Скопје
18ᴼ /
18ᴼ
-PS5 во рацe, Нов велосипед подготвен за авантури. А причината? Лојалти програмата на Евротип! Во Евротип, лојалноста не е само збор — таа носи вистинска вредност. Со секој уплатен тикет се собираат поени, а собраните поени се претвораат во РЕАЛНИ НАГРАДИ! Ова не е наградна игра каде што сè зависи од среќа и каде што само неколкумина добиваат. Лојалти програмата на Евротип е создадена да ги наградува сите играчи и да им донесе дополнителна ...
Северна Македонија во последните години направи значителен напредок во воспоставувањето на модерен систем за управување со отпадот од пакување. Благодарение на инвестициите на приватниот сектор, поддршката од меѓународните партнери и соработката со институциите, се поставуваат темелите на систем кој постепено се усогласува со европските стандарди. За овој напредок да продолжи, неопходно е сите учесници на пазарот да работат под еднакви ...
Повеќе од 80% од Европејците планираат да патуваат од јуни до ноември оваа година, што е малку повеќе од минатата година, а патувањето е сè уште приоритет и покрај економските, геополитичките и климатските притисоци, објави Европската комисија за патувања (ETC) во новиот извештај за трендовите во патувањата. Според извештајот, безбедноста и односот цена-квалитет го прават изборите за одмор за следните 6 месеци, како и прифатливоста на цените ...
Канада ќе изгради нафтовод за снабдување на Азија со еден милион барели сурова нафта дневно. Нафтоводот би бил долг повеќе од илјада километри од западниот брег на Британска Колумбија до пацифичкиот брег. Изградбата на нафтоводот треба да почне во септември следната година. – Канада има можност што се пружа еднаш во животот. Можност што ќе ја одреди нашата иднина – изјави канадскиот премиер Марк Карни. Нафтоводот е дел од напорите на Карни да ...
Ребалансот на Буџетот е директно признание дека економските политики на Владата на Христијан Мицкоски доживеаја целосен неуспех и дека граѓаните ги очекува уште потежок период, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче на денешната прес конференција. „Ребалансот на буџетот од една страна е практично признание за целокупниот дебакл на економските политики на премиерот Мицкоски, а од друга страна, повторно, не носи ништо добро за граѓаните. ...
Разговорот за работа најчесто не се губи на последното прашање. Но, токму последната реченица знае да остави впечаток што работодавецот го носи со себе кога кандидатот веќе ја затворил вратата. Некој ќе се поздрави набрзина, некој ќе каже само „благодарам“, а некој ќе ја искористи последната минута за да покаже дека знае што сака. Токму таа завршна реченица, велат познавачите на пазарот на труд, може да биде мала, но важна предност. Не затоа ...
Градежната компанија „Фабрика Карпош“ од Северна Македонија ја зголемила нето-добивката за 2 проценти во 2025 година, покажуваат податоците објавени во финансискиот извештај доставен до Македонската берза. Нето-добивката на компанијата пораснала на 48,8 милиони денари, од 47,8 милиони денари една година претходно. Приходите на „Фабрика Карпош“ се зголемиле за 13,9 проценти на годишно ниво и достигнале 1,4 милијарди денари. Истовремено, ...
Министерството за финансии на Северна Македонија на 7 јули ќе понуди едногодишни државни записи во вкупна вредност од 1,8 милијарди денари, односно околу 29,2 милиони евра, покажуваат податоците на Народната банка. Државните записи ќе доспеат на 7 јули 2027 година, а каматната стапка изнесува 4,1 отсто, се наведува во известувањето за аукцијата. Народната банка ќе ги продава државните хартии од вредност во име на Министерството за финансии, ...
Премиерот Христијан Мицкоски очекува и во тековната година реалната нето-плата да забележи раст и, како што рече, резултатите се 3-4 пати подобри од оние на владеењето на СДСМ која сега критикува. Тој рече дека споредбите треба да се прават врз основа на конкретни економски показатели, а не, како што рече, „по чувство“. – Ако се спореди тоа што го испорачува претходната влада на СДСМ и Демократската унија за интеграција, каде што реалната ...
Автопатот Скопје-Блаце за кој се зборува со децении конечно ќе продолжи да се гради. Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека в понеделник ќе биде потпишан договор со изведувачот по што ќе почнат и конкретните активности на трасата. -Таа тема се говореше во јавноста до децении. Успешно е завршена целокупната постапка. И во понеделник ќе биде потпишан официјално договорот – изјави Мицкоски. Тој информира дека веќе е избран е ...
