на кој му истекол мандатот. Во НО се и Давид Бенедек, кој е претседател, Павел Гојкович, член, и Силвана Мојсовска, независен член. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Како ...
Погребалниот сервис Бутел АД Скопје лани имал добивка пред оданочување од 3,2 милиони денари, која е повисока од таа претходната година, соопштија од таму преку Македонската берза. Друштвото лани имало приходи од продажба од 199, 9 милиони денари, кои се минимално зголемени споредено со претходната година. Фото: Унсплеш Погребалниот сервис Бутел АД Скопје лани имал добивка пред оданочување од 3,2 милиони денари, која е повисока од таа ...
Десет дена на море, цела година во долгови „Тргнавме со план да потрошиме околу 2.000 евра, сума која до пред две години ни беше сосем доволна за убав, десетдневен семеен одмор со две деца во Грција. Но, ова што ни се случи годинава на еден од краците на Халкидики беше вистински шок – буквално нè ‘олеснуваа’ на секој чекор и се вративме дома со потрошени многу повеќе пари од планираното“ ја започнува својата приказна Марија од Скопје. Таа ...
Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт денеска во Солун, во рамки на министерскиот Самит на земјите од Западен Балкан оствари билатерална средба со министерката за градежништво, транспорт и инфраструктура на Република Србија, Александра Софронијевиќ. На средбата беше разговарано за унапредување на регионалната соработка, со посебен акцент на реализацијата на заедничките инфраструктурни проекти кои ќе придонесат за забрзан ...
Во овие две години вратени се 4,6 милијарди евра стари долгови, а државата сепак проектира економски развој, буџетот се полни со предвидената динамика, додека долгот е намален како процент од БДП. Се справивме со најголемата енергетска криза во поновата историја, рече премиерот Христијан Мицкоски во поткастот „Каде се парите“. – На дневна основа комуницирам со институциите кои се задолжени да го полнат буџетот, вклучително и со министерката ...
Комерцијална банка објави оглас за вработување на позицијата помлад соработник за оперативно работење во својата филијала во Велес. Од банката ги повикуваат заинтересираните кандидати кои сакаат професионален и кариерен развој во финансискиот сектор да аплицираат за работното место. Како што наведуваат, станува збор за можност за работа во институција со долгогодишна традиција, која се темели на стабилност, ефикасност и иновативност. Во ...
Мајкрософт се откажа од преговорите за изнајмување cloud-инфраструктура вредна околу 3 милијарди долари од Оракл, што укажува на сè поголемите предизвици со кои се соочуваат технолошките компании во трката за обезбедување капацитети за развој на вештачка интелигенција. Неуспехот на повеќегодишниот договор ја истакнува растечката конкуренција и притисокот врз инфраструктурата за обработка на податоци. Со оглед на тоа што побарувачката за ...
Сè повеќе компании се информираат и активно се вклучуваат во проектот е-Фактура, соопшти Управата за јавни приходи по одржаната работилница во Кичево, организирана во соработка со Регионалната комора Кичево при Стопанската комора на Македонија. На настанот, претставниците на деловната заедница имаа можност непосредно да се запознаат со функционалностите на системот е-Фактура, придобивките од неговата примена, процесот на тестирање и ...
Летото носи повеќе време на отворено, подолги денови и моменти поминати на сонце, па затоа правилната заштита на кожата станува важен дел од секојдневната рутина. dm марката SUNDANCE нуди широк избор производи за различни потреби, типови кожа и летни навики - од заштита за деца и чувствителна кожа, до практични формули за активни денови, нега на лице, потемнување и хидратација по сончање. Со SUNDANCE , летната рутина станува едноставна, ...
Македонија е влезена во фаза на силен инфраструктурен развој, започнуваме со изградба на брзата пруга на Коридор 10, од границата со Србија до границата со Грција. Ќе понудиме брз карго превоз до 200 километри на час и до 160 километри на час за превоз на патници. Со тоа целосно ќе ја трансформираме економијата, рече заменик претседателот на Владата Александар Николоски на Самитот на министри за транспорт од земјите на Западен Балкан што се ...
Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ) на јавната расправа закажана за петок, 19 јуни, пред собраниската Комисија за финансирање и буџет, отворено и со факти ќе ги соочи предлагачите на новиот Предлог-закон за игрите на среќа со катастрофалните последици од нивните решенија. Пред пратениците и експертската јавност, АСОМ ќе ги презентира главните аргументи кои јасно разоткриваат дека зад параванот на лажна грижа за ...
Постојат концерти што се слушаат, а постојат и концерти што се чувствуваат. Токму еден таков ја очекува охридската публика на 9 август 2026 година, кога Сергеј Ќетковиќ како дел од актуелната турнеја насловена Live Tour 2026, повторно ќе застане на сцената на Античкиот театар во Охрид. Во еден од највпечатливите амбиенти на Балканот, меѓу древните камени ѕидини и погледот кон Самоиловата тврдина, публиката ќе има можност уште еднаш да ...
Критичните минерали и годинава се меѓу клучните теми на Самитот на Г7, потврдувајќи дека светот влегува во нова геополитичка трка за обезбедување сигурни извори на суровини. Додека најразвиените економии градат стратегии за обезбедување бакар, антимон и други минерали неопходни за енергетската транзиција, Македонија сè уште не ги користи сопствените потенцијали. Во земјава со години се блокираат рударски инвестиции, а отпор има и кон ...
Компанијата “АБЦ Дојчиновски“ од Битола врши продажба на пелети, камини и котли за парно греење. “АБЦ Дојчиновски“ на потрошувачите им нуди голем избор, дестина типови на пелети, сите сертифицирани со сертификатот N+A2 или N+A1, по прифатливи цени, како и разни поволности при плаќање, чување и транспорт на пелетите. “АБЦ Дојчиновски“ покрај пелетите продава и печки, камини и котли на дрва и пелети, и секако резервни делови за нив. ...
Темата за критичните минерали втора година по ред се наоѓа високо на дневниот ред на лидерите од Г7-земјите. Додека расте значењето на рудите на светско ниво, Македонија сѐ уште не ги користи своите ресурси. Во минатото повеќе инвестиции во рудници беа саботирани, а низа напади трпат и геолошките истражувања за антимон финансирани од САД, како и проектот за рудник за бакар во Иловица, зад кој стои канадската компанија Еуромакс Ресоурцес. ...
Од Македонијатурист АД Скопје преку Македонската берза информираа дека акционерот – Друштвото за трговија, производство и услуги Промедика ДООЕЛ Скопје продало 53.844 обични акции. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ „Поливерзум„ стана најголем акционер во Македонијатурист Друштвото веќе не поседува акции во Македонијатурист. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Каков капацитет има хотелот Русија, со кој ќе стопанисува Македонијатурист Ќе го купи ли државата хотелот “Јадран“ во ...