Нотирано е во одредени маркети зголемување на бруто маржата, споредбено со минатата година од 2 до 5 отсто и тие ќе бидат повикани на состанок и јасно ќе им се каже дека тоа е недозволиво, истакна денеска претседателот на Владата, Христијан Мицкоски кој одговараше на новинарско прашање до каде се преговорите со маркетите и дали ќе има намалување на цените на прехранбените производи. -Да, да бидам конкретен со пример – ако минатата година во ...
“Lozar Wedding & Event Center“ во рамките на коплексот “Ангромаркет“ во Битола е нова, романтична дестинација каде започнуваат најубавите животни приказни.Со отворањето на “Lozar Wedding & Event Center“ во рамките на комплексот “Ангромаркет“, градот добива современ простор создаден за незаборавни свадби, веридби и свечени настани.Со овој нов концепт, комплексот “Ангромаркет“ ја збогатува својата понуда нудејќи комплетна организација ...
Нашата визија е јасна – да изградиме држава во која успехот нема да зависи од привилегии, туку од знаење, држава во која институциите ќе бидат сервис на стопанството, држава која ќе биде препознаена по иновациите, по квалитетот на своите производи, по чесното работење и по конкурентната економија, држава која ќе биде доволно силна да ги издржи кризите и доволно мудра да ги препознае можностите што тие ги носат. Убеден сум дека имаме знаење, ...
Канцеларијата за алкохол, тутун, огнено оружје и експлозиви (ATF) на САД предлага нова регулатива со која се предвидува директна достава на оружје на домашни адреси, што би можело да поттикне огромен пораст на онлајн продажбата во која е вклучен и најстариот син на американскиот претседател. Според предложеното, лиценцираните трговци ќе можат да им испраќаат огнено оружје директно на адреси на жители во истата држава. Купувачите се должни да ...
Неотел АД Скопје лани значително ги зголемил приходите од продажба. Истите минатата година изнесувале 1,3 милијарда денари, соопшти Друштвото преку Македонската берза. Добивката пред оданочување исто така бележи зголемување, и лани таа изнесувала 18,3 милиони денари. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Договор вреден 178,7 илјади евра склучи Царинска управа со Неотел Фото: Унсплеш Неотел АД Скопје лани значително ги зголемил приходите од продажба. Истите ...
Државата преку Управата за заштита на културното наследство, не прифатила да го купи хотелот “Јадран“ во Скопје, познат и како Арапска куќа, кој е во сопственост на Македонијатурист АД Скопје, објави БИРН. Македонијатурист кој го продава хотелот, според Законот за заштита на културното наследство мораше прво да го понуди хотелот на државата, бидејќи истиот е прогласен за историски споменик на културата. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Ќе го купи ли државата ...
Од Прилепска пиварница АД Прилеп преку Македонската берза информираа дека Коста Мијоски не е повеќе член на Управниот одбор (УО) на Друштвото, откако тој поднесе оставка. Од таму информираат дека Надзорниот одбор на Друштвото на седница на 30. јуни едногласно за нов член на УО го избрал Марјан Стоилов, директор на секторот продажба. Тој е Магистер на економски науки. Стоилов поседува 1 обична акција на Друштвото. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Реизбрани ...
Германската влада подготвува измени во системот за боледување со кои се предвидува укинување на можноста отсуството од работа да се отвора преку телефонски преглед. Според најавите, работниците во иднина ќе треба да обезбедат лекарска потврда уште од првиот ден кога ќе отсуствуваат од работа. Мерката е дел од пошироките напори на Берлин за намалување на злоупотребите на системот и ограничување на економските загуби што произлегуваат од ...
На 10 јули, сцената на “Gold Felicia Bitola“ ќе ја преземе Тања Савич – една од најценетите и најслушаните регионални музички ѕвезди. Ве очекува вечер исполнета со хитови, емоции и атмосфера што ќе се памети. Картите се во продажба и можат да се набават директно во “Gold Felicia Bitola“ по цена од 1.500 денари. На 10 јули, сцената на “Gold Felicia Bitola“ ќе ја преземе Тања Савич – една од најценетите и најслушаните регионални музички ...
Заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески денес посети повеќе регионални канцеларии на Агенцијата за вработување, каде изврши увид во процесот на аплицирање за јавните повици од мерката за Претприемништво – Самовработување со грант од Оперативниот план Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2026 година. Во текот на денот, заедно со Даниела Димовска, Директорка на Агенција за ...
„Епл“ (Apple Inc.) е во преговори за купување чипови од два кинески производители кои се наоѓаат на црната листа на Пентагон, со цел да се намали влијанието на глобалниот недостиг на мемориски чипови, што ја принуди компанијата да ги зголеми цените во својата производна линија. Производителот на ајфон се обидува да купи компоненти за меморија од „ЦХМТ“ (ChangXin Memory Technologies Inc.) и „ЈМТЦ“ (Yangtze Memory Technologies Co.) за ...
Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска оцени дека јавните финансии се стабилизирани во изминатите две години и дека јавниот долг во првиот квартал од 2026 година изнесува 58,9% од БДП, што, според неа, е пониско од проекциите при преземањето на мандатот и најави дека инвстициите ќе останат приорите и во преостанатиот дел од мандатот. На отчетната прес-конференција, таа истакна дека Владата го променила пристапот кон јавните ...
Грчкиот извоз продолжува да бележи силен раст. Од 2019 година до денес, вредноста на извозот е зголемена за 46%, достигнувајќи 47 милијарди евра, во споредба со 32 милијарди евра пред шест години, изјави вицепремиерот на Грција, Костис Хацидакис. Говорејќи на Генералното собрание на Здружението на грчки извозници во Солун, Хацидакис истакна дека извозот денес има повеќе од двојно поголем удел во грчката економија отколку пред неколку години, ...
Рударството бележи нов пад, а се намалува и бројот на рудари во земјава. Последните статистички податоци не се поволни за рударската индустрија, иако таа значително придонесува и за извозот на земјата. Во државава постојат само четири рудници за металични суровини, а новите инвестиции, меѓу кои и за рудник за бакар во Иловица, постојано се блокираат. „Индустриското производство во секторот Рударство и вадење камен во мај 2026 година, во однос ...
Прецизна дијагностика со најновиот “CT Siemens SOMATOM go.Up“, јасни снимки за неколку минути, со минимална доза на зрачење. Безболно. Брзо. Прецизно. НАЈНОВИ КТ-МЕТОДИ -КТ Остеодензитометрија (QCT) Прецизно мерење на густината на коските и рано откривање на остеопороза – идеално кај пациенти со дегенеративни промени или хронични болки во грбот. -КТ Калциум Скор (Calcium Score) Најсигурна неинвазивна проценка на калциумските наслаги во ...
„БЈД“ (BYD Co.) е на пат повторно да стане најголемиот светски продавач на целосно електрични автомобили, преземајќи ја водечката позиција од „Тесла“ (Tesla Inc.), бидејќи кинескиот производител извезува сè поголем број возила. Производителот на моделот Долфин испорача 557.090 електрични возила на батерии во трите месеци заклучно со јуни, според податоците објавени во средата. Иако тоа е помалку отколку во истиот период лани, најверојатно ...
Светско првенство во фудбал кое го организираат САД, Канада и Мексико, може да создаде околу 9 милијарди американски долари дополнителна економска активност во Северна Америка во текот на јуни и јули, покажува анализата на меѓународна осигурителна компанија Алијанц Трејд. Според анализата се очекуваат околу 6,5 милиони посетители, од кои 2,6 милиони меѓународни, да присуствуваат на настаните. „Иако ФИФА очекува рекордни 13 милијарди ...
Домаќинствата во Германија платиле највисока цена за електрична енергија во Европската Унија во текот на првата половина од 2025 година, додека природниот гас бил најскап во Шведска, објави Евростат. Најниските цени се забележани во Унгарија (10 евра за 100 kWh), Малта (12 евра) и Бугарија (13 евра). За деловните потрошувачи, највисоката цена на електричната енергија е регистрирана во Ирска, додека најниската е регистрирана во Финска. ...
Планот на извршниот директор на „Volkswagen“, Оливер Блуме, за намалување на до 100.000 работни места и затворање на неколку германски фабрики е повеќе од само мерка за намалување на трошоците. Исто така, може да биде обид да се оспори корпоративната структура која долго време ги попречуваше промените во најголемиот европски производител на автомобили. Групацијата размислува за своето најголемо реструктуирање во историјата, вклучително и ...
На Светскиот ден на овошјето, кој се одбележува на 1 јули, бројките покажуваат дека Македонија продолжува да го губи производствениот и извозниот потенцијал во овоштарството. Земјата од година во година извезува сè помалку овошје, додека увозот постојано расте, што доведува до сè поголем трговски дефицит. Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2025 година од Македонија биле извезени 170 илјади тони овошје во вредност од 59,8 ...